Ќотекот, „воспитните шамари“ , омаловажувањето, обвинувањето се само дел од многуте драматични ситуации кои се присутни во повеќе домови. Дали со ваквите казнени мерки родителите ја постигнуваат нивната цел од тоа дете направат „човек„ а не идиот? Не верувам дека има некој што никогаш во животот не добил барем ни еден шамар од родителите. Но темава е за родителите кои навистина претеруваат! Што мислите, дали ќотекот е крајно решение, па дури и детето или тинејџерот направил многу голема грешка?
Големо против за ќотекот- Теле се учи, а не вол Однесувањето на децата зависи од нивното воспитување, а кога се прави грешка постојат други начини за на детето да му се даде до знаење дека згрешило, разговор, објаснување зошто ова е добро а ова не. Нема ништо позитивно од тепањето, неразбраните деца нема престанат да грешат после ќотекот. А од ќотекот остануваат само трауми од детството, и се губи блискоста родител-дете.
Ќотек не, овде на балканот освен тоа не знаат друго, се разбира му пружам рака на исклучоците, имам брачеда која живее во шведцка и е мажена за швеѓанец и кога беа дојдени се чудев колку многу му се мирни децата и на колку поинаков начин ги воспитуваат, овде само ги тепаат му викаат и тие уште повеќе збеснуватт.
ќотекот воопшто не е никакво решение ... не сакам да набројувам некои болни примери .... ама со тоа само се влошува ситуацијата се што ке постигне родителот е детето да го замрази ... и да збесне уште повеќе а ако не и од дома да избега ... ќотекот е нешто најлошо и сум рекла дека на мои деца рака не кревам . Тие луѓе кои што тепаат без осет за мене се болни луѓе.детето да плаче и да вреска под твои раце а ти да продолжуваш да го маваш ?? Болест болест болест ... тоа е тоа што јас имам да кажам . А после помодриго па извини ... нема извини џабе е .
За ова имам едно големо НЕ! Дете воспитувано со ќотек или ќе прерасне во мафијаш или во човек со трауми! друго немам што да додадам.
Абре велите сега сите НЕ за ќотекот, ама кога ќе бидете родители утре ќе ве видам. Малите деца знаат да бидат многу лигави и палави, ти колку сакаш со убаво збори му тоа пак по свое ќе си тера... цмизлат, кршат, валкаат. Убаво е малку да се проплескуваат децата, да им се развикаш, секако не да ги боли, само колку да им се постави авторитет. Ако не го правите тоа, пак ќе станат многу разгалени и понатаму во животот ќе сакаат се да е по нивно. Секако понатаму, кога ќе почнат да се разбираат со разговор, ќотекот треба да изостане.
Не за џабе викаат - ќотекот излегол од рајот. Да не се лажеме, нема дете од нас што не е шлапнато барем по газот. Убаво рече Лолипоп децата денеска знаат да претеруваат и да манипулираат многу повешто , за разлика од минатите генерации. Еволуираа, такво дојде времето Никој не рече да го здробиш детето со ќотек и не сакам да испаднам насилна, ама реално никој нема трауми од шлаканица, две. Наместо тоа, засекогаш си ја памети и некогаш се покажало како многу поефикасно средство, за разлика од илјада зборови. Инаку, познавам родители кои навистина не ги допреле децата, немаат срце да ги шлапнат. Најчесто вака оди муабетот... - Оди собери ги играчките. - Ако ми го купиш тоа и тоа, ќе ги соберам... И така, со уцени поминува времето.
Ама ако забележав во темата е поставено прашањето за оние родители што претеруваат, што ги тепаат децата безмилосно! А за плескање по газето, нормално дека ќе го удриш, знаат да бидат немирни!
Тие што ги тепаат безмилосно и без усул, нив треба после некој да ги здроби! Монструми. Јас сфатив дека се работи за обично потшлапнување, за кое секако, не сум против.
kako vospitna merka ne ama da go naucis do kaj mu e granicata bi mozelo malce da se potplesni a da se remeti od kotek ne
Хм, јас никогаш во животот не сум добила ќотек, или пак рака ми било кренато и пак сум примерна и знам кои се гранците во животот Но, знам многу другари кои си јаделе ќотек, ама не како воспитна мерка, туку како мала казна за некоја глупост. Машките деца се потешки за растење (барем јас така мислам) и неопходно е еднаш двапати да изедат ќотек за да знаат до каде со своите глупости. Се разбира, може и девојче некогаш да претера. Инаку , мислам дека денес децата треба на друг начин да се воспитуваат, зошто за нив ни старомодниот ќотек не помага.
И јас разбрав дека е за претерано малтретирање физичко врз деца па затоа беше такво моето мислење ... од едно мавнување по газето ништо нема да му биде . ама за се и сешто ќотек безмилосен
Па дека ќе земам од ѕид да го мавам или да го здробам од ќотек-нема,ама ќе го потплеснам по газето така,па ако треба и една воспитна шлаканица ќе си јаде.Многу сум против оние родители кои за секоја ситница ги тепаат децата.Добро бре луѓе аман деца се,со тек на време ќе ги научиш,не мора за се од ѕид да ги удирате. Децава како што си идат се се побесни и полигави и поразгалени и лом се упм Е за нив мислам дека ќе важи она ќотекот од рајот е излезен.
Какви ќотеци си имам изедено од мојте, онака здрави ќотеци! Ама ако ми беше! Си го барав, тогаш се лутев сега сум им благодарна. Мајка ми ме помодре со каишот, ама се си беше заслужено Бев многу темпераментна, палава, правев по мое на тие години некаде од 14 до 17. Само тоа имам да им кажам, Фала што сте ме тепале, ако не беше ќотекот од мене немаше да бидне човек!
Јас од мајками имам изедено 1/2 јаки шамари и толку. И жал и беше после што ме мавнала. И од таткоми еднаш во цел живот ми кренал рака, зашто го лажев многу. И не сакам да се практикува ќотекот како воспитна мерка, бидејќи зависи до децата, надвор кога ќе искочат можат триста работи да направат. Не викам не, има и случаеви каде што и од ќотек се се примерни деца, ама првиот пример го знам зошто на една блиска другарка роднина од многу ќотек, па стана наркоманка,бегаше од дома...
Подржувам само во граници..кога ептен се претерува..Шамар,два до три Кога мене би ме тепале негативно би влијаело врз мене..тоа во секој случај..Една другарка нон стоп ја тепаше татко и..Не да ја претепува,но онака редовно по некој шамар..Девојчето кога излегувавме се однесуваше како куче пуштено од ремче...Не гледам во тоа ништо позитивно..но некогаш во граници секако,помага..
Не го оправдувам. Никој не заслужува да биде тепан, без разлика на "грешката". Не сме животни да се тепаме. Се може да се реши преку разговор.
Ух и јас какви ќотеци имам јадено, а за брат ми па да не зборам. Мајка ми има искршено неколку сукала од него. И сега јас немам некои последици од тоа, мислам дека паметот ми го дотераа, ама брат ми...Уште им држи горчина поради тоа. И не го обвинувам. Мајка ми некогаш знаеше да изгуби контрола... И ние не бевме во ред, се каравме секогаш, се тепавме редовно и она на крај ќе не дотепаше... Ваљда кај секој ова си има различни последици.
никогаш не сум за ќотек, а да не зборувам за тоа што е претерано!!! не дај боже! и јас имам три ќерки ама никогаш не сум ги тепала, можеби и не се многу белаџики, мирни се ама секогаш се трудам со зборови да ги учам како да се однесуваат.. греота да се тепа дете, треба да се мисли како е да си ти на негово место и некој така да ти прави, немаш помош а бараш!