Леле Вајлд колку си напорна И ти имаше слична ситуација со семејно насилство ако добро се сеќавам. Ти пријави во полиција или социјално? Мислам не Зш, бе?
Кога веќе ме бречаш дека не сум разговарала и кога ти реков дека разговарав долго време и дека не вроди тоа плод се правиш наудрена демек не читаш.. секогаш ја исправаш ама некогаш не бива.
И? Тие на 15 може да ги тепаат, ама тие на 3 не? Не те разбирам искрено... На крајот, муабетот ми беше пошо нонстоп се силиш по темиве и ги напнуваш луѓево, а ти не си ништо поарна. Не си пријавила насилство
Оти не ме разбираш? На 3 години нема само да си замине. Девојчето од 'нашиот' случај, престојуваше кај нас, додека не организиравме преселба од домот во кој живееше.
Уште колку ќе го тепаат ехее.. Тое уште од 3 год тепано а не па на 5/10 годинки .. Такви девијантни појави имало и ќе има.Општеството е немоќно ако родителите се психопати.
Ако не си била жртва на семејно насилство не коментирај . На дете врз кое се врши насилство (јас бев за жал) никој не беше моќен да го запре насилникот (оти и нив ги малтретираше) Полиција не се замара со насилство врз деца. И кога ќе дојдеше полиција викаше лаже не ја тепав (за мене) и му веруваа бе.
Со полицијата треба да си упорен. Да пријавуваш, да поднесуваш тужби, да поднесуваш пријави во Внатрешна контрола, ако не постапуваат. Друг начин, е да имаш кај да избегаш. Мајка ти со вас живееше?
Се спасив кога си создадов семејство. Мајка ми не смееше да му писне оти и неа ја тепаше. Знаеш само колку пати пријавува..
Сепак, јас би ја пријавила таа што го тепа 3годишното. Можеш да се обратиш и во Социјални служби. Невладини организации. Ептен е мало детето, ништо не мој само да напрај. Зависи од нас, возрасните.
Епа ти кажувам оти во државава нема соодветни институции за деца жртви на насилство, нема невладини што се замараат оти според нашите борци детето не спаѓа во маргинализирана и ранлива група. Жими едни Меѓаши што постојат ама и од нив не гледам некој сериозен активизам.
Никогаш не ни се потрудија да го истражат случајот. Мнолгу пати кога ќе ме истепал он мене ме пријавуваше дека сум го нападнала ( за да не го пријавам јас прва). Дури цајканите со затворска казна ми се закануваа.. е сега ти види.. уште кривична да добиев.