не сум нити некогаш сум била, секогаш се радувам на туѓата среќа, а несреќата ме разочарува, но доколку се работи за мои непријатели кои ме повредиле длабоко сум потполно рамнодушна, нит на среќа се радувам, нит на несреќа плачам.
Никогаш не сум љубоморна на туѓата среќа. Ако се разботи за некоја блиска личност и јас сум среќна заради него/неа. А кога се работи за некој кој не ми е толку близок, или не сме баш во најдобри односи, тогаш ми е сеедно, но никако не сум љубоморна. Секој има право да биде среќен, а среќните денови доаѓаат кај секого, порано или подоцна.
Сум била, и сум кога се чувствувам како целиот мој свет да се уништува. Некогаш си помислувам за некој со што таа/тој го заслужил сето тоа?! Некултурна(ен) е , дволична(ен) , а некогаш кога ќе посакам јас да бидам така среќна посакувам само да бидам среќна,а не другите да не бидат. Но секогаш кога ќе размислам на тоа погледнувам околу мене, топол дом, леб, семејство кое ме сака, здрава сум жива сум, што ми треба повеќе?! Имам многу повеќе од она што ми е потребно и сум задоволна. Не сакам да посакувам на некој да не биде среќен сакам јас да бидам среќна.
Верувам дека ама баш сите сме се наогале во ситуација да почувствуваме мала доза на љубомора на туѓа среќа. Тоа е и најнормално. Зар не ви се случило да ве фати љубомора ако некоја ваша колешка положи со повисока оцена а цело време си се шеткала пред испит, а вие сте скапале од учење и со пониска? ( прост пример ви давам )Овде не ја ставам љубомората во стилот да љубомориш на некој близок што му е добро во животот, напротив и јас сум среќна и горда заедно со него. Денеска живееме во такво време каде што љубомората е буквално секојдневие!
Сум била да и тоа многу не можам посилно е од мене Зошто некој да биде среќен а јас не ?? Се мразам себеси што сум ваква .
Незнам дали тоа е лјубомора сто го чувствувам понекогас,во такви моменти кога видам двајца залјубени и начинот на кој разговараат,се разбираат се сакаат,си помислувам само сто ми фали мене зар не заслузувам и јас така а не секогас истиот тип на мачо мен ми го унистува сонот,едноставно им се дивам на таквите и посакувам да не сум толку несрекна а ним да им посакувам лосо зосто јас сум несрекна?не тоа никогас!Јас буквално имам се сто посакувам во зивотот се сто мозе со пари да се купи се! ама тоа лјубовта некако ја нема на пазарот па затоа ја надокнадувам со други работи,јас сум светски путник узивам на други начини и не научив да им завидувам на лугјето немам време секогас другите ми го прават тоа а нема потреба никаде нема соврсенство колку и да изгледа така и затоа лугје немојте да си ги тровите дусите туку работете на својот зивот и направете го квалитетен!
Се случило кога сум многу значи многу тажна да му блазесвам на другиот за среќата...ама не да му љубоморам онаква љубомора да пукам зошто тој има нешто јас немам..секој за себе
Се има случено, но не да прејде тоа во болни граници. Особено во мигови кога јас толку сум го заслужувала тоа и сум сметала дека сум правата, на крај поминал некој и ми го земал да не речам од раце. Но од друга страна пак како што сметам дека е нормална ваква мала љубомора, сметам и дека мора да има и вакви падови, затоа гледам другата прилика да го осојам саканото и таква мала несериозна љубомора да се јави кај друг.
Да...но имав и причина! Неможе никој да се кити со туѓо перје!!!! Е во такви ситуации сум била љубоморна!!!
Не сум љубоморна на туѓата среќа но јас велам ех да сум како нејзе и или да ја имам нејзината среќа...ама па и коа ќе се потсетам во 9-те Божји Зповеди пишува Не поскаувај нешто што е туѓо па јас викам епа сеа така било пишано да биде и се помирувам со тоа
Не. Тие имаат други дефиниции за среќа,јас имам други. Секогаш ми е мило,посебно на оние што ми значат. И на пример ако прочитам,или слушнам дека на некој нешто убаво му се случило,што има да љубоморам? Тоа не ме води никаде.
Незнам колку ќе се согласите со мене ама јас мислам дека нема човечко суштество што не љубоморело барем малку за момент и дека нема да љубомори на туѓата среќа..Кога ќе слушнам вака некој како зборува “абе јас никогаш не сум љубоморела на другарка,некој близок или некој друг незнам“ е тогаш имам толку зборови во себе што сакам да ги кажам да експлодирам како бомба.Ама ај секогаш си се повлекувам да не невлезе работава во пожестока дискусија па да испаднам јас љубоморна или да не се разбереме баш најдобро.. Или па можеби некои луѓе ги мешаат поимите: љубомора и да ни е криво,завидливост..Според мене тоа е нормално и му се случува на секој човек на некој повеќе на некој помалку најчесто во моменти на разочараност,немоќност непронајдено своето “ЈАС“ и сл.Сето тоа со време поминува. Мое мислење. (За себе не коментирам)
Нема човечко суштество кое не е љубоморно,барем минимално.Ако некој каже дека ИЧ не е љубоморен-лаже.Некој претерува со нејзе,некој е опседнат,а некому му се има случено да се му се јави само мала доза на љубомора.Ама нењубоморен човек-нема Ама на туѓа среќа -не.Бидејќи секој си има своја среќа,а среќата никој неможе да ти ја земе,ама баш никој
Сите барем еднаш сме помислиле...луѓе сме и знаеш како оди тоа кога си сам само заљубени парови гледаш, а кога си во врска само згодни момци хахаха.... јас помислив така кога си замина дечко ми, ама си реков на тоа ќе гледам на друг начин можеби немам среќа во љубовта ( веројатно понатаму ќе имам), ама затоа имам среќа во наградни игри, карти и сл јас така си се тешам
Кога и да ми е убаво, никогаш не се фалам, зошто некој одма почнува да љубомори, па затоа сум многу скромна околу се`. АМА.... Кога не сум баш среќна, а ме прашаат како сум, е тоагш од инает велам - ОДЛИЧНО
Ехее, у друштво шо се дешаваше, една на друга љубоморна, па еднава се ишиша, одма после и другата, копирање, исто облечени се случуваше да дојдат, комедии. Таквите женски препукувања дека еднава краде и ја имитира другата од секогаш ми биле интересни, искрено. Тепачка за алишта и шминки, па до дечко се стигнуваше... Деца. Инаку, секој бил љубоморен барем еднаш, додека е тоа во вид на поттик да се превземе нешто и да се погрижи дотичниот за себе, е во ред. Мене барем ми делувало како мотивација, зашто да завидувам кога можам сама подобро да постигнам.
На туѓа среќа -не.Зошто секој во животот си има своја среќа...секој во одредени моменти е среќен ,некогаш несреќен.Сепак не велам дека ни најмалку не сум, за некои работи сум минимално љубоморна. Слушам различни зборови за мене,од јад,завист,љубомора.Сум имала среќа да дипломирам,да се вработам,да имам добар и убав свршеник...уф,демек каква среќлика сум била! А никој не помислува дека среќата не ми е целосна...среќна сум да,ама зар тие не помислуваат дека ми фали татко ми за да бидам комплетно среќна?Не,само да се љубоморело.Зар јас не заслужувам среќа,после многу тешки моменти и солзи.Некој не помислува на тоа.......Ама среќна сум била де,ќе пукнат од љубомора и на велико се збори....Сепак нека уживаат во својата завист...Обожавам таквите да ги нервирам,ако се љубоморни ,давај им прчина плус,нека се изедат од љубомора.... А јас,признавам дека сум љубоморна што некои имаат татковци а јас не Сакала нејќела тоа чувство само се јавува во мене,кога ќе видам ќерка и татко заедно,па уште и насмеани.Аххх,несакам ама посилно е. Сепак убаво рекле-среќата што си е твоја,од Бога запишана-неможе никој да ти ја земе...А ние човечки суштества сме,љубоморни сме,но не претерувајте.Умерена љубомора е и добра на некој начин.Со се што се претерува,се оди во неповрат
Во повеќе коментари забележав дека сте пишувале сум љубоморела малку-многу (се исто) ама на туѓата среќа не..Ај едно прашање од мене до вас..Ако не сте љубомореле на туѓата среќа тогаш на што? И без разлика дали се работи за блиска личност,тоа не мора да значи дека ако љубоморите ќе направите се за да и ја уништите среќата едноставно во тој момент се јавува чувство на мала доза љубомора која се разбира подоцна поминува..Ова само се дообјаснам од предходниот пост да не ме свати некој погрешно.. Ако нешто погрешно сум разбрала поправете ме..
Ne sum ljubomorna na nichija sreka. Namesto da se gubi vreme na ljubomora mozhe da probame na nekoj da mu se dopadneme I jas si imam pomisleno zoshto ova zoshto ona shto mi fali, no toa ne e od ljubomora samo ednostavno sakame da bideme srekjni.. Najchesto se nerviram koga nekoj/a od ljubomora rasipuva nechija vrska, no dokazhano e ako se sakaat deka vrskata nema da prestane, a toj/taa shto saka da rasipe nechija vrska mozhe slobodno da plache posle toa.
Во ситуација кога некој го добива она што го посакувам на почеток се прекорувам себе што сум сакала нешто а не сум се потрудила како што треба да го добијам. Потоа се насмевнувам бидејќи личноста во ситуацијава ми направила огромна услуга, ме натерала да се вратам на местото каде сакам да бидам и ми го дава потребниот мотив за да станам и да го добијам саканото. Секој има жути минути кога се сожалува и мисли на другиот се му паѓа од небо додека ние тапкаме во место. Можам само да бидам благодарна на некој што ме натерал со својот успех и задоволство да станам и да се борам и јас.