1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе се укинуваат смерови на факултетите

Дискусија во 'Образование' започната од kristii, 2 декември 2011.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Прво,не знаев каде да ја поставам темата дали овде или во образование.Ако не треба овде преместете ја.И колку што приметив немаме ваква тема за дискутирање.

    На вести пред некоја ден кажаа дека ке има укинување на смерови,намалување на квотите бидејќи одредени смерови се дефицитарни и треба да се зголеми интересот на новите студенти за да се запишат за да дојде до некакво изедначување на пазарот на трудот.

    Што мислите вие за оваа одлука на министерството за образование? Дали се согласувате?

    Искрено мое мислење е дека не треба да се укинат смеровите.На тој начин многу идни студенти ке бидат приморани да се запишат на факултет кој не го сакаат и да работат работа што не им лежи,народски кажано.



    Ако случајно се поколпува темава со некоја друга се извинувам
     
  2. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    А за кои смерови кажаа ?
     
  3. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Дефицитарни на пазарот на трудот кадешто треба да се зголемат квотите за студентите на студентски програми се: градежен инжинер, програмер, фармацевт, доктор по медицина-офталмолог, геодет инжинер, компјутерски инжинер, професори по математика, е-бизнис и ветеринар.

    Суфицитарни на пазарот на трудот каде треба да се намалат квотите на запишаните студенти во одредени студиски програми се: сообраќаен инжинер за патен сообраќај, бизнис администрација, професор по македонски јазик, професор по физички, професор по филозофија, криминалист, правник, етнолог, историчар, географ, инженер по геологија, економист, менаџер по туризам и угостителство, инжнер по шумарство, хемичар.

    Суфицитарни на пазарот на трудот кадешто треба да се стават во сукцесивно мирување одредени студиски програми: социјален работник, професор за предучилишно образование, воспитувач, учител, професор по македонска книжевност и јужнословенска книжевност со македонски јазик, професор по историја на книжевност на СФРЈ со македонски јазик, професор по напоредна литература, професор по одделенска настава на албански и на македонски јазик.

    Професор по општонародна одбрана и заштита и дипломиран на јавна администрација се студиските програми кои по анализата се предлага да се укинат.
    И јас мислам дека нема потреба од укинување смерови. Нека си уче кој што сака, а тоа дали ке најде работа или не- негов проблем.
     
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Абе, тие сами се виновни за ова што има премногу со завршен факултет, а се без работа. Кој ги тераше да отвораат факултети насекаде низ Македонијава, да намалат плаќање за запишување.. Добро е што ќе укинат или намалат на квоти, ама сепак не може да се запише некој на некој си факултет што не го сака или на нешто на што не му оди. Од една страна е добро, а од друга.. Да не надевам дека наредната година ќе успеам да се запишам таму каде што сакам..
     
  5. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Овој Никола Тодоров додека беше министерче го по*ра образованието, сега го назначија за здравство па чекаме да го у*ере и здравството во Македонија, да не се чудите ако за 2-3 години почнат да се укинуваат и клиники. Иначе генерално земено можеа да кажат: Ги укинуваме сите општествени науки во Македонија и ги оставаме да работат техничките факултети.
    Нигде во свет го нема ова. Со ова се удира на демократското право на избор на образование, одредени професии се акцентираат како пожелни и потребни, а другите како непожелни. Се етикетираат цели бранши. Ова е одраз само на лошо менаџирање на образованието, се испоотворија дисперзирани студии секаде, се дозволи секој да може да заврши факултет (и писмен и неписмен, и одличен и двојкаш). Додека студирав дефицитарни беа општествени науки, се примаа по 200-300 студенти на педагогија, археологија, одбрана, психологија и др... колку да трупаат пари Институтите, иако од волку кадри немаше потреба. На Правен и Економски факултет идеа на упис студентите мислејќи дека кога ќе завршат ќе влезат одма на работа во банка или во Суд..демек се ценеле професиите. Како да не. Се случи да за едно место за наставник во училиште конкурираат по 10 луѓе, од кои 2 вредат а другите не се ни м*сул да фрлиш на нив, а не па дете да ти воспитуваат.
    Сега откако "владините креатори на политики" ги уништија сите критериуми за високо образовен кадар во земјава, слободно нека затвараат катедри. А дали ќе затвараат и работни места затоа што за едно работно место се пријавуваат по 500 кандидати? Пих...Наместо да стават повисоки критериуми кој може да заврши факултет, и да се отвараат работни места, овие превземаат драконски мерки. Само една порака до тие што ќе упишуваат студии следнава година...бидете паметни.
     
    На esperanca, 1209, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. m.b.jovanova

    m.b.jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Celosno se soglasuvam
     
  7. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    PAPILONA се согласувам со тебе и ќе додадам дека треба да изнајдат начин како да ги пратат во пензија порано веќе вработените -зборувам конкретно за наставници и професори, а не тие да работат и до
    64год . излапени и склеротични кои самите не можат да се трпат , а не пак деца да учат и воспитуваат.Но изгледа оваа влада како тргнала ќе дојде време кога нема да има и пензионери,а тие што се дипломирани вечно ќе останат да се надеваат на вработување.
     
    На papilona му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кревам 2 прста за огромна подршка за ова.
    Посебно за двата смера што се укинаа, значи само два!
    А зошто?

    1. Професор по општонародна одбрана и заштита - ОНО
    Учи ова некој? Го предаваат некаде? НЕ, го изоставија овој предмет, одбрана не се учи, немаме војска, имаме доброволци само. Зашто да го има смеров кога ги укинаа часовите во основните и средните училишта? Нелогично ми е да постои смеров а да не постои никаква шанса за вработување. Нели?

    2. Дипломиран на јавна администрација
    Зар да работиш во јавна администрација ти треба дипломава?
    Смешно! Па конечно барем се осветија и го укинаа овој смер на факултетите. Џабе им даваа надеж на студентите и џабе се запишуваат, кога оваа диплома мене ми важеше за диплома со најмало значење. За во јавна администрација ти треба книшка и врски, ама баш НИКОГАШ нема да вработат човек само зашто е дипломиран на тој смер.
     
    На Bright, miljkovic, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се согласувам со ова ,редно време бепше да се направи селекција некоја на смеровиве ,плус и треба да се направи пауза на некој смерови на факултетите како на пример на педагошки шо сите да не имаат многу голема желба да бидат наставнички или се запишуваат пошто е најлесен колку за диплома да земат |(
     
  10. apostolka

    apostolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Сите се жалат дека јавната но и државната администрација не чинат, епа за да не постои ова треба компентентен кадар за таа да биде ефикасна и ефективна? А како ќе се постигне ефикасен и ефективен кадар ако нема соодветно образование за истата? И ај сега ке се зтаварал факултетот, наместо да се оди наперд само тапкаме на исто место. Ама ако самите си тражевме а сега на ред останува да гледаме! Ти кажуваат дека знаењето е сила знаењето е моќ, а сега у фаца ти плеснува дека цабе си инвестирал во образованието 4 години и дека сега ти е пропала инвестиција!
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.472
    Пол:
    Женски
    Го укинуваат и мојот смер, но ако и така нема работа. За ова се збореше кај нас веќе 2,3 години.
    Ги подржувам затоа што има премногу дипломирани по одреден струки, а нема работа. И за правен, не мислам само да се намали квотата на студенти, него да се стави во мирување. Па премногу се.
     
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    За одредени смерови,поштено е шо јавно кажуваат дека нема работа.И нека се укинат,во ред..поддржувам.
    Меѓутоа сугестијава сите да се запишеме на технички факултет за полесно да најдеме работа,не држи вода. Можеби има потреба од таков кадар (макар шо има еден куп студенти од електро што работата како негувачи на компјутерска опрема), ама еј кај сите да се запишеме годинава на технички факултет.
    Не иде,не се сите родени да учат математика,физика и такви сра*а.
    Арно ова,ама требаше да се мисли кога го пумпаа образованиево сите да се запишат на факултет. Не иде 99% од матурантите секоја година да се запишуваат на факултет. Не се сите кабожни за факултет,да се разбереме.
    Башка тоа,потребно е занает. Занаетиве се во изумирање,младивме сме се помалку заинтересирани за учење занает,освен за фризери и козметичари пошо делкаат пари воглавном.
    Малку отидов офтопик,ама муабетот ми е дека не им држи вода оваа сугестија. Не дека не се во право,али нека се носат со последиците од инсистирањето сите да завршат факултет.
     
    На Strumfeta93, Annath, Ashling и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Уште од старт знаев дека ова со Знаењето е сила знаењето е моќ е тешко срање и има друга позадина. Неможеш бе, во претежно земјоделска земја, два милионска, да форсираш барем 95% да се запишуваат и да завршуваат факултет. Прво со прво, не секој е скроен да заврши факултет, некои едноставно - не ги бива.
    Подобро дај им занает нека учат него ли да ги форсираш некои што едвај годината ја завршиле да се запишуваат на факултет. Еден куп двојкаши и кецаши од моја генерација на факултети се запишаа. Кој стигна на правен и на економски е запишан.
    Јас стварно се чудам каде утре тие луѓе по струката ќе си бараат работа! Затоа што да се разбереме - секој сака да го работи она за кое учел, вложувал, трошел пари, можеби земал кредити... Е на таков не му се работи како келнер.
    Е сега ќе затвараат смерови, епа, ќе затвараат... :|
     
    На BoaVista, Annath и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.185
    Допаѓања:
    235.138
    Во прилог на муабетот на Оффи, еве една добра колумна
    http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal. ... anie=22444

    Нормално дека ќе укинуваат смерови, премногу дипломирани има, а уште колку и ќе дипломираат.
    За некои смерови се согласувам да ги укинат, јавна администрација можеш да работеш и со правен, има и таков смер на правен, за кој сеуште се чудам зошто е и воведен.

    Правен и економски треба да се стават во мирување, но колку е легитимно ова?
    Сепак не треба на никому да му се коси правото на избор.
    Нека укинат смерови како јавна администрација или криминалистика, бидејќи и тоа се учи на правен- отсек казнено право. Ама некои друг смерови никако.
    Нека ја сменат политиката, бидејќи кај нас веќе ќе има само магистри и доктори.
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Алелуја!

    Сега мене може ми одговара да се укинат одредени смерови, меѓу кои и мојот, зашто дипломирани еден куп, а работа ни за лек, но дали е воопшто фер за сите оние кои се навистина способни да завршат факултет, а се ограничени на оние неколку?

    Значи дојдовме повторно до тоа - не е секој за на факултет!
    Не може 95% да бидат студенти, и скоро секој да заврши, па и со просеци, саде ум, цела нација!
    |(

    Да може да се вратат приемните, стандардната државна матура, да се укине глупавиот ЕКТС систем и како едно дополнување - да се мавне психо-тест пред упис, ќе им биде најумно.
     
    На Stam, Strumfeta93, The-Queen и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве една глупава работа ако се укинат некои смерови или се стават во мирување. Еве на пример да се стави правен во мирување, можеби баш од таа генерација која нема да може да се запишува таму, би излегол некој добар правник.
    Затоа што меѓу сите тие студенти кои се запишале на правен (како пример го земам само) сигурно има и такви кои го сакаат тоа што го учат, но повеќето се запишани ради реда, колку да завршат нешто. Воопшто, ама воопшто не требаше да се форсира секој да се запишува на факултет. Порано се знаеше кои се запишуваа, оние ептен способните, петкашите. Значи оние што секоја година завршуваа одлични со сите петки на крај. Ете тие беа добри студенти, а не некој двојкаш што се запишал колку да има диплома. Таквите порано не ни доаѓаа во предвид и за нив факултет беше научна фантастика.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Кога ќе се направи гужва на смеровите што ќе останат, што ќе биде за 10 години, нив ќе ги укинуваат, па ќе отвараат нови?

    Па многу нормално дека ќе одат на економски и правен кога за тоа има највеќе работа, сакаат технички факултети, а една асална фирма, фабрика, нема за инженери :fubar: И кој е тој дефицит за тие технички факултети не ми е јасно кога пола од инженерите седат без работа или работат нешто десетто?!
    Јас сум на технички факултет и памтам дека уште кога се запишував само тоа збореа, технички, па технички, да видам само кога и каде ќе се вработам откако ќе дипломирам.

    Пред 30 години кога студирал татко ми на истиот факултет, цела генерација работеле уште пред да дипломираат, ги молеле да доаѓаат на работа и им давале слободни денови кога сакаат за учење и полагање. Е тоа е дефицит.
     
    На papilona и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. apostolka

    apostolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Требаше за овој проблем да се рамислува пред да ги отвараат факултетите, а не тие само да ги лапнат парите од секако веке сиромашните граѓани, и увидоа колку млади дома седат без работа па ја сега ке се затварале! ама оди бегај! да се нема катедра за македонски јазик, ако сакаш македонски да учиш ке одисх во Љубљана, мислам дека така беше. Смешки невидени сме! Си играат со нас како си сакаат ама самаите си ја бараме кога сме пасивни. А тоа дека јавна администрација и криминалистика може да се уци на правен факултет на смерот казнено право, баш и не е така пред да се обелоденува прво увери се во тоа! Казнено право со јавна администрација и кроминалистика :^) :x
     
  19. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Е ајде де, сите нека завршат факултет, па ќе подигаат оранжерии со патлиџани на последен кат на T-Home, а директорите ќе ги плеват истите со алатите што им ги поклонија на Денот на дрвото, селата нека пропаѓаат.
    На ова протестирам:
    1. Кој ќе работи во Миситерство за одбрана? Офтамолози? Предметот одамна се преименуваше во Дефендологија, се разработуваа воени стратегии, НАТО пактот, системи на заштита на државата.. а не како да ја тренираш војската.
    2. Што кога се отвараше смеров, никој не реагираше, иако е тешка глупост, по логиката на факултетот за јавна администрација, сите дипломирани требаа да станат административци, НО тоа беше избор на студентите. Откако ќе дипломираат -Како ќе влезат на работа?- тоа е на нив самите.

    Дали ви текнува на извештаите пред неколку години кои стигаа од некакви си Комисии од надворешни експерти, како ние сме биле необразувана нација, како нашите средношколци се полуписмени? Тогаш се чистеше терен во јавноста за да се превземат ’реформи’ во образованието, а сите климаа со глава ДА ДА децава да ги описмениме :?: како да не! Граѓаните со раширени раце ги прифати сите промени, а всушност реформите во образованието беше само една точка од стоте предуслови за да добиеме висока оценка во Извештајот на Комисијата на Европската унија, да собереме поени, да добиеме статус за преговори. Е сега ќе си трпиме.
     
  20. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    добро морам да признаам и дека не сум баш толку против оваа одлука, навистина некои факултети се преполни а некои седат празни.
    Но не мислам дека со оваа одлука ке се реши проблемот со невработеноста, затоа што во нашето општество не е битно кој факулттет си го завршил туку дали твоите имаат доволно врски да те вработат некаде, па ке видите завршен технолог-вработен како банкар, заршена полициска академија-сметководител, завршен педагошки-министер за здравство, завршен факултет по туризам-вработен во администрација ...итн
    или ај да незборам само за вработените , што е со оние кои завршуваат еден факултет магистрираат на друг, пр. завршил англиски,она за преводи(незнам како стручно се вика), магистрира на економски факултет, или завршил безбедност магистрира монетарна економија :?: -која е оваа титула ако може некој од вас да ми појасни, што на крај е тој или таа?
    и накрај се се сведува што е важно на кој факултет си важно е каде во иднина ке те вработат, а можно секаде- ако имаш врски, па ти заврши го најлесниот факултет и вработи се онаму каде даваат најмногу пари, а ако си глуп и немаш врски ке си одбериш тежок факултет и по него ке си седиш дома