И мене не ми е јасно што толку гледате во Саваш? Гледам групи на фб, па и тука Саваш, Саваш, Саваш, бла бла бла Па ок симпатичен е, ама па и не е нешто посебно, 100 пати поубави глумци од него имало па ништо! Инаку од денешнава епизода фатив малку, и да ви кажам право не жално, туку смешно ми беше овие сите кога плачеа.
хаха се отепавме од смеење сите дома, сите се акаат од земја, шахнур вртеше кругови, полукругови со главата, па најсмешно беше кога јасмина чутеше чутеше и едно време ја отвори устата и врисна, као демек че ги надвикам хахахахах
^Јас пак викам само јас ли како ненормална се смеам на виковите и црковите на овие наште што синхорнизираат.. добро е имало и некој како мене. Ептен смешно ми беше, поглупаво синхронизирано..да неможеш да го почуствуваш емоционалното во филмот
ЕКСКЛУЗИВНО!!! Поради голема заинтересираност на целата македонска јавност за турските серии Владата на Република Македонија организира превоз до Турција со цел присуство на погребот на Саваш. Сите заинтересирани можат да се пријават на телефонскиот број 0800 - 11- 444
морам, посилно од мене е, на болдов се изнасмеав добро И да ве разочарам, такви патетики и да постојат нема да ги сакате. Кој сака тип како Саваш, мислам како лик, не глумецот, со трилион проблеми, ЖЕНА , мајка луда и остално семејство, башка си е малце папучарче, немој јасминка да не се налути, оп он трча Зa секој лик вo било кој филм или серија постои таков во реалноста, ама со овој Саваш, по нашки зван Сашо, го отупеa! Исто како со оној Mарио Kасас, ма ајде бре, глупости! Гледајте си ја серијата, коментирајте, не ви забранувам ни ве осудувам, али ова со Сашо-ај лав ју, ју аре де онли оне , ми е MADNESS! и мора да заврши!
^ Не е лоша синхронизацијата, јас синоќа на алсат гледав, исто рикаат, ептен ги погодиле . Туку мене дечко ми најлубезно ме замоли да го намалам телевизорот, почна глава да го боли од жалопојките . Ај Шахнур што плачеше, во ред, мајка е, ама оние надвор од племето, што губеа коси, т.е. шамии и се трескаа од земја . Е тие сфати ги де . Серија, што да кажам, глупа е, тешко глупа. Јас не ја гледам туку ја слушам, си седам на компјутер и слушам како рикаат
Извините вака што ќе ви се вмешам.Секој си има право да си гледа што сака и никој не може да му забрани. Но никако да најдам одговор на прашањето.Што гледате во оваа серија??? Кога и да ја гледа мајка ми само рикање и драми слушам.Како не ве замара сето тоа,нели ви врие главата? Па и за оној Саваш гледам на ФБ преплавиле со статуси,демек умрел Саваш,сега ќе го жалиме,ова она.А навистина смешно изгледа од страна.Ништо не може да се научи од серијата туку Сител немаат доволно пари да емитуваат нешто квалитетно па тупат со лимонатките.Еве пример има горе. за срека не е измислен има типови како него Ете баш затоа серијата негативно влијае врз особено помладите.Ќе се вљубуваат во фиктивни ликови а барем да беа тоа некои квалитетни ликови.А не папучари и лигавеши кои трчаат секој пат кога на неговата пепелашка ќе и се скрши ноктот.Ако тоа ви е дефиниција за совршено машко,тогаш не знам што да кажам. Уште еднаш се извинувам што ви ја попречувам дискусијата но морав некаде да напишам.Ми дојде преку глава тоа Љубов и Казна лудило.
Лудо верувај дека има и такви што се соживуваат со серијата и не е на арно работава . На некој секој пат кога разговараат онаа Јасмина и Саваш солзи му течат од очите.Демек било многу емотивно,било многу романтично .Па оваа Јасминка кога ќе писне,тоа било начин на изразување на љубовта кон Саваш.Ма ајде бе,патетики во боја .
Блексвон, а Госип да не е нешто поучна серија, а посебно последната сезона? Туку јас имам впечаток дека сите се во Блер филм влезени, и се замислуваат шмизли. Друго, у Госип освен излежавање и трачарање, упс и к*рвање на Серена, друго нема. Ама знаеш што е разликата помеѓу овие две серии? Госип е американска, а оваа турска. Туку забегав, серијава не се споредува со Госип, сакав сама да кажам дека и дека оваа не има некоја јака поента, а една од најгледаните. Ама ако ја прашаш баба ми, Јасминка не ја менува ни за Вампири ни за Чак. Си го сака Саваш бре . И да не бидам погрешно сфатена, серијава што е глупа, глупа е. Ама и кај американските серии има исти срања. Зависи кој како ќе си ја сфати. Јас на Јасминка си ја трошам негативната енергија, ја пцујам бре, си се празнам
Не сум рекла за Госип Грл дека е поучна серија,далеку е од тоа.Дури на моменти и дебилна изгледа а особено последната сезона.Но барем нема патетики и врескања. Ама ова турскиве се едно исто сценарио.Така и Шехерезад и Онур се караа и простуваа цела серија,така и овие сега.Да не одам многу оф топик,си кажав се што мислам за серијата .
Во ред е, ама тоа е, ствар на вкус. Јас серијава знам дека е глупа, врескања, патетики, ама ми е одлична прилика да правам пауза во учење. Добар изговор . А и морав да почнам да ја гледам, оти и да не сакам, кај и да идам, кој и да дојде кај мене, Саваш се гледа .
Тоа врескањето е Балканска типична атмосфера...А и тоа се прикажува во серијата, ваљда тоа е целта да се прикажат обичаи, традиции итн бла бла... Spoiler Сношната епизода ништо не се случи , се изнаплакаа, Јасмин збор не изусти, човеков и закоп закажаа, а никој тело не видел и со сигурност не разбра дека е умрен. Како можи да не се ангажира никој и да речи не верувам..Одма го закопаа (или јас не ја следв внимателно епизодава, па пропуштив)
Се каам што ја загледав серијава ми стана некако многу досадна и неинтересна, ми иде да ја изгледам само уште последната епизода на нет и да не се замарам.
Некој имаше оставено линк каде што може да се гледа серијава со српски превод, но не можам да најдам на која страна во темава беше ако некој знае нека даде линк, да се раатисам и јас од серијава
Јас почетокот на овој филм не го гледав, меѓутоа ми стана така интересен, но и здодевен затоа што секогаш мора да се случи нешто за Јасмин и Саваш да се скараат, па после пак да се смират, ајде еднаш, два пати, десет пат, ама сто пати А и не е ок што една епизода трае саат ипол а на сител таа епизода ја делат на три дела и станува уште подосадно пошо ги гледав епизодите на ју тјуб ама без превод, и сега за да губам време си ја гледам пак
Немој вака Мимс, ќе се пријави пола Макеоднија и кога ќе видат дека нема ни од трите подолгото, ќе почнат да паѓаат во депресии. Инаку, вчерашната епизода беше за да ја гледаш со тампони во уши.
Хахаха и јас на тие однадвор им се дупнав од смеење,абе ко ненормална се смеев и се чудев шо мајка бараат пред куќа,па и они до толку да се траќаат,па кога ги видов во натре испоседнале сите собрани и јас слушаат Шакнур или како и да се вика вампиров,како се дере ко улава некоја, се одмочав