Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    3.190
    Пол:
    Женски

    Од кога тепањето има дефиниција и лекција? Постои и книга?
     
    На crimson и mode-kristina им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.347
    Допаѓања:
    133.404
    Пол:
    Женски
    Е, многу убаво го научила.Да применува насилство.
    Кога ќе порасне малце може ќе удира други деца, а кога ќе биде возрасен ќе ги удира жената и децата. Или ќе има страв од све и секој и ќе добие анксиозност, па ќе му треба терапија.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.787
    Допаѓања:
    9.512
    Одземаш сок, одземаш колачи, играчки доколку ги крши, најсмирено како на возрасен му кажуваш дека нема да ги добие бидејќи не се однесува правилно со нив.
    Правилно е дека сокот се пие, колачите се јадат, со играчките се игра, ова ќе му објасниш на убав начин.
    Иако не ги знаат сите зборови, верувај разбираат :)

    Ако има тантрум и се треска од земја игнорираш максимално, сам ќе си дојде кај тебе.

    Доколку прави нешто добро, го фалиш и го охрабруваш, така ќе се "замени" однесувањето.
     
    На TarantulaA, mal.ecka, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.109
    Допаѓања:
    25.358
    А вие кога ќе истурите или скршите нешто си мавате по еден бокс за да научите или вас ви е простено зашто "на секој може да му се случи де:wasntme:"?
     
    На GirlVolley му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.508
    Допаѓања:
    179.126
    Пол:
    Женски
    Океј не мора ете да уважите дека шамар = насилство. Така е, ама не мора да кажите. Ко ќе станите и на партнер, на родител, пријател залепите шамар, како на дете, и сметате дека така го решивте проблемот и со то му се објасна на возрасниот: 1) шо ве налути, 2) шо згреши, 3) како да се попрај - ќе речам „ок во право сте, насилството е решение“. Пошто ако можите да удрите дете - ќе можите да удрите и возрасен ама не. На возрасен не удирате. Зошто? Зошто на дете удирате? Оти е помало? Му го можите? Не можноста да најдите алтернативно решение и стравот ради то ве турка кон насилство? Пошто не би удриле возрасен оти е 1) понижувачки и можда најважно - 2) можи да ви врати. А дете? :)

    Следно, не е само за насилство кога е вклучено, ама ако некогаш стигните да проговорите „ама мене вака ми праеја и ете океј сум“ бестиииии некој се жали или пак збораме како му е и ти то не го уважваш, значи минус на емпатија. Од старт. А кај се другите работи кои овај пат нема да ги набројам. Ама ако стигните то да кажите - преиспитајте се дали уствари и од сегашен аспект имате нешто повредено истиснато.
     
    На Oneo, Chantal, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  6. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    269
    За тие што ги тепаат децата, а и тие што не ги тепаат туку "ги воспитиваат" со "воспитни", зашто на нив сега ништо не им фали: Единствената "придобивка" што ја имам од воспитување со ќотек ми е одењето на терапија:D. Очигледно на мајка ми нешто и фалело, ама ни таа не се согласува.
     
    На WildMk, Srckata28, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    На Angie1432 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Незнам како ќе бидам сфатена, ама еве дајте ми ваше размислување.
    Пијам кафе на тераса кај роднина една и пред зградата девојче со најмногу 8-9 години одеднаш бута едно детенце 3-4 години. Доаѓа мајката на девојчето ( цело време беше на телефон) ја зима и си одат, доаѓа татково на детенцето го дига го гали , му зборее нешто и си заминаа.
    Јас стојам и викам види ја бе мува не ја лази, ќерка и бутна мало дете, а она на телефон. Цел простор беше со плочки.
    И ми вика роднинава ааа тоа е …. сите деца ги тепа она, ги бутка на земја. Секој ден плачат од неа деца. Викам а мајкава бе, вика ааа па и она не гледаш не се замара, со телефон е цело време. После ми се враќа филм како внуката ми кажуваше дека некој новодоселено девојче со камења мавала по сите и ми ја кажа по име и сфаќам дека е истата.
    Дали сите деца треба да играат со страв поради неко девојче , што според мене е невоспитана. Што незнае како со деца да се дружи и е насилна? Не и е објаснето дека некои работи не се во ред…
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    Мајката да се истепа добро со сукало а ќеркичката да гледа.
    2 воспитувања во едно. :D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    Секако дека останатите деца не треба да се изложени на тоа и да ја трпат. Ама и самата ти убаво напиша со последната реченица. Не и е објаснето дека некои работи не се во ред.
    Во контекст на темава, тоа нема да го разбере девојчето со ќотек. Нејзините потфрлиле многу, многу порано. Кога ќе им замавне од малечко им е смешно на многу родители. Претпоставувам си мислат, мала е, не разбира, не може секако ништо да ми направи. Ама така се градат лоши навики. Или само ќе и се раздерат немој и толку, ќе остане на тоа.

    Не. Треба упорно и упорно да и објаснуваат од најмала возраст, на првите знаци на лошо однесување дека тоа не е во ред и зошто не е во ред. А во овој случај, мислам дека другите родители треба да внимаваат да своите деца, да не се дружат со неа. Звучи вака злобно можеби, ама мора да си ги заштитат децата. И мора да научи таа дека за секое однесување има последици. Кога околината ќе и даде до знак дека тоа е неприфатливо, може ќе размислат прво родителите, па ќе и објаснат и неа зошто се тоа не е во ред.
     
    На mode-kristina, theowndemon и Angie1432 им се допаѓа ова.
  11. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.097
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Тоа се дечиња кои пред зграда си играат. Има и малечки со родители, но тие од 10,11,12 години сами се играат на просторот пред зграда.
    Па 9 годишно дете и не е така мало да разбере дека не треба да тепа деца, ако и е објаснето соодветно.
    Ова е тортура на децата која што трае долг период.
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.347
    Допаѓања:
    133.404
    Пол:
    Женски
    Бутањето и фрлањето камења не се игра.Насилство се.
    Родителите на другите деца треба да се соберат и да разговараат со мајката.Да преземе нешто дур не дојде до потреба за поднесување пријава.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.325
    Може не е 'невоспитана', може нејзините така ја третираат нејзе, или се тепаат меѓу себе, па научила од тоа.
    Дефинитивно има потреба од разговор со психолог.
     
  14. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    911
    Пол:
    Женски
    Ја би го пријавила случајот во полиција, за на родителите да не им текне да остават свое дете да е толку невоспитано.
     
  15. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,ми треба совет како да се справам со тантруми..Синчето има 2 години и 7 месеци,а тантрумите почнаа од годинка ипол.Јас и он сме по цел ден сами дома и цел ден пробувам да му угодам,секогаш си играме заедно,се гушкаме,гледаме цртани,се закачаме,секогаш ако не му се допаѓа јадењето му готвам нешто друго нешто што он сака,кога нешто не е како што сака пробувам на мирен начин да го смирам за да ми објасни што сака.Ама проблемот е во тоа што кога е љут и кога нема да му се посветиш во истиот момент кога сака нешто он почнува да фрла играчки,во тој момент најсмирено му кажувам да не го прави тоа ме сослушува и пак продолжува,наредно му објаснувам зошто не треба да прави така и пак продолжува,некогаш знае да фрла во стакла,фрла со чаши,со предмети со кои што може да се повреди самиот или некој околу него.Јас сум многу смирена но неколку пати ми се има случено да го исплескам по памперс или да добие шамарче поради тоа што со мене се однесува толку агресивно пример он мене знае да ме искубе,да ме изгребе,гризне,удри шлаканица,пред некој ден ме исшутира со клоци по грбот затоа што не му дозволив да штрака на лаптопот а јас на тоа најсмирено му се свртев и со разговор пробав да го смирам,не ме послуша и после тоа му се развикав а он на тоа почна да вришти и да ме кубе и на крај доби шамарче и пак си продолжи да се треска од земја.Значи јас никогаш го немам удрено за ситница или за некоја беља,дури и кога фрла и удира и буквално ме малтретира пробувам да го средам тоа со убаво..Е сеа единствено се смирува кога ќе се расплачам пред него,кога ќе види дека ми е тешко и ме повредил,да појаснам јас не плачам од него,плачам затоа што сум го удрила или развикала.Јас имам пораснато со родител кој што ме тепал за најмали ситници од тоа зошто сум ја откачила завесата до тоа зошто сум истурила сок ненамерно и ден денес сум љута на него и му немам простено за таквото однесување.Јас не сакам да сум таков родител не сакам да му се развикам а уште помалку да го удрам но тоа го правам кога веќе не знам како да постапам и во истата секунда се каам и се расплакувам се извинувам и сама себе не можам да се поднесам(во моментот кога ќе го удрам јас одма се повлекувам значи не го малтретирам),ако го оставам сам во соба он доаѓа по мене и вришти,ако се заклучам во соба фрла со предмети по вратата и врска,ако седам покрај него мене ме удира и сам се удира,на никаков начин не можам да допрам до него да ме послуша.Исто така што и да правам него не му се допаѓа не дозволува да се избања,да исече нокти,да измие заби,да се облече,да исчисти уши значи буквално се ни е кошмар како да го малтретирам а не дотерувам.Исто имам проблем кога сум кај моите мајка ми премногу го размазува и од нејзе не можам да го искарам ако го искарам он трча одма кај нејзе и и викам не го зимај а она на тоа ми вика ама греота е и детево уште толку зима сила од нејзе и се глупира а татко ми гази преку мене пример синчево прави беља и покрај мене тука он се дрзнува да му се развика или да го навреди и постојано кога идеме на гости јас се расправам со моите затоа што кога сме кај нив се расправам ем со синот ем со нив и сум пренервозна.Значи јас имам авторитет и кога ќе кажам за нешто не на тоа си стојам до крај ама како да го смирам синот после тоа мое не и како да им објаснам на моите дека тоа што пет минути ќе плаче е подобро од ќотек и од размазување.Извинете за долгиот пост и чекам ваши совети и искуства позз
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.568
    Пол:
    Женски
    Мислам дека заедно со детето најдобро ќе биде да отидете кај психолог :)
     
    На LanaDelReyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Dali imate nekoja preporaka za dobar psiholog?
     
  18. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    17.275
    Пол:
    Женски
    Психолог, вака колку и да е долг постот ние не можеме да го најдеме вашиот проблем зошто има вакво однесување, треба да се знае вашето секојдневие, околината и многу други работи
     
    На LanaDelReyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.568
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала ја фалат оваа Мери Бошковска. А кога ќе го отвориш линкот, освен текстот од Мери, најдоле има дадено одговор и Христина Стефановска исто психолог.
    https://deca.mk/d-r-meri-boshkovska...-nezhnost-razbirane-i-pochituvane-na-detsata/
     
    На LanaDelReyQueen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LanaDelReyQueen

    LanaDelReyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Vo red vi blagodaram ☺️
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.