1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов со можност за бродолом(Торе Де Роке)

Дискусија во 'Книги' започната од ocila, 23 октомври 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Многу често слушаме приказни за неверојатно храбри луѓе кои се искачиле на Еверест дури и без кислород, за луѓе кои имаат хоби да скокаат по фасадите на облакодери или оние кои скокаат во океани сред зима.
    Храбри. Пионери. Бестрашни супер херои. Торе Де Роке не е една од нив.
    Таа е девојка со фобии и стравови. И ова е нејзината вистинска животна приказна. Во нормални услови, човек не би можел да ја види сред океан, сред нездрава бура, во брод со дупка и вкупна екипа од двајца кои се борат да го задржат бродот на површината од водата. Но тоа е она што може да го направи новата врска, тоа е она што може да го направи љубовта.
    Љубовта може од обичен човек да направи лудак...
    Љубов со можност за бродолом (или точниот наслов Љубов со можност за давење) е приказна за Торе која една вечер запознава згоден маж во бар, човек кој успева да ја убеди таа да го напушти својот софистициран живот во Сан Франциско, да се соочи со својот страв од длабока вода и да му се придружи на пат околу светот по вода кој трае точно една цела година.
    Оваа книга е половина љубовна приказна, половина патнички мемоар. Не е многу голема, има околу 350 страници, но доколку седнете да ја читате ќе ви одземе многу време затоа што оваа книга се чита пред компјутер за да можете директно да отворате страни на интернет и да гледате фотографии од местата кои се спомнуваат во книгата. Барем јас така ја читав.
    Да бидам искрена, самата приказна не е ништо особено, освен фактот што станува збор за вистинска приказна и не можам да речам дека ќе ја препорачувам секаде, нема дури ниту да ја преведуваме затоа што навистина не е обична книга белетристика која би можела да воодушеви многу луѓе. Но доколку сакате да патувате, доколку сакате авантури, природни убавини и уникатни места, оваа книга е дефинитивно за вас и тоа за читање на начинот кој ви го предложив.
    Торе и Иван (кој претпоставувам дека сега е нејзин сопруг) одат од еден остров на друг и секаде остануваат по неколку дена. Сите убавини на местата се опишани во книгата, а и секое место е наведено по точното име, така што и вие ќе имате чувство како да пловите околу светот со нив. Јас, особено како голем љубител на острови, уживав додека паралелно со книгата ги разгледував и фотографиите од местата - тоа ми беше целосно искуство како треба да се доживее оваа книга. Во книгата исто така има смешни моменти, како што и може да се очекува од пар кој ја поминува целата година на море, па оваа книга може да се смета и за романтична комедија. Последната информација која ја прочитав на веб сајтот на авторката беше дека едно од големите филмски студија ги купило правата за филм, што значи дека постои веројатност животната приказна на Торе и Иван да ја видиме и на големите платна.
    :*