Не можеш да генелизираш така. Исто така и јас знам случаеви каде децата биле златно чувани па станале ѕверови.
Ама, дали си им била 24/7 дома, па знаеш све? Ако не си гледала цело време, не си можела све да видиш и чуеш. Не е можно некој да стане насилник без причина.
А ти си била,па знаеш се? Им светеше? Има тепани деца,образовани,културни. Има и нетепани. Исто има и тепани, нетепани ѕверови станале. Така да,тоа е факт.
Душо убаво што ми ги следиш чекорите и знаеш во која тема што коментирам...јас со тебе не се замарам. Сори али јас сум порасната во време во кое немало потреба од книги за воспитување деца ,па еве фала богу насилник не сум.
Не е до книгите, нема врска тоа. Прашањето е како имаш срце да удриш свое дете, макар и „само“ шамарче да е? Едно дете е личност која има поминато само 5-6 години на овој свет, се му е ново, полека осознава и учи... не може никако да заслужи „воспитна“. Ударање на дете е лечење на лична фрустрација. Како што реков, да ги преиспитуваш своите ставови и начини е добра особина. Од инат не се живее, а посебно не се одгојува дете со инат.
Е како не си, коа без проблем би удрила мало дете. Сметаш дека воспитна/шамар или по газе на некој послаб и понемоќен од тебе е скроз океј. Па уште и не било тоа тепање. Воспитна било Него, со партнерот по дома коа не се согласувате за нешто си мавате шамари онака воспитни? Маицава да стои на закачалка….е не подобро е здиплена…. и пљау пљау летаат воспитни. Нема муабети. Строго воспитни. Па така се учи бе. Кој ќе губи време сеа со разговор нели
Многу си смешна зашто кај врска нема тоа што го пишуваш, кај е сто пати потврдено дека тие вашите воспитни и ќотеци влијаат само лошо, ама не, ти ко слепа за стап си се држиш. Се гордееш зашто не знаеш, буквално. Исто ко некој да не знае да чита па да си се гордее зашто не знае да чита. Туку следен пат колешка ти или другарка ти кога ќе те изнервираат, мавни им една воспитна. Или чекај, како возрасни не е во ред да се маваме, ама за невини малечки деца е прифатливо?
Не мешајте баби и жаби. На другарка ми малиот ,беше со една нога префрлена на тераса зашто сакаше да лета од зграда на зграда како спајдермен. Ако у тој момент не му удреше една воспитна , наредно пак ке го направеше истото. Дете од 3 години верувај не разбира што е опасно а што не .
Баш тоа време е доказ зошто секој родител треба да прочита книги за родителство и воспитување на деца. Кај тебе последицата е тоа што мислиш дека е правилно, а не е.
Па после тоа не му текна уште еднаш . Кога го гледаше спајдермен или било што поврзано со него ,викаше "лошиот чичко"
Ни после "воспитната" не разбрал. А и баш зашто не разбира што е опасно што не, значи не е криво детето така?
Полесно и било така на другарката. Не дека немала друг начин. Следен пат маж и да и плесне една коа ќе се качи во кола. Чисто превентивно да не згази пешак. Глупаво нели? Таа ви е логиката на вас. И детето сеа пак не знае што е опасно, а што не. На детето никој не му објаснил дека не се качува таму оти е опасно дека може да падне да се повреди и слично. Детето сеа во глава има: несмеам да се качувам оти мама ќе ме натепа. Ниту знае зошто ниту некој му објаснил. Што правиме коа ќе дое ред веќе детето да е поголемо и да не се веќе плаши од ќотекот на мама? А никој не му кажал зашто нешто не смее да се прави, у неговата глава е празно зашто спајдермен е лошиот чичко. Ептен сте го решиле случајот со воспитната што да ви кажувам. Ни физички исправно ни психолошки логично. Незнам што имате во глава…
Ова ли е мерило за успех? Се плаши од детски суперхерој, вау, научил од ќотекот. Можеби нареден пат како Супермен ќе сака да лета (пу пу), за него не знае дека е лош чичко. Друго е ако му е објаснето дека може да скрши рака, нога ако падне од височина, па ќе го боли итн.
Ако мора толку да се докажуваш дека си океј сега оти твоите те тепале... Некои го кинат синџирот, некои си го продолжват. А насилство не, не е одговор на ништо.
Ако детето е доволно возрасно, за да разбере со збор, која е поентата да го тепаш? Ако пак детето не е доволно возрасно за да разбере со збор, повторно, која е поентата да го тепаш? Оправдување за тепање дете, нема во никој случај.
Никогаш према никој не смее да се има стравопочит.Почит да, страв не. Она првото се достигнува многу тешко, бидејќи бара многу работа и посветеност. Стравот и ќотеток и викањето, не одземаат време и трпение и не бараат работа на себе, па на детето. Педагогија и психологија е целокупната комуникација и вложување родител-дете. Но нема потреба да се мачиш. Удри го.