Спојлер: Еџе Ќе и помогне бабицава ќе омекне мислам , ќе а спаси и ќе биде во болница , таму ќе а пронајдат останатите , оваа лудата Селин , бебето ќе и го оставе кај едни сиромашни , ама незнам како не видов тоа , ќе го најдат бебето одма за брзо и ќе и го донесат дома , па после Селин во последната епизода ќе сака да го убие бебето , ќе влезе скришно во вилата ама ќе а спречат на време , па она ќе се испука во глава
Последна епизода е на турски ама кај нас ја даваат на делови Инаку Еџе и Јасин нема да бидат заедно, а Синан ќе биде бездомник и Јагиз ќе му помогне
Суров крај му дадоа на Синан поради тоа што го направи.Татко му го отфрли,му велеше дека веќе не му е син оти со откривањето на вистината за Јагиз ја уништи фирмата до неповрат иако тоа не беше фер бидејќи и така фирмата ќе банкротираше.Синан немаше каде да оди. @Leat Селин умре,Јагиз и Хазан си завршија заедно,Ѓокхан чека дете со Јасемин и пак има фирма. Ја има целата серија на YouTube на каналот saprevodom.net,кој/а пропуштил/а нешто може таму да ја гледа.
Не ја гледав серијава редовно ич, ама имав видено некои сцени и ја начекав последната епизода, многу жална сцена беше кога Јагиз дојде на бродчето и му поддаде рака на Синан, па уште и тие зборовите што ги даваа во потсетување дека и покрај се што му направи сеуште му е брат, ептен емотивно го прикажаа тоа, и камо и во реалноста сите браќа така да си пуштаа рака, место да не зборуваат со години
Синан доби суров крај. Јас да го пишував сценариото,Хазан ќе имаше суров крај,сама без никој и на улица.Таа цело време ги критикуваше другите,а не ги гледаше нејзините грешки. Утка направија со промена на сценариото.
Не сум била единствена шо не ми се допадна Хазан во последните епизоди значи. Цело време глумеше невинашче, а на крај... Ич нејќам такви ликови. За Синан ми беше жал некако иако и тој не дека беше цвеќе за мирисање... Мислам дека Нил како лик многу убав крај имаше, ептен позитивна промена. Не ми се допадна премногу крајот, некако можеше да биде подобро. Јак почеток имаше серијава ама крајот беше чиста утка.
Се согласувам.Со ваков крај,можеа бар само да го прикажат Синан како сиромашен работник на пример,на градилиште или келнер,а не како бездомен рибар.Вака е премногу. Некаде прочитав дека и на самата глумица не ѝ се допаднал баш ликот на Хазан и промената на сценариото. Или тоа што Ѓокхан се смири со Јасемин иако она го отру татко му и правеше сплетки.Глупост!