Вчера додека се емитуваше епизодата пишаа се ближи крајот, кога вика уште десетина епизоди хехехех. Инаку оригинално траеле повеќе време, на пример 60 мин, не сум сигурна, ама кај нас се кратени и затоа повеќе. Кај и да е ќе завшри и ќе си живеат среќно до крајот на животот
Како тоа на најавата кажаа уште десет епизода. Кога на ју тјуб Има уште три наши 6 отприлика. Инаку не разбрав како испадна Хасип ага да имал друга жена. Нели е тоа спроти обичаите.
хаха,па и Јасмин беше спроти обичаите,нели? бај д веј:за втората жена на Хасип не се ни дознало. Само Шахнур знаела и ја протерала,на тоа завршило,па немало проблеми. Така?
Не,и понеделник ќе има,ако не лажат , бидејќи во денешната програма пишува вака: 19:35 ЉУБОВ И КАЗНА - серија 20:20 БУРНИ ВРЕМИЊА - серија 21:05 ЕЗЕЛ - серија 22:15 ПРЕЖИВЕАН - реално шоу Значи,ќе има од понеделник до петок,сабота нема да има.
па изгледа ќе бидат 10 зашто некако скратени ми делуваат. т.е денешната, или дека онака ја гледав само на моменти така ми се виде?
Веројатно се скратени, само пола саат, јас денес не ни успеав да ја видам, крајот го фатив тие инсертите што ги даваат од наредната епизода.Има репризи, па ако можам ќе видам, ако не, нада
Во предходната епизода кога заврши даваа инсерти од следната, ама ништо од тоа немаше во новава. Тоа значи дека ептен ја скратиле. Ќе си се изначекаме сега додека да заврши. А + почна и новава серија па да скратат малце и во време.
Досадна е,неморам и да кажувам...се се знае на крајот. И,конечно Хакан и понуди брак на Чичек,ајде побрзо Јасминке роди си ја ќеркичката,и нека заврши серијава,напнаа. :geek:
Ама ме нервира Лара. Ја бараше Чичек, ја доби, сега другарки само да биле. И Сител претераа со кратење и менување термини. Што се занесуваат бе?