Spoiler Утрешната епизода ќе заврши со тоа што Саваш ќе дојде кај Јасмин. Мајка и ќе ја отвори вратата заедно со Омер. А тогаш Јасмин ќе се расправа со Шахнур. И после Саваш ќе го земе детето в раце и ќе се појави пред Јасмин и Шахнур.
Уф овој Бора ЃУБРЕ!!!!!!!!!!!!!!!! Како го измачува кутрото детенце. Тоа колку е мирно,па уште мрш му вика.
И мене ме нервира Бора па уште газда се прави на нешто што не е негово, Назан пак до толку ли не гледа каков е Бабе Шахнур дозна дека има внук и во несвест падна одма подароци, како излив на емоции опасна џенцка
Бора, Бора, Бора Да можам да го истепам преку ТВ ич нема да жалам и да се скрши екранот. На нерви ми иде до нервен завршеток и назад. Газда, тој газда. Тој тежок копук е, газда изиграва. Назан е крива. Ко слеп за стап се фати за него и не го пушта. Наивна е до 100 и назад. Уф, се нервирам бе, се нериврам. И овие рекалмиве на сител, и тие ко Бора се, на нерви ми газат.
Шеќеерчето ич не ја дават во овие епизоди Борааа, на нерви ми одии, демек тој газда ќе се прај сеа, гојдар Хаканн
Анама Шахнур ама ја тресна Јасминка, па и неспособна е, па и уште прашува дали била лоша мајка. Е не, добра е. Нека го земе Шахнур оти ако остане кај мајка му, којзнае што ќе биде од него. Оваа жалопојка освен да плаче по Саваш друго и не прави. Детето и е болно од леукемија, и наместо да оди по доктори, да утврди, она квиче само и чека. А што чека, да ја прашаш. 7-ца ?
Незнам дали да плачам или да се смеам Серијава е заебагана, ама и луѓево не се поарни. мора ли сите да ја гледаат, не ми е јасно, кај да одам сите чекај Сашо за заврши мислам Сега кога ќе воскресне, да не правите миса во црква
Океј, не беше за тебе ова,претпоставив, дека си ја презела од негде. Туку за тие што се замарале да го прават ова. За друго да бидат креативни, да седнат некоја книга да прочитаат. Мене само една ми падна у очи, незнам како се вика, али слушам шеќерче, оваа не е со сите И најјака им е, сите вода нека и носат, каква нога
Шахнур нема право да и го зима синот на Јасмин нема врска што и е внук не го родила она,ама од друга страна подобро да го однесе негде на лечење нешто таму да се спречи да не настане болеста,боље да се спречи него да се лечи..Можат да се договорат како луѓе ама оваа Шахнур мисли нејзина крв нејзина сопственост ХА Да и го однесат на неа Саваш па ќе видиме како ќе рика
Ај ако може некој да ми ја најде песната што ја пуштат кога Јасмин е тажна, се сеќава на моментите. Во оваа епизода ја пуштија баш кога Јасмин го заспиваше Омер и се присеќаваше на моментите на Шахнур со Омер. инаку оваа мајка и на Јасмин само ја контра и и се спротиставува, како Јасмин да незнае што прави. Eдит. си ја пронајдов песната http://www.youtube.com/watch?v=5FJx1opLbpQ преубава ми е
А,да заборавив да го искоментирам Бора,да можам би го нокаутирала а богами и Назан исто,бре бре па 9 годишно дете ќе те прелаже а таа наивна наивна до немајкаде, да не речам глупава.. А Бора баш таква лингурска фаца има кај го нашле баш ја доловиле улогата и да,мерак ми беше Саваш кога му удри шамар ,ама уште помило ќе ми биде ако го избацат од фирмата Spoiler која патем не е негова туку само се перчи и го сместат каде што му е местото,во контињер.
-Заради Бора може да настрада екранот на тв дома. -Лејла, исто. Се грижи за детето де, ама не може уста да не отвори или убиствен поглед да прати. -Јасмин. Каква и да е, мислам дека голема грешка е на сценаристот. Требало малку подобро да и` ја `филуваат` улогата. Не вака неугледна, неспособна мајка ја направиле. -Што туку офкаат за Омер, валда има Закони, не може Шахнур туку така да им го земе. А, Шахнур со право се развика, кога виде дека несудената снаа не ја бидува за мајка. -Назан, имаше шанса да прогледа преку постапките на Бора кон детето, ама наивна бре ејјј.... -Чичек, да не и` замеруваме на кутричкава. И таа е збунета, изгубена и осамена. -Без срцкастиот Саваш , не ми е полно срцето при гледањето на серијава овие вечери. -А, вујна, многу добра женичка бе.
Стварно вујната сите ги сака и ги подржува. Колку мила жена. Аааа, и досега не сум забележала колку убави уста има Чичек.
Единствено Пала и жена му, ми се смешни и интересни ко ќе се закараат па после и нивното “ те сакам, ме сакаш“