На почетокот серијава ми беше инетересна,но сега ми е многу досадна.Саваш и Јасмин ми станаа многу лигави.А за Чичек ми е многу жал. П.С на крај мислам дека Чичек ке биде со Хакан.
^ Spoiler Да, да! Со Хакан ќе остане, поради Лара. А баш ми се срцки Хакан и Пелин. Баш сакав тие двајца да се заедно
Само поради Лара? Нема да се вљубат еден во друг? Баш сакам Чичек да се заљуби и да биде среќна, некако жал ми е за неа, со сила ја омажиле, невозвратената љубов кон Саваш...
Spoiler Нема да биде само поради Лара,навистина ќе се сакаат тие двајца. Пелин ќе плаче дека ја сакал Чичек,кога ќе се разделат тие двајца. Инаку Јасмина и Сашо ми се катастрофални. Го менувам каналот кога ќе почнат лигавењата,а за жал ги има најмалку три пати во епизода.
Пред 2 епизоди пиштеше како ќе останела сама со 2 деца, сега па она го остава. Па кога ќе почнат да се лигават...ауууууууууууу дигестивниот систем ми се превртува. И не можев да не ја запомнам реченицава, пошто нели ја репризираат 4982349 пати. DAFUQ man?! Какви неписмењаци се овие нашиве лелееееееееееееееееее... Се на се, стварно ми се кака од серијава...пренапорна е , и за моите уши ама и ми мава на психа...
"Jасмин,љубов моја,ти знаеш дека јас би умрел за влакно од твојата коса." АХАХАХАХХАХ Многу ми е смешен Саваш...хахахахха
И мене ми е многу жал за Чичек, барем да се заљуби на биде среќна и она.Инаку мислам дека ке се заљубат еден во друг Ау онаа Јасмин како ме нервира,права лигушка
Аман овој Саваш со тие влакната од косата на Јасмин. Денес па,ќе умрел за едно влакно од нејзината коса. Или така ми се чуло... Ама Јасмин претерува - цело време да бил со неа.Зар нема тој цела фирма шо треба да ја надгледува и води и мајка,вујко,внуци блаблабла. ?
Саваш го ставаме на тест ... Една од нас ќе кубе влакната од косата на Јасмин а другите ќе гледаат колку пати Саваш ќе воскресне. Лара што и направи на Пеликан-како и да се викаше. ,, И онака пуцкиве се многу мрсни,, А Назан коначно се опамети. А пак Шахнур,,ооооооооооооооооооо вештица из Турције.
Сакаш, ама нема! И зошто така велиш за Чичек? Не е и таа греотичка? Не заслужува да биде посреќна? Таа сака да биде во таа куќа, каде исто како да не постои? Добра е по душа, има големо срце и разбирање, ама ете така и` се навртил животот. Да не заборавиме и Лара не ја сака на Пелин. Ама ми падна жал за премрсните пуфки.
Искрено се регистрирав на форумов само за можам да искоментирам нешто за серијава и затоа што многу ми се допаднаа вашите коментари и на некои од нив многу се смеев. За Јасмин и за Саваш што да кажам, од нивните патетики не ми се гледа серијава, па тие изливи на љубов, па тие глупави изрази и мислам дека тие што ја правеле серијава многу претерале, да ти се одмили да ја гледаш. Немаат еден сериозен муабет направено и цело време само нешто кријат, а муабетине само јас тебе те сакам, најмил моја, те бакнувам, си мојот живот, ти си жената што ја сакам ... аман веќе. А за Јасмин немам зборови, како лик ја прикажале и како мајка и како пријателка и како жената на Саваш многу себична и без карактер. Мајка и го чува детето, а на пат е друго (кои by the way сакаше да ги абортира само мајка и ја спречи) За клиентите и агенцијата и текна кога Севги отиде во Дубаи и кога после толку проблеми конечно е среќна, а претходно кога Севги постојано беше со неа и ја тешеше и ја молеше да дојде во агенција е тогаш Севги не постоеше. Ниту еднаш не помисли како и е на Севги, туку беше само таа битна па и се налути што Севги отиде во Дубаи, а не неа да ја теши. Ме нервира што секогаш на состаноци се јавува, па кој нормален и професионален кој сака да му тргне бизнисот се јавува на состанок. И се она е болна се неа и е тешко, се неа никој не ја разбира и не сфакам во која пепелашка толку се заљубил Саваш. И во вчерашната серија ме изнервира кога го сретна Јавус и кога овој ја прашуваше нешто му превртуваше очи како овој ептен досаден нека се тргне веќе. Па тој мочло ниедна ти ја спаси агенцијата и ти даде три милиони за реклама која уште не му ја направи и уште ја чека, тој те однесе на доктор кога ти се слоши и тој те посети кога мислеше дека Саваш е мртов,а сега му превртуваш очи и уште му вика: - Ве молам господине Јавуз Омер мора да јадеи му превртува очи. Уфффф кретенка една!!!
Jaсмин е целата патетики ... Ко мало дете е ... цЦц толку омер не ја бара мајка си да биде покрај него толку време ... Скрена жената :/
Не реков дека не е греота, греота е (сепак е жртва на традицијата) и треба да биде среќна. Добра е, ама нешто многу почна да се занесува кога брат и излезе од затвор, не сакаше да му даде развод на Саваш. Зошто да остане со некој што не ја сака и самата да се повредува? Или, кога го убија Ахмет Моран почна да им вика на Шахнур и Саваш. Зарем заборави дека татко и сакаше да ја убие, и кој ја спаси...... Сепак, Хакан е тој што ќе избере со која ќе остане(дали Чичек или Пелин). т.е. веќе е одлучено..............