Ќерката на математичарот (Венко Андоновски)

Дискусија во 'Книги' започната од DzingrlakaDzikica, 4 јануари 2014.

  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Станува збор за два романа со еден заеднички крај, односно за две книги кои и графички се одделени една од друга.

    „Ќерката на математичарот“ е насловот на најновиот роман на Венко Андоновски, што го издаде „Табернакул“ и веќе може да се купи по празничен попуст. Станува збор за два романа со еден заеднички крај, односно за две книги кои и графички се одделени една од друга. Во поголемата е „вградена“ помалата, која, според издавачот, може да се извади од големата. Читањето е двонасочно, двете книги се надополнуваат и завршуваат со заеднички крај.

    Превземено од bukvar.mk

    Слики во спојлер.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дали некој ја прочита, па да сподели впечатоци? :)
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.454
    Допаѓања:
    127.277
    Ваууу, ја купи? Мене ми рекоа дека е распродадена :) Кај ја најде? Морам да ја прочитам :)
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.454
    Допаѓања:
    127.277
    Прочитано, прекрасна книга, книги, едната многу слична со животот на Тоше Проески, неколку пати ме расплака, втората, како да ги пополнува сите празнини и дава нова димензија. Лесна за читање, забавна со сите ликови, интересна прошетка со шизофреничните испади, ја обожавав додека ја читав. Венко знае да задржи внимание, многу е лесен за читање, многу едноставен стил, а поради изгледот и поради формата, би требало секој да ја има дома во својата библиотека.
    Добро потрошени пари.
     
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Дали можете да ми кажете сега каде ја има и која цена е?
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.700
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Ја има во сите книжари кои имаат изданија на Табернакул. :)
    Мислам дека беше околу 500 на саемот, може сега е со пониска цена.
     
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Е фала ти Мишела но јас баш гледав на страната на Табернакул и ја барав но ја немаше како и да е треба лично јас да отидам па да ја побарам фала ти :)
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.454
    Допаѓања:
    127.277
    Пиши им, имаат ФБ сигурно ке ти кажат колку пари е и дали ја има.
    Вреди да ја имаш во домашна библиотека
     
  8. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Да, им пишав и ја купив 550 ден е. Дефинитивно вреди да се потрошат пари за една ваква книга. Фала.
     
  9. UnikatnoimeANA

    UnikatnoimeANA Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски


    Сакам да прашам дали некој ја продава книгата Ќерката на Математичарот но во издание на Табернакул, односно оригиналното издание?
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.309
    Допаѓања:
    11.632
    Ја читав пред некоја година. Обемна книга. За разлика од другите книги на Венко, оваа мислам дека е напишана на полесен стил. Сите други бараат доста концентрација.
     
  11. UnikatnoimeANA

    UnikatnoimeANA Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Оригиналното ли издание го читаше?
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.309
    Допаѓања:
    11.632
    Oд библиотека земам, веројатно да. Зошто?
     
  13. UnikatnoimeANA

    UnikatnoimeANA Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Затоа што оригиналното издание се две книги а кај другите е една па затоа. Не сум сигурна дали се чита прво големата па малата или прво големата до половина па втората книга и на крај втората половина од големата книга. ‍♀️