^ Да, да. Уште Spoiler 4 епизоди преостануваат мислам. А тоа се 8 наши. Aма КАДЕ Е НЕЈЗИНИОТ ФНУУК! Стварно женава ништо друго не вика во последно време.
Жал ми е што не почнав да го гледам Величенствениот. Многу посилна содржина има. (Ама ќе почнам!!!) Овој Љубов и казна, претера веќе! Убава замисла за серија, ама сценаристот претерал малку. Јасмин не доликува за главна улога. Шахнур почнав да ја сонувам како кошмар со црното под очите....ИТН. А, жал ми е за Лејла, кутрата седи стегната во куќата. Толкава куќа, а не можат да си се оптегнат луѓето.
Мислам дека Хакан почна да се вљубува во Чичек. Морам и да додадам, ова малечково Берфин ептен ми е слатко па и гласот каков и е срце.
Цела серија „ Саваш те сакам“ „ Јасмин те сакам, не можам да живеам без тебе“ мислам, премногу се сакаат до толку што човек ќе посака побрзо да заврши серијата разбирам апсолутно романтично, ама ова многу е Шахнур како ја нервират Јасминка
Извинете што сум малку оф топик... некаде прочитав дека некоја актерка од величествениот му е мајка на Саваш (Мурат Јилдирим)
Оригиналниот глас на Јасмин е КАТАСТРОФА...ко со пола уста да зборува....овај од синхронизацијава сто пати повеќе и одговара.
Е малку претераа овие со лигавешки и фантазии. Сеа па бебето зборело, бла, бла... Цела серија овие двајца асален муабет не направија!
Едно во серијава многу ме нервира: САВАШ И ЈАСМИН ЕПТЕН МИ СЕ ЛИГАВАТ Љубов моја,јас те сакам, ами и јас те сакам,бебето од стомакот на Јасмин раскажувало приказниии блаблабла Еднаш не направија муабет као нормални сопруг и сопруга...
серијава одамна ја изгледав и пред некој ден на гости с енајодв кај што ја гледаа со синхронизација. Добро бе има некој да и каже на Сабина Ајрула дека не се вика Фнук туку ВНУК. Ај што упропастуваат серии со синхронизаија ама барем нека зборуваат правилно!!!
баш не ми беше планот повторно да заседнам на турските серии но бидејкис еријава е прубава еве сеуште се бафтам со ена иако ке има глупав крај поточно последнат епизода ке биде глупава нема да с еодкажам ке ја догледам а натаму чеесен збор. инаку морам да кажам дека сител ме разочара тотално даваат 20 мин од предходната9понекогаш и ново лото) па дадат 10 мин новата па 12 мин реклами 10 новата 12 мин реклами и 2-5 мин новата.ставрно е претерано серијава во турција има 61 епизода а кај нас е 80 а таму околу 47-8
Таман сакав да прашам уште колку епизоди има... Аман веќе, нека заврши.... Ова како Малечката невеста стана, нема крај...
Јок. Не гледам. Мислам дека етерот ни е презаситен со овие турски серии. Ама не осудувам. Јас сум си за оние добри стари серии од американското подрачје.
Не, нема да биде поради пукањето во Јавуз.. Туку поради убиството на Решит Ага (главниот ага на Моранови), што всушност ќе го убие Јавуз, а ќе го намести Саваш.
Некој што ја има гледано серијата да сподели кога ќе заврши големата љубов на Саваш Ага и експертот за реклами Јасмин? Ве молам да се произнесете, оти не можам веќе да ги слушам како патат за влакното . Не дај мојов да земе да пати за моите влакна, не знам кај ќе му е крајот .