Требало возрасни да стојат зад тебе. Требало мајка ти да сведочи, за да ја потврди твојата веродостојност. Ама тоа е, готово... Работата е сега шо ќе прајме за ова дете, кое моментално е во загрозувачка ситуација?
Реално кога дете е во говна на никој не му е гајле. Ни ќе те примат роднини ни па здруженија.Ете роднини, тетки сите знаеја па никој не ми помогнал.. скраја да е да ме примел.. Си го гледаа својот газ
Ако ви е фамилија, вие може да го згрижите. Нема автоматски да му станеш перманентен старател. Пак ќе си биде детето, дете на биолошките родители.
Никогаш ме немат тепано родителите ни мене ни брат ми, ни јас никогаш нема да кренам рака на децата мои.
Ако дадат да го згрижиш де. Оти како прво од мајката треба да се одземе право на старателство и да се дозволи на роднините да го земат. Туку така не се зема дете, можеш да одговараш за киднапирање.
Што носи утрото незнам али знам во животот некои работи нема да направам една од тие е дека никогаш нема да и се развикам а уште помалку да кренам рака на децата
Миц, за ќотекот се слагам со тебе,ама за да не се развикаш никогаш ама никогаш кога ќе ги фатат ‘бубачките’ на 2-3 години за таква благосостојба и смиреност да постигнеш од твоја страна ќе треба да си набавиш некои медикаменти
Мислев работат нешто. Имав ситен проблем (трета страна не семејно насилство) и секаде ми рекоа дека не е нивна надлежност. Не им давал главниот обвинител ни записник да направат.
А од кај би знаела кои им се нивни надлежности кога не им ги знаеш нивните протоколи за работа? Едноставно ти вика дека не е тоа нивна надлежност, чим е полнолетно лицето и психофизички способно ондак со разговор решете. Знам зошто од работа пред неколку години го поминав тој пат и секогаш завршуваше тука муабетот, социјални служби, дописи… секогаш истото неуспешно
Затоа, ќе пријавиш. И ние не знаевме дали се одговорни за некои работи, па пријавуваме, па ќе ги 'чешла' тој шо е надлежен.
Ах леле ама зошто толку наивни постови од твоја страна? На кој надлежен ќе пријавиш? Си се штитат секој на секого поврзани ко црева
Не се сите. Сега, пред три недели ги пријавивме МВР во Внатрешна. Да видиш како квичеа цела станица! Посебно началникот.
Вајлд...МВР им издадоа легални пасоши на тешки криминалци барани со Интерпол низ светот и ниеден не леташе од работа за тоа.
Не знам што сте пријавиле, која била причината ама тука дискутираме за социјални служби каде таму се обраќаме за вакви проблематики
Затоа треба сите кои знаеме за криминал, да пријавуваме! Колку повеќе пријави има и упорност, толку повеќе ќе имаат 'инсентив' да преземат нешто. Криминал се случува, само кога сите молчат.