Каврук се вика Омер Каврук, низ серијата тоа еднаш го спомнаа, нашиве го преведуваат само како Омер, а на турски баш сите му се обраќаат како Каврук
Многу ми е смешно на турскиве серии како тоа се верат со некого со кого не се ни бакнале. Тотално смешно.
Спонтан .... Акин и Кахраман да а Локи не ,, ке работи кај Санџар како шофер и ке сака да ја открие Менекше каква змија е ...
Да работи кај Санџар како шофер. И знам дека Акин и Кахраман соработуваат. Ама за следната епизода покажаа дека Менекше ќе биде кај Кахраман и таму Акин на брат и ќе му каже дека таа го изгубила бебето. А нели таа во договор со Кахраман се договорија да му рече на Локи да избегаат. Затоа помислив наместо местенка на Локи, всушност они тројца да не и прават местенка на Менекше па да ја успие Локи и таму кај Кахраман да и извршат присилен абортус. Мислев дека Локи на тој начин ќе сака да и се одмазди на Менекше за тоа што се омажи за Санџар. А помислив и дека Локи соработува со Кахраман и Акин, зашто нели Кахраман има некој човек во конакот кај Санџар кој го известува за сè, ама немаат покажано кој е.
Дуду е шпион на Кахраман инаку Не Менекше од стрес ке го изгуби така апансиз бебето Местенка му прават на Локи се плашат да не каже нешто тој и него ке го киднапираат ке гледаш сега ваљда ке има во епизодата
Гедис беше единствен човек со култура и манири, ама го расипаа племињава, такво чувство имам. Друго, таму имаат ли болници или сите во соба ги прегледуваат? Колку е тоа глупаво. За Акин има закон, ќе го предадат на полиција, а тие што го мачеа, за нив нема ли? Санџар освен што се заканува јас друго не видов од него. Нема никаква почит кон никој, како да е центар на светот. Не знам како може Наре да го сака. Уште и има обзир како се однесува со него. Подобро да не доаѓаше ич во Турција, да си седеше во Црна Гора. Што и да се случеше со неа, татко и ќе ја чуваше Мелек.
Море за Акин, дури и малку му е тоа што го мачеа. За силувач никогаш не можам да имам милост. И ќе го предадеа Акин на полиција, ако не им избегаше со помош на Кахраман. На коцкар не се доверува дете.
Ама како да нема закон, па кој кого може тепа. Лудило. И жените во конакот се многу прости. Па и Халисе е проста.
Spoiler Овој е значи татко на бебето на Дуду? Ама кој е, од кај се појави? https://www.instagram.com/p/CLm6VeEqlIO/?igshid=1prjn2i6fkc98