1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора на колешките

Дискусија во 'На работното место' започната од doll, 8 декември 2009.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    мислам дека си исфрустрирана заради неправди некои кои ти се случуваат. Ако не си била завидна до сега мислам нема ни да бидеш, нормално доколку не дозволиш, фрустрациите се нормална појава кај сите.

    истата ситуација и јас ја поминувам, се докажуваш, а не ти е вреднувано, туку уште и плукаат по тоа, истите тие луѓе се ништо повеќе од мизерија, не се секирај порано или подоцна таквите завршуваат каде заслужуваат, се имам уверено во тоа.

    мислам добро би било да не се замараш со тоа, колку повеќе обрнуваш внимание толку повеќе те измачува, ти работи и уживај ќе се истакнеш кога и да е! но мислам малку треба поотворена да бидеш и ти да му се пикаш на шефот за да повеќе ги согледа твоите способности.

    вакви ситуации и луѓе отсекогаш постоеле и ќе постојат, а ние треба да бидеме цврсти. Некогаш ќе бидеш на пиедестал, а некогаш ќе бидеш зад кулисите и се така во круг! таков е животот и треба тоа да се прифати!
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Несум имала таков проблем а немам ни сега. Сега сум во фирма во која нема жени - колешки туку само мажи се - колеги :) . Е сега, како??? Па така :D . А, сум приметила од друга страна-поширок круг на луѓе љубомора на мојата професија.
     
  3. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    760
    Јас не сам љубоморна на никој, ценам го секој труд на секој човек. Ако имам колешки , ценам ги, секој што се труде да науче, секој што сака да работе тоа што го работе, што е со позитивна енергија. А оние кои се на сето ова спротивни едноставно ги одбегнувам, не се замарам со нив ама ич :)
    Не биди љубоморен на другите, докажи дека си повеќе и остави ги они тебе да ти љубоморат. :)
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    на моето прво работно место имаше постара колешка, која само ми љубомореше и на изгледот и на знаењето (сите одма се наклонија кон мене). заради тоа гледаше во секоја ситуација да ме понижи, а посебно пред газдата, на кој очигледно му се улижуваше. среќа, повеќе не работам таму. секојдневните нејзини зајадувања ми дојдоа преку глава. А, да не споменувам дека земаше три пати поголема плата од мојата и очигледно не сакаше конкуренција. :^)
     
  5. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас имав една таква врска си нема и упорно се одеше кај шефот и измислуваше разни приказни ама не и верувааа пошто ја знаееја каква е
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
  7. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Најмногу од се ме нервира љубомора и љубопитност. :@
    Бившите колешки од канцеларија ептен ми љубоморат одкако ме унапредија. Ама никоја не размислува за тоа дека сите си одеа во 16:00 дома, а јас заглавував на работа скоро секој ден, нив не им се одеше по патишта, а јас изгинав, тие си го гледаа само приватниот живот, а кај мене трпеа моите дома. Кога конечно се исплатеше целиот мој труд, сега сите ми љубоморат. А цело време на сите им помагав, кога одеа на боледувања ги вршев и нивните обврски (за да не страда работата)...сега тоа никој не го цени. Во почетокот се нервирав, ама повеќе не се нервирам, ги баталив.
    Полудувам на сите тие прашања што секојдневно ми ги поставуваат, на пр. „пак ќе одите на одмор во хотел со 5 ѕвезди“ или „лесно ти е тебе, си возиш Ауди“ или „ќе си уживаш, не треба да купуваш станови, ќе си наследиш“...... а секојдневно слушам прашања „колку пари го плати....“ . Недај Боже нова гардероба да си купам, одма следуваат прашањата: од каде го купи, колку пари......мислиш нивни пари трошам! Бог да чува!
     
    На Gordana10 и Miamigirl им се допаѓа ова.