1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубоморни на туѓата среќа

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од k.r.i.s.t.i, 23 мај 2011.

  1. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    ДАЛИ НЕКОГАШ ВИ СЕ ИМА СЛУЧЕНО ДА СИ ПОМИСЛИТЕ ЗОШТО ТАА ДОБИВА СЕ А ЈАС НИШТО?ИЛИ ПАК КОГА ГЛЕДАТЕ КАКО НЕКОИ ОДЛЕПУВААТ ОД СМЕЈА КОГА СЕ ЗАЕДНО А ВИЕ САМИ ШЕТАТЕ НИЗ ПАР И СИ ПОМИСЛУВАТЕ ШТО ИМААТ ТИЕ А ЈАС НЕМАМ И НЕМОЖАМ ДА СЕ ЗАБАВУВАВ?ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ ПОМИСЛИЛЕ ДЕКА ВАШАТА НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА ИЛИ ПОУБАВО МОМЧЕ ИЛИ ПОВЕЌЕ УДВАРАЧИ?СТЕ САКАЛА ЛИ НЕКОГАШ ДА БИДИТЕ НЕКОЈ ДРУГ И СИТЕ ДА ВЕ САКААТ НАОКОЛУ???!!! |(
    ИСКРЕНО ЈАС СУМ ПОМИСЛУВАВЛА НА МОМЕНТИ,НО НИКОГАШ НА МОЈАТА ДРУГАРКА ИЛИ ПА НЕКОЈ КОЈ МИ Е БЛИЗОК!ПО НЕКОГАШ КОГА КЕ ВИДАМ НЕКОИ СИ ПОМИСЛУВАМ БЛАЗЕ ИМ КОГА ЈАС БИ МОЖЕЛА ТАКА :?:
     
  2. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ БИЛЕ ЉУБОМОРНИ НА ТУЃАТА СРЕЌА?!

    Да сум била љубоморна на туѓата среќа но само во моменти кога сум нешто разочарана или слично и тоа му се случува на секој човек :!:
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ БИЛЕ ЉУБОМОРНИ НА ТУЃАТА СРЕЌА?!

    Спроти мојава канцеларија има два контејнери кон кои гледа прозорецов.
    Секогаш секој ден, во отприлика истото време доаѓаат истите циганчиња за да соберат картонски кутии или пластични шишиња. Три мали деца се инаку, веројатно се или браќа или се пријатели. Во среде зима се облечени со пролетни јакничиња, всушност распарталено материјалче со ракави и дупнати чевли.
    И додека овие секој пат доаѓаат, седат и си одат со песна, секогаш се насмеани, се бркаат покрај смрдливите контејнери и буквално го развеселуваат маалово, јас кога ќе излезам зимно време за да го исфрлам ѓубрето прво помислувам “треба да си купам ново подебело палто“, бидејќи ми измрзнале коските, “чевливе ми пропуштаат“, мада се тренди, „контејнеров базди блјак“ па ја џиткам ќесата од подалеку сеедно ќе фатам шуга ако се приближам поблиску, за после да си се ставам во длбаока размисла за тоа „што да јадам“, пошто сендвичите онаму не ми се убави, на другото место тоа баничките ми се мнооогу мрсни, третото место не знам си што му недостига.... итн.
    Така да имам сфатено една работа, колку повеќе имаш, толку по лаком си да имаш и повеќе одошто имаш, колку помалку имаш, толку си посреќен пошто очигледно се учиш да се радуваш и на ништото.
    Па веројатно е дека сето она што го имаш, ти ствара потреба и желба за повеќе, а со лакомост си прилепуваш и завист кон оние кои имаат макар и малку повеќе од тебе, пак и не мора да имаат повеќе доволно е да имаат како и ти, пак да сакаш ти да си единствената што има. Секако луѓето и кога се разочарани завидуваат на туѓата среќа, но.... мене некако тоа не ми дава никаков одговор на мојата несреќа, секако нема да ме направи посреќна, само можеби помизерна, како личност.
    Па не знам дали некогаш сум решила така да функционирам или просто сум се родила без таквите болести, па и срцево и умот ми се добро изолирани од таквите чувства, а се трудам да стојам подалеку и од луѓето трујачи.
    Не сакам и не можам да љубоморам на нечија среќа, бидејќи тоа ми е сеедно му посакувам несреќа за јас да бидам среќна. Можам само да си посакам своја среќа или среќа за оние на кои им недостига.
    Јас сум никој и ништо, затоа и нема зашто да се сомневам во нечија праведност и да со тоа ставам под знак прашалник нечија среќа „заслужил или не тоа што го добил?!?“.
    Би јас да сум среќна, а уште посреќна сум па кога и другите се среќни, макар јас немала ништо, а тие имале се.
     
    На slavica999, calliope, maca99 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ БИЛЕ ЉУБОМОРНИ НА ТУЃАТА СРЕЌА?!

    Не сум љубоморна на ничива среќа..Од секогаш моите ме учеле ако другите се среќни и ти ќе бидеш! И сето тоа ми е врзано во главава дека секогаш треба да се радувам на туѓата среќа за да бидам и јас. Некој ќе рече дека тоа не е возможно, дека треба секој за себе да си гледа. Но, ако братучетка ми е несреќна и јас ќе сум, сепак таа е дел од мојот живот!

    Е, сега познавам и многу луѓе што љубоморат по туѓата среќа. Една од нив е тетка ми...Ако нешто добро ни се случи, одма реагира ,леле вака ,леле така...Убаво ви е вас имате една ќерка со се задоволена, имате многу пари, бла бла бла...

    Мене туѓата среќа ме тера да станам подобар човек и да го ценам она што ќе го постигна, за да бидам и јас среќна!
     
  5. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ БИЛЕ ЉУБОМОРНИ НА ТУЃАТА СРЕЌА?!

    Позитивна љубомора, ДА...секогаш...
    Завидливост, не, никако...
    Не ми е криво некој што има, мило ми е, ама сакам и јас да имам, да прошетам и слично...
    Мислам дека оваа позитивна љубомора е одличен двигател и мотиватор во животот, бидејќи од она што сум можела да го видам, оние крајно индиферентни луѓе, што нити завидуваат, нити заблазуваат, туку се водат во животот од мислата - колку имам - толку, ништо немаат постигнато, задоволни се, и не им е гајле за околината, удобно им е неправењето ништо...па дури и тоа значело, да немаат ништо...
    Имам неколку вакви примери во околина, и не би сакала да сум таков човек...
     
  6. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Дaли некогаш сте биле љубоморни на туѓата среќа?

    се согласувам, а да бидам љубоморна на другарка зошто има поубав дечко НИКОГАШ. мојот дечко за мене е најубав
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Имам прочитано некаде една убава мисла-луѓето би биле многу посреќни кога не би ја споредувале својата среќа со туѓата...
     
    На lolyta777, Chocoholic, k.r.i.s.t.i и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Имам една колешка која секогаш кога имаше потреба од нешто-материали, информација и сл. доаѓаше кај мене да се информира... Позајмуваше книги, и си завршуваше работа. Кај 5 предмети положи, а јас само 3, Океј, работев тогаш, ама кога ми кажа колку испити полагала, ми идеше да ја задавам! :headbang: :headbang:
    Ее на ваквата среќа сум многу љубоморна! Кога некој ќе добие нешто со туѓ труд! :@ :@ :@
    А кога ќе е заслужено, алал да и е...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не знам мене некако ми е банално да бидам љубоморна на нечија среќа, особено ако е на материјална основа. НЕ! Бев во Индија бев сместена во куќата на еден билионер, и сте му завидуваа на тоа што го има во околината, ама што ако тој беше у суштина толку тажна особа бидејќи никогаш ја немаше доловено љубовта на својот живот, нон-стоп беше зафатен со луѓе а беше комплетно празен. Додека опозитно се сретнав со многу сиромашни луѓе таму, немаа ништо, жвееја во картонски куќи, ама која среќа можеше да ја доловиш кај нив е неверојтано, дури толку ме исполнуваше што цело време гледаш осмех на нив. Убава поента има кажано Жабчето не е до богатсвото, и зависта знае да уништува сама си ја труеш душата. Вчера му напишав на мојот бивш сопруг, зошто тој често провцира колку он е богат и не знам што за да почуствувам завист, јас реков колку повеќе имаш и колку повеќе си среќен толку повеќе и ќерка ми ќе има, и ќе ја осети твојата среќа и она ќе биде среќна додека е со тебе. Не знам не сакам да бидам ниту љубоморна ниту зависна, ќе се радувам на тоа што го имам и да е најскромно мое си е и сама сум го добила а туѓата среќа и богатство никогаш не би предизикале такво чуство во мене.
     
    На interesna и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Не сум.
    Секој со својата среќа и што е мое ќе си дојде.
    Не посакувам ништо туѓо и љубоморно си го чувам СВОЕТО. ;)
     
    На Ingaa и k.r.i.s.t.i им се допаѓа ова.
  11. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    Ни најмалку.
    Нема потреба од љубомора,не ни го сакам туѓото, да го сакав ќе беше мое а не ТУЃО.
    А има такви парови ќе застанат пред некои и ќе се бакнувуваат демек ја види не колку сме среќни :D
     
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не може во животот некој константно да е среќен. Не е возможно ни повеќето што не опкружуваат да се среќни во исто време. Секој е среќен на различен начин. Нешто што некоја особа ја прави среќна не значи дека и мене ќе ме направи среќна кога тоа мене би ми се случило.
    Ако некој особа е сега среќна , тоа е супер....Зошто вистински пријател е среќен заедно со тебе. А зошто да бидам љубоморна???? Па некогоаш во животот, кога тогаш и јас ќе бидам среќна за нешто.
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    БЕВ љубоморна еднаш во мојот живот. Од тогаш до ден денеска никогаш повеке не сум почувствувала љубомора бидејки имам се што може да посакам. Има една поговорка по која многу се водам во последно време и гласи вака:
    преведено од англиски :$
    Кога ке почнеш да му завидуваш некому, верувај дека нивниот живот е многу по зае*ан одколку што можеш да замислиш! :)
     
    На Phyramide и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Таман работа! Абе во духот на стара Југославија - туџе нечемо, своје недамо! :D

    Сериозно, ретко ми се случило да завидувам на некој. Ми се случило да речам - ех оној или онаа не го заслужуваат тоа или она, но потоа сум си рекла дека вистинска, беспрекорна среќа НЕ постои. Нешто добиваш, но нешто и губиш. И она што го гледаме однадвор како беспрекорно може да е многу труло внатре, така да на крајот на краиштата навистина можеби немаме што да завидуваме ниту пак да сме љубоморни на туѓата среќа бидејќи навистина не можеме да знаеме ништо додека не му влеземе на некој под кожа. А тоа нема да се случи.

    А доколку е некој навистина среќен во моментот, заради некоја убава случка или која и да е причината особено ако се работи за близок човек, напротив знам несебично да се радувам небаре на мене ми се случило истото :) И си ѕенѕам, што би рекла Спаркс.

    Впрочем која е поентата да насочуваме негативна енергија кон некој? Многу е подобро да се концентрираме на тоа да ја претвориме негативната во позитивна, и да ја насочиме кон самите себеси.
    Со љубомора постигнуваме само контра - ефект. Горчливи чуства. А кој сака да му е горчлив животот? Сериозно?
     
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Си гледам во скојот двор, за комшијата не ме интересира.

    Знам и на другите дека им недостига нешто што посакуваат да го имаат како јас што го имам, на сите ни недостига нешто, ама до граница на љубомра никогаш не доаѓа.
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не, не сум љубоморна на тугата срека
    напротив тие што имаат повеке срека во животот баш ми е мило за нив :$
    и верувам во тоа што е мое ке си дојде
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Искрено прилично сум индиферентна кон туѓата среќа или несреќа на луѓето кои не ми се блиски, ете нека ме прави тоа егоцентрична личност која е сконцентрирана само на себеси но таа е вистината.
    Мојата животна приказна е далеку од совршена бајка, но не би се менувала со никого за ништо, едноставно тоа е мојот пат кој треба да го изодам, ако мене ми се паднала козјата патека, не ме интересира што некој е со 200 на саат по автопатот, не се знае кога јас ќе го здогледам од птичја перспектива истиот, а не е ни значајно воопшто. Мое мислење е дека сечиј живот е низа на успони и падови, скали од луѓе како што рекол Попов. А и среќата и несреќата се апстрактни поими и според тоа немерливи и релативна е нивната перцепција, некоја скулптура може изгледа совршена од далеку, но само од блиску се гледаат пукнатините кои ги нанело времето, ;) .
    За блиските сум хиперсензитивна, нивните среќни или несреќни моменти знам да ги зголемувам до невидена прогресија, меѓутоа за пошироката маса сум некогаш аналогна на поговорката „ни на мртво плаче, нит на живо се радува или смее„ нешто во тој стил беше. Знае да ми се испушти некој коментар или емоција за некој настан или личност, но толку е краткотрајно и брзо ќе премине во заборав, што не го ни сметам како статистички вредно за регистрирање.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    :rofl: :rofl: :rofl:


    Јас сум една таква личност што сум среќна кога другите се среќни, а голем мотиватор кога се тажни. Не дозволувам тагата од некој да ме обземе и мене, напротив се трудам колку што можам повеќе да му го подобрам денот на тој човек.

    Кога е среќен некој, мило ми е за него. Честитам, посакувам тој момент да му трае подолго, посакувам ако се може повеќе да се цели кон тоа. А доколку некој постигнал некаков успех, нема што да му љубоморам, напротив се угледувам на него. Си имам некое мое мото дека никогаш не си најдобар, секогаш можеш повеќе. Така да среќата од другите делува мотивациски на мене.

    И многу сакам да сум во друштво на среќни луѓе, насмеани, ведри и весели. На никој животот не му е мед и млеко, не му тече дома од чешмата злато, не е син/ќерка на Доналд Трамп, па пак си најдуваат начин да се среќни со она што го имаат. Тие кои нон стоп се несреќни, намќори ги бркам со стап од животов, не знаат да ценат тоа што се здрави родени, што им се пружило прилика да направат нешто од животот.

    И така, гледам опкружена да сум со среќни личности, сега нормално кај сите има дождливи денови, ама мислам ја искажав поентата.
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Свеки моја има една реченица која знаеше од време на време да ми ја каже во момент на депресија, разочараност и и кога се обидував да дадам коментар со споредба во смисла таа /тој има тоа и тоа, а јас не...(најчесто станувало збор за работа која не можам да ја имам, а ја посакувам и се осеќам дека сум поспособна од дотичната личност) и ми рече- Немој да се скл`дисуваш (јадосуваш) и неа/него нешто и/му фали, секој со својата среќа, тоа што е твое ќе си дојде.

    Оваа нејзина реченица ми стана како еден водич низ животов и секојдневиево...

    Апсолутна среќа не постои, не постои човек кој може да рече мене ми е супер, ништо не ми фали и недостига, се ми е ОК..убедена сум дека ова е точно барем од досегашното мое искуство и разговори со ххх персони.

    Токму поради тоа не сум љуборна на туѓата среќа. Па и некому се да му е супер и одлично и секој сегмент од животот да му е исполнет и да се чувствува прекрасно во својата кожа, јас лично немам причина да љубоморам...
    Мене не ме засега неговата/нејзината среќа...секој со свој к`смет...
    Можам само да се радувам и заедно да ја споделиме среќата и успехот па и да прославиме.., а со љубоморење само самата на себе си правам лошо, си ја полнам душата со јадови и се раѓа одбивност кон човекот...губам, а не добивам...губам човечност и ја губам добрината, а тоа не го сакам.

    Зошто всушност и ми се потребни вакви чувства...мене не ми требаат...сакам да му се радувам на животот, сакам да сум расположена, весела, насмеана, а не љубоморна, полна со завист и горчина..
    Животов е премногу краток, каков е таков е-мој е...можам да преземам нешто и да го сменам ако не ми се допаѓа, па и да се угледам на некого и да се мотивирам самата да постигнам нешто повеќе.
     
    На zhap4e и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Можеби порано сум била,кога бев помала ама сега не ЗАДОВОЛНА СУМ СО СЕБЕ И ТОА ШТО ГО ИМАМ.Несакам да завидувам,зошто никој неможе да е совршено среќен без разлика колку е богат и матријално и духовно ние луѓето сме такви секогаш нешто ни недостига.Така да не сум љубоморна на туѓата среќа,во животот некогаш грее сонце,а некогаш врне дожд... :*