Ова очигледно го има секаде.... ај некако и да разберам кога ќе видам снаа золва, или две јатрви... Ама крвно сврзани луѓе За жал, кумството на моите се распадна поради такви работи.Се разјадоа мајка ми и кумата (инаку прва братучетка на тато). Што значи уште потрагично,ем кумови ем роднини-први братучеди. Највеќе ми е жал за татко ми и кумот(кој го сакав како втор татко), од мали нозе заедно,цел живот во школо заедно, средно заедно,војска заедно служеле,заедно во Сараево живееле додека студирале таму, потоа заедно во иста единица се вработија во скопје, договорот бил кој прв се жени,другиот кум ќе му е.И на крај по желба на тато братучетката,тато ги наместил ова она,се земале, за на крај по 14години кумство да се распадне. за глупости,да идеш сега да ја прашаш кумата моја,нема да знае
Ја има во секое семејство. Не само помеѓу јатрави туку помеѓу брат и брат. На овој повеќе, на тој помалку и цел живот скарани поради глупости.
Не љубоморам на никој, посебно не на некој од семејството или роднините. За сечиј успех баш ми е драго. Одбивам да верувам дека навистина некој би можел да љубомори на успехот на својот најблизок. Мајка ми се случило да ми рече тој и тој ти е љубоморен за тоа и тоа, ама не можам да верувам дека е така. Не сакам да верувам дека е така. И не сакам да бидам причина за нечии негативни чувства, иако не е моја вина што некој така би ме гледал...
Братучетка љубомореше на братучед дека се ожени, сега кога чекаат дете не се сопре од озборување, како тој бил ваков таков, не знам што, не се зачудев, не ме чуди, само не ми е јасно зашто на некои луѓе толку им пречи успехот на останатите, сите се по неа ниско ниво, а она нема пола достигнато од тоа, до каде ли ќе тераат ваквите.....
Сум почуствувала и на своја кожа љубомора изразена од страна на членови од семејството. Тоа не би можела да го кажам само за моите родители кои знам дека секогаш ми го мислат најдоброто и би ми ја пружиле својата безрезервна поддршка. На никој друг член од семејството не би се ослонила. Знам дека ни најмалку драго не им е кога ќе слушнат дека нешто убаво ми се случило без разлика дали станувало збор за успех во образование, кариера или што и да е друго позитивно.
Се радувам од срце на сите успеси на членовите на моето семејство, особено се радувам за брат ми, имав можност да работа во фирма со одлична заработка и услови, сепак му ја отстапив нему, денес е застанат на свои нозе иако јас сеуште не сум средена со работа, особено сум горда и никогаш не се покаав
Љубомора владее секаде, но не треба да постои во семејството. Треба да се радуваме еден за друг, тоа е во духот на слогата и просперитетот.