Ми се допаѓа серијата ама ми е криво што е со синхронизација зашто сметам дека кога слушаме со оргиналните гласови е многу подобро! плус имаме шанса и да научиме по некој збор. РЕКЛАМИТЕ МЕ ОТЕКОА иако приметувам дека деновиве намалиле еден блок со реклами!
Прашање до тие што ја гледале серијава. Spoiler Зошто ја оперираат Чичек во една од епизодите, и што ќе и каже докторот на мајка и откако ќе излезе од салата, па мајка и се онесвестува??? И крајот ако сака некој во спојлер нека го стави ( со кого ќе остане Чичек на крајот дали ќе се разведе од Саваж, и дали Јасемин и Саваж ќе бидат заедно?
Ја имате серијата на dailymotion.com несинхронизирана и со српски превод.Јас ја изгледав,што не е за фалење,ама ете , се навлеков Spoiler Инаку, Чичек ке си најде друг, а Саваш и Јасемин ке бидат заедно како и во секоја сапуница,де.
леле и јас се навелков на серијава. Кажи ми само како ги преживеа епизодите од 37-41?? Ја мислев дека тогас кје ми пресушат солзите !!!
Јас ја загледав реков нема да гледам, видов малце информативно и сега ја загледав интересна, туку се е интересно човек ако загледа па и таа Чичек, се запнала за Саваш па не ја сака, кратко и јасно, брее само трча по него без усул
http://www.dailymotion.com/video/xibikb ... shortfilms тука се сите серии ....не се синхронизирани ама се со превод....уживајте
Надја многу ме нервира , потсвесно е заљубена во Cаваш баш на една од епизодите што ќе ви ја постирам како исечоци од сцени се не знам ни што така случајно го најдов ако грешам поправетеме ќе видите каде што го бакнува Саваш и каде што Јасмин влегува и ги зачекува. http://www.youtube.com/watch?v=KtN9wnFp9Kc Ете толку од “другарството„ како да знаев дека нешто се крие тука. И претходно пишав не може жена да остане рамнодушна по крај онаков прекрасен маж. А за Назан не знам не си во право. Мене напротив многу ми е грев. Во куќата нема право на глас мајка и и ја контролира како да е мало дете и се гушат едноставно со таа традиција. Па и Бора што и мисли Кретен! Битно јас ја изгледав последната епизода да видам дали ќе биде залудно да се гледа или навистина вреди Spoiler Саваш и Јасмин се заедно и имаат и ќерка. Децата ќе пораснат и ќе ги дадат значи малку и како живеат не само happy end се земаат и готово крај на серијата Иначе јас почнав да се соживувам Саваш мие прекрасен неможам да му се изнагледам и се внесив во сцените посебно вечерва кога дојде со мечката и буктетот. И истовремено мие жал за Чичек. Саваш е многу добар спрема неа и тоа ја предизвика љубовта во неа а и малку Шахнур има влијание тука. За гревота е девојката посебно кога пишуваше дека тој со неговата насмевка носи ведрина во куќата така нешо мислам беше. По крај сето лошо само таа во него гледа надеж и жално е што се разочарува. Сакам да постирате да видам Чичек со кого ќе биде и дали ќе е среќна
Овој Бора што гадно човече! Како и се умилкува на Назан,а зад грб што и зборува.Глупак!Баш сакам онаа пријателка од Јасмин да успее во намерата за да го уништи. За Чичек ептен ми падна жал.Кутрата како си молчи и се си збира во неа.Убаво што покасно ќе се заљуби во друг иако со Саваш ми се супер пар.
Иако многу често не ја пратам серијата....морам да кажам дека Јасмин можеби е добра и е позитивен лик во филмот ама не го оправдувам тоа шо го остај детето да живее со баба му па на тоа дете му треба мајка а не баба и незнам како можи да се срами од синот и да не признава дека му е син...јасмин нема шо да се срами треба да му ја кажи вистината на саваш ааа ако не сака да ја кажи па тогаш само нека му кажи дека ее нејзин синн...не можам да сватам какко можи да живее одделено од својот син
Колку епизоди има серијава?? Долгометражна ќе биде да не можеш да дочекаш да заврши или нешто пократко??
Па пишува погоре дека има 3 сезони од по 20 епизоди ама кај нив даваат по 2 епизоди во еден ден а кај нас само по една!!
Ме заразија и мене со филмот.Многу ги мразев(мразам) турските серии,ама дома сите ги гледат па сакал нејќел ќе ги гледаш и ти.Среќа заврши лисјата,барем Алириза немора да го слушаме веќе.Инаку Љубов и Казна интересен е,многу ми се слатки Јасмин и Саваш,си одговараат
Се извинувам, не прелистав... Тоа би биле 60 епизоди, а колку што заприметувам сега засега не ги кратат! Добро е... издржливо!
И јас реков веќе не гледам турски серии и кога почна оваа многу се нервирав дома секоја вечер го гледаа. Јас после од што морав фатив една епизода и многу ми се бендиса и сега едвај чекам да почне, ме зарази филмов. А Саваш Балдар е најзгодниот турски актер нема тука што. Најубав е <3