Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќе станеш татко!

Дискусија во 'Бременост' започната од RainBow, 20 февруари 2013.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    Mnogu interesno e bluzicka na prvoto detence i da mu pisuva pogolem brat ili pogolema sestra, ako ne najdam bi odnela na printanje bluzicka. Kje mu ja oblecam na detenceto i kje go pustam kaj tatko mu da mu kaze dali mu se svigja bluzata nova :P
     
    На menelele, Serafima и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  2. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Другарка ми,порача торта малецка,на неа пишуваше Честитки,ке си станел татко??! и го прати него да ја земит од слаткатара.. кога ја видел чоекот збудалел и вртел 1000 пати она не кревала и кога дошол дома тортата ја бутнал на маса и истрчал во прегратка и урлал вистина ли е?? вистина ли е???? ете денес си имаат девојче :party: нека е жива и здрава принцезата Мелек!:angel: :inlove:
     
    На tanna13, Bebulleee, galapce и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^ @Adina aууу ова со тортава ми се допаѓа, како што си е луд по тортите :lol:
     
    На Adina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    epa ne mu ja misli togas,naprajte edno bebe,iznenadi go i udrete po tortata :D
     
    На ripce ripce, menelele и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    За бебе ќе почекаме,...ама до тогаш ако заборавам идеава, кога ќе видиш дека сум пишала дека чекам бебе потсети ме :angel:
     
    На Adina и tessie им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Сноу, веќе размислувате за второ? Браво, браво, со среќа нека е.
    По ова прашање имам слично размислување како по прашањето запросување.
    Јас од оваа перспектива, доколку бидам во состојба да имам таква вест за споделување, би подготвила можеби само попријатна домашна атмосфера. Дали дека јас многу му ја мислам и гледам да сум претпазлива за поголемите чекори, па не сум за изненадувања многу големи.

    Според мене, иако моментот и детето на пат се од непроценливо богатство и значење, не би можела да го соопштам со толкава слобода за изненадувања и помпи како што би имала кога би соопштувала за седмица на лото, токму поради тоа што се работи за идна жива душа (и баш поради тоа што детето е повредно од сето тоа).

    Баш поради тоа, јас би го соопштила сето тоа многу смирено и трезвено, во поразубавена домашна атмосфера можеби но ништо повеќе. Предлогот за брак, како и веста за дете може да имаат секаков исход и затоа не би сакала партнерот да чувствува грижа на совест поради тоа што не е подготвен за нешто.

    Си пишав лична тенденција, да не се сфатиме погрешно. :) А на вас коишто имате нешто ново, со среќа со изненадувањата, нека ви работи креативноста до максимум. :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^Идеата за тортата е убава...но јас на пример би ја оставила во фрижидер зошто сакам да сум до него. А не да го пратам по неа.
    Инаку за второ нееее, нема шанси во скоро време.Ќе си почека Никола за брат сестричка.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Да, плус тоа, не знам дали кај секого би можело со стратегијата не-добивање на телефон. Ги има почувствителни, па триста грижи, стравови и мисли ќе ги поминат, баш поради состојбата.

    Инаку паметно Сноу. Нека потпорасне Никола, па ако не ти помага, барем да не ти одмогнува со второто. :D
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Секоја сабајлина го отварав мониторот за овулација и он ми покажуваше кое стапче треба да го користам(за овулација 24 и неколку за бременост).
    Сабајлината станав...и онака полусонлива директно земав од стапчињата за овулација и отидов во веце. Дури потоа го уклучив мониторот кога требаше да го ставам стапчето внатре за да ги прочита резултатите.
    Кога гледам ден кога може да се тестира бременост(4 дена пред период).
    Си реков ај нема веза, веќе го искористив стапчево, го ставив тестот за овулација да биде прочитан и си помислив што ќе ми се еден куп тестови за бременост.

    Секој месец ми остануваа по неколку кои остануваа неискористени.

    И буквално од досада, или поточно пењел не пењил пари се давале, викам ќе направам уште еден барем диркетно да не ги фрлам.
    И со последни сили пуштив една капка во веце:tmi:. Повеќе и да сакав немаше, за првиот се беше потрошено.
    Го ставив тестот во мониторот да биде отчитан и тогаш дури влегов во бањата за заби да се мијам и почнав да се облекувам.
    Ова таква ми беше рутината секоја сабајлина. Првен да тест да наоравам па после се друго.
    За 2-3 минутки мониторот го даде сигналот дека е готов резултатот и јас онака ноншалантно да го извадам стапчето од него гледам еден огромен крст и pregnant на среде екран.

    Не се израдував бидејќи бев во огромно неверување.
    4 дена пред термин, буквално никаков симптом(за разлика од други месеци кога секој си го имав најдено а на крај ништо),бев на гинеколог недела предходно каде ми беше кажано дека немам големи фолекули, плус со една капка урина.
    По некој саат дури почнав тука да прашувам што мислат девојките, и сите ми рекоа да направам нов. Да не чекам, сигурно е позитивен.

    Првен мислев повртоно ќе направам тест на мониторов ама еднаш штом покажал бремена, не можев со сила да пикам нов тест...па вечерта решив да си купам еден обичен дигитален.

    Околу 19.00 кога се вратив од дм , мојов дошол од работа ама само здраво и ништо не реков,
    Одма се пикнав во веце. Си викам 4 дена пред термин, плус вечерна урина...нема шанси да покаже нешто ама ај.
    Јас уште не верував. Иако кога ќе размислам од мониторот поточно здравје.
    Завршив работа и потоа бев да се пресоблечам. Додека сеуште бев на долен веш тестот беше готов...
    повторно pregnant .
    Е тогаш дури ме удри шок.
    Така на долен веш со тестот во рака отидов во дневна и мојов се извади од памет...ми вика што се работава, што се тресеш.
    Му го покажав и реков дека сум бремена.

    Ме гушна, а шокот кај него беше 100 пати поголем.
     
    На stejsi2005, Sesil, Bebulleee и 31 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Имам пишувано за првиот пат, отидов на лекар зошто ме болеше нешто стомакот, таму ми кажаа дека веќе 11 недели сум бремена, јас во Скопје, мм во Мелбурн, му вртам на скајп му кажувам дека сум бремена, тој ме слушнал дека го оставам.......абе хаос, дур се разбереме.:worried::rofl:

    Вториот пат сонував три ноќи по ред сон дека сум бремена иако повторно ниту планирано, ниту симптоми, нит ништо и му кажувам на мм за сонот и му викам ај оди купи тест, да се уверам дека немаат врска соновите, тоа дека 1 јануари едвај нашол отворена продавница и донесе, мочав после 30 секунди одма се појави втората црта, се погледнавме и се прснавме од смеење дека демек се пазиме......јеее рајт.(facepalm)

    За третото веќе бевме искусни со тестовите.:P:rofl:
    Иако после породувањето сеуште немав ни една менструација, почувствував дека сум бремена, не знаев што да правам, многу брзо после породувањето, се плашев за здравјето и како ќе поднесам уште една бременост и плус 2 мали деца.
    Не му кажав веднаш, оставив некој ден да бидам сигурна дека го сакам бебето, таман се погоди неговиот роденден и му покрај другите подароци му дадов и позитивен тест за бременост. Прво не реагираше, ме праша дали ќе можеме да се справиме со три мали деца, дали јас сум сигурна дека нема да ми биде тешко нова бременост толку брзо, кога му одговорив дека да, го сакам бебево се израдува многу и двајцата во еден здив со кажавме дека не сакаме да знаеме што пол е бебето се до породувањето.
     
    На stejsi2005, tanna13, Bebulleee и 29 други им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Го прочитав првиот пост, и се изначудив колку време сум имала. :D Шала на страна, тоа беше борба за бебе, душа ни искочи чекајќи, па имав време да смислам што-како ќе изненадувам. Овој пат, ни текна ај да пробаме, ај. Малтене од одма фати, знаев дека сум бремена со 100% сигурност и пред да го направам тестот, ама не сакав да зуцнам. Кога требаше да не добијам дента, направив тест уште во 5 сабајле, една блееееда цртка! И тоа чекав неколку минути за да ја видам. :D Заплакнав очи, ставив наочари, го уклучив рефлекторот во купатило, и ете ја!!! Ќерка ми болна, врие од температура, ние цела ноќ не спиени. Мм само што дремна сиромав, јас ко нездрава влетав во соба - АБЕ ЕЈ, ТРУДНА СУМ!!! Он спие ли спие, ни ме слуша ни ме гледа. Скокнав врз него да го будам, и мафтам ли мафтам со тестот а тоа едно најтенко линииче, одвај го виде, си се изнаскокавме двајцата ко мали деца, па и буцка се разбуди да се радува, иако нема поим дека ќе биде голема сестра. :) Бидејќи беше многу бледа цртка, на мојот роденден два дена подоцна го повторив тестот, и јас си добив најубаво поклонче за роденден! :) Како ги изненадивме најблиските, ќе би кажам во друга прилика. ;)
     
    На stejsi2005, tanna13, Bebulleee и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Сега видов на нет, многу убава идеа со бонбоњерка made by @meU
    [​IMG]
     
    На Serafima, Beautiful-Princess, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Овековечено изненадување
    Поканете ги најблиските на вечера. Спонтано извадете го апаратот и кажете им да застанат за фотографирање. Пред да го притиснете копчето викнете „Бремена сум“, тогаш ќе ја добиете фотографијата на вашиот живот.
    „Една фотографија вреди илјадници зборови“
    Најважната вест можете да ја соопштите преку фотографија така што можете да фотографирате три пара обувки – чевлите на сопругот, ваши сандали и бебешки топлинки и испратете ја
     
    На tanna13, bubic.k, Emily Dora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.497
    Допаѓања:
    201.447
    Пол:
    Женски
    Јас на мм дури ручавме му кажав дека се сомневам оти сум трудна, пошто мнооооогу ми се спиеше (можев каде било да заспијам) и плус ми доцнеше циклусот. Други симптоми немав. Си купив тест попладнето, вечерта го направив и кога излегоа двете линии онака фино јасни и задебелени, немаше сомнеж. Му го покажав тестот, тој почна да скока, а јас не знаев кај да се завртам. Демек се пазевме оти не сакав да бидам бремена на свадбата, ама ете, се фатило. На денот на свадбата бев точно три месеци трудна, ама не се познаваше. Никој не знаеше освен најблиските. За второ здравје Боже не знам што би направила, ама тешко дека ќе скријам од него, пошто многу добро ме познава.
     
    На bubic.k, Serafima, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Ние планиравме бебе но по неколку неуспешни обиди се откажав и на крај памет не ми падна дека баш сега ке биде. Направив тест во 5 часоѕ наутро и кога ги покажа двете линии му се јавив на тогаш дечкото и одма радосни соопштивме на нашите :)
     
    На bubic.k, Luna91 и joy1 им се допаѓа ова.
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    Ќе станеш татко!!! Е, ова беше оддамна!!! Ама сеуште се сеќавам на лицето на мм, и првиот и вториот пат...
    Првиот пат пред повеќе од 26 години кога му реков „бремена сум“ на лицето му ја видов најубавата и најсреќна насмевка во животот... А паршањата од типот - добро ли ти е, што сакаш сега - беа секојдневица цели девет месеци!!!
    Втората бременост не се случи баш во времето кога сакавме... Малку ја чекавме, малку не нервираше што не се случува!!! И така цели три години... Во јануари бевме поканети на мекици. Мм дојде од работа и јас му соопштив дека вечерта сме на частење за мала девојчица!!! Тој онака спонтано ме прегрна, ме дигна во раце и целиот среќен рече - Одиме, а оваа година и ние ќе частиме за второ синче!!! И погоди, јас сум била веќе две недели бремена!!! Така кога по еден месец на ехо ми потврдија дека сум бремена изненадувањето беше мое, а не негово - тој веќе знаеше!!!
     
    На H.VAGA, Bebulleee, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  17. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Jas uste dodeka mi bese decko mm imavme nekolku testa zaedno napraveno i site negativni...No ednas mi kasnese mnogu i imav nekoi simptomi i decko mi (sega mm) me odnese na ginekolog..dodeka cekase tamu bese cel potresen mnogu sakase da sum bremena, i koga iskociv od ordinacija mu kazav pak nisto i tolku se razocara sto jas se isplasiv :( ocite mu se nasolzija, se izgubi...:| Posle nekolku meseci, skoro godina me pobara za zena i za nezastiteni odnosi se cuvavme za posle svadba (slednata godina). Od togas probuvavme postojano i imase uste nekolku negativni koi gi pravev sama zatoa sto mi bese zal da se razocaruva i posledniot pat mi kasnese, mu kazav i testot pak go napraviv sama no koga vidov dve crti i otidov vo krevet da mu soopstam (planirav iznenaduvanje no nemav sila da izdrzam ni 1min :D) REKCIJATA NEGOVA...nemozam da ja opisam so zborovi moze da zamislite :D:inlove:
    No za polot koga go doznavme na nasite soopstivme vaka: Vo edno kutivce so sareni boi i rozeva i zelena, staviv sini minijaturni corapcinja i im dadov da otvorat :rofl:
     
    На Bebulleee, galapce, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да ги споделам нашите искуства на оваа тема :)
    Првата бременост ми беше летото кога забршив факултет и за септември ја спремав дипломската и рековме ајде да пробаме. Никогаш претходно не сум отишла на гинеколог, собирав информации од интернет за овулација и сл. и тој септември не добив, направив тест и беше позотовен, го правев дома и одма му го покажав на мм, тогаш уште дечко, и одма заедно наеедниот ден бевме на гинекогог заедно, беше прекрасно чувство... За жал, таа бременост заврши со спонтан! Иако сакавме да пробаме за 6 месеци, ко шо ни препорачаа, баш тогаш добив нова работа каде бременост беше надвор од дозволените теми, и после година дена на работа рековме да пробаме, по секоја цена,но цела година мегативни тестови. Конечно гинеколог ми даде хормони и мерев фоликули, и кога ми каснеше не правев тест туку заедно бевме на преглед и го видовме бебушот заеедно:) Наредното, за второто дете, ми каснеше и тој ми купи тест, го направив дома и одма покажа две цртки и се изгушкавме сите тројца:) А за сегашнава бременост, навистина интересно е. Со две мали деца, обврски, умореји, со мм ретко и да се гледаме а камо ли друго. Но еден повод за прослава, ги заспав децата и не продолжив да спијам со нив и си посветивме моменти за славење со мм, кое заврши со страсти кои ги имавме одамна заборавено. После некое време, другарката со која често се жалевме заедно дека ни дошло ми вика ајде уште ден два ч0ќе ни заврши, јас пак викам не бе јас уште не добив. Поминаа неколку дена и не добив, а не вдев календар коха сум имала, па според еден роденден на кој бевме ми текна дека тогаш менував влошки, пресметав тие денови од прилика и пребрпив дека ми касни една недела. Мм немаше ни појма за тоа. Одма утрото двете деца под рака и во првата аптека купив тест, само што капнав одма две цртки. Јас ќе се онесвестев, од изненадување и од среќа. Мм на работа, срце не ме држеше да го чекам, како ќе му соопштам на тел... И ми текна, ги зедов тестовите од претходните бремености на двете деца, ги чувам, и овој новиот, ги наредив трите на еден лист, под првиот го напишав името на првото дете и стрелка до тестот, на вториот од второто и на најно иот тест датата од денот и бебе број 3 и му ја испратив сликата. За кратко се јави изненаден и возбуден, а кога дојде од работа го пречекавме со благо и си се исгушкавме четворицата:) А на останатите од семејството, ќерќичката им кажуваше дека мама има бебе во мешето. Подоцна и со секој со кој ќе се ппздравевме го правеше тоа хехе
     
    На ЕденЧлен, galapce, L-a-d-y-Bug и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Да го споделам и моето искуство: Имам едно девојче од 11 години, после тоа имав една прекината бременост заради проблеми во развој на плодот и една анембрионална бременост... двата случаи беа планирани со броени денови и сите салтанати... и после тоа се откажав - мислев не ми било пишано!!!
    Долго време чував дома разни предмети за второ бебе (држачи за цуцли, шишенца, списанија и сл) е еден ден решив се да расчистам - малку ми беше криво додека ги собирав во кеси за фрлање но се расчистив од дома... а тоа да ти се случувало неколку дена од зачнувањето!
    Без план, откако комплетно се откажав од мислата дека за втор пат ќе станам мајка!!! За бременоста разбрав откако ми доцнеше една недела - едноставно знаев:l: Му кажав на мм декаа ми доцни една недела но искуството не направи да бидеме многу претпазливи - како да не смеевме да се радуваме предвреме!
    Утредента купивме тест но јас го знаев резултатот - тука беа двете цртички но уште не беше време за радост - се гледавме со насолзени очи, срцата ни се радуваа но прашањето “ќе биде ли се во ред овој пат???“ беше помоќно од радоста!!!
    Конечно се израдувавме, скокавме и плачевме од радост кога на ГАК ни потврди Ливринова дека се е во ред со бебето и има срцева акција:clap:.
    Битката останува секој ден, до наредна контрола, до наредно испитување, до следните резултати... но ме теши едно нешто - Бог ме награди со оваа бременост откако јас се откажав!!! Се надевам :sun:!
     
    На tanna13, galapce, mila25ve и 9 други им се допаѓа ова.
  20. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    883
    @danichap ке сакаш ли да ми кажеш каде го имаш купено мониторот кој го спомнуваш во постот погоре?
    Ти благодарам.