Дојди да ја научеш мојата да не се качува на комодата, ама без да го повишеш гласот. Или да ѝ кажеш на поголемата да ти го врати телефонот од прва без да трча во собата, па ти да ја бркаш низ куќа. Ако успееш капа ќе ти симнам
Никогаш не сум кренала рака на моите деца,ниту сум им се развикала и поминале без тантруми. Според мене и мое искуство,на едно дете само му треба воспоставен ред за легнување и станување во исто време,навремен оброк,одвојување во денот за заедничко поминато време во игра ,читање книги , разговор и мноогу гушки. Срце ме боли,кога гледам како си ги тепаат сопствените деца,да маваш на тие нежни рачиња,ноџиња,а децата се што сакаат е да им посветите внимание...
Зошто и го даваш телефонот тоа си е твоја вина ќе им го земам и не и го давам ден два 3 ќе се лути ќе и помине
Па не велам не. Ама многу удел има и нејзиниот карактер. Таа е тежок инат и ако за нешто рече дека е црно, не попушта и крај, ако треба на глава ѝ се качи. Никако нема да ја убедеш. Она не е лоша, ама многу е инат. Не само со мене, општо е таква со сите. И сака да доминира, се она да е прва. Тежок карактер е
Епа требало нив да ги пријавиш, затоа што одбиваат да постапат по должност. Практично, одбиваат да си ја сработат работата за која се платени.
И мене, пред некој ден гледам во игротека се нанервира татково го стави под мишка, онака хоризонтално на подот лебди детево во воздух и го носи надвор. Си велам леле сега ќе го скрши од ќотек. Каков беше нанервиран па и како го фати како лубеница под мишка да носи. Страшна работа кои се стануваат родители, ниту се способни правилно да одгледаат и воспитаат деца ниту имаат нерви за тоа. Често се запрашувам зошто ги прават кога ете ги тепаат и малтретираат и омаловажуваат на низа други подмолни и манипулативни начини. Не знам, навистина немам одговор на ова.
Децата учат од родителите, само тоа ќе ти кажам. Сепак ако не сте вие такви обрати се на стручно лице ќе ти објасни како да се справиш со тој според тебе неконтролирачки инат. Никоја личност не се родила со вроден или карактерен инат како што велиш. Нешто правите вие како родители или поточно не правите соодветно па детето реагира така. Или не е до вас до тие што го чуваат, баба сервис или градинка прават нешто што не и одговара.
Ти вели извинето и ај сега гитла... Ти пишала членка дека и пререкуваш на мајката таа ти вели мое дете што сакам ќе си правам. Пријавуваш ти пишале што ќе ти речат. Убаво си објаснила и ти, се е тоа така ама само на хартија во пишана форма. Ете што си пишала реагирале од станицата и посебно началникот што му се случи отказ да не му врачија случајно?
Добро, можеби, не си навела што бил случајот. Ама за ова во врска со што е темава пишано ти е и погоре колку се заобиколуваат тие правила и прописи и од кој се да се изненадиш. Пишав јас да се чудиш која се будала не станала родител, ја бивало или не опа цупа, па после ќе читаме во темава ќотекот од кај е излезен.