Ако некој не ја гледаше серијата љубов и казна можеше да ја гледа последната епизода и ќе му беше јасно...глупо ми заврше незнајме дали умре мајка Шахнур незнајме Назан дали остана сама дали Чичек се омажи како и да е редно беше да заврши
Hм. Nезнам засто турдкиве серии заврсуват неубаво,или тазен крај или без везе ке е крајот.... Zнам некои филмови со возбудлив крај али овие турскиве нисто посебно..... Bарем заврси
Многу глуп крај. И јас незнам зошто турскиве серии завршуваат неубаво? И ме нервира даваа 20 мин реклами и потоа оп заврши ..... НИшто поебно крајот .... Шахнур сигурно умрела а др кој ги зне што прават Да ставиме крај на оваа тема, сега ке се префрлиме на Бурни времиња
Ау колку глуп крај. Џабе чекав да почни, џабе чекав рекламите да поминат, џабе 1 сат потрошив седејќи пред телевизор Пу.
Се согласувам колку беше глупав крајот. Можеби и најглуп досега што сум го гледала. Навистина разочарувачки. А, Сителовци мораа 20мин. да ја тупат со реклами за да кажат ја гледавте големата љубовна приказна... Ај, шуќур заврши, на раат ќе сме сега.
Не го бев гледала еден месец, многу го затупија при крајот. Ама ме интересираше како ке заврши и за жал неможев да ја гледам од еден досаден колега на таткоми. Реприза во недела?
Леле,оваа глумицава кога ќе глуми во една серија,крајот е катастрофа. Се шалам де,не е до глумицата,до режисерот е . Овие си даваа 20 мин. реклами и само 10 мин. крајот,кога се тепаа децата,и куќата ја дадоа и заврши. Глупости. Па можеа да прикажат каде што Чичек се омажила,Шахнур каде што умира...и со другите личности што се случило. Преглуп крај,како БУНТОВНИЧКА.Ама и серијата не беше убава,ајде од почеток,ама после ја отупеа. Така да ми е мило што конечно заврши.Слободна сум,имам време за учење порано. Ама,само нови и нови излагаат.Ништо чудно ако и Бурни времиња ја гледам редовно.
девојки бев надвор и не го гледав крајот може некој накратко во 4 5 реченици да ми објасни шо се случи?
Ова се случи : Spoiler Јавуз на Саваш му впери пиштол во глава,но Саваш го собори на земја и само што сакаше да пука,полицијата го посоветува да не го прави тоа дека тие ке сределе,Саваш го спушти оружјето,и полиција го уби Јавуз.Хасип дојде на вечера кај Саваш,и се договорија да ги зближат нивните деца.И ГЛАВНОТО:Саваш и Јасмин се зедоа(венчавката не ја дадоа )[Омер и тоа девојчето што го роди Јасмин(со некое глупо име ) пораснаа,и си играа покрај дрвото што пред неколку години го насадија Јасмин и Шахнур,(и тоа пораснато)а Саваш подостарен малце таму ги потскара (важен се правеше )па дојде Јасмин,и тоа беше.. Поззз
Ептен глупаво заврши. Барем малку да се потруделе окулу крајот.. Без врска, тргнаа на свадба и оп одма после 10 год. и крај. Барем да кажеа што стана со Шахнур (најверојатно умре) , со Мустафа нели требаше после 10год да излезе од затвор... Најверојатно снемале пари , па ова им било најлесен и најбрз начин за крајот на серијата.
Јас пак очекував да ја дадат во невестински фустан Jaсмин, Мустафа како ќе излезе од затвор, Шахнур кога ќе почине, а они се набрзина. Можеше да има подобар крај серијава, ама што е тоа е, важно заврши, доста и беше.
мн глпава последнава епизода ,,толко време се лигавеа за на крај се у едно да заврши и ништо да не прикажат,мн глупав крај
Многу глупав крај. Толку време влечеа за вака да заврши-глупости. Баба Шахнур умре ли? Со Назан што се случи, а со Мустафа? Толку многу прашања кои ни останаа во несознание. Бар да ја дадеа Јасмин во венчаница... Преврзо излезе се. П.С. Масал баш ми личи на Јасмин. Таква топчеста во фацата.