1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе се укинуваат смерови на факултетите

Дискусија во 'Образование' започната од kristii, 2 декември 2011.

  1. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    И сега што треба да правам јас ?? Зошто учам толко многу за сите да ме сие петки ? КОга немам потреба од нив демек за мене си учам . Јас сум гинмназија и во трета што ке се определам математички :x :puke: кога јас едва трпам три часа во неделата .Навистина сакав да учам или правен или историја па и макар англиски и сега јас что ке бидам математичар ........ :worried: мислам нема смисла да укинуват факултети со тоа го нарушуват правото на сопствен избор .. а и тие што ке им се зголемат квотите многу перспективни сее на пример ветеринар ... кој ветринар јас ке бидам кога пола од вдетринарите се продава4и по рафики а се нарекуваат доктори и завршувале факлутету во белгра загреб незнам каде .. апсурд :rock:
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Епа за ова требаше да мислат на време пред кампањата да ја пумпаат толку многу во јавност.
    Нормално дека сакам ова општество да биде учено, да има некое знаење, за некоја подобра иднина на земјава, ама кога видов секој се запишува на факултет па дури и тие што се бореа за двојки, јас за неколку поена не влегов во државна квота, таа X персона едвај влезе во приватна и сега треба да се мериме на ист кантар, нели ?
    И не ми кажувајте, лош ученик во средно може да биде перфектен студент на факс.
    Богами и не сум сретнала двојкаш да поминува со 9ки и 10ки на факс.

    И што ако ми го укинат смерот. Факт е дека излегуваат илјадници правници годишно, но најпогрешен потег ќе биде ако се укинат правните студии. Па во секоја фирма има правни служби, и ако нема, МОРА да постои. И воопшто во секоја институција. Ако јас немам афинитети кон друга област, што треба да правам, да учам за инженер или програмер а сум немала никаков контакт со тие гранки, затоа што имало за нив дефицит.
    Па подобро ќе учам правни студии со мерак и љубов, па макар и да не најдам работа веднаш. Упорна сум, верувам во себе, и знам дека ќе успеам.
    Или сосила треба да учам нешто што не сакам, за да најдам веднаш работа, што е невозможно. Пак некое мамино и татино синче ќе се пикне пред мене.
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Пред да го направат средното задолжително кукаа како немало доволно академски граѓани.
    Потоа направија опасна кампања наречена "brain washing" или дека само УЛИЧАР И НЕПИСМЕН ЧОВЕК НЕ ОДИ НА ФАКУЛТЕТ.
    И сега во денешно време, после еден куп испрани невини мозоци.. гледаме со подруги очи кон некој што не се запишал на факултет.
    И како шлаг на тортата доаѓа тоа да се укинат некои смерови на факултетите, за да нема дефицит од студенти на тие смерови што биле повеќе барани.


    Торко еден торкосан!
    Кој ти даде фотеља тебе бе будало една?
    Знаеш каде БЕГААТ повеќето што завршуваат технички факултети? Надвор од Македонија, за да не те гледаат тебе и останата watch out-багра како им ги скратувате сите можни ебани амбиции на еден студент во Македонија.

    Тоа што направивте сите да се запишат на факултет, доведе до ова.
    Да беа сите надарени за градежен, електро, медицина немаше да се запишуваат на правен или на економски.


    И за крај.
    Со ова млад и недоквакан господине Панче нема да ја намалите невработеноста во Македонија.
    Срамота е држава со милијарди жители да биде поуспешна отколку државичка со народ колку една средна провинција од таа големата држава.
     
    На gwen, SunFlower94, nesa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.272
    Пол:
    Женски
    Логичен след на настаните. Дали го поддржувам или не, нема да кажам, само ќе кажам дека можеше да се избегне ова. Уште пред да се воведе т.н. ЕКТС или како и да се вика. И тоа со почитување на предвидениот број на студенти при упис на одредени факултети и поригорозни приемни испити, особено за факултети чии студенти се оспособуваат за професии со голема одговорност.
    А одмогна и отворањето факултети и во најзафрлените места. Не е секој за факултет. Ама тоа е, кај нас сите сакаат да бидат директори, никој нејќе да копа на нива или да работи занает.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Мене оваа работа со потполно укинување на одредени смерови или па нивно ставање во мирување воопшто не ми се допаѓа!
    Точно е дека „и ќоро и сакато“ се запиша на факултет, но што правиме со оние кои навистина го сакаат она што го студираат и згора на се‘ се квалитетни студенти? Што правиме со оние кои ете навистина сакаат да студираат (пример) македонски јазик и не се запишуваат на смерот само колку да се запишат некаде?
    Владата е крива што секоја година се запишуваат огромен број студенти. Квотите се огромни, а критериуми ми се чини не ни има. Срамота! И што сега, скроз ќе укинуваат? Значи некој матурант оваа година чиј успех е одличен нема да може да се запише на смерот кој го сака за сметка на оној матурант од минатата година чиј успех бил просечен.
    Ако сметаат дека има премногу стручни од тие области, тогаш нека ги намалат квотите, па само најдобрите ќе успеат да си се запишат како што и доликува, а не скроз да ги укинуваат. И добар беше предлогот на Трендафилка да се воведат приемни, а богами и еден психо-тест.
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Кога јас се запишував, пред многу години :lol: , во државната квота на факултетот примаа 20, влегов во предвидената квота со 98,85 поени (уште помнам доста добро) од можни 100 (влезот беше на втора децимала) полагавме - општообразовен (таа година го воведоа тоа срање кое ги содржеше сите можни предмети кои си ги учел) + стручниот предмет. Со партиципација требаше да влезат ми се чини 50 - не ме држете за збор, ама беше не некоја баш голема цифра. Доаѓа октомври, гледам преполн Амфитеатар и без да броиш онака лаички проценуваш дека има најмалку 200 лица, е како? Па, ги примале со партиципација сите кои биле волни да ја платат истата, на квотите им упатиле едно скру ју со дигнат среден прст, баш така. И знам дека овој принцип на натфрлања на квотите беше наголемо заобиколуван од страна на самите факултети и преќутно одобруван со години.

    Една девојка со која учевме средно заедно ми велеше на Технолошки нема ич студенти, асистентите ни помагаа да го положиме приемниот, да не‘ не изгубат и нас малку пријавени, јас си мислев и тогаш која црна технологија кога во мојот град фабриките зјаат празни, дури плевел почна да расте по ѕидовите на зградите и др.објекти.

    Така да, пропустите се долгорочно одобрувано прегазувани од одговорните во високото образование и сега наеднаш се решија на идните генерации да им го ускратат правото на избор, која демократија нАли?! Макар што и не дека некој голем избор имаш во земјичкава ко академски граѓанин и си се усреќил неверојатно, ама барем дел од матурантите донекаде го имаат оној ентузијазам во себе дека вложувањето во сопственото образование ќе ти се исплати... Им го рушат сонот уште не започнат од старт им прават кат, онака суптилно со ласерски рез, срамота!

    Инаку и покрај сите психо-тестови и чуда и врагови кои би се вовеле при прием, факт е дека кај нас многу Леони и Леонтини пак ќе се закитат со дипломи, а од друга страна доаѓа се повеќе време кога децата од онаа поранешна средна класа која уште со романтичарски занес ја нарекуваме така, иако одамна сме всушност сиромашни ко црковни глувци, ќе немаат ни шанса да завршат високо образование поради недостиг на средства. Ех, да Титаник -а ка РМ тоне во неповрат во секој поглед, само што неговите глувци - граѓани, макар и тие интелектуално остварените со диполми за поткрепа на истото, се понеснаодливи од оние бродските кои барем бегаат пред потонувањето...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Лили , а зошто одиш на математичко кога неможеш да поднесеш ни 3 часа. Замисли 9 часа математика. Ако не ти оди не се запишувај ,ќе ти биде тешко. Јас сум математичко и некои што се запишаа , а не сакаа навистина сега буквално им доаѓа да заспијат на час. Им било исто како кинески да учеле :^) Одбери си тоа што сакаш, одлучи без притисоци.

    А инаку за темава...
    Се согласувам делумно.
    Може да се укине ОНО. Нема да се отворат нови работни места. Џабе ќе се учи ако после не најдеш работа. Ама кога слушнав за македонски се запрепастив некако. Се бориме да зачуваме идентитет, јазик, националност, а тие укинуваат јазик. Ако немаш сопствен јазик, умираат и идентитетот и националноста. Можеби има вишок на студенти на овој смер, но нека смислат нешто друго.А не укинување... И можеби навистина нема толку работни места за ова... НО сепак, за укинувањето на овој смер едно големо НЕ!
     
  9. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Точно е дека многу од студентите одат на економски, правен и македонски јазик но не треба скрос да се укинуваат смеровите. Нека се намали само бројот на примени, а тоа нека бидат навистина добри ученици кои навистина имаат желба да го учат тоа. Со матурава и намалената партиципација секој може да си дозволи да оди на факултет, а не е секој за таму. Има премногу економисти и правници, а зошто истите да останат без работа. Никогаш нема да се воведе ред во оваа држава :)
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Факт е дека критериумот е премногу низок. Несмее да се помисли некој што едвај ја буткал годината да се запишува на факултет. Значи не треба да се затвараат смерови, туку да се покачи критериумот, затоа што со извинение ама гомна и лајна е ова од факултетиве! Не е секој кадарен, а факт е дека секој родител сака неговото дете да се запише и да стане некој и нешто, макар душата на ѓаволот си ја продал, па ако треба и кредити ќе зема само за да учи и неговото дете.
    Стварно незнам што мислеа кога отвараа факултети насекаде, каде ли мислат да ги вработат тие луѓе? И јас не ја поддржувам идејата да се затвараат смеровите, токму затоа што требаше навреме да се мисли за ова, а не кога ќе дојде јајцето на газот!
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Оо, сироти ние, заслужуваме да ни ги укинат сите факултет и да ни дадат малку да покопаме, оти од желба да бидеме НЕКОЈ и НЕШТО, се заборавивме кои сме. :x

    Прво и прво, не знам како сите планираат да работат како економисти и како правници, кога ни право ни економија има во државава. Треба некој да работи, да има обрт на пари, ама сите ги мрзи да работат, сите сакаат фотелји и да командаат. Графички дизајн, не знам инженерство какво, не знам ова, она... Сега треба таков кадар да, ама за 10 години ќе видам сите графички дизајнери од каде ќе го вадат лебот. Сите забораваат на најпростите работи, како земјоделство, индустрија...

    Не се чудете зошто примаат толку студенти, тоа е само да си земе парички факултетот, мислите дека сите 1 000 луѓе на Правен или 800 на ФИНКИ ќе дипломираат ?! Аха, мало морген. Си плаќаат партиципација од 200/400 евра, факултетот ,,живнува,, малку, повеќе од половина се откажуваат и се чистат студентите во втора година. Наредната година пак е истата песна, бруцошите се силат и не се свесни колку има за учење, па ќе ги фркне глава, се откажуваат и така тоа си тера во круг.

    Друга работа е што денес е буквално невозможно да се најде работа, макар и со една никаква диплома. Битно имај си ја ти, дали си ја заслужил, дали имаш благе везе од животот, тоа е најмалку важно. БИТНО си академски граѓанин. ХАХ! :D

    Сум за тоа да се стават некои смерови во мирување, ама уште повеќе сум да се поттикнуваат најосновните работи, да се устручуваат луѓето како да си го извадат лебот и без факултет. Кој црн факултет е оној во Велес, ако тие се студенти и знаат што е учење, јас сум експерт по гимнастика. :D

    И требаат и приемни. Ем матура, ем приемни. Помини ги сите тие препреки, па ела на факултет, да видиш што е учење. Не ова кај нас, ми вика, кампањски учам, се ми е на заокружување, ќе ме биде. Ој свети Ѓорѓијо, ќе те биде де.... Ама и државава гледам ја бива од такви луѓе. :emo:

    Уште ова, заборавив. Кај нас со факултет те бараат за некоја најосновна работа. Братучед ми, кој живее во Скандинавските земји, откако заврши средно, размислуваше дали да оди на факс или не. Вика дека разликата во парите не е којзнае колкава, а би одел лично заради свое задоволство и лична сатисфакција. Не отиде. Сега си работи како агент за осигурување, буквално речено, продава пакети за осигурување. Кај нас, за оваа работа ти треба минимум Економски факултет. Кога му кажав, ми се изнасмеа и ми вика, А зошто ти е Економски кога само треба да знаеш да ги убедиш луѓето да го купат тоа, не можеш да го научиш тоа.

    И е ненормално во право. Мислам, се тоа е толку логично, дури да се чудиш колку сме искомплицирале ние. Затоа што и јас не знам дали би одела на факултет ако можам да најдам работа и без него. :)
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Се согласувам со Дузи за факултетот во Велес. Не сум јас студент таму, но имам другарка која е, и имам видено од какви книги учи. Буквално го учат истото она што го учевме во средно (Хемиско технолошки техничар), и тоа од скрипти, човече од скрипти еј :fubar:
     
  13. apostolka

    apostolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Мене не ми е јасно само зошто дури сега ке се укинуваат?! Каде и бесе паметот кога запишуваа 1000 студенти на еден факултет, кога отвараа нови факултети насекаде низ земјата?! Него ни прибраа парите и видоа дека неможат да не вработат сите и ај сега ке се укинуваат. Точно е дека премногу има дипломирани но сите знаеме каква ни е ситуацијата во оваа земја, дека со средно завршено кај нас можеш да бидеш само чистач! Е ај да не се запишуваме на факултет ама државата пак ќе нема работни места како чистачи за сите, и чаре?! Нормално нема, ке си тапкаме во место и како ке свират така и ке играме! Фала богу шо сум вработена во приватна фирма каде што стварно ти го ценат вложениот труд во образованието, и на крај не значи дека ако си завршил Јавна администрација треба исклучиво да работиш како државен службеники и дека мораш да спаѓаш под буџетот. Нека се прогугла малце па потоа нека се коментира!
     
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.309
    Ти не си ме сфатила како што треба. Не зборам на празно. Криминалистика има предмет на смерот казнено право, модул казнено процесно право, додека за јавна адмиснистрација не мислев дека е во смерот казнено право туку дека си има посебен смер на мастер студии, што искрено нема потреба.
    А ти пред да коментираш, подобро прочити што сум напишала.
    Јас сум многу добро информирана, јас го студирам тоа, па не тресам од ракав ;) .

    За дипломиран криминалист тешко се наоѓа работа, па затоа подобра опција е правен факултет, а мастер казнено право. Имаш повеќе опции за работа.
    Исто и јавна администрација. Студирај на правен, додуша не ти ни треба факултет за да работеш во јавната администрација.
    Зборот ми беше дека има непотребни смерови за кои е дури и невозможно да најдеш работа, па уште и огромна е и конкуренцијата. Многу ги има со пратиски книшки, а за овие два смера не само книшки ами и дебели врски ти требаат.

    Џабе го залажуваат народот и го тераат да се запише на факултет.
    Уствари тоа им е политиката, што повеќе студенти кои не се сметаат за невработени, па оттаму и неработеноста е мала. И ќораво и сакато на факултет.
    Епа не оди тоа така.
    Се мислам како што тргнале ќе треба и цели факултети да укинуваат, бидејќи за некоја година ќе има суфицит на се.
    Денес секој втор на информатика се запишува, бидејќи е преспективен нели, ако нема поима колку е 2+2, а физика му е непознат поим |( .
     
  15. apostolka

    apostolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Се убаво ама поврзаноста со јавна администрација со правен факултет верувај дека е мала. Како прво јавна со државна администрација се разликуваат а не пак со правен. А да го студираше тоа ке ти беше многу јасно за шо зборувам. Работите треба да се гледат од повеке страни а не само од својата!
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.309
    Види сега, ти ќе ми кажуваш што студирам |( .
    И за јавна и за државна се учи. Што мислиш ти, јавна администрација за мене е непознат поим.
    Учев драга, и во испит го имав.
    Цел факултет за јавна администрација? Сериозна си? Не е поврзан со правен факултет?
    Имаш предмет административно, имаш насока административно, а таму се учи за јавна и државна администрација, кои се се сосема доволни ако некој толку сака еден ден да работи во јавна администрација. И сето тоа го има на Правен. И нема потреба од посебен факултет.
    Боже мој, што толку треба да научиш за да бидеш еден обичен службеник |( .
    Сигурно нема операција да правеш.
    За ова кажав не ти треба факултет, ами книшка. И ништо друго.

    На крај краева ова е мое мислење. Не знам што се закачи за јавната администрација, може го студираш тоа, па се пронајде.
     
    На rossonerka, BoaVista и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. apostolka

    apostolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Оти го студирав затоа знам за шо зборувам. Да, го има административно право на правен тоа го знам го имаше и тука. Секако дека е поврзан факултетот со правен но не до таа мера, верувај! да завршиш факултет јавна администрација не значи дека треба да бидеш само обичен државен службеник.Секако за да бидеш под капата на буџетот ти треба партиска книшка но и дебели врски, тоа одамна го знаеме, затоа велам дека тапкаме во место. Од мое искуство ти зборам дека со ваков завршен факултет на мој 23 години сум вработена без врски без книшка, на приватно ;)
    И на крај ке те цитирам Боже мој, што толку треба да научиш за да бидеш еден обичен службеник .
    Сигурно нема операција да правеш - епа треба итоа како треба! Зошто тогаш се има поплаки дека администрацијата кај нас е далеку од ефикасна и ефективна?!
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    А чекај едно обратно прашање.
    Вие сакате да се зголемат да речеме квотите на јавна администрација и да се лажат повторно луѓето дека со таа диплома нив всушност по струка им следи вработување во администрацијата?
    Тоа го сакате и понатаму да ве лажат?
    Алооо ова ти е Македонија, јас искрено се чудам на тие што се запишуваат јавна администрација и чекаат да бидат вработени без книшка.
    Јас да го учев тој факултет ќе бев уште одма спремна за книшка. Имам факултет и имам книшка, тоа го бара власта.
    Ах само колку малку луѓе успеваат со диплома да се вработат и да успеат, колку само пропратни молби, врски, книшки, лојалности, пари треба за тоа.

    Јас сум само реална, не одам против, сите ние сакаме да сме вработени по струка, ама нема.
    Мене искрено ме нервира што само ги форсираат техничкиве факултети, кога за некоја година и за тоа ќе нема работа. Јас гледам сеа дека почнуваат електрашиве да седат дома и да бараат работа. Порано оп вработување топ плата. Сеа и кај нив е намалено, сеа и тие почнуваат со пониска плата, а кај и да е и тие ќе почнат да бараат и молат за вработување.

    Јас очекувам нов проект на власта и апелирање за занаетчистките струки, зашто луѓево се фрлија на факултети, па почнаа дипломирани лица да бидат продавачи, таксисти, келнери, шанкери, да наплатуваат за паркинг, да бидат обезбедување, комерцијалисти итн. и дефинитивно најлош проект на владата беше за форсирање за запишување на факултети и отварање на секој можен смер.
    Ајде сеа ќе имаме највисока стапка на невработеност со лица си дипломи. Јеах успех! |(
     
    На relax08 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Па ако ја земеме во обзир кампањата Осмели се направи го првиот чекор, ќе видиме дека уствари кон тоа целат. Денек го поттикнуваат претприемачкиот дух, да се отвараат повеќе бизниси. Е сега каков бизнис, тоа е друго, секој индивидуално. Некој може сака да си отвори слаткарница, и тоа е бизнис.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Треба од секаде да се скратат квотите, да стават тежок приемен и конечно да се среди упишувањето на факултет, па и завршувањето.
    Ова Болоњскиов систем само извади редици сакати правници, економисти, инжињери, па и доктори.
     
    На Annath, interesna, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.