Девојки ме интерасира што мислете за лјублјана дали би ја посетиле или веќе бевте обде. Јас живеам во Љубљана веќе 4 години и морам да кажам дека е многу убав град иаку би дала се пак да си одам во струмица - дома си е најубаво , Во Љубљана има многу интересни дестинации нпр. кристалната палата - моментално највисоката зграда во словенија, прешерновиот плоштад и тримостовјето и моето омилено место БТЦ и Рудник трговските средишта - ти требаат 2 дена се да прошеташ се има многу убави бутици кои не се скапи
Би ја посетила , зошто да не. Секое место кое ќе се посети остава впечаток и не прави духовно побогати. Не сум била Љубљана. Ама од сликите што ги има Рози поставено ми се допадна. Град како град , секаде центарот е среден , исчистен , убав... за периферијата обично е позаоставена.
Би одела пак Мал и топол град, чист и има ред. Единствена моја замерка е што е толку мирен, навечер нема луѓе, посебно преку недела. Полно е со Македонци, за само неколку дена јас сигурно сретнав 20тина. И кој има можност, обавезно да оди на Блед
Сум била еднаш во Љубљана и не сакав да се вратам дома. Се е таму така совршено, мирно, средено, оргнаизирано, мислиш сите дишат како едно. Вчудоневидена бев од чистотата, да бараш трошка нема да најдеш. Трите моста преку реката Љубљаница, па на кафе на плоштадот Прешерн. Убавини. Ги набљудуваш луѓето кои се многу поразлични од нас, никој за никој не се замара, секој си ја гледа својата работа и си го шета кучето. Во Словенија сите имаат кучиња.
Па јас не би се согласила дека е топол, баш напротив поладен е Скопје многу, не само во метеоролошка смисла, туку општо во секоја смисла. Народот е преладен, таков им е менталитетот на Словенците, ладни биле од секогаш, уште од времето на Тито, мајка ми вика секогаш се разликувале од сите нас останатите балканци, вклучувајќи ги и Хрватите, кои поседниве години се многу променети и помили и пољубезни. Јас бев скоро цели 5 дена, и можеби и тоа е многу за да се рагледа цела, зашто Љубљана како град се шета за 2 до 3 дена максимум. Мала е, т.е центарот е мал и само тука се стационирани туристичките атракции, само БТЦ шопинг молот е малку понастрана, ама и тој може со бус брзо да се стигне. Мене ми се допаѓаше како е укресен новогодишно т.е божиќно, каталиците се многу потресени за божиќ и си го слават онака баш убаво, па до кај 4 се беше уште накитено, иаку последниот ден почнаа да откитуваат и да ги тргаат штандовите кои беа постевни за божиќ првично и за нова година после тоа. Сонце во 5 дена видов 2 пати, што другар ми вика дека е многу, имало недели кога немало ич сонце. Јас сум право македонче кога се работи за сонце, си го сакам посебно во студени денови да ме згрее и да ти всади позитивна енергија. Што вреди да се посети- Тврдината што е на 10 минути од центарот(тромоестрје или трите мосата кои се баш во срцетоо на Љубљана) самоиот центар како таков се шата цел 2 часа, и паркот Тиволи им е многу убав. Трдината има преубав поглед на цела Љубљана, и општо интересена е за разгедувања како историски објект од минатото. Тиволи го викаат мини central park, зашто е доста голема зелена површина,плус има и спортски центри, лизгалиште, фитенс центри, базени, куглани и се друго што може да ви падне на памет. Мене трговскиот не ме воодушеви, ако е преголем, имаше доста марки кои не ум ги чула, ама и доста од нашите ги немаше, или па од толкав комлекс баш тие што ти требаат нема да ги најдеш. Не е практичен за шопинг, искрано Солун има ем сто пати подобар избор и поголем а и поевтино е, тука наводно попуст им почнал пред божиќ, ама пак беше само мал дел кој беше со ниски цени. Единствено што тука ми се допадна е што е многи мирен град, смирува, опушта, да се шеташ по цел ден можеш, чисто е и не е загадено ич. Накитено беше 200 пати подобро од Скопје, се пиеше греено вино на секој чекор и тоа евтино по цел ден, ние и за нова година бевме во истите кафичи како и секој ден, никој не се потресува околку тој дочек, сите беа опуштени, дури и преопуштени за мој вкус, но добро убаво е еднаш да се искусиш различно искуство. Огнометот им беше фантастичен, цели 6 минути траеше без престанок, но ептен слаб музички избор има наравено за нова година, нивна традиционална музика која не поткрева. Среќа во кафичите пуштаа доста екс-ју, Брегович, Чола и доста странски актуелни хитови па така сепак беше убаво. Немаат некој ноќен живот, Скопје е Лас вегас за Љубљана во тој аспет има само 3 или 4 дискотeки, кои се прескапи за наш стандард а не се нешто посебно иаку ги сметаат за нешто посебно. За јадење се знае каде е најевтино, мекдоналас е навистина евтин, ама затоа другите расторани се малку поскапи, имаат секаква кујна,од кинеска, јапонска, мексиканска итн. Од аспект на кино, театар, опера балет имаат доста почит и култура, операта и балетот се прескапи, по 200 евра им е картa за претстава, киното е доста скапо, по 20тина евра се картите ама имаат преубави сали и објекти, посебно операта и балетот им е сместена во прекрасна стара барокно зграда. Имат големи и убави библиотеки, факутетите исто им се пресредени, идеални услови за студенти, зашто имат многу попусти и удобности што ние за нив можеме да сонуваме. Самата архитектира им е интересна, се се стари но добро реставрирани згради, од пред неколку века. Инаку е доста безбедна и мирна за жетање и за живеење, посебно за смеен е живот е одлична. Нема многу кражби, криминали и навечер после 10-11 е тотално празно на улици зашто а работа почнуваат од 7, некои дури и од 6. Недела скоро никој и скоро ништо не работи, недела им е ден за одмор, во сабота се работи со скратено време, дури и админстрацијата работи до 12 часот. Вака се услужливи и културни за да те помогнат, но стрикно службено и кратко, нема некој кафе муабет што би рекле ние, насмевката им е некако вештачка, доста ми се озбилни и ладни. Физчки мажите им се доста убави слаби и високи и плави, ама не се некои големи каваљери, кокети и удварачи, немаат шарм. Се на се ми остави позитивен впечаток, би отишла пак кога ќе сакам да се одморам и да се шетам рекреативно и да одмарам. Али нешто што им недостига е некој интузијазам и топлина, енргичност која ја имаат главните градови и метрополи. Дефинитивно е студенски град и град за работа, за долги и мирни прошетки без некоја забава и журкање.
Во Љубљана бев лани на еден ден. Многу убав град е. Мал, чист, мирен, среден, се нај нај. Би го посетила пак, бидејќи како што кажав погоре, бев само на еден ден и се беше на трчање и не можевме на мир, пополека да го разгледаме градот. Важно многу ми се допадна и во следна прилика повторно би отишла.
Ахх Hipster, ми роди толкава желба да ја посетам Љубљана Не сум била, ама според вашите постови вреди да се посети. За Словенците знам дека се ладни луѓе општо. Се надевам дека во скоро време ќе ја посетам
Нати не е толку многу скапо за да стигнеш до таму и да најдеш нешто за спиење, многу пристојно и чисто за тие пари и за тоа што имат по 1 до 2 ѕвезди. Со повеќе ѕвезди се добива луксуз. Повратна карта со автобус имаш од 5000-6000 денари зависи од која компанија, со воз е 3500-4000 денари ,а таму има за 15-20 евра од вечер за спиење хостели, што верувај ми се преипристојни, општо за нивен стандард тоа е преефитно а како што можев да забележам пречисто и секогаш има топла вода и чист крвет и интернет плус. На боокинг јас ги гледав за секој случај да не не се снајдеме таму за бесплатен смештај, доста солидни хостели има, за не многу пари. Со 250 евра може да се помине 3-4 дена сосема одлично и да се јаде надвор и да се шета, зашто не е потребно такси, со автобус, па и пешки, нема многу одење зашто се е тука блиску, на 20-30 минути преку сила пат. Само мој совет да се оди на пролет, зимите се ладни таму. И нормалнно во поголемо друштво е уште подобро.
баш би сакала даодам во Љубљана наскоро,и разгледував и некои хостели а за превоз ваљда со руле е најисплатлива варијанта,некој добар хостел ако некој знае може да ми предложи
http://www.hostels.com/ljubljana/slovenia Ма да јас кига би одела сега би си одела на некое апартманче преку airbnb. Тоа ти е сајт каде луѓето си ги издаваат апартманите или соба од нивен стан. Пресигурно е, имаш милион ривјус плаќаш онлине ама парите се повлекуваат дури кога ќе стигнеш таму, имаш огромен избор на преубави станови и обично тие што ги издаваат се друштвени луѓе кои сакаат туристи. Јас имам многу позитивно искуство, спиев во Фашингтон во стан на 10 минути од белата куќа за смешни пари. Тоа во хотел немаше да го најдам за тие пари приватна соба со клуч, плус појадок од газарицата како екстра. Само зависи што ќе накдеш ама има многу, многу фини луѓе расположени за дружба. https://www.airbnb.com/s/Ljubljana--Slovenia?source=mob
јaс сум билa еднaш, некoлку денa и дoстa ми е. Не би уште еднaш. Имaм впечaтoк декa Љубљaнa е предoсaднa. Грaдoт е ствoрен зa пензиoнери и евентуaлнo студенти рaди мнoгуте мoжнoсти кoи ги нуди Слoвенијa кaкo држaвa, aли дa се зaтвoрaт вo стaн дa учaт и ништo другo, имaјќи превид декa Љубљaнa пo стемнувaње умирa. Зaбaвa и нoќен живoт: нулa. Грaдoт, кaкo грaд е oкеј - мaлa кoпијa нa прoсечен еврoпски грaд.
Кај можам да најдам во Љубљана маички I Slovenija/Ljubljana I Slovenija/Ljubljana и која цена се отприлика
Таму кај Трите моста во тие дуќанчињата за сувенири што се малечките. Ама скапички мислам дека беа, 20-25 еу...
Mene pa mi kazaa deka mozam da najdam i vo turistickiot centar po 10-15 eur. bile,, Imalo i na aerodrom ama tamu verojatno se mnogu po skapi sto znam
Ај баш ако купиш пиши, од каде и колку ги земаш.... јас сакав да си земам, од секој град си купувам, ама ги носам за спиење во глобала, па не ми се даваа толку пари.