1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќерките на Фазилет

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Amelia, 7 март 2019.

  1. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    До каде ќе стигне амбицијата на една мајка која своите разурнати соништа ќе реши да ги оствари преку животите на нејзините две ќерки? Колку е голема желбата за пари за да се згази целото човечко достоинство? Госпоѓата Фазилет заедно со своите две ќерки, Хазан и Еџе, живее скромен живот. По смртта на сопругот, Фазилет станала глава на семејството и решила преку своите ќерки да го оствари својот сон и да стане богата.

    Нејзината најголема поддршка на патот до богатството е всушност нејзината помлада ќерка, Еџе. Од друга страна, постарата ќерка Хазан ја крие својата убавина облекувајќи се како машко, со цел нејзината амбициозна мајка да не ја искористи во намерата да стане славна. Верува дека нејзината мајка е виновна за смртта на татко си и смета дека токму Фазилет не ја сака неа поради фактот што морала по породувањето со неа, да се откаже од остварувањето на соништата.

    Но, верувајќи дека еден ден ќе стане позната, Фазилет се обидува на сите можни начини да го исполни тоа токму преку Еџе, која ја тера да стане глумица или модел. Водејќи ја од една на друга аудиција, Фазилет ја запознава богатата и високопочитувана фамилија Егеман, по што патиштата засекогаш ќе се вкрстат во еден опасен крстопат.

    Богатиот претприемач господин Хазим Егеман живее во луксузна вила на Босфорот заедно со своите четири деца – синовите Гокхан, Синан и Јагиз, како и ќерката Селин. Гокхан е среќно оженет со својата љубов Јасемин. Јагиз е миленик на семејството поради благородниот дух, зрелост и одговорност кога е во прашање семејниот бизнис, а пак Синан е познат како заводник.

    Откако една афера на Синан ќе го преплави “жолтиот печат”, Јагиз одлучува дека е време да го вработи во семејната компанија и затоа го задолжува да одбере најубаво женско лице за нивната кампања за козметички производи. И тогаш, сосема случајно на тој кастинг, семејството Егеман се запознава со ќерките на Фазилет. Еџе го поминува првиот круг, но поради доцнење, ја пропушта приликата да биде одбрана за лице на компанијата. Фазилет го моли Синан да ѝ даде уште една шанса на нејзината ќерка, по што тој конечно прифаќа и ја поканува Еџе на пробно фотографирање во хотелот.

    Но ситуацијата ќе се искомплицира кога Еџе ќе се најде во теснец меѓу мајчината амбиција и љубомората на дечко ѝ кој не ѝ дозволува да оди во хотелот на снимање. Хазан, за да ја спаси сестрата, решава да оди во хотелот место неа и за прв пат во животот, ќе се дотера како што доликува приликата. Нејзиниот живот драстично ќе се смени откако ќе сфати дека западнала во замката на Синан.

    Но, нема да се смени само нејзиниот живот, туку и животот на целото семејство Егеман. Ќерките на Фазилет по игра на судбината ќе се преселат во луксузната вила на богатите, од кога започнуваат и сплетките кои навестуваат интересна и интригантна игра на лаги, завери, но и многу љубов. thumb (1).jpg thumb (1).jpg thumb (1).jpg
     
    На Elinora, cresa-jagoda и mssuniquee им се допаѓа ова.
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    Ја отворив, бидејќи почнаа да ја дават на сител, почнав да ја гледам дали и вие ја гледате, како ви се чине, мене ми е интересна?
     
    На Osamena devojka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.768
    Допаѓања:
    122.261
    Пол:
    Женски
    Се уште не можам да кажам дали е интересна,ама за сега не ме тера да сменам канал.
     
  4. darlingdragon

    darlingdragon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Многу плачев,ја имам изгледано цела серија на турски.Ми се допадна многу:)
     
  5. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596

    И, јас ја гледам на you tube со српски превод, до 9 епизода стигнав, на сител многу кратат.
    Но уште не знам ко брат во која ќе се заљубе, ќе ми кажеш ли во спојлер?
     
  6. darlingdragon

    darlingdragon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Двајцата во таа Хазан:D
     
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    А, Хазан во кој ќе се заљубе? Немаше ли Јагиз во малата сестра Еџе, што зарем и двајцата за Хазн ќе се караат?
     
  8. darlingdragon

    darlingdragon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    • Кога откривате делови од содржината ставете ги во спојлер
    Да таа го сака Јагиз и браќата цело време се расправаа за неа,а Еџе ќе биде сопруга на татко им
     
  9. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    Ова е премногу да стане сопруга на татко им, а јас пак мислев има хемија меѓу Еџе и Јагиз, а пак дека Хзан го сака Синан
     
  10. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Ја гледам серијава уште од прва епизода и искрено ми се допаѓа.
     
  11. darlingdragon

    darlingdragon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Гледај ја многу е интересна,уште 2-3 епизоди до крај ми останаа.На турски има поубав шмек бидејќи гласовите така поубаво ми е на турски:D:D
     
  12. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    И јас на турски гледам со српски превод, колку има епизодо ја сум до 10 траат околу 2 часа
     
  13. darlingdragon

    darlingdragon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Мислам дека има 50,не ме држи за збор.Подобро така овде една епизода турска од 2часа ја даваат неколку дена :?:
     
  14. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    Уште ова да те прашам, уствари да погодам, да ми кажеш точно ли е

    Јагиз е син на таа жена нели
     
  15. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.615
    Пол:
    Женски
    Да, прво ќе мисли дека Синан и е син, но во последната епизода ќе дознае дека е Јагиз.
     
    На darlingdragon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.615
    Пол:
    Женски
    Интересна е серијата, ја гледам со српски превод.
    Синан и Јагиз ке се вљубат во Хазан.
    Куќата ќе ја поплави мајка им со цел да ја сожалат да живее во вилата. На крај соседите ќе ја набуцкат газдарицата и ќе бидат избркани од куќата и ќе ја стави на продажба и на крај Синан ќе ја купи.
    Знам Селин ќе изврши самоубиство.
    Еџе ќе побегне со дечко и (вереникот).
    На крај Синан ќе биде со Нил, а Јагиз и Хазан ќе бидат заедно со тоа што Хазан ќе си ја исече косата.
    Моментално сум на 6та епизода и трае околу 2h. На сител од 1 нивна епизода прават 3.
     
    На darlingdragon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    Зошто Хазан ќе си исече косата? Уште се чудам за Еџе и татко им. А зошто таа го оставила синот, сестра ли е на мајката на Јагиз и Синан?
     
  18. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.615
    Пол:
    Женски
    Севинч (мајка им на Синан и Јагиз) била бремена во второто дете и го изгубила. Во тој период татко им се соочувал со проблеми на работата и плус тоа што го изгубил детето му дошло премногу и отишол на градилиштето каде што наогал мир. Таму ги видел мајка му и татко му на Јагиз. Се скарале и случајно правиот татко на Јагиз паднал од градилиштето. Тогаш татко му (овој што го пораснал не ми текнува на името) и платил пари на Кериме (мислам така се вика правата мајка на Јагиз) да молчи за несреќата. Воедно бидејќи таа била млада и немала како да го одгледа синот го дала на 'продажба' на татко му (овој што го изгледал). Се надевам разбра, не ми текнуваат имињата баш затоа така објаснив.
    A инаку, Хазан на гробот на татко и ќе ја исече косата бидејќи ќе мисли дека Јагиз ќе ја остави. Тие ќе се скараат кога Јагиз ке дознае за мајка му и ќе дознае дека Хазан знаела и не му кажала.
     
    На La.loca и darlingdragon им се допаѓа ова.
  19. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    1.596
    Благодарам, инаку што гледам сцени голема и болна ќе е љубовта на Хазан и Јагиз.
    УФФФ овој Јагиз колку е згоден :inlove::inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На Shalitra, darlingdragon и cavalli им се допаѓа ова.
  20. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.615
    Пол:
    Женски
    Типчето е по мој вкус. Господин, ЦРН со СВЕТЛИ ОЧИ, за мерак ми е.
    Само заради него ја гледам серијата.
     
    На Shalitra и Amelia им се допаѓа ова.