Кога се породив со второто првата имаше година и две недели. Додека бев на болница кај мајка ми седеше некој ден првата. Кога се вративме од болница малку чудно и беше на поголемата дека не бев дома неколку дена , ама за малата скоро и да не свати дека постои. Интересно до една година кога направи малата не ни разбравме дека имаме бебе во куќа. Беше многу мирна и големата не осети некоја љубомора Сега се неразделни колку што се сакаат толку и се караат
@eli.karameli не и се секирај, ќе и помине оваа фаза,ново и е чудно. Кај мене бебето беше нон стоп на града, па може затоа се поврза со татко и траеше заштита, само некој за неа,да не мора да дели,незнам како да го објаснам. Сега се смени,сега е повеќе со мене,ќе потпорасне бебето, ќе биде полесно. Не те отфрла сопственото дете ,немој со тие мисли. Ќе се вратите на старо,и за нејзе е новонастаната ситуација дома. Ние спиевме сите заедно во спална до скоро.
Фала ти @Ava.84 , @Lianna Anna и тука се објаснила. Од се ова не можеме на исти кревет да спиеме затоа што големава мн немирно спие и може да го повреди бебето. Заедно заспиваме ама околу 23 мм ја префрла големава со него на спална. Претходно се договараме со големава дека бебето цело време плаче и нема да може да спие па ќе и се спие цел ден и слично и не се противи. Еднаш само не сакаше да се префрли до мм па ја оставивме ама јас око не склопив цела ноќ и едвај издржав дента, неколку дена ми требаа да си дојдам при себе. До 23 јас не смеам око да склопам и на штрек сум, големава од еден крај за секунда може над бебе да се преврти. Јас редовно добивам најразлични удари, клоци.
Здраво женички вака јас сум пред пораѓај меѓутоа ме фаќа малце паника имам бебе до година и 7м. како ќе биде, малото на сестра ми а го фатам или му зборам од далеку одма плаче не се смирува му зборам да го гулицка дека му се смее и тн.... Исто се дешава и со маж ми истото му го прави некој совет утеха тие што сте со две вака мала разлика како сте поминале справиле. Ќе почне во градинка од другиот месец како да ги изгураме овие денови како да му се објаснува да не хистерише бидејќи малце е тврдоглав откако ја останав дома несака кај никој да иде а не ме види 1-2мин одма плаче.
Мајка мојава е иста ,еве три години наполни ама тоа не се смени. И во градинка оди и со баба и седи ,само за спиење не сме ја одделиле. Убаво што сте се решиле сега ,јас никако не можам да се решам една од причините е и оваа. Сите викаат на почеток ќе е тешко после ќе се навикне.
јас не очекував дека ќе биде до толку како да кажам ,,љубоморен" ме фаќа страв паника да не му прави нешто незнам што му е во неговото главче во преиод е кај што фрла све се лигави сака внимание ненормално нејсакам ни он да се чувствува отфрлен сепак си го сакам и него. Знам дека ќе биде малце запоставен додека порасне другово ... Јас викам ај мала разлика нема да знае многу искочи обратно
Ќе има промена секако,дека ќе биде тешко и тоа нема да те лажам,ќерка ми имаше 2 год и 3 месеци кога се роди бебе,мн вечери бевме ненаспиени, не го сакаше во соба,на почеток пробуваше и да го удри,да напоменам никогаш не беше оставена на чување со никој,постојано е со мене и мм,на денот на пораѓај беше прва вечер да спие без мене а со татко и,но верувај како и да реагира твојот се ќе помине,сега бебе е 4 месеци ,го гали ,му збори,го смее. Не е лесно за никој,ним им треба време за промената,а и нас родителите дека треба да го делиме вниманието.Па да не зборам и за чувањето тодлер и бебекако и да е ,се поминува,според мене мала разлика е тешка но си има доста бенефити кога ќе пораснат.Со лесно на пораѓај,не мисли ништо пред време,може твојот голем батко да те изненади ,па да прифати лесно.
Моите се година и пет месеци разлика, ама јас имав среќа со многу мирен батко, кога го донесовме малото само играчки му даваше и го бацуваше. Повеќе бевме свртени кон него, иако не покажуваше љубомора, може и помогна што и немав прекинато со него со доење, па си цицаа тандем, прво бебето, а големото кога сакаше да се гали, си спиев заедно со двајцата јас во средина, и еве го ден денес 10.5 години уште го чува малиот , а и бебето
Фала ви на советите ќе видиме како ќе биде не верувам дека ќе биде како твоето сите викаат првото дете мирно бајче второто по багабонти ова обратно првото багабонт се надевам може и друго ќе биде кога ќе го види јас сепак ќе му зборам со убаво да не осети отфрлување јас многу рано го прекинав на година и 3м.
Мајки здраво. Како се справувате со љубомора меѓу децата? Напади на агресија, некој вид на такмичење. Ако помалото јаде нешто мора и поголемото. Будно го следи секој наш чекор за да види да не дадеме нешто плус на бебето. Уморна сум немам сила од мислење, не знам веќе како со големово, нѐ преплави и со емоции и со однесување. Во градинка е ок, барем досега, ама штом го види бебето различни однесувања има. Некогсш вели го сака што не верувам дека на 3 и пол години знае што е сакање, другпат вели не го сакам ќе го фрлам во канта. Знае да го чепка, да се подбуцнува со него. До кога е оваа напорна фаза?