1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе гуглам или ќе пребарувам?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Rozovka, 20 мај 2011.

  1. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Драги Феминки, ја отворам темава поради маката шо си ја имам со мојата дипломска. :)

    Темата која ја обработувам се заемките од англискиот јазик со кои секојдневно се среќаваме. Ќе гуглам или ќе пребарувам? Ќе твитам или ќе црцорам?! Ми треба вашето мислење, подобро е да ги прифатиме термините како гуглање и твитање или да ги користиме нашите литературни поими, иако за добар дел од зборовите па и немаме баш соодветен превод.. Го уништуваме ли нашиот јазик со превземање на овие зборови или го збогатуваме? Искрено Ве замолувам да го кажете вашето мислење, би ми било од огромна помош.

    Фала однапред
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    За дел од примениве замени, си имаме свој збор. Едноставно, одбиваме да го употребиме и повеќе ни “легнува“ странскиот збор.
    За дел немаме. Директно го користиме странскиот збор.

    Полесно ни е да кажеме “Ќе се митнеме на стритот“ отколку она што е правилно. Не дека го расипуваме јазикот, туку едноставно напливот на странскиот говор не тера. Литературното говорење на македонскиот јазик би останало такво, освен за зборовите второспоменати. Ќе кажеме хард-диск на компјутер, наместо тежок-диск, со што се губи смислата на предметот, односно не ја одразува точната состојба.
    Да гуглам, ми е полесно отколку да пребарувам на Гугл. Додека се влечам со долга фраза, со еден потег ќе кажам што ми е на ум.

    Мое мислење е дека не е подобро да се прифатат. Подобро е да си ги користиме нашите (за оние што имаме соодветен збор). Ех, да не бевме толкави мрзи да преведуваме фрази... :wasntme: И повеќе да читаме дела на македонски јазик, отколку на гугламе на инглиш, нели?
     
  3. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Кој вика Ќе се митнеме на стритот жити се? :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Dafnee, немој хејтерски кон спичов да приоѓаш. :!:
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Да хаха имам слушнато за стритот, само јас повеќе слушам тоа од овие нашинциве што доаѓаат тука па си одат и на луѓево им останува во говорот, пошто од зезање у навика преминува.
    Знам кај тетка ми сега за пилешко само чикенче викаат хахахахах пошто кога им дојдоа роднините од Австралија многу се израдуваа на тавата чикенче со ориз мм јами било хахах
     
    На MarchelineAmaru, karak и Hipica им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Френдици ма, ќе се митнеме на стритот ако не сте бизи :D .
    Точно е дека е доста навлезена употребата на странски термини кај нас делумно е тоа свесно, делумно е несвесно, исто така понекогаш и нема соодветен збор или фраза на истиот во мајчиниот јазик пр. јас често си го употребувам бај д веј убаво ми звучи и мал милион други зборчиња и фрази. Понекогаш ги користам во присуство на луѓе пр. на работа кои ми пречат со нивното присуство, а се прават тотално глуви и слепи за тоа, па почнувам да и зборувам на колешка ми на англиски знаејќи дека нема да разберат бидејќи се душкала и не им давам сатисфакција успешно да си ја вршат работата, :D . Друго, сме се зезале на оваа тема со друштво бидејќи скоро секој има свој казан :D чистобладен Македонец во Австрилија или Америка кој кога ќе се врати каша-попара прави од мајчиниот јазик, па како да не се смееш :D . Меѓутоа неоспорен факт е употреба на интернационализми од типот на сако, решо итн и за нив и нема превод на мајчин јазик се земаат здраво за готово. Некои кованици имаат свој превод меѓутоа ги користам бидејќи ми се интересни за употреба и веќе се вкоренети во мојот говор. Инаку најлаконската СМС порака која сум ја добила имаше баш позајмен странски збор и се изненадив тогаш од брзината на одговорот неколку милисекунди кој гласеше - ок :D .
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Јас да бидам искрена подобро би користела англиски зборови од колку нашиве литературни, иако сигурна сум дека соседиве наши мн повеќе си го чуваат јазикот од колку ние шо таратур го правиме. На крај краева ако се користи македонски превод барем да биде соодветен и прифатлив. Ова е добра статија на темава, барем добра инспирација за мене :))

    http://preminportal.com.mk/content/view/8225/77/
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас користам англицизми и такви нови тремини, полесно ми е , а и одма ме разбираат(секако не баба ми и дедо ми, за кој интернет е непоимлива работа).
    Стриктно за терминов “гуглање“, мислам дека си е сосема во ред. Не знам на кој му доаѓа да каже “ќе пребарувам на интернет“ ?! Како прво подолго е, значи непрактично, а и од кај да знам јас што пребарувач користиш :D
    Шала на страна, живееме во такво време, да со новите изуми на технологијата, се раѓаат и нови изрази и зборови, што е сосема нормално и сметам дека како такви треба да ги прифатиме.
    Значи, не да ги менуваме за да бидат од веќе постоечки наши зборови, туку да ги користиме баш такви како што се. И зошто не би можел терминот “гуглање“ да стои во речникот, како превземен термин со значење “пребарување на интернет“? Јас мислам дека вака ќе си го збогатиме речникот.
    И зборот „твитам“, стриктно си е повразан со твитер, нема што да го менуваме за да му дадеме значење во македонскиот јазик. Тоа се зборови на новите генерации и јас не гледам зошто да не се употребуваат.

    Е сега, за тие фрази што ги користиме, квазианглиски со македонски примеси, тоа секако, не ми е мило за слушање и драго за користење. Ама тоа е веќе друг муабет, нели?
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Хм, јас сум голем љубител на нашиот литературен јазик. Но во говорна односно сленг форма, мислам дека не ми пречи употреба на англицизми, србизми, бугаризми што и да е.

    Едноставно јазикот е жива материја и колку и да се трудиме да го зачуваме од какви и да било влијанија, не можеме. Глобализацијата зазема се поголем замав, а од друга страна пак, и нашето државиче е толку мало што е речиси невозможно да избегаш од сите соседски влијанија.

    Сепак би било убаво кога би го негувале литературниот јазик онаму каде што можеме и каде треба да го негуваме, на училиште, на работа, официјално, по медиуми итн.

    Е сега јас би рекла - гуглање. Веќе останатите јазици широко го прифатија овој термин, зошто не би и ние? И не се работи толку за англицизам колку за прифаќање на еден бренд да речам како „терминус техникус“ за пребарување на сајтот http://www.google.com. Кога пребарувам на друг сајт (на друга интернет страница) не викам гуглам, велам - пребарувам.
    Впрочем, кој денес вели хартиени марамчиња наместо палома? :)

    А и англицизмите се ок доколку се употребени во сленг, се додека бројот на англицизми не е поголем од бројот на македонски зборови употребени во една реченица. Така што не би сакала да го ставам фудот во рефриџирејтрот и храната е таму нон стоп ...КОЛД...нон стоп! А тато ќе ме качи на карот и драјвуваме по булеварот.
    И после ако треба уше десет долари ќе дадам ама воа шо е?! Знамето дека е?!

    Ви текнува? К15. Електрик по дедо му Ламбе :)
     
    На QueenElena и Sephora им се допаѓа ова.
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Во врска со затемнетото, уште поглупо е што палома значи гулаб. :lol:
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Гуглам на google, пребарувам низ интернет...
     
  12. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Јас не го користам ни гуглам ни пребарувам, си викам - ќе СРЧИРАМ на гугл :D :D :D
     
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Во македонскиот литературен јазик постои јасен и конкретен термин,а тоа е глаголот ПРЕБАРУВА.Па,оттаму и синтагмата "пребарувам низ интернет" :)