Ќе излезе, ама и Наре ќе ја напушти серијата, Гедиз ќе умре... Ќе се појави Туба(Мави), па во врска ќе бидат со Санџар, во превод -КАТАСТРОФА
Жива е, ама си замина скроз од серијата, нема да се појави понатаму во некоја епизода. Санџар ќе се заљуби во Мави (наскоро ќе се појави како лик во серијава).
Синоќа малку фатив од серијата. Мислев веќе дека е при крај, што Наре ја снема. Тотално без врска. Жената зошто воопшто доаѓаше во Турција, си мислам, кога си замина. Тотално психички лабилна личност. А Санџар е психопат, нема што, секој втор збор му е „ќе те убијам“, „ќе го убијам“.
Дојде бидејќи сакаше Мелек да му ја остави на Санџар, да ја довери во сигурни раце. Затоа што мислеше дека станала убиец на Акин и дека татко и ќе ја пријави и ќе заврши во затвор. Не сакаше Мелек да му ја остави на тој коцкар, на тоа ѓубре Ѓувен, затоа што не е подобна личност за чување на дете. Ама поради кого? Поради Акин, татко и, па дури и поради Санџар.
Таа не може да биде среќна со Санџар. И поради него е лабилна. Де ќе и ја зема ќерката, де ја бркаше, па ќе го убива Акин, па ја избркал затоа што не е невина, абе тотален умоболен. Нејзе и одговара некој како Гедис, оној фин Гедис пред да почне да мати и да игра валкани игри.
Многу тежок филм. Каков е татко и на Наре,не ми се верува дека постојат такви татковци,не ми се верува. Ноќеска одвај заспав....
Ја заебаа серијата, од толку голема љубов што имаа, Санџар се заљубува во Мави... Причинаите поради што ја гледам сега се Мелек, Омер и Зехра(ќе се земат понатака), Елван и Јахја(ќе одбие да се земе со Дуду...)
Е многу глупо,главен лик,а нема да се појавува веќе, па нека најдеа друга глумица или пак да речат кај е и слично а не вака.