Се изнасмеавте за лигушењето на Јасмин. Ама да сме реални, вам нема да ви годи да имате некој како Саваш, да трча пред вас-зад вас, да ви дели комплименти???? Да не се жалите во темата: свекрива? Да ве брани пред сите? И тоа како има да се лигушите и вие.
^^ Јас не би маж како Саваж. За мене тој е типичен папучар кога е со Јасмин. Каде му е машки став, каде му е авторитетот?? Пред нејзе се топи ко шеќерче на дожд, се лигави бетер од неа. Со маж како Саваж јас ќе раскинам за 5 евентуално 10 минути. Па, ако ми излезе некој таков на патот ти го праќам тебе по брза пошта.
Ни јас не би можела, и сеуште не ми е јасно што толку гледате во Саваш? Дечко или маж како него? Папучар?- Никогаш!!! Ако ми треба жена лезбејка ќе си станам. Ама машко ми треба бре! А башка малку ми е и мамин син. Ако е толку маж и карактер ќе се спротивставеше на мајка му од почеток, а не сега кога дома има жена со која незнаат што да прават а таму на друг крај уште една жена-себична и лигава.
Колку само е важно влакното на Јасмин Како и да е можеби малку и нашиве претеруваат со преводот и синхронизацијата. Можеби на турски не го вели буквално тоа, па нашиве си нашле соодветен превод, би умрел за влакно од твојата коса.
Ако Саваж убива за едно влакно, тогаш го жалам фризерот на Јасмин. Кутриот, којзнае колку пати досега е убиен. А пак ако Саваж умира, нема гајле. Се уверивме дека воскреснува...
Овој Саваш е опседнет со влакната на Јасмин. Во предходна епизода и ги бакнуваше сите влакна, а сега би го дал животот за влакно од нејзината коса. Влакноманијак
Која патетика стана филмов. Пред некој де си се згазив од смеа, кога ја слушнав следнава порака: Ти го бакнувам секое влакно од твојата коса.. wauuu бе.. кој романтик човече.. btw, филмов е научна фантастика, малку да го направеле пореален
Како една случка може да го промени мислењето................... Баш добро што Чичек отиде кај Јасмин, мислам дека треба да бидат пријателки.. Spoiler Ќе бидат??
Серијава повеќе комедија, отколку трагедија па и уште гатачката, врв да и гледала на рака на Чичек да и ја види судбина
Spoiler Севги остана во Дубаи, си нашла таму некој, и не се враќа. А за прашањето на Smurfette.M Spoiler Па баш пријателки нема да бидат, ама Чичек ќе и раскаже каков живот имала таа, за да и се разјаснат некои работи на Јасемин.
Леле ама недругарка испадна Севги. Стварно ја дотрпи на Јасмин, ама да го продаде својот дел на онаа Џејда и да замине без збор. Барем прво делот да и` го понудеше на Јасмин. А, оваа Џејда кај се појави во серијава, со си Бора не можам да ги сварам. А, и Јагуз претера.
Севги не можеше да ја добие Јасмин и и се јави на Џејда да и каже дека нема да се врати и нејзиниот дел да го поделат со Јасмин, ама Џејда ја изигра и само таа си го откупи делот.
I don't watch this sh*t anymore ! Spoiler Sorry about the hard words Не за друго, не можам да ги сварам патетиките на Јасмина и Саваш ! По 200 пати во епизода се караат и после само плачат еден по друг !
Бора виде дека пресуши изворот Назан и си го фати патот (немаше друг избор), па и како му го погодиле гласот со улогата, само кога ќе го слушнам како се лигави ми се
абе оваа серија јас повеке песни се наслушав и еден куп воздишки од јасмин и саваш одколку да се прави салам муабет ја гледам оти дома моите се запнале инаку ми е досадна а и на нет од порано ја изгледав инаку Spoiler колку ме нервира онаа фуфкало од јавуз кој ја наговара сестра му против развод се со цел да биде со јасмин нели гледа дека очи обраќа од него па упорно запнал ама кога ке дознае саваш дека тој работи со јасмин и е под друго презиме ке избие скандал и тоа на промоцијата на неговата фирма ако така и му треба подоцна веке се знае опседнат е со јасмин ке ја прогонува насекаде
Мала корекција на писмото што Бора и го остави или ќе и го остави на Назан: Назан душо, бидејќи твоето семејство ти ги блокираше сметките во банка и веќе немаш пари, јас морав да си заминам и да барам друг извор на пари...................................... хахахахах