Spoiler da malce ke posedat, potoa ke zaminat zaedno Crna gora mislam deka bese ,ke ja vratat Melek nazad.
Spoiler Зошто и Санџар ќе заврши во затвор? И како смее тој амбасадорот да го земе девојчето Мелек? Не може тој да има поголеми права за тоа девојче од нејзините родители.
Spoiler toj go ima staratelstvoto od Melek..vo zatvor se mislam koga se protivese da go sopre na tatkoi na Nare..Neznam dali vide Nare nemozese nisto da napravi, a e nejzina majka.
Spoiler Наре ја роди Мелек во психијатриска болница во Швајцарија и според законот таа е некомпетентна за да одгледува дете па старателството прејде врз нејзиниот дедо - амбасадорот.
Премногу патетично, непотребна патетика. Замислете 8 години откако ја нема дури и легенда имало за нив. Друго, ќерка на некој амбасадор никогаш нема да погледне некој таков кој на секој втор збор вели „ќе му ја скршам вилицата“, „ќе му ја скршам главата“. Како племиња се. И како што кажавте погоре, младовачка љубов, тоа нема врска со љубов на зрел и стабилен човек. Тоа е за тинејџерски години. Каки адети, ужас, сигурно чекаа да видат девојката дали е невина по првата брачна ноќ, оти свекрвата чекаше нешто и беше нервозна. Друго, зошто живеат сите во заедници каде ги командуваат свекрви? Санџар се дере, прв ден откако се оженил, демек кој не го прифаќа детето, ја гледа вратата. Кои копита, жената мора да невина, а тој може и дете да има со друга жена. Ни сервираат невиден сељаклук, невиден простотилук, не затуцуваат. Па и тоа колку им е важно што ќе кажат комшиите, абе жива глупост.
Spoiler Татко му на Наре е голем коцкар и ке се искоцка на големо п ке остане без пари. И замисли ке се договори со Санџар да му даде незнам дали миљон или два имам заборавено за да му ја даде ќерка му и старателството. А амбасадорот е толку дволичен човек што ќерка му си ја продава за пари и внука му без проблем
Никој не те затуцува. Сериите покажува како живеат луѓе во различни делови од светот. Актери се, не се превозбодувај толку За некои некаде сеуште се реалност сите прикажани работи. Во Индија сеуште има малолетни бракови и ако снимаат серија за тоа не значи дека целта им е да те затупат тебе и да те мажат малолетна туку да отвориш очи за различни тематики по светов, а не да мислиш дека сите секаде живеат ко ти што живееш. Серијава е интересна баш поради тоа што покажува два контрасти на традиција и модерно. И пази, мислиш дека те затупува, а ја раскажа во детали. Ако мислиш дека некоја серија те затупува, гаси ја уште при првата епизода
Е да си жива за муабетов. И мене ми е нелогична приказнава. И се нервирам што жената ја третираат тука вака и сите молчат, една не се најде да сака да смени тоа што е вака. Ама добро па добри се глумците, заради тоа вреди да се гледа. Добро глумат.
Општо мислев, што гледа народот. Наместо напред, ние назад ќе се враќаме гледајќи вакви серии. Друго, треба да се реагира затоа што има насилство. Видовме колење на човек ( мајка ми ја гледа, па ете ме потсети дека во Касандра на пример имало убиство на главниот лик, ама не било прикажано директно воопшто). Овде убиство, па хистерично, психопатско вриштење, па дури лиги и течат на хероината од уста. Абе гнасно. Го тегнат детето како стока, му се дера. Кои вредности се тоа? Во ред ли е да се бара невиност од жена, па дури и свекрвата чека резултат колку што разбрав. Вклучен ми е телевизорот на Канал 5 и од секој серија фаќам по дел, па не е тешко да склопиш. Општо нема никаква програам на тв. Забајле растрзаат локуми со пензионери, а по 14 часот почнуваат сериите.
Ама ти сфаќаш дека серијата и филмот ко уметност не е создаден за вредности да промовира? Ако ти смета врескање, барање невиност на жената не гледај, зарем сосила те тера некој да гледаш? Вредности во филм барала, боже Филмовите се прикажување на некаква реалност. А не се поучни приказни како треба да се живее животот. Има секакви жанрови и хорори и драми и убиства и романса и фантази филмови, тоа што ти прија, тоа гледај.
Сметам дека серииве - некои , се тука за да ни ги прошират погледите на светот, оти за жал ако размислиме многумина од нас се нашле во некои глупи ситуации какви ги имало и во Забрането Јаболко или незнам ти каде. Амбасадоровата ќерка(серијата) според мене е тука можеби да не подучи дека треба да се бира и тоа како во каква куќа се мажиш, дека позадините се битни/небитни, колку е некој образуван и каде е израснат, дека реално и помалата публика ги гледа, барем кај некои од нас дома. Санџер можеби во моментов е таков каков е, ама можеби ќе се смени за љубовта на Наре итн итн... Океј, Гедиз се заљуби во Наре, ама од моја гледна точка да се најдам во таква ситуација, тоа за мене би било од истиот момент како би ја дознала вистината - забрането нешто. Можеби е серијава тука за да ни покаже дека секакви другари другарки постојат, сплетки се прават, родителите не сите се совршени итн.. Сметам дека секоја серија има своја публика и барем 1% нешто поучно. И ако јас до сега сум растена со едни вредности, ниту една серија нема да ме затупи/распамети.
Па секако де, нема да гледам штом не ми се допаѓа. Филм е друго, а ова е сапуница и не е некоја уметност. Нема да се задлабочувам со гледање на серијата. Забрането јаболко ја гледав редовно, сега веќе поретко.
Има ли серија во која главнава актерка Неслихан е среќна? Не можам да ја гледам вака женава, од трагедија на трагедија оди.
Ме изнасмеа. Мене антипатична ми беше у кара севда ама тука ми е океј, Менекше ме иритира, со сила му се пика на човекот.
Хаха ама навистина ми е жал веќе за актеркава. Колку години глумела вакви улоги, психички како издржала да се соживее со улогиве се чудам.
Да сите ликови кои ги глумела досега се трагични, ама и одговараат такви улоги на ликот со подочњаците кои ги има.. Инаку забележав баш дека сите ликови досега кои ги глумела се по ист шаблон. Нериман, Нихан, Наре секаде таа е помеѓу двајца мажи едниот е опседнат со неа и се обидува да побегне од него додека го сака другиот Треба да почне малку со поразноврсни ликови, досадно е цело време да глуми еден ист тип.