Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе станеш татко!

Дискусија во 'Бременост' започната од RainBow, 20 февруари 2013.

  1. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    3.424
    Пол:
    Женски
    Мојата бременост иако планирана, кога се појави на тестот втората линија, јас не можев да поверувам.
    Отидов на ехо наредниот ден и кога излегов од преглед, мажот ми ме чекаше во салонот од ординацијата.
    Го крена погледот кон мене и единствено што можев јас да му соопштам беше - „го слушнав срцето на нашето бебе“.
    Во истиот момент забележав солзи во неговите очи и му затрепери гласот кога ми рече - „дојди да ве гушнам“.
     
    На ku4ence, Arthur, bubic.k и 22 други им се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Немав добиено подолго време и само си викав, сигурно ми се јајнициве, повторно со старата песна.
    Купив тест, се двоумев и двоумев дали да правам, зашто по последниот пат, не сакав повторно да се разочарам. Еден направив и како за баксуз ми падна во WC школката. Некако како да видов бледа линија, ама ај си реков од што ми се спие, ми се причинува. Тој тест замина по вода, а мене место не ме фаќаше, да не’ е вистина тоа.
    Во меѓувреме славевме именден, а јас не знаев дали сум на земја или лебдам од што имав премногу работа дома, потполно изморена. Тогаш започна да имам мачнини и се, но си се тешев дека ми е од тоа што не бев одморена, па да не ми се причинува нешто.
    По една недела зедов втор тест од што место не ме држеше. Кога го направив утрото, мислам дека срцето ми застана. Си седнав на плочките во бањата и си се чудев едно 30 минути што ми се случува. Солзи ми течеа, срцево забрзано ми работеше... искрено не верував сеуште дури и на очиве.
    Станав, прашав кога ми е матичната на работа и со душа чекав да отидам. Малку часовиве не ми одминуваа, ама некако поминаа.
    Тој ден како се да беше монтирано и убаво уредено во моја (упс грешка :wasntme: ), во наша корист :) .
    Дома за прв пат сите ги излажав :tmi: , им реков дека ќе одам да шетам, да купувам нешто, па да одам на гости... Ама и на тоа свекрва ми не ми поверувала, значи до толку сум провидна кога лажам :D . Не бе, и за лажење треба да имаш дарба :D .
    Така заминав, ја убедив сестрата да влезам прва (а ова е реткост, треба да ми дадат некој ореден и пофалница, зашто таму да влезеш прв покрај сите други, треба да бидеш некој многу важен, а не една кутричка како мене :tmi: ) и влегов прва на преглед. Кога и кажав на матичната за тестот, на неа не и се веруваше. Почнаа рацете да и се тресат од возбуда, не можеше да се коцентрира, а со неа сум веќе овие 7 години. И таа се израдува и со душа чекаше да започне прегледот, па почна да се буни, па нешто погрешно да клика... смешки.
    И така го видовме сонценцето на мама и тато, едно семче од 6 мм :inlove: . Јас не знаев што да речам, останав нема, само гледав во тој екранот и си се чудев, што по толку време го гледам ова чудо пред мене благодарение на Бог.

    И ја отупев скроз, а главното не го кажав :D .

    Мм не беше дома, така да тој ден не ме ни виде како што треба. Си дојде набрзина и му викам:
    -Послушај ме сега, како наредба да ти давам. Мораш, ама мораш да ме послушаш. Облечи се и одиме на едно место.

    Се облече кутриот ( што да прави му фатиле камен нозете ) и влегуваме во кола и одиме во црква. Таа црква е посветена на Светото Благовештение, па и затоа сакав таа блага вест да биде таму.
    Му кажав по пат каде да вози, а тој цело време:
    - Кажи, дојден е отецот (еден отец монах со кога сме блиски), сакаш да ме изненадиш, нели?!
    Јас си молчам и во себе си викам: чекај, чекај ќе видиш како ќе се изненадиш :D!
    Влеговме и стоиме двајцата, се гледаме, а нема никој, ни отец, ни никој.
    Ги вадам сликичките и само му реков:
    - Господ не удостои да бидеш татко, да бидеме родители!
    Имаме бебе!

    Очите му светнаа, ни надојдоа солзички и на двајцата, си се гушнавме, си кажавме некој збор (иако искрено не се ни сеќаваме што од возбуда), си се помоливме за благослов од Бог и заминавме.

    Така помина тој убав ден кога со мама му ја соопштивме најубавта вест на тато, дека веќе сум овде, меѓу нив :inlove: .
     
    На mici22, Anturium, Dzulija* и 118 други им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сега ја видов темава...
    Во спојлер зашто е малку подугачко моето соопштување и искуство со првата бременост.
    Првиот пат кога останав бремена всушност не ни знаев дека сум бремена....
    Се обидувавме некои 3-4 месеци, ама не се фаќаше.
    Спремав испит и убаво се сеќавам дека ми помина циклусот. Испитот помина, положив и за некои 3-4 дена пак добив....чудно ми беше, ама мислев сум прокрварила онака од стрес од испитот.
    Крварев 2-3 дена и ми падна сумљиво (мислев се работи за некоја циста) и отидов на гинеколог.
    При ехо прегледот д-р ми кажа дека сум бремена, околу 5-6 недела, ама дека имам и хематом (тоа било некакво згрутчување од некои 5-6 мм. и дека може да се повлече т.е. да истече без последици по плодот или пак може да порасне и заедно со плодот да истече-да имам спонтан). :(
    Исто ми рече дека ако плодот е женски има големи шанси да се зачува бременоста, демек женските плодови се поиздржливи, а ако е машко за неколку дена ќе имам спонтан. Ми препорача да мирувам (да се води патолошка бременост), ми препиша апчиња и толку беше.
    Се извадив од памет и веднаш му се јавив на дечко ми (сега мм).
    Плачев и едвај со липање му кажував се` што ми рече д-р. Ми рече да не мрдам дека веднаш ќе дојде да разговара и тој со д-р. Дојде, ме изгушка, ми рече да не се секирам дека се` ќе направи што може да го зачуваме бебето и влеговме и двајцата во ординација. После разговорот и препораките за мирување ме однесе дома.
    Вечерта пак искрварив и тоа многу обилно :( , му се јавив и му реков-изгледа дека го изгубивме бебето, многу крварам.
    Дојде кај мене дома, (немав кажано на моите уште) ме зема и правец на Гинекологија на клиника на дежурен. Се погоди едно млодо д-рче и тој ме гледаше на ехо и ништо не виде, вика-нема тука бебе, јас ништо не гледам, изгледа имаш спонтан. ;(
    Во тој момент наиде д-р Адела Стефанија, дежурна беше и таа.
    Кога ме виде дека плачам, дојде ме смири и таа рече дека ќе ме преземе. Ми дадоа една болничка спаваќа, рече ќе ме носи на вагинално ехо убаво да провери дали се работи за спонтан абортус или има уште плод. Излеговме двете од приемно, дечко ми т.е. мм ме чекаше и одма истрча и Адела му дозволи заедно да одиме сите во ординација.
    Легнав, мм ме држеше за рака со солзи во очите (јас плачев цело врме, не можев да се смирам никако ;( ) и д-р рече- има тука нешто, еве гледај, има едно гравче....има бебе, не е изгубено, тука е, ајде не плачи.
    Не ми се веруваше што слушам :o ^_^ . Се изгушкавме силно со мм, се смирив и едвај некако ја убедивме да дозволи да си одам дома, да не ме задржи на оделение, ми препиша инекции, апчиња и ми забрани да се движам, рече да лежам цело време, да мирувам и да си ги примам инекциите (по 2 секој ден.), апчињата и дека се` ќе биде во ред. Ме утеши и ми даде надеж.
    За 3-4 месеци, плодот си порасна, се зацврсти, хематомот истече (д-р Адела рече дека може и било близнак кој не издржал), станав од кревет, престанав со инекциите, Адела ми ја водеше цела бремонст, беше ептен позитивна, пријатна и мноооогу убедена дека нема место за никаква паника, дека ќе го дочекаме заедно крајот на бременоста. Ни дозволи да правиме свадба (веќе влегов во 7-ми месец) и крајот на ноември дојде на свет мојата прекрасна ќерка. :inlove:

    После цели 6 год. пазење и неколку стресни тестови за бременост (сите беа за среќа негативни :D ) решивме да имаме и второ дете. Ова малово одма се фати, при еден единствен незаштитен секс. однос, намерен да нагласам.
    Ми доцнеше 6 дена и знаев, едноставно знаев.
    Му реков на мм-100% сум трудна, утре ќе правам тест, нема да чекам.
    Утредента мм беше на работа, купив тест и некаде околу 12ч. на пладне го направив, излегоа 2 цртки. Му се јавив на моб. и му реков-дечко, знаеш што, 2 цртки се, трудни сме.....
    Слушнав само-јееееееееееее, тоооо....браво, браво....ејјјј дечки (на колегите им се обраќаше) сите Ве частам, жена ми е трудна.....
    Слушав честитки, аплаудирања и така сите зедно дознавме дека сме трудни. :D
    За 2-3 дена отидов на гинеколог, ми потврди бременост, среќа се беше во најдобар ред, овој пат не бев патолошка, не лежев, имав прилично лесна и уредна бременост и за неколку дена ќе му биде првиот род. на нашето синче.

    Се надевам дека веќе нема да имам приказни за раскажување. :wasntme:
     
    На Veki4kaa, Jas!, Arthur и 32 други им се допаѓа ова.
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Солзи радосници ми се појавија на очите од вашите најубави мигови. Честитки за секоја од вас.

    Јас сум сигурна дека кога ќе се случи тоа мојот ќе ме познае самиот по мојата насмевка.

    Сега гледав како се проаѓаат близначиња :inlove:.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Мм ми си дојде во мај на одмор две недели( во странство е ) и одма се фрливме на случајот... си отиде и јас некако потајно си верував дека ќе има нешто.. ми каснеше 4 дена и одма тест сабајтело. аууу ваква радост немам доживеано дај боже сите да осетат две црткии... одма од на работа се оклучивме му пренесувам,, радост невидена среќа голема дека мало човече ќе се роди од нашата љубов.купив лигарник ракавичи и капичка дома давам и велам имам поклон за вас.. нивната реакција ја снимав и не се опишува кога слушнаа..солзи радосници.. а баба ми кога дознааа колку беше пресрекна само.. да не опишувам за другарките роднините..... неизмерна радост е таа
     
    На Arthur, bubic.k, Umbrella22 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па го имав тестот и јас го правам не го правам го правам не го правам и он си дојде од работа и ми вика уште не си го направила и го отвори тестот и вика ајде иди во бајната :^) и идам јас го правам а он зад врата чека :lol: и јас го направив и гледам тоа 2цртки и јаас аааааааааа извикав и он влегува внатре и јас со солзи во очите го гледам него во очи он ме гледа и вика што има :lol: и јас плачм ал се смеам и гледа он во тестот и извика и он лелеееееее ааааааааа и ме зема ме гушка ме бакнува лелееееее кои емоци :) и така помина 1сат додека малце се смиривме :wasntme:
     
    На Arthur, bubic.k, Umbrella22 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. belisima88

    belisima88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Епа вака беше по неколку месеци обидување и разочарување,кога не очекував се случи,вештерката ми доцнеше 6 дена,бидејки немам редовен циклус си велам секогаш доцни,ама сепак имав некое претчуство дека има нешто овој пат,бидејки имав болни гради,сакав да знам на што сум,отидовме си зедов еден тест и се мислев дали да го направам вечерта,ми беше страв од разочарување.Сабајлето станав рано отидов во бањата го направив,почекав неколку мин.се појавиа две жар црвени цртки,не ми се веруваше го зедов тестот и правец на мм во спална,велам две цртки се ке имаме бебче,се израдува ме бакна :* :* и си се :hug: :hug: ,емоции :$ . ;)
     
    На Arthur, bubic.k, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Ние само еднаш пробавме, ама јас имав баш тој месец некои компликации и не очекував одма да се фати. Ми каснеше како и по обичај последните месеци и ај викам ќе направам еден тест, ма да си викав не верувам да сум бремена. Втората црта се појави да не речам одма и мене од толку краетивни идеи што ги имав смислено претходно за тоа како да му ја соопштам веста на идниот татко, ни една не ми текнуваше. Се шокриав и почнав во исто време сама дома и да се смеам и да плачам. Буљав во тестот 10 минути и не ми се веруваше, линијата беше малце бледичка, ама битно ја имаше. :inlove:
    Доаѓа нервозен од работа таткото и ај викам ќе го позафркавам малце, го ставив тестот во едната рака и му викам бирај рака имам нешто за тебе. Пустиот не можеше да ја погоди, кхм... го лажев некое време дека не ја погаѓа и кога посумља ме натера да ги испружам рацете и тогаш немаше кај да бегам па го виде. Пресреќен беше, тахикардија доби сиромашкиот, ме вртеше низ дневна 2-3 минути и ме удави од гушкање. :hug: :D
     
    На ku4ence, Arthur, bubic.k и 14 други им се допаѓа ова.
  9. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Мене ми каснеше 5 дена кога го направив тестот. намерно чекав мм да отиде на работа за да не види дека ќе правам тест :) и одма се појави втората цртка! Отидов во град и купив бебешки дрес од омилениот тим на мм и му напишав на картичка „Тато ќе навиваме ли заедно?“. Кога се врати му викам „ Имам поклонче за тебе “. Тој сирот прво мислел дека на него сум му ги купила, па кога ги виде мали, ми вика „ Абе си го утнала бројов, ова нема шанси да ме собере “ Ама кога ја прочита картичката рипна од радост и ми вика „Стварно си бремена? Стварно?“ и почна да плаче од радост :) сега само ми го гушка мешето и му збори дека со тато заедно ќе си играат фудбал и дека кога ќе порасне ќе го носи на натпревар на нивниот тим :)
     
    На ku4ence, Arthur, littlevampire и 24 други им се допаѓа ова.
  10. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Лелеееее ме испорасплакавте :) , и онака хормоните ми се плафон само уште овие емотивни приказни ми фалеа :)
    Ама ајде кога сум веке тука да ви раскажам и јас една.
    Јас веке сум реализирана како мајка, Бог ме благослови со две прекрасни дечиња, но мојот сегашен сопруг сеуште ја нема доживеано таа радост.
    Водевме тешка битка, траеше повеке од 3 години, разноразни испитувања, терапии, неуспешни тестови... тоа беше нашето секојдневие. На последниот преглед кај урологот на мм, на почетокот на декември, ги добивме убедливо најслабите резултати во изминатите 3 години, коментарот на урологот беше, со овие резултати сте спремни за инвитро, а мојот коментар(во себе) беше "Е како да не", иако знаев дека шансите се многу мали и тоа што го кажува докторот е сосема издржано. По неколку дена сосема се откажавме, веке не бевме редовни во обидите, ги утнавме и плодните денови, а темата бебе беше забранета. Најтешко ни беше за време на празниците кои следеа, а ги има нели доста во тој период, кога се гледавме со пријатели кои имаа мали деца.
    На 7-ми јануари требаше да добијам, бев сигурна во тоа затоа што веке немав ни трошка надеж, ама не добив. Ај лошо сум израчунала, сигурно утредента ке добијам, ама кога помина и 8-ми веке почнаа да ми играат пеперутките во стомак, се врати надежта.... не добив и наредните 2 дена, направив тест, се појави втора многу бледа цртичка :inlove: :inlove: :inlove: ,отеков тука на форумов со прашања :D , не кажав на никого, едноставно не верував. По 2 дена купив уште еден тест за потврда, едвај се воздржував да не му кажам на мм, несакав да се разочара повторно и го направив рано сабајле, се појави појасна втора црта, знаев дека е тоа тоа, дека не е лажно позитивен. Се вратив во кревет и незнаев што да правам, имав толку многу планови како ке му ја соопштам таа вест, ама едноставно годините во исчекување не убија, неможев да чекам повеке, тие 2 дена ми се чинеа година, се свртев и му реков - На тестот има 2 цртички, немате претстава каква беше реакцијата, прво ке ме задавеше од гушкање па ми го бакнуваше стомакот , неможеше да се прибере повеке од 10-15 мин, па рипна од кревет запали светло и го побара тестот, му ги дадов двата, ги гушна и си легна, ми рече ајде сега спиј на бебето му е време за спиење, знае тато :D си се изнаплакавме и си заспавме.
     
    На Arthur, bubic.k, Emily Dora и 13 други им се допаѓа ова.
  11. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Ме расплакавте,до хормоните е,ништо страшно... ;(
    Сите имате убави приказни,мило ми е за сите,но мојата не е како вашата.Моето беше несакана и непланирана бременост.Ми доцнеше 20 дена и направив тест,а најпрво ни на крај памет дека сум бремена,тукушто запловив во тие води и си викав во себе од трети пат не е можно.И излезе позитивен,не ми се веруваше.Купив уште 2 теста излегоа позитивни и си реков во ќе станеш мајка,благословена си.Се јавив на дечко ми,му викам треба нешто важно да ти кажам,се видовме му ги носам трите теста,очекував дека барем малку ќе се израдува и му викам татко ќе станеш и тој ни два ни три само ми рече што е можно побрзо ќе абортираш или сама ќе си го одгледуваш детето не ме интересира ништо.Размислив и за абортус,но само си реков некои плачат за деца,а ти ќе го отфрлиш тој дар од Бога,немој да го направиш тоа,можеби никогаш нема да имаш шанса мајка да станеш,не биди будала.Убаво размислив им кажав и на моите за ситуацијата и ми рекоа дека ќе ме поддржат што и да одлучам.Одлучив дека ќе станам мајка,без разлика на ситуацијата во која се наоѓав.И сега го чекам октомври за да станам среќна мамичка.
    Мојата приказна не е среќна и убава за читање како вас,но секој со својата среќа. :)
     
    На AnaMadam, Arthur, tanja manja и 34 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    За второво дете маж ми беше премногу изненаден, бидејќи бременоста беше непланирана. Забременив од еднаш. Само еден ден се опуштивме и се фатило. Ми доцнеше 2 дена и купив тест за бременост. Не ми се веруваше кога на тестот видов две цртички. Кога му кажав на маж ми, му смрзна фацата. И ден денес не му се верува дека забременив од еднаш.
     
    На Arthur, bubic.k и Serafima им се допаѓа ова.
  13. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    МОјата бременост беше планирана,ама подолго време не сакаше да се фати и секој месец му досаѓав на мм овај месец ќе биде,па не биднало,па другиот.И иста приказна секој месец и секој месец завршуваше со разочарување.И овај месец решив да не го тормозам него а ни јас сама бидејќи нема да биде.Ама циклусот ми закасни 2-3 дена и направив тест и оп ете ги двете цртички :inlove: :inlove: :inlove: Не знаев што да правам и како да се понашам.Седнав се смирив малку,излегов купив бебешки чорапчиња,зедов еден лист направив срце од него и напишав:ТАТИЧКО ЈАС И МАМА ТЕ САКАМЕ НАЈМНОГУ НА СВЕТ!!!
    Пораката,тестот и чорапчињата ги ставив во една кутија и заминав на раб.Кога дојдов му ја дадов кутијата и му викам повели внатре имаш поклон кога отвори можеби 5 минути зјапаше во кутијата на крај ја крена главата и имаше :o :o ваква фаца.хехех.Дојде ме избаци и почна да ме милува по стомак :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Arthur, bubic.k, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.528
    Допаѓања:
    106.078
    Пол:
    Женски

    Душо, јас те поддржувам , само едно ќе ти кажам , ваквите луѓе како него Господ ќе ги казни еден ден.. поздрав и се најубаво :*
     
    На Arthur, MargaritaD^2 и MrenaRiba им се допаѓа ова.
  15. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Да ви ја раскажам случката од вчера :D после тестот дома, бев сама и нормално тука пишав прво, почнав да барам интересни начини за да му соопштам на маж ми (сеуште беше на работа). Го скрив тестот и го седнав на кревет. ја отворив маичката и на неа имав напишано со розев кармин: ЗДРАВО ТАТИЧКО :inlove:
    Пресреќен беше, ме прашуваше како што (се обидувавме со месеци но не се фаќаше) почна да се смее и да ме гушка за мечето па ме бацува па пак ме гушка и така едноо 15 минути. И така си лежевме во кревет и си се смеевме цела вечер и само се гледавме :inlove: :inlove: Прекрасно чувство е тоа...
     
    На Arthur, bubic.k, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  16. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    773
    Се обидуваме за бебушко па сакам кога конечно ке дознаам дека сум бремена да го известам на посебен начин :) кажете ми како вие го известивте :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Имавме закажано свадба.
    Секојдневно работа,подготовки,стресови,ова требало она требало.
    Почнав да се изморувам од ич ништо.Помислив дека ми е од премногу обврски.
    Имавме голема раздалеченост измегу свадбата и веридбата,од причини што за нас беа оправдани.
    Се чувавме неколку месеци ама не апсолутно туку со колебливост.Од причина да не испадне да неможеме да си ја направиме свадбата.Не очекував дека толку бргу ќе биде,понесена од проблемите на моите врснички.
    Но бидна радост неизмерна.Неможев да скријам од мажот ми кој и пред мене го примети мојот невообичаен умор.
    Земавме тест.За прв пат правев во животот на свои 36г.
    Го утнав местото каде се става урината :$ ...и тоа за мене не вообичаено,башка секојдневно се нешто ми се кршеше низ домот пајѓајќи од моите рае,дури и аквариумот.:worried: ...и тоа не вообичаено за мене.
    Маж ми одма отиде по втор тест.Овој пат не згрешив,а за да биде по сигурно за секој случај и тој на кој утнав ставив.Кога ги отворивме имаше и на двата по две цртки.
    Следната секунда се најдов во вис во неговите раце а јас исполнета со страв и среќа истовремено.За разлика од мене на неговото лице имаше само среќа.Дали е тоа нормално?
    Сево ова веше петок навечер и чекавме да помине викенд за да одиме на лекар.Но,уште неделата вечерта отидовме оти прокрварев.Докторот беше толкав песимист што уште повеќе ме исплаши.
    Да не ја одолжувам повеќе приказната,ќе завршам со тоа што пак ке ве прашам,единствена ли сум со тоа што за својата прва бременост бев среќна колку и исплашена?
     
    На Arthur, Antebellum, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Kaj nas se o4ekuvashe ,ama ne bevme sigurni. Koga go napraviv testot ,vo tie 5 min dodeka se 4eka svrtvme 1365 temi na razgovor za da ni se odvle4at misite.I na kraj ,koga go vidov pozitiven ,nishto ne mu rekov ,samo mu go dadov da go vidi.Nikogash nema da mu go zaboravam izrazot na liceto ,se rasplaka od sreka! A ima samo 23 godini...Ete ,nekoi luge bez ogled kolku se mladi ,se spremni da bidat roditeli...
     
    На Arthur, galapce, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    Nie imame po 22 god i dvajcata :) Zaedno go napravivme testot, a inaku dva meseci probuvavme za bebe. Jas bev malku potresena i mu go dadov na nego i mizev :D i po dve minuti mi rece ej edna crtka ima :D i mi go dade, koga otvoriv oci gledam dve crtki... Srcevo kje mi izlezese od gradi... A on mi se smeskase i taka moze dva saati si se guskavme presrekjni :D
     
    На Arthur, galapce, Fatalnata и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    За првото беше дефинитивно изненадување....и мислам дека толкав шок ме удри што не ми ни падна на памет да правам нешто wow кога ќе му кажам. Но за второто дефинитивно ќе смислам нешто :hug:
     
    На Mama25, Serafima и mariz им се допаѓа ова.