1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе станеш татко!

Дискусија во 'Бременост' започната од RainBow, 20 февруари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Како му ја соопштивте веста на саканиот? Или можеби беше до вас кога дознавте? Каква беше неговата реакција?

    Јас, кога здравје Боже ќе дојде овој момент, сакам да го изненадам, ако не биде до мене. Ќе му испечатам една маичка со горенаведениот наслов или нешто слично. Знам колку го чека овој момент и сакам да му биде посебен.(иако и веста сама по себе е доволна. :lol: )

    Па споделете некој од овие незаборавни моменти. :)
     
    На Ana Lina, sabatini, heart.stealer и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Jas go snimiv na mobilen :) I posle toa gi snimivme I nasite koga im soopstivme, mnogu super snimki :)
     
    На Lolo5, SV1911, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.028
    Пол:
    Женски

    Супер идеја ми даде , за наредниот пат :D :!: :lol:


    Инаку , мене ми доцнеше и бев загрижена , планиравме бебе но ни на крај памет дека од прв пат ке се фати :lol:
    И јас во паника ми доцнеше едно 20-тина дена викам брзо оди по тест незнам веке што да мислам зашто не ми доаѓа (а иначе си имав и проблем , хормонално пореметување)
    И ајде мм ми чита како да го направам (бидејки тогаш незнаев многу добро грчки) па отидов во вц и го направив , и во очекување и двајцата , го остави тестот на маса и за неколку секунди се појавиа две дебели црвени линии и почна мм да скока да ме фрла во воздух и јас шок незнаев што да мислам и правам од радост :D потоа отидовме и кажавме на неговите и на моите :)
     
    На SummerGirl, Arthur, SV1911 и 30 други им се допаѓа ова.
  4. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Кај нас беше вака... Мм работи надвор од државава каде што бевме заедно.. Од таму отидовме на одмор и требаше да дојдеме во Мкд на 10-тина дена, да се видиме со нашите и пак се вракавме на работа.. И во тие денови додека бевме тука, јас требаше да добијам, но некако не обрнав внимание бидејки бевме постојано со луге, наваму-натаму излезени по цел ден а и некако си очекував дека ке ми касни бидејки сменив три клими, па не обрнував внимание.. Ден пред да си идеме, добив.. Се истуширав и си ставив влошка, и сабајлето пред да тргнеме гледам дека нема ништо на неа.. Чиста!! И кажав на сестра ми дека е малку чудно, и она ми рече дека тоа е можен знак за бременост.. И се насмеав бидејки не верував, и си продолжив со спремање.. тргнавме.. Штом слетавме од авон ми се сврте и ми се слоши, но траеше многу кратко, па си викам сигурно од притисокот.. По пат мм ме праша дали сум добила и му кажав не.. Ми рече - Трудна си!! А јас се смеам и викам не бе, само склоп на околности :D :D значи упорно не и не.. Вечерта стигнавме дома, а ус пат купивме и тест кој одлучив да го правам сабајлето.. Станав околу 04 часот наутро за во вц, и го направив тестот.. И така поспана гледам и чекам, и во прво момент помислив дека од што сум поспана ми се причинуваат две цртки од кои едната беше малку побледа.. Инстиктивно го пуштив тестот на машината за перење и прво што направив се погледнав во огледало и онака си помислив - трудна сум!! :o Се вратив во кревет, незнаејки дека мм ме осетил и чекал да се вратам, и само го слушнав - една или две цртки? Му викам, незнам иди види, мене може ми се причинува :D и кога рипна човеков, летна во вц и се врати по минута со две чаши и виски во рака и ми вика честиткии мамичкеее за нас, и се дере, и вика ајде да наздравиме хаха а јас бледо го гледам, и онака низ заби му викам..па нели несмеам алкохол мислам :D .. и така ептен беше срекен, мислам дека ке полеташе, не продолживме да спиеме туку си останавме во прегратки уште долго..
     
    На SexyGirl2, macovska, Arthur и 43 други им се допаѓа ова.
  5. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    390
    :inlove: значи темава е закон!
    Си планиравме ама не дека толку брзо ќе се фати :) си купив тест дека ми доцнеше и кога дојдов дома му кажав на маженцето дека сабајле ке проверам. Внимавав да не го разбудам кога станував, ама тој пустиот едвај чекал и на штрек да не му избегам :rofl: Го направив тестот и имаше две убави цртки. Сосе тестот (и раце заборавив да измијам, знам бљак) отидов во спална и го гледам станал ме чека. Ме праша Дa или Не, јас му го покажав тестот му велам Види си сам :lol: Не се разбирал тој што треба да гледа, го гушнав и му реков дека ќе биде татко. Најрадосен во свет беше и уште одма посака женско да биде :rofl: и ете му се оствари желбата. :inlove:
    Сега е највнимателниот сопруг што некогаш постоел. Верувам дека ќе биде најдобар татко :inlove:
     
    На Arthur, Kiki. H, makgirl и 29 други им се допаѓа ова.
  6. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Aјде и јас да си кажам. почнавме да живееме заедно и по еден месец почнавме да планираме и дете.
    Jас се опседнав максимално со тоа, и нормално кога нешто форсираш никогаш не ти испага според планираното.првиот месец добив,ама не дека многу се изнервирав затоа што си верував дека дедо боже ќе ни помогне набрзо да се израдуваме.Tака и беше... :inlove:
    наредниот месец кај јатрва ми на мекици а мене лошо едвај седам,видов- не видов (му викам на дечко ми,тогаш не бевме земени) дека јас ќе одам накај дома он нека седи сепак внук му се роди.
    дома кога стигнав цревата си ги извадив :puke: мислам дека потешко во живот не ми било,а имав закачено некој вирус и викам гарант од тоа ми е.
    цела ноќ си се гушкавме со wc - шолјата!
    Cабајлето отиде до аптека да ми земе тест...
    Cе бутнавме и двајцата во тоалет он чита упатства јас правам :lol: и бидна се како треба и чекамеее :$
    Kога се појавија 2 цртки ќе се препрчев во кадата не можев да поверувам дека толку брзо се се случило! :rofl:
    Oн пресреќен ме гушка се весели а јас се збунив и почнав да си плачам ;( ...од среќа :)
    Oдма се јавивме кај неговите, кај мајка ми, и беше весељееее :party:
    Cега чекаме да се роди малото дунде и да станеме двајца горди родители на тоа мало суштество кое го створивме со многу љубов... :l:
     
    На Arthur, Antebellum, SV1911 и 27 други им се допаѓа ова.
  7. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    A jaс ве читам и плачам(од радост секако) ;( хормони тоа ти е.... :lol:
    Еве и јас ќе кажам вечеравме со мм и почна да ми се лоши...а требаше да добијам следната недела(симтомиве некако познати) му викам:срце мислам дека нема да добијам следната недела...
    И он таков :o стварно?Се испорадува,ме гушка...му викам чекај тест да правиме,на гинеколог да одиме...Па закажи утре ми вика :lol: (неможеше да дочека)
    Не отидовме утрето зошто беше рано,зачнато е првата недела после месечниот циклус така да бев некој 2ипол-3 недели(а он се плаши да ме гледаат со вагинално ехо :lol:) па почекавме...и го видовме "зрното грашак" на екранчето и такви со солзи двајцата излеговме од докторката
     
    На Arthur, bubic.k, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  8. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Со мм живеевме заедно ,но сеуште не бевме во брак . Демек модерни дечко и девојка :D И така решивме дека сакаме дете и се фрливме на работа . Првиот месец не бидна ништо, не бидна ни следниот иако ми доцнеше. После некои 5-6 месеци редовно правење тестови си реков дека нема веке да правам тестови , и баш тогаш биднало ;) Иако ми доцнеше не направив тест ,помина цел месец а мене сеуште ми немаше дојдено , мене мува не ме лази :D Ми стана чудно ,никогаш не ми каснело месец ипол ,па купив тест . Сама бев дома ,мм беше излезен , го направив тестот и не поминаа ни 10 сек одма две црти се појавија . Не ми се веруваше ! Чекав да се врати мм за да му кажам ,кога еве го заедно со девер ми идат ,едвај издржав да си отиде девер ми . Седнав и му викам имам да ти кажам нешто ,бремена сум ,а он ми вика ај не ме зафркавај :rofl: ,му го покажав тестот а он уште ме прашува дали сум сигурна дека со две црти е позитивен од што не му се веруваше . Едвај дочекавме понеделник да ни потврди лекар ,па дури порано излеговме од работа двајцата . Е после прегледот ,официјално во рок за 5 мин пола Скопје дозна дека сум бремена :D .ММ неможеше да издржи ,а да не се испофали :D
     
    На Arthur, Kiki. H, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Ние живеевме заедно, ама на почеток не мислевме веднаш да имаме дете.
    Имавме едни комшии кои не можеа да имаат дете, и кога ми се уврте во глава дека можеби и ние нема да можеме да имаме, почнав да се будам навечер и буквално да плачам за бебе.

    Пробавме еден месец, и бидејќи тогаш закажувавме свадба, правев тест да видам да не случајно сум, да знам дали да ја закажеме побрзо, или нема потреба од брзање :D Тестот беше негативен, а уште не ми беше време за добивање, требаше да добијам за некој ден. Отидовме, закажавме свадба, поминаа неколку дена, а јас никако да добијам. Не обрнав внимание на тоа, затоа што и онака не ми е баш како швајцарски саат и поминаа 10-тина дена кога почнав да се прашувам што е работата.

    Земав тест и решив после работа да го правам, да не чекам до утрото. Одам, и не ми се верува, две црти! Излегувам од ВЦ, и му кажувам на муж ми - трудна сум!!! А тој гледа фудбал, не се ни врти накај мене, и ми вика, е добро де, нели сакаше да бидеш :D Како оние на рекламата на владата бевме :D
    И му викам, ама бебе, трудна сум, бебе ќе имаме! Виде дека сум упрпана, стана, ме изгушка, и продолжи да си гледа фудбал, а јас останав во шок :D
    Следниот ден отидовме да ја преместиме свадбата за порано :D

    Вториот пат не се сеќавам како му кажав :tmi:
    И тогаш беше од прв пат, правев операција и докторот ми рече дека очекува дека ќе можам да останам трудна, ама не беше сигутен, и јас одма се фрлив на работа :D
     
    На Arthur, cresa-jagoda, Elennaa и 14 други им се допаѓа ова.
  10. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас сум 23 години со човекот кој го сакам повеќе од се. Имав 15 годишна врска со истиот бидејки сакав го заврши факултетот и да се вработи, јас имав прекрасна работа кога се земавме пред 8 години,сонував кога ке го кажам оваЌе станеш татко!...но ете никако да биде бев секаде на лекари сите велат Се е во редарно ама ...
    Толку сум тажнасе уште се надевам дека ке го кажам овој збормиличокЌе станеш татко ;( ;( ;(
     
    На Arthur, Antebellum и ripce ripce им се допаѓа ова.
  11. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Кај нас не беше планирано...и бевме на сите страни со учење, работа, пари итн. Така да кутриот мавна пола шише водка и одкако се свести се однесуваше како кој знае што да направил....смешно
     
    На Arthur и kikav им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Ах Виножитке и ја крадеш идејата на Мередит од Grey`s Anatomy :lol:

    Првиот пат кога му кажав на мм таква збрка направи што цел живот ќе го заебавам :D
    Бев дојдена во Мк со внук ми и поради милион нови закони не можев да излезам од државава :@
    Дојде мм (тогаш вереник) да се видиме после скоро 3 месеци, нели загорени :rofl: се фрливме на љубов ама цело време као внимававме, си отиде тој после 20 дена а јас останав заглавена тука.
    Помина скоро 2 месеци од кога се врати мм дома кога отидов на лекар затоа што ме болеше нешто стомакот, лекарката ми предложи да ме ѕирне на ехо и ми соопшти дека сум веќе околу 11 недели бремена а јас појма си немав :fubar:
    Му ѕвонам на мм на скајп и му кажувам:
    I can`t belive it, I`m pregnant
    Тој пак дека уште сонлив ме разбрал:
    I`m leaving you, I`m pregnant :doh:
    Додека се разбравме поминаа пола саат, инаку беше пресреќен ама и тажен зошто бевме толку далеку еден од друг.

    Вториот пат пак као внимаваме и потполно не планирана ми беше бременоста исто како и првата :lol: и иста како и првата без никакви симптоми ама три вечери по ред сонував ист сон и го пратив мм по тест чисто да се уверам дека сонот нема никаква врска со реалност.
    Донесе мм тест, мочнав и за 30 секунди имаше втора линија, се погледнавме со мм, се прснавме од смеење зошто очигледно не знаеме да ја применуваме методата на пазење :D се гушнавме и дефинитивно добивме одличен старт на годината зошто беше 1 јануари кога дознавме за новава принова.
     
    На Arthur, Kiki. H, SV1911 и 42 други им се допаѓа ова.
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    денот кога го правев тестот (веќе ми каснеше 3 дена) правевме муабет за земање за бебиња и сл и јас како да знаев му кажав ми касни можи и да се земиме :D :D :D :D
    прик вечер направив тест и имаше две црти, јас цела возбудена(целета се тресев) му се јавив на моб и му кажав ,,ај со среќа ќе бидиш татко,,
    и тој само ,,е ако де знаев,,
    не кажавме на никој дури 3 недели оти требаше да одиме на одмор и не сакав да се секираат.
     
    На koritsaki и SimonaTino им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    После скоро година дена манијачење по темиве, не ми се верува дека пишувам тука! :rofl:
    За роденденот на мажето, позитивниот тест го ставив во едно бебешко чорапче, и му го дадов. По збунета фаца не сте виделе, како марсовец. Ко почна да вика - МЕ ЗЕЗАШ??? НЕ МЕ ЗЕЗАШ НЕЛИ??? Му викам ова ти е сега само предвесник, а поклонот ќе го добиеш во декември! И уште по шокиран сиромашкиот ко нездрав пред зграда иначе, почна да скока и да вика БЕЕЕЕБЕЕЕ!? КОНЕЧНО БЕБЕ?! Беше ненормално смешно. Толку среќен не беше ни од војска кога си одеше! :lol: Радост наша најголема, којзнае колку ќе биде среќен ко ќе го добиеме беблакот! :rofl:
     
    На Arthur, Kiki. H, SV1911 и 47 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Јас дознав дека сум бремена во 3-ти месец. Маж ми (тогаш дечко) знаеше дека тој ден ќе правам тест за бременост. Откако видов две цртички на тестот, му се јавив на телефон. Му викам - на тестот има две цртички. Тој ми вика - а што значи тоа? Јас му викам - тоа значи дека ќе имаме бебе. Тој мислеше дека се зафркавам. Му повторив уште два пати за да ми поверува. Беше пресреќен. :inlove:
     
    На Arthur, karenin, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Со идниот татко заедно го правевме тестот. Немав некое драстично каснење на циклусот, ниту некои посебни симптоми на бременост, но нешто ми кажуваше дека сум бремена. И така дојде он од работа кај мене, после него ми дојде колешка од работа на мене, па другарка, а претходно со него се договоривме да оди тој да купи тест и да го правиме вечерта. И додека јас се кафосував на тераса со цурите, тој замина во аптека под изговор да не ни смета во муабетот :) . Откако заминаа гостите, ја го направив тестот и покажа две цртки. И демек многу ефтин го зел, може не бил точен, летајќи отиде во аптека и донесе Шур Чек. Таму аптекарката го познала дека купува втор тест во рок од еден саат и му рекла дека тој што го правевме може да покаже лажни резултати и он од врата ми го кажува тоа (си велам во себе , добро те утешила женичката :D ). Одма го направив и тој го покажа истото како и ''ефтиниот'' :D . И така си се гушнавме, ги погледавме тестовите уште малце и ни беше веќе ептен јасно дека на крајот на годинава ќе имаме бебуш по дома.
     
    На Arthur, cresa-jagoda, NoellePage и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас кога го направив тестот, раце ми се стресоа, се спремив набрзинка и право кај дечко ми.
    Ама кога тргнав,нозеве како да ми се пресекоа, фино лепо од што немав сила со автобус, си отидов со такси. Влегов кај дечко ми, и можеби пола саат си седев до него-он дремкаше. А јас не знаев како да му кажам, од возбуда од бунило ... од страв како ќе реагира.
    Иако беше премногу збунет-шокиран(како и јас), фала богу еве сега се е добро. :)
     
    На bubalce, Arthur, LittlePinky и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Pufce27

    Pufce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    88
    Aјјјјјј :) ... јас после еден месец од венчавката дознав дека сум бремена тоа беше волшебен момент. циклусот ми траеше само два дена ма да небеше и некој циклус само неколку капки во два дена тогаш вејќе почнав да осејќам дека има нешто ново, мало и слатко во мене. но кога го направив тестот бев 100% сигурна дека сум бремена. сопругот беше на работа кога ја потврдив бременоста и со нетрпение чекав да си дојде па да му ја кажам таа убава вест. и да кога конечно си дојде го затворив во спалната а таму го чекаа бебешките чорапчиња кои ги купив утрото уште пред да го направам тестот кога ги виде и остана некако целиот со ?????? и јас цела насмеана му викам ќе имаме бебе беше толку среќен што почна да плаче од среќа тоа беше еден од најубавите моменти не постојат зборови тоа мора да се доживее а, сега со нетрпение го очекуваме доаѓањето на нашата МАРИЈА остана уште многу малку време до 8 следниов месец би требало да станам мајка ова е нешто најубаво и дај боже секоја жена да го почувствува :*
     
    На mici22, Arthur, Kiki. H и 12 други им се допаѓа ова.
  19. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Мене откако ми дојде менструација како нормално да ми беше да ми касни секој месец по околу 10 дена, така и овој пат. Малку нели закасни па дојде време дечко ми да заминува во странство па ајде реков стрес ми е тоа затоа ми нема дојдено дома имавме реновирање и некако заборавив јас дека уствари менструација ми нема дојдено подолго време. Во неделата зедов и направив тест и ги видов двете цртички.
    И како што кажав дечко ми не е тука во странство е и одма пуштам Скајп му кажав, а морам да признаам дека тој сакаше бебе многу повеќе од мене.
    Пресреќен беше, почна да плачи, да ми кажува колку ме сака, дека му е криво што сега баш кога се деси ова ме оставил тука сама, но што е тука е. Морам да го чекам да си дојди па да ме земи дома :rofl:
     
    На Arthur, ilipili, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Јас имав претходно спонтан и неколку месеци беа испитувања и психихичко закрепнување. Отприлика пет месеци потоа матичниот ни рече нема потреба повеќе да чекате и ние нормално одма се фрливме на работа, бидејќи не верувавме дека одма ќе се фати. Ама се фати.... :lol: Пред да ми дојде терминот за добивање јас почнав да се чувствувам омалаксана, ми се гадеше и му реков на мажето дека треба да направиме тест, бидејќи најверојатно сум бремена. На негово инсистирање (бидејќи се плашеше од разочарување) чекавме да ми касни. На 4-от ден од каснењето направив тест, и втората црта беше едвај видлива. Мажето мое нестрпливо чекаше да се потврди она што го знаевме. Јас го изнагушкав и му реков ајде цуценце мое ќе станеме мајка и татко.
     
    На Arthur, CameliaMiller, karenin и 3 други им се допаѓа ова.