Љубомора во семејството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од fighter, 16 јули 2010.

  1. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.464
    Здраво на сите! Во досегашните теми читав за љубомора од колеги, пријатели, партнери, комшии и др.Никој до сега не спомна што е и дали постои љубомора внатре во семејството! Пример љубомора од брат, сестра,золва, јатрва,..братучеди, тетки,кумови и итн
    Јас и мојот сопруг се уверивме дека љубомора од најблиските постои, конкретно кажано, јас и тој сме доста успешни и способни односно двајцата сме таков тандем да од едно правиме две.Секако тоа бара мнгоу жртва и многу одрекување, меѓутоа со напорен труд успеваме.И искрено не ни е гајле за другите, секој си ја гради својата среќа.Ние воопшто не се натпреваруваме со тие што имаат повеќе материјални средства од нас, ниту пак со тие што имаат подобри работни позиции или шетаат на скапи одмори или незнам што.Напротив воопшто не се замараме и им „симнуваме капа“ на таквите што многу успеваат.
    Е сега за љубомора и завист на работа кај нас двајцата, да, ја гледаме дека постои, меѓутоа некако ме иритира љубомората од најблиските (освен мама и тато нели :inlove: ) Некако сите те гледаат со завист, а што е најинтересно сите тие можат истото да го постигнат ако малку повеќе се вложат себеси во нешто и нормално ако се одречат од некои задоволства.
    Сакам да ги видам и вашите размислувања! Дали ова е реткост во МК или можеби се лажам
     
  2. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Тоа мислам дека го има речиси во секоја македонска фамилија.Таков менталитет имаме што не можеме да поднесеме ближниот ни да е поуспешен од нас.И цело време гледаат сите како да ти наштетат.Во мојата фамилија се некој вакви примери има.Мајка ми и татко ми порано знам многу се нервираа за тоа,па мама дури има и плачено зошто сестрите да и се љубоморни,а тато еден период не разговараше со брат му бидејќи овој му наштети на некој начин.Не се секирај за тоа,гледај си го мажот и децата (ако имате) и мафни ги љубоморните. ;)
     
  3. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    јас ќе ти дадам пример за едни наши пријатели:таа уште на 18 години се омажи за многу богат човек односно неговиот татко свекорот има премногу пари.И овозможија да живеј луксузен живот.Во меѓувреме свекоров започна да гради куќа за ќерка му..и ова снава се налути веднаш љубомора..демек во нашево време само за машки се гледа..изгледа очекувала се да биде за нејзе..и постојано се караше со мажот поради тоа демек сестрати повеќе ја сакаат му велеше..постојано го провоцираше :envy: и така зборов ми е се се врти околу парите и нормално некој ако те види така поуспешен ќе ти љубомори таква ни е македонијава..таков народ сме
     
  4. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.464
    Јас искрено и не се замарам кој што мисли, ама сепак, луѓето околу нас не се задоволни ако ние сме успешни.Е ако случајно малце тргне надоле нешто (се има случувано нормално) тогаш они се прескреќни и со насмевки на лицето .. просто ко да се радуваат од кејф.Меѓутоа , јас овде не зборувам само за материјален успех, туку воопшто и за било каков успех, пример успех да имаш стабилен брак и разбирање, да си живееш ок со околината, да имаш луѓе на кои можеш да им се обратиш или тие на тебе да сметаат. Едноставно...неам зборови. Луѓево се катастрофа! Навистина е до менталитетот, бидејќи јас и сопругот живеевме краток период во странство и таму увидовме (не дека ги нема овие работи) дека секој си го гледа во „својот двор“ и не се замараат многу кој што и како.А кај нас ако успееш, готов си...дома сопки,љубомора, вртење грб и оговарање, непочитување игнорирање....пред се од роднините мислам.И најчесто роднините се тука ако им требаш за нешто,ако не , тогаш си игнориран :puke:
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    Ооооо, јас на своја кожа секојдневно го искусувам тоа, љубомора и дволичност од многу близок член на семејството. Не скам да откривам за кого се работи , затоа што работите се комплицирани и комплексни, ќе треба 200 страни да испишам, цело романче :)
    И во една друга тема исто пишав, јас не знам како да се справам со ова, рацете ми се заврзани, и стално јас го јадам подебелиот крај.
    Тоа е што е , верувам дека наскоро ќе се променат работите , па ќе ви се пофалам :)
     
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.663
    Не си единствена! јас не сум мажена но еве планираме со дечко ми ,и двајцата дипломиравме си најдовме работа иако не е некоја работа којзнае каква ,тој си купи на старо кола си одиме на одмор,си купуваме гардероба итн и приметив огромна љубомора и тоа за жал од најблиските!!! а што да очекуваш од другите? нон стоп ни префрлуваат абе вие сега сте од големото доброутро, вие ова купувате ,она купувате :devil: Бог да чува! а недај боже да купиме стан или да се вработиме во јаки фирми :?: ќе пукнат од љубомора! отпрвин така се нервирав,но сега кога ги видов и сфатив, намерно им зборувам и се фалам дури и ќе излажам нешто,и никогаш повеќе нема да им се жалам дека нешто не ми оди, па нека пукнат веќе! ова не важи за моите најблиски мама ,сестра ми,баба,дедо,но за се она после нив важи,и тоа како
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    667
    не само македонска фамилија и секоја балканска, и не можам да сватам како може некој твоја крв да ти љубомори и завидува, наместо да му е мило, особено кога има љубомора меѓу браќа и сестри не можам да се изначудам.

    Јас имам братучеди што се богати и пребогати, никогаш не сум им завидувала, нити ми било криво, напротив секогаш сум се радувала, но :!: од нивна страна не е така, ако се успешни.
    Како прво те понижуваат бидејќи не си на нивно ниво, друго, не поднесуваат некој во нешто да е успешен или да постигне она што тие не го постигнале, еве конкретно за мојот пример: ниеден од нив не завршил факултет се обидувале, но не им успеало, еве јас сум единствена која завршив тежок факултет и кога завршив наместо да ми честитаат тие престанаа да ми зборат, ме избегнуваа и мразат, а јас на нивните успеси скокав.

    најдов некој логичен одговор на моето вечно поставувано прашање, најочигледно се работи за себичност или некое незадовлоство од нивниот живот, но сепак не можам таквата појава да ја прифатам.

    во ред ние сме сите живи луѓе се случува некогаш за нешто да ни падне криво и да се исфрустрираш, но завист на своја крв!? не тоа не ми е прифатливо.
     
  8. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    156
    Ехееее....добро позната работа за мене :rofl:
    Моите во животот успеале повеќе од нивните браќа сестри, и сега нормално се појавува љубомора. Порано ми пречеше тоа малце кога приметував како ме гледаат братучетките/братучедите, ама сега повеќе не. Дури некогаш и намерно им се перчам...нек пукну душмани :angel:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    159
    сакам да ве прашам за совет
    сестра ми има дечко 5 години али тоа е многу време па заборавила како беше порано па сега нон стоп ми вика како демек мама го сакала повеќе мојот дечко кој е дојден 5-6 пати во оваа наша година оти му правела повеќе муабет и сл :?: а всушност нејзиниот дечко не знае да сврзи 2 збора и ако зборни нешто сигурно е глупост и плус мама и дечко ми пушат па се пронаоѓаат на некоја точка. арно ама сестра му постојано сега вика дечко ти вака дечко ти така. ќе му текни ај ќе одиме на стан ќе гледаме филм и ништо друго не викаат и кога ќе појдиме си изнакупиле што му се јади и ќе му речи сестра ми ај речи му нека дај пари и сега јас како ? ;( ептен ми е незгодно :worried: ипосле демек дечко ми не давал пари демек користољубив ;( а не е таков
     
  10. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Само едно ќе кажам- нападот е најдобра одбрана.
     
  11. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    152
    е вакви луѓе имало и ке има ич не сакам вакви работи понекогаш се нервирам и тоа многу од блиските не мислам на моите дома и на сестра ми ама роднините ми се многу чудни луѓе уживаат да се фалат,те испитуваат за се и сешто секогаш се во право за се и да тие се подобри и побогати.не можам да ја сфатам логиката на оваа размислување кое доаѓа од повозрасни луѓе наместо да учиме од нив можеме да сфатиме дека тие не ни се некаков пример за понатаму во животот никогаш не би била како нив и да на секој наш успех гледат намрштено и воопшто не се радосни дури мислам дека и се натпреваруваат со нас.порано си кутев и не им зборував ништо ама веке не ги ставив сите на своето место па макар и да ми се тетки,стрини или чичковци на никого не љубоморам наместо да се подржуваме и да си помагаме тие го прават обратното и затоа само ке им кажам слободно може да прошетаат.
     
  12. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    159
    како мислиш? чиј напад? ме збуни :drunk:
     
  13. LightBlue

    LightBlue Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Твојата сестра ја користи таа тактика,со тоа што го напага дечкоти, и на тој начин се обидува да оправда некои постапки на нејзиниот дечко. :)
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    4.121
    Едно големо ДА, ја има и во моето семејство од страна на маж ми сум забележала. Тоа некако повеќе ќе му дојде како лечење на комплекси или сл. а сум била сведок и на тоа народски кажано - делење на деца-. Колку секој да вели дека не го прави тоа, сепак се прави, свесно или несвесно, незнам.
    Едноставно со игнорирање на таквите глупавштини, не се замарам.
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.733
    во секое македонско семејство ја има љубомората, па и во моето, особено од страна на мајка ми оти се 3 сестри, и ептен се љубоморни двете сестри една на друга(а мајка ми е најстара) па не зборуваат со години, дури и братучедите не зборуваат мегу себе(први братучеди) и некако ми е несватливо, крв со крв не збируваат, и не сака да се видат мегу себно. Ова очигледно само на балканот го има :!:
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.663
    ^и мене не ми е сфатливо-сестри бе да се мразат :fubar:
    имам комшивки сестри,мажени ,на едната маж и дојде домазет оти овие имаат огромна куќа...другата ќерка се разведе,и се врати во куќата на друг спрат-кај што живеат нивните родители...тие и го препишаа само едниот спрат на разведената а другите два на другата ќерка,а оваа се нак*рчи-место сестра и разведена бе,да и помогне и да каже дека нема проблем што дошла,кирија ли да плаќа :fubar: таа се испокара со неа,ја извреѓа дека се развела,просто не ми се веруваше,куќите ни се лепенки една до друга и не ми се веруваше што слушам-сестра на сестра да си каже....татко им доби по некое време мозочен удар,пола остана парализиран,а таа која е докторка-не се симна ни еднаш притисок бе да му измери :fubar: у секој случај тешко на родителите да ги гледаат сопствените деца полни со љубомора и омраза :doh:
    Па јас прошлата недела и го зимав пасошот на сестра ми која ќе оди во Америка,и кога и ја видов визата во пасош се расплакав од радост ;( а и од тага ,оти неколку месеци нема да си ја видам :worried:
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458

    Од бледава употреба на дијалект има делови кои не ги разбрав, ама ајде де.
    Прво нема зошто да постои лутење за мајката чив дечко повеќе сака. Па таа не е створена да ги сака нив двајца, туку вас двете. Едниот од нив може да и е посимпатичен карактерно, изглед и така натаму, другиот помалку.
    Тоа дека мајка ти и дечко ти пушат мислам дека нема апсолутно никаква врска со целата ситуација, и не е толку битно во мислењето кое таа го изградила и го гради. :)
    Нареден пат кога ќе одите на стан понеси си грицки и немаш гајле. |(
     
  18. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    681
    тоа од секогаш имало и ке има и кај нас во нашето семејство такааа да не се чудам ама ич :P
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.885
    Ова го има скоро секаде.
    Само едно ке кажам газете за да не ве газат.
    Оти сите ке си играат со вашето трпение....па и најблиските(пр:на мене ми се сите петки во животот се ми тип топ но на брачетка ми и се сите 3 и 2 и сега пушта се и сешто сате ја знаат како трачерка сите ја избегнуваат на ена ако кажеш нешто сите ке дознааат и пушташе секакви глупости за мене од љубомора па јас и кажав каде и е местото.Ама таквите треба да ги фатите во ќош).е овде ја згазив за она мене да ме газе....и сега од усатата мед и млеко и тече..
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.733
    80% од кавгите кај нас дома се заради тие вештерки од тетки што ги имам, а и јас и брат ми на скајп и кажжавме на средната тетка да престанат да ја мешаат мајка ми во се, а кога ке ми текне колку мајка ми плачеше и се нервираше заради нив :x особено заради најмалата таа не е човек таа е звечарка :devil: -а по некое чудо јас личам највеке на неа физички, ко таа да ми е мајка, а не мајка ми, ама и во карактер и во срце се разликуваме, не верувам дека таа некогаш била добродушна и човечна, да им помогне на сите како јас.