имам дома жив пример дека муабет со две годишно дете не оди.Не е возможно да разговараш со некого кој не знае сеуште да говори.Епа баш поради тоашто децата кои сеуште се мали и не разбираат ниту говорат ,најмногу разбираат гестикулации....потребно е или да му се рацркаш па според цртите на лицето да заклучи дека тоа што го прави не е добро или да да го удриш. Овде велам пак не зборувам за тепање...во буквална смисла на зборот значи да земеш и да го убиеш од ќотек....туку за шлаканица и сл.А од шлаканица досега не е забележан ниту еден пример на растојство кај детето.
Повторувам, секој си има право на свое мислење, јас си го кажав моето. Дете од 2 години може да разбере. Имам роднини, девојчето има само 2 години па кога ќе и кажеш ''какано'' или не чепкај, не прави вака така, разбира и прекинува да го прави. Можеш и да го скараш, нека се налути малце. Се знае колку трае неговото лутење. Детето ако не те послуша што ќе му кажеш, џабе ти е што ќе го тепаш. Познавам луѓе што детето го шлапкале како мало, не ги слушало, си продолжувало. Исто така и го тепале и пак истото. Тоа е тоа, друго не сакам да коментирам.
Ќотекот е најбаналното сретство за воспитување на дете, знам по себе,што кога ќе ме плеснеле затоа што не сум била послушна? повторно ќе го направам истото од инат само поради тоа што ме удриле. Но кога би ми кажале со збор подобро би разбрала, како и секое друго дете, со детето би требало да се почне комуникација уште од најрана возраст така ќе знае што треба а што не треба да прави, ударот ќе престане да боли ама кажаниот збор не се заборава.
Ма ни на крај памет не ми паѓа да си ја „плеснам“, „шлакнам“ или „искубам“ ќерка ми! Срце ме боли само што ја гледам така малечка и безпомошна, од мене зависи за јадење, спиење, шетање. Од мене, како родител, зависи за љубов, топлина, убав и мил збор, јака прегратка и утешителни зборови кога ќе се удри, и не знам што срце треба да имам за да ја повредам на било каков начин. Затоа се деца, и затоа сме возрасни - да размислиме предвреме за опасноста и бељата што можат да ја направат, да елиминираме работи што ги иритираат, и на крај, кога сепак ќе направат нешто со што ние како многу „паметни и возрасни“ не се согласуваме - да го активираме нашето најголемо оружје - ТРПЕНИЕТО - и да мелиме и мелиме и мелиме додека устата не ни фати пена И кој тоа рече дека дете од 2 години не разбира? Можеби не зборува, ама и те како разбира! На крај, ќе заклучам - нема проблематични деца кои „плачат за ќотек“ - има нетрпеливи и од-друго-нервозни родители кои нашле погрешен предмет за исфрлање на своите нервози и фрустрации. Поклонете им малце повеќе време на своите деца, и ќе видите како и нивната „немирност“ и инаетливост ќе почнат да исчезнуваат. НИВ ИМ ТРЕБА ВНИМАНИЕ ОД НАС, макар тоа било и викање за некоја грешка.
Јас сеуште сум мала за деца,а и немам деца,но кога ке имам деца нема шанси никогаш ни шлаканица да им удрам,а не пак друго нешто......се разбира дека ке им забранувам некои работи кои што не се за нив но нема да ги тепам
Ќотекот не е никаква воспитна мерка, ќотекот не е решение за ништо. Ќотекот го применуваат само неуспешните родители кои што незнаат како да се справат „со проблемот“ па ајде - ке го натепам. Јест да треба да се покаже авторитет , како родител... но не со тепање. Доколку детето нешто погреши од било кој аспект родител е тој кој што треба да седне со детето да му објасни убаво дека тоа и тоа не треба да го применува поради таа и таа причина, кои се последици од истата. Но.. за жал, некои деца прават намерно бељи бидејки бараат внимание од родителот па макар истото биде проследено со ќотек.
Најгрдо нешто - ќотек! Таквите родители, што си ги тепаат децата во јавност, или пред гости, дома... еден голем own: Што мислат, што ќе постигнат?Еве ова: -Детето ќе почне да плаче, има некои што реаиграат со фрлање на предмети, викање, а има и некои што уште повеќе ќе се инаетат, и ќе прават бељи.И, што ќе постигнат? Ништо... уште полошо, само ќе ја влошат ситуацијата... Наместо тоа, со децата треба да се разговара како со голем човек. Прво, ќе ги фатиш со убаво, ќе разговараш со нив, ќе им кажеш како е убаво, како грдо однесување, ќе разговарате на таа тема и некако детето ќе почне да станува свесно за она што го работи, и подобро ќе свати, а ако го натепате ќе почне да плаче, и следниот пат ќе го направи истото, а ако го фатите со убаво, ќе свати дека тоа што го прави не е добро, и повторно нема да го направи.
Признавам само мавање по газето, мислам дека тоа е доволно за детето да сфати дека не треба така нити го боли, а ќе сфати дека нешто не е како што треба. шлаканици веќе ми се претеризам. Мене првата шлаканица и единствена како „воспитна“ мерка во мојов живот ми ја врза една ненормална баба од маало, на мене и другарка ми сме и ги изгазиле цвеќињата, а не ни направивме нешто такво. Со денови после тоа не можев да се смирам и уште кога ќе ми текне ми доаѓа неубаво чувство. Така да ако уште од мали ги шлапате децата може се навикнуваат па не реагираат толку страшно, ама дека не им е тоа стресно не можете да тврдите. И само да кажам со години после тоа намерно и ги газев цвеќињата, сега веќе немаат пред дворот иначе уште би го правела истото.
Запрепастена сум од тоа какви се родители има во светот. Родители кои проблемите ги решаваат со ќотек а не со разговор. Според мене ќотекот е најголемата казна што може да ја добие едно дете а и најболна. Ќотекот многу често носи трајни последици во животот на детето. Денес го гледав ова видео и се згрозив... Кутрото бебенце http://lajkstatus.com/video/majka-udara ... ijete.html
ццц...казна за вакви родители!!!...инаку јас кога би имала дете никогас ќотекот не би го зела како воспитна мерка!....точно е дека како мала сум поткркнувама малку ќотече ама во денешно време стварно е тоа монструозно!мислам дека постојат различни начини како треба да му се пристапи на едно дете за да се допре до нег за да те свати и понатаму да те слуша и да ги применува твоите совети! мислам дека тепањето само постигнува лош ефект и инает кај децата а точно е тоа дека може да се дојде до траума и детето да почне да дтка точно е тоа! .....често читам книги од областа на педагогијата и психологијата и се надевема дека еден ден ќе имам шанса се што сум научила да применам и да помогнам во одредени ситуации
Убаво рекле,ќотекот од рајот е дојден.Само ако е со мерка.За да може да се нарече воспитна мерка.Понекогаш разговорот е премногу мека воспитна мерка за икс ситуации.Родителите треба да знаат кога треба да ги “истепаат“ децата.На пример ако тие скршиле нешто и се исплашени уште ќотек фали шок да ги мавне.. А ако постојано им се качуваат на глава на родителите за глупост и притоа плачат и пискаат,јас како воспитна мерка би го употребила ќотекот..
Многу подобро е преку разговор да се воспитува детето отколку со Ќотек ,мислам дека ќотекот нема да предизвика никаков ефект и нема да го промени однесувањето на детето кон подобро туку напротив ќе се поттикне гнев , бес,незадоволство кај детето. Гневот ,бесот и незадоволството можат да допринесат за тоа детето да стане насилник со тоа што ќе смета дека така е правилно да се решат недоразбирањата со околината со ќотек .Најдобро преку разговор да се воспитува детето ,ако тоа погреши многу полесно преку разговор ќе ја увиди својата грешка и ќе внимава да не ја повтори .
Тинејџерка сум,уште ми е свежо детството.Тргнувајќи од тука,сметам дека ќотекот треба понекогаш да се употреби.Ама да не биде постојан затоа што како што ти наведе ќе предизвика бес и незадоволство што може да прерасне во неубава особина. Сите сме различни,затоа кај сите деца различни воспитни мерки треба да се применат.
во право си,се согласувам со тебе.....а децата уште од мали треба убаво да се воспитаат,а ако тогаш не слушат и ти се качуваат на глава како што рече ти,тогаш малку ќотек,ама многу малку,да не биде претерано
Кога би имала дете секако дека ке го карам,ке му викнам кога треба,ке го удрам кога мислам дека претерува но ќотек како ќотек НЕ.Баш денеска гледав еден клип како некоја жена од Индија тепа 8 месечно бебе.Ама го тепаше како возрасен човек да тепа.Чувај боже!А бебето сиротко само плачеше и викаше.Погледнав накратко и веднаш исклучив,неможам да гледам такви работи.Жал ми е,посебно кога знам дека неможам да помогнам
Леле кога ќе ми текне.. Си бев, и сум многу тврдоглава и секогаш зборев глупости а и правев. Од мајка ми не сум добила ќотек, ама од татко ми .. Тој и тешка рака има и кога ќе те удри ангели ти летат пред тебе. Затоа и не сум толку многу блиска со него и не го сакам многу. Ми служи само од корист хаха . Секако дека има и некоја љубов спрема него ама тоа како ме има тепано од детството никогаш нема да можам да го заборавам. :'(
Ќотекот може да предизвика ментално нарушување кај децата родителите кои практикуваат да ги удираат своите деца, треба веднаш да престанат со таквите методи на воспитување бидејќи ќотекот може да предизвика ментално нарушување кај нив. децата кои се изложени на физичко казнување како удирање, влечење за коса и туркање, ризикот за појава на некој вид ментално нарушување е зголемен. Ако досега се веруваше дека е во ред да се казни своето дете, сè додека човек е благ во казната, истражувачите велат дека и онаа казна која луѓето ја сметаат за незначителна, а која вклучува физички контакт и тоа како може да претставува причина за растројство. Според резултатите децата кои биле предмет на физички казни, можaт да заболат од речиси секое ментално нарушување. Истовремено, кај нив е забележана честа промена во однесувањето, вклучувајќи депресија и најразлични растројства.
Прво да тргнам од мене ако ми удрат шамар уште повеке ке се заинатам за тоа.Второ и шамараот е од рајот но и со него не треба а се претерува.Не е крајно решение котекот затоа што може детето уште повеке да се разлути.Но,некогаш и ние претеруваме треба понекогаш да ги свакаме родителите.Кога ке ја изнервирам мајка ми знае да ми удри шамар но и тоа е ретко ама татко ми кога се лути ништо пред него не гледа(ама не тепа)само се дере.Ама мајка ми кога и одам на живци еден шамар и да видеш како се смирам за 5 минути...ама некогаш и инает ме фака па повеке...
Поимот ќотек е погрешно сфатен од родителите. Никој не збори за патолошки случаи со крвничко тепање што ја пореметува психата на детето. Ќотекот не е толку лошо да се употреби, колку што всушност некои го употребуваат кога не треба... или не го употребуваат кога треба. Никако не сум за тоа родителот да го користи ќотекот како излез во ситуација кога не може нешто да му објасни на детето. Не е тоа виновно што греши и сака да учи, сите сме биле такви како деца. Ако имам дете ќе се трудам проблемот да го решам со разговор, ама никој не може да ми гарантира дека тој метод ќе успее. Има разлика од дете до дете; некое е мирно, се разбира од збор, а што правиме со другите? За пример го земам братучед ми. Кога ќе го видам како корне коси зошто нешто не му е купено, или па ако му ја купиле играчката зашто е плава, а не зелена ми доаѓа да го истепам и да му е доста за цел живот. Премногу е разгален и се му е дозволено, баш поради тоа што не е удрен на време. Како со тоа 5годишно дете да полемизираш за добро однесување? Разбирам дека секој сака да му овозможи сé на своето, но и тоа баш не вродува со некој позитивен ефект. Детето треба да знае кој е авторитетот, а ако родителот одлучи да го плесне малце сигурно нема круната да му падне од глава и да има трауми цел живот.