Не се секирај Чичек ќе си се заљуби и ќе си има среќа. А за Јасемин потполно не се согласувам со тебе. Она сакаше да го каже детето но кога и кажа на мајка и дека фамилијата е од Ван каде што владеат закоравени традиционални сваќања, од страв да не и го земат детето не кажа.Инаку јас ја гледам понапред па ќе ти кажам дека и самиот Саваш ќе крие од мајка му дека има дете и дека е Јасемин баш од тој страв дека мајка му ќе сака да го земе Омер ќај нив.
Ми привлече внимание серијава, со крвната одмазда и се тоа. Вчера ми беше посебно интересна епизодата А дефинитивно и денес ќе биде интересно, да видиме како ќе ја спасат Чичек да не ја убијат. Е сега, се прашувам како ќе изреагира Јасмин кога ќе дознае дека Саваш е женет? И кога Јасмин ќе му каже дека има негово дете? Многу ме интересира. Инаку мора да се согласам за мајка му на Саваш, ни јас не знам како се вика, права вештерка е. Пак и гласот (од Хајрије, таа ми беше многу лоша, ме потсеќа на неа..)
Ее глеаш, јас тоа не сум го видела добро. А штом Spoiler ќе му каже откако подобро ќе го запознае и сфати дека нема да и' го земе, тогаш во ред. Инаку, покрај таа работа, сосем ми се свиѓа Јасемин како лик, малце е сеа импулсивна и реагира во моментот искрено онака како што чувствува (во што до некаде си се гледам и себеси до пред едно 3-4 години додека не сфатив дека моите чувства и искрени размислувања се премногу вредни за некои кои не ги заслужуваат), но барем не е кварна и подмолна (карактеристика која ја мразам кај луѓето, покрај улизувањето). Чичек ми е многу карактерна и фина и искрена девојка. Малце ми падна жал што се заљуби во Саваш...али еве Spoiler баш супер што ќе си најде љубов и среќа. Шахнур и покрај тоа што е негативец, мене ми е уникатна. Посебно ми беше смешна кога Саваш и' рече ако Чичек сакала да спие со мене зашто се утепа од плачење, а оваа му вика а шо да праи, да ти рече дојдов да спијам со тебе Бреее како успеа да го сврти муабетот, опасно женче Ми се свиѓа тоа што и покрај се' не трпи клевета и им рече на Назан и на Мустафа да и' се извинат на Чичек за случката кај базенот. А за Назан, немам коментар. Првата епизода ја жалев малку пошто си го изгубила мажот и се тоа, ама после све што видов досега можам да речам дека е едно некарактерно створење кое за тоа што таа не го постигнала во животот и' се криви тие што постигнуваат. Џем и Надја ми се срциња, ај шо се убав пар, туку и двајцата се многу фер и барем досега се покажаа како вистински другари на Саваш.
Spoiler Саваш ќе биде пресреќен а нема Јасемин да му каже туку мајка му ќе му каже дека има дете зашто ќе среди да ја пратат и кога ќе го види изводот на саваш ќе му текне а Јасемин ќе му потврди, а Јасемин ќе се лути ама кога ќе и објасне ќе се смири. Едит: Ја слушам серијава на Сител и толку ми се смешни тоа чудо нешто. Нема врска со оригиналот )))
Серијата скоро ја изгледав до пола, и да ви кажам најискрено, ептен почнаа да ја тупат Саваш и Јасемин. На секои 5 минути се караат, се лутат до безкрај и се смируваат во рок од 30 секунди. Има да се начекате додека да дојде моментот да ја дознаат вистината еден за друг. И да, немојте да и судите пред време на Назан, ставете се во нејзина кожа, затворена е дома, нема право на ништо, прави се што ке и кажат брат и и мајка и. Мајка Шахнур, сепак, според мене, е добра личност. Единствена слабост и е син и Мустафа (и АМ де)
^^ Ете сеа излезе Назан? Излезе. Си го напраи ќеифот? Си го напраи. Со ќутење ништо не бива, мора малце и да се избориш за правата. А да изразела желба, Саваш сигурно ќе ја поддржи.
Е да, излезе, ама што направи? Како куче пуштено од синџир, не знае што попрво да направи. Да ја пуштале сама да се пробива во животот немаше да е толку наивна и да се залета у првиот што ке и каже севијорум (тие што гледале знаат што зборам) Тежок е нејзиниот живот Spoiler Не за џабе ке проба да се самоубие
Колку повеке ве читам толку по неинтересно ми станува А ме интересира и сакам да знам се.Е ајде де сега и јас не знам што сакам Туку нели Јасмин и Саваш ке се смирија веднаш.Па не се смирија Последното прашање од мене и веке не ја отварам темата.Што ке се случи кога Јасмин ке му ја отвори вртата на Саваш со бебето во раце? Spoiler Ако во најскор период прочитате коментар од мене во темава сите да ми мавнете по еден шпиц
за ова во спојлеров. Да, ама затоа требала да се бори. Како Чичек беше упорна, се тепаше шо се вика пред вратата со Назан за да оди на факс. И тоа не е причина да биде неправедна кон неа. Јас толку не ја жалам. Штом нејзе не и' се свиѓа таквиот живот, фер ли е што се труди и на другите да им го направи таков? Се надевам ќе го поправи односот со Чичек пошто таа па ептен е за жалење. Еден татко па не и' го цени животот. Може да ја убие без око да му трепне. Назан барем колку-толку има мајка која е карактерна и која никогаш не би ја оставила на цедило.
Spoiler nazan kje se omazi za Bora tajno, koga majka i kje pobara pomos od bratot na cicek. Toj sto go ubi mazot na nazan.
Да, требаше да се бори, ама Назан испадна кукавица. Растргната помеѓу традицијата и животните потреби, таа не издржа и посегна по својот живот. Spoiler Настана една ситуација со Бора и Севги, а Назан си мислеше дека е во врска со Бора и дека тој ја сака (за тие што не гледале) Зборот ми беше дека од преголема контрола од дома, таа нема никакво животно искуство, за разлика од Чичек, која татко и ја искористи за стекнување на нови бизнис зделки, ја даде во балдарови, а таму сите ја малтретираа на почетокот. Чичек колку толку сама се пробива, а Назан ја чуваа во стаклено ѕвоно, исто како Мустафа, и затоа и им настанаа проблемите. После некое време Чичек и Назан ке станат најдобри пријателки и Назан полека ке почне да се социјализира. Баш кога ја гледав таа епизода, многу ме фати жал за Назан. Толку беше депресирана, а никој не ја приметуваше дома
Spoiler А во кого ќе се заљуби Чичек ако имаш гледано пиши во spoiler ме интересира баш. Иначе интересна е серијава сакав да ја изгледам пред време ама се предомислив бидејќи понатаму ќе ми биди глупаво да гледам а ќе знам се. За Чичек мие многу жал што почнува да се вљубува во Саваш а тој како да и дава лажна надеж а не е свесен дека со тоа прави полошо. Тешко покрај онаков маж да се остане рамнодушна. Не знам што толку традицијата па ако немаше брат, баш имаше еден пишано под видеото на youtube вака. Се согласувам со тоа мислење и јас. Сите серии во турција мора да го имаат тоа традиционалното нивното иначе без тоа филм не бидува Па гревота е онака со жените да се однесуваат да бидат жртва во семејството, без сопствени ставови и цели во животот. Да стапуваш во брак со некој што ни името не му го знаеш. Кој век сме сега? До душа и кај нас во минатото со нашите баби и дедовци било вака. Ништо не ме чуди. Ама сега во ова време не би требало она. А Јасмин па многу ме нервира. Многу почна да си се преценува. Па јави му се види каде е зарем мора секогаш мажите први. Можи му се случило нешто. Сега таа легна со него без да го знае кој е а сега пaк се занесува. Вистина немаше многу среќа во љубовта и со право се плаши ама пред да испиташ не се носат заклучоци. Ама како на филм иначе нема да биде интересно. Ако земат па да ја тупат многу понатаму навистина ќе биди глупаво да се гледа. Во ниеден филм турски до сега тие што се сакаат не се заедно. Толку една епизода до две заедно и почнуваат несреќите и кавгите.
Мене не ми се допадна што вчера Саваш ја излажа дека се повредил работник. Мислам дека тоа скапо ќе го чини кога Јасмин ќе дознае дека е женет. Ама ако каже одма, нема да е интересно.
Како бре 3 сезони сите 3 сезони вкупно се 62 епизоди или само ова сезона е толку?Како и да е со сигурност ние ке гледаме минумум 100 епизоди.Овие од сител не нормално ја тупаат повеке реклами гледаме отколку серија
сите 3 се заедно 62 на википедија нешто читнав сега по 20 епизоди од сезона така неш http://www.youtube.com/watch?v=qNp5ZpvCYw0
Има ли некој кој е многу напред со епизодите на интернет..??Некој до 40та..? Имам прашање,ама немам кого да прашам,тука повеќето како што гледам гледаат на сител.Ако има некој,нека ми пише ЛП,да го прашам нешто Многу е интересно, по цели денови гледам
Да се надоврзам. Значи серијава има 3 сезони од кои вкупно 62 епизоди. Е сега на интернет една епизода трае 90 мин, а кај нас траат 90 мин. од кои пола саат бега во реклами, така да ние гледаме само еден не цел саат серија. Јас на интернет ја изгледав цела, не можев повеќе црвот во мене работеше, љубопитност...Е сега ова денеска 20 епизода што беше, на интернет ако отворите таму е 10 со дел од 11 епизода.