Ќе се укинуваат смерови на факултетите

Discussion in 'Образование' started by kristii, Dec 2, 2011.

  1. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Joined:
    Apr 12, 2011
    Messages:
    273
    Likes Received:
    64
    Според моите информации одредени смерови ќе бидат ставени во мирување (некои смерови за кои имало големо интересирање во изминатите години) како воспитувач, учител, професор по македонска книжевност, социјален работник итн., а кај некои факултети ќе бидат намалени квотите на запишаните студенти како правник, историчар економист, професор по филозофија, хемичар итн... Па сега ќе видиме што како ќе се случи и дали воопчто нешто ќе се смени...
     
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Joined:
    Jun 7, 2010
    Messages:
    1,919
    Likes Received:
    674
    Јас сум за намалување на квоти, а не целосно укинување или мирување на смерови, на пример 300 студенти максимум да се примаат, а не порано Правен факултет примаше по 1000 студенти, а стар багаж кој треба да го чистат уште по толку, што е многу многу е, каде ќе се вработуваат толку многу правници.

    Епа кога нема бизнис клима нема ни вработувања, па скрати каде можеш.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Joined:
    Dec 7, 2011
    Messages:
    3,712
    Likes Received:
    9,449
    Gender:
    Female
    Јас сум согласна дека треба да се укинат некои смерови,ама само во штипските факултети.А тие кампањите на владата за отворање сопствен бизнис ми идат на живци веќе :@
     
  4. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    599
    Глупости... :fubar: До вчера потпишуваа секакви "Македониуми" и писма со кој се изразуваше револт во кој на прво место се ставаша заштитата на македонскиот јазик и идентитет, за сега да се дискутира дали катедрата за македонски јазик и книжевност ќе биде во мирување. Катедрата од која е започнато се останато на универзитетот св. Кирил и Методиј?!? Ма нека има тука колку сака "вишок" ова не смее да се случи. Во време кога се водат жестоки дебати околу нашиот идентитет ние ќе го ставиме во мирување она што е од суштинска важност за нас, токму она што не прави својствени. Може со ова сакаат да покажат дека прават нешто во врска со невработеноста, ама исто покажуваат и тотално неразбирање на некои работи кои се од стратешко национални значења и интереси. Што ќе се случи со тие кои и покрај се, сакаат и се заинтересирани за ова? Ако ги стават македонистичките студии во Македонија во мирување, каде ќе се изучува македонистиката на друго место???
    А, ми текна, не е ли ова шанса (и тоа на послужавник) со која бугарите ќе си ги реализираат старите многу добро познати бугарски аспирации со отварање студи по македонски (нормално во рамките на бугаристиката) со која ќе си ја потврдат тезата дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот? Искрено се надевам дека ова е само уште една апсурдна идеа (како повеќето) од која наскоро ќе се откажат и ќе биде заборавена за доброто на сите. Затоа што крајно време е да се сфати дека денешново време навистина бара од науките да носат пари но има и такви кои се бесценети и треба да се направи се само за да опстојат. :!:
     
    Massimo, Annath, Springy and 2 others like this.
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Joined:
    Feb 13, 2011
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    2,465
    Кога слушнав не верував ...

    Добро дали е ова вистина ? Уствари ти наложуваат што да студираш ! Разбирам дека има одповеќе дека нема вработување ама тоа е мој проблем . И јас кога се запипшував знаев кој факултет да го одберам и од прв ден по диплома да тргнам на работа . Ама не ме бива за тој факултет и КРАЈ !!! За мене да бидам искрена добродошло помалку конкуренција , ама се ставам во улога на идниве генерации и само ќе кажам Жал ми е :( . Јас се определив за мојот факултет и не можам да замислам нешто друго да студирам значи нема шанса . Да ми каже некој пиши се на Електро или природно математички ќе почнеш веднаш со работа ќе имаш плата од 900 евра ќе одбијам . Зошто прво не ја сакам професијата , второ никогаш ми се чини нема да успеам да го завршам . Добро има нешто полошо од тоа да го учиш тоа што не го сакаш ? !
    Факултет т.е насоката си ја сакам многу , сама си ја одбрав и кога ќе дојдам до потешкотии си викам ако сама одбрав сакам и ќе успеам . А камоли :x . Да ти каже некој нема тој факултет па добро бе тоа се работи што се случуваат еднаш во животот , таа професија и титула ти се доживотни . Не не сфаќам ...
    Директ ти се мешаат во право на избор .

    Не верувам забранава да има долг рок на траење ама во секој случај неколку генерации ќе бидат гадно зезнати . Ни криви ни должни .
     
    Massimo likes this.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,353
    Кажаа пред некој ден дека сега за сега ќе нема никакви укинувања на смеровите.
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,423
    Gender:
    Female
    Нема да има укинување на смерови, само намалување на ковити.
    Епа редно време беше. По 1000ници студенти на правен и економски е non sense, кој што сака нека рече, ама нема шанси 1000 бруцоши ама имаат екстремна голема љубов кон економијата и правото. |(
    Да бидеме реални ама барем една четвртина се запишуваат на право/економија од немај каде, па од дома ти викаат ајде сине, ич да не му ја мислиш ќе ти најдеме работа полесно!
    Подобро ќе биде за сите оние кои со љубов студираат тоа што го сакаат, ем помалку луѓе на факултет и со тоа дава простор за подобра комуникација професор-студент, ем нема да остануваат стотици економисти/правници без работа или кои работат сосема различно од своето професионално поле!
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Joined:
    Dec 27, 2009
    Messages:
    4,327
    Likes Received:
    5,342
    Проблемот си го создадоа индиректно бидејќи не размислија кој ќе биде кам бек.
    Направија вештачка конкуренција на државниот универзитет со отварање на илјадници др. факултети, колеџи и што ти уште не. Почнаа да ги штампаат дипломите како етикети на кисела вода и се судрија со проблем во суровиот капитализам.
    Дадоа можност да слепо и ќораво заврши факс ама заборавија на најбитниот фактор -квалитетот.
    Со намалување на квотата или ставање на мирување на некои смерови по државни универзитети пак не прават ништо и не го решаваат проблемот. Проблемот е веќе направен -каша попара со луди вработувања на веќе дипломираните и што со проф. кои предаваат на тие смерови.
    Ние не сме 10 милиони нација да во секој град има факултет или колеџ.
    Мислат дека со овој чекор ќе ја решат невработеноста ама не е така. Со јаден Бруто домашен производ и инвестиции ништо не прават....
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,653
    На високово образование му ебаа мамата, го напрвија каша попара.
    Почнаа добро, почнаа да го прават подостапно за сечиј џеб, ама па ептен забегаа.
    Се прашувам има ли уопште град во државава каде нема дисперзирани студии?
    За да ги потикнат студентиве да студираат доволно беше што ги намалија партиципациите, и да отвореа да речеме дисперзирни студии во градови кои се навистина одалечени од матичниот град на Универзитетот, и да ги опремија со асален кадар, а не овие таму се клати врата-земај плата.

    И она полагањено по ЕКСТ, срање во боја. Што ќе ми мене да знам до детали и години и месеци случувања, ако незнам една реченица да формулирам, ако незнам да одбранам свое мислење пред авторитет, џабе ми е и 10,0 просек ако сум тупава и смотана. Или правник, правник бре луѓе, треба да е речит, и итар, а сега дипломира и слепо и сакато.
    Според принципот на кој се полага, јас не го ценам ништо повеќе образованието на државен отколку на приватен. И кога би имала финасии би се запишала на приватен, барем никој нема да се заебава со мене. Јас како иден политиколог џабе што го знам Вебер во сон, кога утре кога би се нашла во дадена ситуација нозе ќе ми се пресечат, џабе што сум полагала и учела ако во црпкава немам логика.

    Јас сум да се врати стариот систем на полагање, и усно и писмено, и да има приемни. И да се скратат квотите, зошто државава ни се наполни со правници и економисти, кои мораат дома да седат.
    Наместо да вложуваат толку во образзование, нека вложат во отварање на нови фабрики, ем ќе ни оди во корист во однос на БДП, ем нема толку млади да седат дома.

    Настрана партиско и вработување со врски, по конкурс денес ретко кој се вработува, од 100% студенти едвај 5% дали ќе се вработат регуларно, 30-40% со врски, а дел ќе работи што било (по драгстори и бутици) додека друг дел ќе паѓа во депресии. Услови за прогрес во опшеството еднакви на 0,05.

    И џабе на 2.000.000 народ да имаме 1.000.000 со високо образование, кога за тој дипломиран кадар нема услови за простеритет.
    И го оправдувам намалувањето на квотите, не е секое копито за на асфалт, така ниту секој човек за на факултет. Селекција, и ајт со здравје.
    А не сега со двојки и тројки од средно се запишал на факултет, и утре тој ќе биде некој курац-палац, или се запишал од што сакал, па ако сакал на факултет што не учел во средно, а во средно мува не го лази, а некој се притресува и овој двојкашов ќе му го земе местото на некој што стварно учел и е талентиран и паметен.
     
    JuLleE, Rubiii, Trendafilka and 3 others like this.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,250
    Likes Received:
    4,307
    Редно време беше, а и не ми е јасно што ќе се прави кога 90% ќе станат дипломирани и пост-дипломирани или докторирани? Кој ќе ги храни, кој ќе им чисти? Секоја професија е важна и треба праведно да биде наградена. Земјоделецот на нива или хигиеничарката доколку правилно си ја врши работата може да вреди далеку повеќе од еден доктор по философија или математика.
    Двојкашот од средно не значи дека не е талентиран ниту дека е глуп. Средно и факултет, тоа се 2 сосема различни света! Во средно учиш тоа што мораш, на факултет тоа што ќе одбереш!
     
  11. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Joined:
    Aug 13, 2011
    Messages:
    206
    Likes Received:
    123
    И јас мислам дека не е во ред тоа што без критериуми и без проблем се влегува на факултет , не се ни обрнува внимание на оценките од средно и од основно . Но , од друга страна колкав е процентот на оние кои од средно излегуваат со оценка поприлично повисока од онаа што ја заслужиле , хм ... Зашто има и такви .
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    2,712
    Likes Received:
    5,491
    Gender:
    Female
    Укинувањето претставува ограничување во изборот и според мене тоа е незамисливо.
    Автоматски со ова се губи и уставното право на секој граѓанин за слободен избор, бидејќи некогаш постоечките смерови ќе ги укинат, па аналогно на ова се губи и правото на слободен избор, кој се стеснува и накрај се сведува на она понудено-останато.
    Смешно ми е отворање на смер за кинески јазик и култура, а ограничување на оние најбарани смерови, било преку укинување или наамалување на бројот на примени.

    Наместо да намалуваат , укинуваат или стават во мирување одредени смерови, нека се фокусираат на причината поради која според нив довело до истово, односно голем број дипломиран кадар од одредените насоки, а дефицитарност при работните места. Нивна обврска не е укинување, мирување или намалување, туку пружање можности за успех и просперитет пред се за младите, а потоа и успех преку нив за цела држава, па затоа треба да се фокусираат на отворање фабрики, фирми, зголемување на вработениот кадар во постоечките фирми и компании, и при тоа создавање место за вработување на што поголем број димпломци.

    Сами се виновни што младите даваат пари во странство за образование и се борат за стипендии, па тоа од само школување се префрла во тамошно вработување, формирање семејство, повлекување на старите таму и автоматски помал број жители во нашава земја.
    Сами се виновни што такви ни се условите за работа тука, а пред се, за образование.
    Тоа е нашата состојба и ситуација.
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,250
    Likes Received:
    4,307
    Колку и да ни делува чудно во моментов, тој смер е многу важен за иднината. Кина е една од светските воени и економски сили. Од тие причини клучно е да има таков смер, а не би било на одмет да се отвори и смер за хинди а лузитанистика(наука за португалски јазик и култура) да се прошири и доопреми. Факт е дека БРИКС земјите напредуват и лесно ќе го превземат светот ако не за 10 тогаш за 20 години. (ако до тогаш не пропадне светот :D )

    Се согласувам за другото што велиш дека во суштина и не треба да се укинуваат смерови други, дека секој треба да има право на избор(на некој начин има и понатака, ама зависи колку длабок џеб имаат, во странство секогаш може да се студира ако имаш пари, нели) ама ако е државата презаситена од некој смер а нема доволно пари да го одржува тогаш...(добро прашање би било а зошто нема пари?).
     
  14. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Joined:
    Jun 15, 2011
    Messages:
    419
    Likes Received:
    122
    редно време беше да се укинат некои смерови.Знам дека педагошкиот факултет целосно ќе го затвараат на одредено време,и тоа е добро .да се прочисти малце народов.
     
  15. Minnie.Mouse

    Minnie.Mouse Истакнат член

    Joined:
    Aug 11, 2011
    Messages:
    32
    Likes Received:
    22
    Како што слушам оваа година имало многу факултети кои
    се во мирување. Таман ќе се одлучам за некој факултет
    ми велат дека е во мирување... Ако некој знае кои факултети се оваа година
    во мирување нека ми каже оти почнува нервоза веќе да ме фака :D
     
  16. doll.a

    doll.a Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2012
    Messages:
    1,558
    Likes Received:
    4,328
    Gender:
    Female
    Дечки ај ве молам хелп малце дали ќе се укинува безбедност и финасова контрола на Полициска академија и ако се укниува дали ќе се воведе нов смер :/
     
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,286
    Gender:
    Female
    Хаос е со образованието дипломи летаат на сите страни ,во град со 20000 жители 3 факултети :lol: квотите треба да се намалат драстично , приемните испити да се вратат , критериумите за положување да бидат многоогу повисоки , може ке се навреди некој ама само УКИМ го признавам за факултет ;) но и он губи вредност веќе , нема потреба да се укинуваат смерови , ако уписот бара строги критериуми исто и студирањето тие што не се за факултет нема ни да помислат на такво нешто ... Порано си било така на факултет се одело ако стварно можеш да учиш уписот бил тежок а и завршувањето исто така , затоа и се вработувале по завршување сега хиперпродукција и шуто и сакато мора да заврши факултет а немало работа е ке нема :^)