Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.795
    Допаѓања:
    40.327
    Пол:
    Женски
    Не реков дека јас сум совршена или несовршена. Многу добро знам дека не сум. Зборот ми е дека само на форумот постојат деца кукли кои никогаш не им противречеле на родителите, кои никогаш не земале телефон во раце, кои никогаш не терале инает за било што макар и за најобична маица за во градинка. А надвор е тотална разлика.
     
    На drugarka, Oneo, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Не постојат само на форум, може немаш сретнато. Ретки се такви деца,но има.
     
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.479
    Пол:
    Женски
    Во таа Шведска, внуци на другарка за малку ќе беа одземени од родителите оти на маливе им текнало да им се одмазадат на родителите оти им повишиле тон за нешто и да ги накодошат на воспитувачките во градинка дека им удриле шамар. Па додека да се разјасни ситуацијата, родителите окапале по советувалишта и институции.
    А децава по кажувањата на другарка ми се од разгалени поразгалени, на крај вика не можам да излезам со нив кога доаѓаат на гости. И сега, што со вакви деца?

    Дефинитивно одгледувањето деца е најтешката работа во животот, ги читам постовите на некои мајки тука и во нивните ситуации не би знаела што да правам. Ама па најлесно е да се осудува и да се плука.
     
    На eta и Didajo им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.866
    Допаѓања:
    41.209
    Пол:
    Женски
    Искрено и не знам колку е нормално тоа да едно дете биде "совршено" и никогаш за ништо да не противречи. Нормално е да се бунат децата и да си водат инат понекогаш.

    А од кај знаеш дека било стварно така? Може стварно децата биле истепани ама родителите ја испрвртеле ситуацијата за да ги избегнат службите. Многу поверојатно е тоа, отколку деца во градинка(значи збориме стварно мали деца) да лажат и измислуваат заради одмазда.
     
    На WildMk и forumce им се допаѓа ова.
  5. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.479
    Пол:
    Женски
    Затоа што родителите не ставаат прст на децата, западна култура. Доаѓаат на гости кај другаркава по неколку месеци и се заприметва кое дете е држано под строг режим и со ќотек, а кое дете ја има целосната слобода да ја демолира куќата и да не му е страв од никого.

    Децата не лажат и клеветат од инает? Не си дошла во контакт изгледа со дете на кое што во очите му се гледа дека е изгорено да направи нешто лошо или да излажи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.490
    Допаѓања:
    23.324
    Пол:
    Женски
    На пријателка во Шведска, малата што изгледа и работи мозочето 200, зашто и свикале дома, бидејќи несакала да и извадат трн од прстот, а притоа вриштела, им кажала ако несакате да ве кажам во школо дека викате ќе ми купите тоа и тоа. Децата се манипулатори , тоа знаеме сите. Гледам деца како манипулираат многу тактички, ама мора да се најде начин , макар и со стручна помош за тоа како да се справиш. Не за џабе рекле да си родител е најтешко. Но , тепање нити ќе реши проблем, нити дете ќе се промени после ќотекот. Само се добива контра ефект и трауми. Зашто како една членка да си носи тоа дете трауми од детство, и кога се присеќа на детството да се ствара одбивност. Зашто утре ден , детето ќе има аверзија кон родителот.
     
    На RedLotus и Mikha4 им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Ако бе нека ги кршат од ќотек, утре тие истите тепани деца кога ќе ви ги тепат децата на школо да не глумите пак изненадени.
    Не знам што подразбираш под разгалени деца, ама да ти седат мирни ко на чајанка не е природно за никое дете.

    А тоа што пријавиле и сѐ што се случило потоа тоа е разликата меѓу Шведска и нас. Ние ќе си ги малтретираме децата и после ќе си ги чукаме главите кога ќе пораснат исфрустрирани и емоционално оштетени личности. Пријавиле затоа што си ги знаат правата, колку и да им е тешко на родителите, пола работа им е завршена. Барем знаат дека нивните деца нема да дозволат никој да се изживува со нив утре-задутре.

    Кога ги тепате они нема да ве мразат вас, може за вас ќе има моментален ефект на послушност, ама само растете особи кои ќе се мразат себеси цел живот. Затоа што тоа им кажувате со ќотекот, дека не се достојни за нормална и достоинствена комуникација како со луѓе.

    За членката која не сака да ја пријавува роднината. @Серотин Не треба може веднаш да ѝ се одземе детето ама очигледно ѝ треба психијатар во најмала рака. Според тоа што го пиша детето со сигурност ќе има последици, за жал, само се надевам дека нема да бидат фатални.
     
    На crimson, Oneo, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Не ми беше намерата да те навредам, зошто очигледно е дека се осеќаш навредено и нервозно од речникот кој го користиш, сум лупнала.|(

    Жено на крајот од денот тоа се твои деца и твои проблеми, на форум си, си ги споделила нормално е да добиваш реакции. Јас се обидов да ти ги проширам видиците, да научиш нешто плус, ама џабе било.

    И ако не знаеш (а мислам знаеш, па да те потсетам само) совршенство не постои во ништо, ама кој сака да се подобри има совети и соработка, сепак тоа е не се разбираме. А се спомне стручно лице а баба Рога, исто му доаѓа, како на стручно лице не знам какви да одат.|(
    И да и за тантруми треба да поразговараш лично ти со лицето ако не сакаш детето да го носиш. Сега не знам детално какви се тантрумите и кога се појавуваат и како се справуваш со нив, се надевам не во согласност со насловов на темата.
    Ама ајде неважно е тоа повеќе, барем за мене.
    Ти посакувам секое добро.

    И еве уште еден пример каде што се раководи од мое дете јас што сакам ќе си правам со него.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RedLotus

    RedLotus Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2022
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    34
    Не знам точно, само ја видов постапката на таткото и претпоставив што следи. Не излегов надвор детално да видам се, ама беше неубав настан за гледање како и да е и што и да се случило понатаму.
    Точно така, потполно се согласувам со тој детски психолог и ете тоа е тоа одење на стручно лице кое е неопходно. Нема ништо страшно од консултација со такво лице во случај кога не се носи детето таму иако најдобро е со детето заедно да се оди.
    Психологот ќе знае да направи најсоодветна проценка на се што треба.
     
    На Anne Boleyn и WildMk им се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.795
    Допаѓања:
    40.327
    Пол:
    Женски
    Дете година и пол да носам на психолог заради тантрумите? Дали си сериозна? Ама дали?
    Јас сметам дека моето дете не е за стручно лице оти се инате кога ѝ го барам телефонот, јер сметам дека е фаза од развојот, а донекаде и нормално. Не е нормално дете да праве се што му се каже, без право на приговор, без никаков збор, како робот да е..
    Јас не правам со моето дете што јас сакам, далеку си од реалноста. Моето дете има свое мислење и свој став. Како секој човек. Колку ѝ да ме нервира понекогаш тоа мене.

    Кога ја прашав докторката за малата што не седнува цело време,што е многу активна, што сака секаде да се качува, ми рече супер што е така, да не беше ќе требаше да испитуваме што е. Реално па и јас би се загрижила ако детето кај го остаеш,там го најдеш. Имат си фази од развојот и не значи дека ако сега е такво,нема да смени. Еве големата беше многу мирна како мала,си играше, гледаше цртани, послушна беше. Ама сега се смени. Малото е тотална спротивност од дада ѝ како мала. Се надевам ќе смени и она:D
     
    На Angie1432 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Нема такви деца.
    Сите деца, се деца.

    Прашањето е како ние се справуваме со нивната 'непослушност'?

    Сум ја плеснала ќерка ми.
    Повеќе пати.
    Ќе речам пак: Не беше силно, ама нејзе ја болеше гестот.
    Не ме теши ич шо не ја болеше, оти емотивната болка во нејзините очи беше неиздржлива за гледање.

    Затоа, кога родителот не знае како да се справи, оди на консултација со психолог/психијатар.

    Како што рече Бубаче:
    Пошто никој не може да те спреми, за сите можни ситуации кои ќе ги доживееш како родител.
     
    На Mikha4, buba4e89, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.395
    Пол:
    Женски
    Не е исто тепање и да му повишиш тон на малото дете. Се качува на висок прозорец и никако нема да се разбере ако не го повишам тонот и речам НЕ. Не се сметам за насилник ако свикам погласно кога е испентерено на прозорецот висок неколку метри . Ова го кажувам оти читам и за тоа дека не чинело малце да му повишиш тон дури и кога си загрозува безбедност (скраја да е). Реално кога ќе му "свикам" се разбира од збор.А го удрам нема шанси


    @Mikha4 Психијатарот не може од социопат и психопат родител да направи човек. Ќе му вика на доктор ок нема да ги тепам веќе се додека не си дојде дома уште погневна "дека некој и соли памет за нејзини деца"
     
    Последна измена: 25 октомври 2022
    На eta, Angie1432 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Во право си,да ,нема деца кукли,ама она што ти рече Вајлд повеќе е како ние се справуваме и превенираме да таа непослушност не премине во огромни тантруми.
    Нормално е во период некаде околу втора-трета година да се јави пркос.Тогаш се развива егото,потребата да ги тестираат нашите граници,нормално е ама минливо.
    Не се децата за психолог,туку повеќе ние со нашите постапки.
    Јас се сеќавам една зима паѓаше снег и јас решив да ги сликам со дедо мраз.Поодевме така и наеднаш почна ептем многу силно да врне.Застана дете,му се изморија ноџињата од снегот,не оди ни напред ни назад ,само плаче.Кој беше крив детето или јас што запнав баш тогаш по виулица да ја носам. Требаше да ја исплескам?
    Или пример на едни пријатели.Застанувам да го погалам детето, а тоа мене се клоци ,со раце по мене.
    Детето ли е криво?Не,туку неговите родители кои го опсипуваа со поклони и му купуваа се што ќе посака,ама не му подаруваа внимание ,зошто додека тие тераа бизнис од јутра до сутра,детето им седеше на скалите од фирмата без да го погледнат.
    Јас не се сметам за идеален родител затоа што не сум ги тепала или викала на нив,ги мерам секој ден зборовите како ќе им се обратам да не погрешам во воспитувањето.Некогаш дури и се преиспитувам ,ако некој другар или професор им повиши тон зошто се толку сензитивни на тоа,си викам ако јас повеќе им викав можеби немаше тоа да ги погаѓа.
    Не знам, времето ќе покаже,дали сум направила се како треба за да прераснат во здраворазумни личности со доволно самодоверба во себе.
     
    На ElenaOfRivendell, eta, elenaklasik и 3 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Психопат и социопат, нема никогаш да побара помош од стручно лице.
    А не се сите кои ги удираат децата психопати и социопати.

    1% се психопати во светот.
     
    На Angie1432, buba4e89, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.395
    Пол:
    Женски


    Ми го зема зборот. Ако се случи со сила да бидат однесени ќе манипулираат и уште полошо за децата ќе биде. Тоа ти е исто кога насилник ќе ја истепа жена му ќе го приведат, и кога ќе го пуштат лом дома ќе направи.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Едно знам сигурно: Сите ќе си ги заебиме децата на свој начин.
    Битно е да се потрудиме да им биде што поблага траумата...
     
    На ElenaOfRivendell, mal.ecka, Anne Boleyn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Ха ,ха ,најверојатно.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    па... од моите сеќавања од детството, трауми ми се случки, кои сум сигурна дека моите појма немале дека толкава трага ќе остават на мојата психа.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.395
    Пол:
    Женски

    Е сигурно нема цел живот да го тепам и малтретирам детето како мене што ми правеле. Е нема заебување без завршување на психијатрија на 20 години
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Сите сме заебани... не се секирај.
    Нема совршени луѓе.

    Се' е нешто на 'спектарот' на трауми
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.