Бев на неколку дена и преубаво си поминав..Прекрасен град! Повторно кога би имала прилика би заминала..Несакав да си одам..Се чуствував спокојна кога бев таму,и неверојатно среќна И уште нешто кога сме кај Словенија Кога ќе имате можност посетете ја Постојнска јама..Искуство кое не се заборава..Нешто несекојдневно! ( Околу 1h и 30 мин е од Љубљана)
Јас бев лани таму, на еден ден, ама морам да одам пак. Луѓе јас се заљубив во зеленилото и архитектурата на градот, и иако словенците важат за ладен народ, во 5 кафулиња и три ресторани влегов и сите се прељубезни и насмеани, башка си имаат природна убавина, едноставно зрачат, а да и секој трет е на точак оваа година бев во Загреб (дрски луѓе), Дубровник(лигави луѓе), Ријека (топ, екстра луѓе) извинете Хрвати ама јас би Словенија Љубљана секогаш пред вас
Ненормално overrated град, ок симпатичен центар/старо јадро со сета таа Мителеуропа атмосфера и нов дел со стамбени блокови кој не се разликува од Кичево. Скромен јавен транспорт, автобуската им е едно монтажно трафиче а надвор калдрма, за викенд е како да има полициски час нема живо пиле по улици, ноќен живот meh, рајата благоиритантна, цените високи. Да, во споредба со Скопје или Прилеп или некој сличен кошмар е супериорен но... Било кое гратче во соседна Австрија и Италија е неспоредливо поубаво. Препорака да не се арчи време и пари на Љубљана кога на час и пол со воз оттаму е Клагенфурт, а на два и пол Трст, сериозно добри местенца во споредба со Laibach.
Љубљана всушност е супер за млад човек/студент. Има одлични услови за студирање, урбан град, чист, мирен и во споредба со Скопје има далеку поголеми содржини. Плус е на саат/два возење од соседните држави, па тоа ги проширува можностите. Друга работа што мене многу ми се допадна во Љубљана и генерално Словенија е нивната организираност во секој поглед. Тоа е нешто што ние ќе го сонуваме уште долги години. Не ми се допадна тмурноста и недостатокот на сонце. Мене ми фалеше нашево јужно сонце
Толку убав град, а сепак малце мислења. Што и да пишам е премалку. Убав, мирен, чист, , прекрасни патишта да ти е мерак да положиш за кола. Зеленило, природа, на секаде околу тебе, единствена замерка им е што е премногу ладно и скапо за наш стандард, една вечера во ресторан ме чинеше околу 20 евра , кафето е 1, 80 евра..... За оние што сакаат добра скара обавезно да појдат во Портал имаат одлична лесковачка скара со пристапни цени. Места што вредат да се посетатат -Мостот на заљубените -Змајски мост - Блед - Замокот во стариот дел Прекрасен град
Љубљана е прекрасен град, чист, убаво уреден, со вкус и култура. Три мостовје вреди да се посети, тука има многу ресторани и кафичи, преубава атмосфера за кулирање на кафенце или ручече и обавезно по некоја добра фотка.
Здраво девојки Јас идам често во Љубљана па ако живее некој таму или ако има некој како мене што оди накај таму нека ми пише. Сакам дружба и онака немам многу друштво тамо па ако сте за дружење пишете Исто така и во градод Церкница престојувам некогаш па се надевам ке се дружиме
Скоро се преселив во Љубљана и да поинаков е од градовите во Мк. Кога одиш по улиците не се врташ лево десно дали некој ќе те згазе пошо се е одбележено за пешаци и велосипеди. Убаво, средено, чисто. Плата прилично добра ама кога ќе се плати стан, сметки, јадење остануваат малко така да ако само еден работи тешко е. Јадењето по маркетите слично како во Мк само што тука може да се најде многу работи по 1€( украси, прибор за дома...) Кој не бил вреди да дојде да ја посети.
Место за живот топ, мирно, среќно, не е скапо како во другите европски градови, блиску ти е Италија, Австрија.Хрватска.