Јас не сакам серии каде нечија романса е пренагласена, многу ретко нешто такво да ми се допадне, поточно никогаш не ме интересира....затоа ќе ја одминам.
Серијава била преубава ама тажна. Не можам Неслихан да ја гледам во уште една несреќна љубов, доста ме здрмаа Нихан и Кемал
Можеби е убава серијава, ама самата тема и почеток со толку затупени и застарени сфаќања и обичаи ме одбива да почнам да ја гледам. Ги изгледав само првите 2 минути кога ја пееја Ѓурѓовден. Малото девојче е преслатко. Се надевам косата на главната глумица ќе и ја средат. Можеби понатаму ќе ја загледам, ама не верувам.
За каков тек на дејството зборуваш, кога тоа во серијата Кара Севда се едно исто се моташе во круг? Серијата Кара Севда си имаше преубав тек и развој на настаните. Овие две серији си немаат блага веза една со друга, никаква допира точка! Колку да се напишало нешто.
Да, сум ја гледала. „Кога лисјата паѓаат“ е многу поучна. Покажува дека етиката и моралот не излегуваат од мода, а оние кои ќе ги прекршат тие вредности, завршуваат лошо сепак.
Богатството на Гедиз всушност требало да биде на Санџар. затоа што прадедото на Гедиз буквално ми ја украл земјата и на прадедото на Санџар. За да ја исправи грешката, дедото на Гедиз пред смрт му препишува она што требало да му биде сопственост на Санџар. Не скокајте за Санџар нит е сељак нит е лош. Гледајте ја понатака серијата ќе видите Гедиз кое гомно од човек ќе стане. Овде ги имате преведени епизоди на српски
Spoiler vo vtorava sezona tamam se smirija ke se razdelat..a za na kraj dali ke bidat zaedno uste nese znae..Sepak ke kazam prvava sezona e mng interesna mene mi se dopadna..
Санџар не е лош? Санџар е типичен балкански маж а на крајот Наре испаѓа типична глупава заљубена жена какви што ги има денес многу, премижуваат преку секакво понижување. На ниедна жена не би посакала таков маж, за разлика од Гедиз кој е сосема openminded, современ и кул. Spoiler Санџар ја брка Наре како к*рва на првата брачна ноќ само затоа што не е невина, без да праша нити збор.. Не и поверува на саканата жена дека била силувана наместо тоа му поверува на некој си кој не го познава. Зошто побогу некоја жена би посакала маж кој му верува на сите други освен неа? Па еве да речеме и дека не била силувана, дека имала други момчиња пред него повторно не му дава за право да се однесува на тој начин како да е партал. Од друга страна Гедиз внимателно ја ислуша кога му раскажуваше и и поверува во се што кажа а се знаеа само два дена додека со Санџар се знаеа буквално цел живот. Наре требаше да си ја чукне главата и да остане со Гедиз затоа што тој е вистински маж а не Санџар заостанат искомплексиран простак.
Тотално. Заникаде, затуцан лик, не знам Наре што видела толку во овој па се затрескала. Невиден простак. Како се понаша, ги турка, ги бута, се дере. Па и таа шо се омажила со него сега, баш ко лонче и капаче се, послушна женичка за пари само. Гедиз и Наре ептен би одговарале.
Душичка е и Гедиз, се гледа според тоа како рошка по туѓи бележници И од сите жени, се залета по бившата (?) на другар му со која има дете. Злато од човек. Болест се овие серии, една чекаш, три ќе изгледаш Ама се одвикнувам полека. Инаку на оваа насловот како лаже, чиниш се работи за интригантна политичка драма, оно врска си нема, љубов, адети и глупости.
Серијата навистина ветуваше многу на почетокот. Сакаа да прикажат едни два различни света, истокот и западот - модерна и традиционална Турција. Наре која е израстена и воспитана по европски начин, патувала, се образувала, видела свет, додека Санџар е израснат во закоравениот дел на Анадолија каде сеуште се почитуваат тие средновековни обичаи, не патувал, не се образувал, не видел ништо подалеку, пораснал со тие сфаќања на неговите дедовци и прадедовци. Од друга страна сакаа да ја прикажат и моќта на жената дека може да се избори и да биде самостојна, да одгледува дете и дека не и потребен маж, да биде силна и цврста. Сето ова на почетокот имаше потенцијал да се развие навистина добра и реална приказна ама ја утнаа кога се се сведе на романсата помеѓу Санџар и Наре, баналности и нереалности до недоглед, држ ме не те пуштам. Да бидеме искрени, да би било ова реално би немало шанса Наре и Санџар да останат заедно. Тие се два сосема различни карактери, детска љубов а таквите љубови ретко и скоро никогаш не успеваат, порано или подоцна сфаќаат дека не се еден за друг и дека не можат да преминат преку разликите. Наре би била со Гедиз затоа што тие два се како две страни на една монета како и Санџар и Менекше. Менекше е идеална жена за тип како Санџар, чесна и понизна, што ќе му ги мие нозете кога ќе се врати од работа, а не Наре која завршила два факултети, збора 6 јазици и живеела на сите страни во светот. Инаку Гедиз кога ја запозна Наре не знаеше дека тоа е таа истата Наре така да тој не е виновен што се заљуби во неа (ма да малку е нереално да се заљубиш во некој за толку кратко време што си поседил 1 час во авион. Но подоцна ги поврзаа многу нешта како што реков двата се многу слични.) Друга работа, барем музиката е маестрална. „Едерлези“ и „Ја изгреи“ се рај за уши