Знам еден врсник кој татко му го тепал како мал се до негови тинејџерски години и дечкото има многу трауми беше на психијатри,нон стоп е депресивен,нема другари,девојка.Жал ми за него.
Јас како дете немам некое искуство со ќотеци, меѓутоа и тие 2-3 пати во живот што сум ги добила како воспитни по газот од татко ми и учителката во целодневна, скоро да ги памтам како да биле вчера. Не ме болеле физички воопшто, колку што како дете сум ги почуствувала како неправда и ми ја навредиле детската психа, дека ако ми кажеле и опоменеле со убаво, убаво и ќе сум послушала. Истиот став го има и сопругот,сеуште памти дека татко му пред 30 години непотребно го казнил пред други деца, заради детска меѓусебна расправија. Затоа се надеваме и си ветивме двајцата дека како родители ќе имаме секогаш трпение за нашето дете и никогаш нема да кренеме рака, дека разговор и убав начин на комуникација ќе биде приоритет во нашиот однос со детето. Не оправдувам ќотек како воспитна мерка. Некогаш зборот и разочарувањето во очите на родителот се доволна казна за детето, за да си ја воочи грешката. Ова знам од лично искуство,од глупостите во средно со бегање од часови и слично, помалку ќе ме болеше да добиев шамар, отколку татко ми да не ми збори со денови. Има цела наука за воспитни мерки кај дете, треба да се чита и стручна литература и да се консултираат стручни лица, да си го познаваш детето, најбезврска е да го истепаш и да мислиш дека си го средил.Убедена сум дека авторитетот и почитта родителот не може да ја постигне со ќотек.
јас имам 12 години и досега рака не кренале на мене.. шамари колку што се сеќавам имам добиено само од браќата но не ме ни галеле цело време родителите, многу пати се имаме карано (порано почесто) а ете сега сум супер, добри оценки + добро однесување (сите пријатели на родителите мои ме фалат ) а ако добивав ќотек мислам дека ништо од тоа немаше да се случи.. но во некои случаи, треба барем шамар-два, но тоа само во крајни случаи кога децата се како еден од мојот клас, ги вреѓаат наставниците, ги вреѓаат другарите а пред мамичка ко глувчиња се и си ќутат ..
Ако останало проблемот да се реши со ќотек, најверојатно личноста направила страшно нешто, премногу лошо или се работи за лош родител/наставник. На мене рака не било кренето и покрај тоа не сум како испуштена од ланец и се најлошо (како што се опишуваат личностите кои никогаш не биле тепани). Е сега некој ќе рече а што ако детето е лигаво, ако е лошо, ако е незадоволно од тоа што го има, ако е плачко/а за се и сешто, или ако е лош ученик, па ќе рече дека тогаш нема друга излезна ситуација. Е тогаш мили мои, касно е веќе. Родителот си одговара за ова, неможе детето да ви биде разгалено, размазено ако вие така не сте го научиле. Едноставно неможе. И плус размислете вака... еве на пример некој татко на својата веќе тинејџерка ќерка и мава шамари и нешто повеќе затоа што закаснила дома или затоа што дознал дека има некој неприфатилв дечко или било што друго. И сега првите дена ќе бидат лути едне на друг, можеби ( и најверојатно) ќе биде казнета, aма сетоа тоа ќе помине и што зарем некој би помислил дека она нема пак да си седи со другарките додека и они седат, или нема пак да изелзе со дечкото, или ќе ги поправи оценките. За да се смени нешто треба на психата да се делува, со разговори и разговори, мачни и долги, а не на телото со тепање !!! ! ! ! !!
Извинете ако сум оф топик, ама морав да искоментирам.Значи воопшто не се согласувам. Јас кога имав 5 години, знаев да читам и пишувам. Значи ако родителите чекаат детето да наполни 4-5 години за да почнат да го учат, мноогу грешат. Детето уште од најмали нозе треба да се подучува, ама со разговор, а не со ќотек.Кога сум бесна доволно е мајка ми или татко ми, сеедно, да ми упати еден остар поглед и да се смирам. А шамари и ќотеци никогаш не сум добивала.
Не е само ќотекот казна за детето,за жал има многу кои што не знаат за други мерки па ајде ќе ги шлакнат малку,но не .Има и многу други начини да му се укаже на детето дека греши во постапката и да го смират.Тоа воопшто не е правилно,и сосема мал удар да е тоа влијае многу врз психата на детето.Детето се воспитува уште кога е во утробата на мајката.Место со ќотек ако детето е мало може да се казни на друг начин пример ако ја игра својата омилена игра ,даму се каже да игра друга игра или пак воопшто да не игра,или пак ако сака да излези на прошетка,да не му го овозможиме тоа и самото дете ќе разбери дека греши и ќе го поправи тоа самото.Ако на детето му се удри шлаканица или по газето,ништо нема да се постигни со тоа,само детето ќе се расплаче и за инает ќе биде уште понемирно,а да не зборуваме како тоа може да го памти цел живот као лошо искуство и траума.Само еден остар збор и поглед накосо се доволни за детето да се почувствува искарано и да се почувствува неубаво поради тоа,па и да се смири и смени во однесувањето.Најубаво е да се разговар отворено за проблемот со детето,да му се укаже на грешките и да се предупреди дека тоа не е добро,па тоа самото ќе разбери дека греши и ќе се смири.
Детете се воспитува на повеќе начини, но најмногу по пример односно по пат на идентификација. Не можеме да очекуваме од детето да усвои некое однесување, а ние самите да не се придржуваме кон истото. Дете кое е често казнувано или воспитувано со ќотек, и самото ќе тепа и ќе биде агресивно кон послабите од него. А има ли мајка која некогаш не го поплеснала своето дете по газето. Според мене ова може да делува како некој вид воспитна, но тоа не е ќотек.
Не би го практикувала. Стварно има разгалени и пребезобразни деца кои како ги гледам по улиците ми иде толку да ги истепам, да не им текне веќе така да прават, на пример, мој познаник се лути бидејќи неговите немале илјадарка да му дадат за излегување, па правеше трагедии низ дома, а детето е 2 година средно, не е мал треба да има разбирање веќе. Се надевам како родител, ќе бидам компетентна да не го разгалам моето дете, ќе се воздржувам од ќотек, ќе пробам со разговор. Голема улога имаат и односите внатре во семејството, треба родителите да си ја земат работата навреме. Ме плеснувала мајка ми по газето кога сум била помалечка и палава, де ама ништо страшно.
О па како помала имам изедено котек..И тоа 2 пати од татко ми..И се секавам на главата им се качив и тато шамари и по газ неколку пати.. а третиот пат имав негде околу 6 години и место да ме тепаа тато ме изнесе надвор под сушината на дождот и мајка ми иди само и ми дава кученце земи ова да не ти е ладно земи она и 2 саат имам седено надвор (за тие 2 саати мајка ми пола куќа исели надовр )
Секое дрвце треба да се калеми. Но некако неможам да сватам на пример едно дете ќе подтурне друго или ќе го подудри и тогаш идат мајките и плас плас по газ демек не е убаво тоа што го правиш.Чекај сега,се прашувам секогаш,го тепаш детето за да му покажеш дека тоа не е добро??И што ќе научи тоа?? Истото го прави татко ми .Ми вика Литл немој да ме прекинуваш дури зборувам.Аха добро, но после тоа јас сум таа што е прекината на сред зборување.Требало тој да ми биде добар пример и да ме остава да си кажам јас што ми лежи на срце ,иако тоа за него се глупости за да знам дека треба да го оставам и него до крај да се искаже. Сепак секој одлучува сам како ќе го воспитува детето.
Мајка ми вика: Лесно е да си добар родител на добро дете. Ако имаш мирно дете што не прави бељи, нема зошто да јаде ќотек. Јас сум била казнувана како мала за бељите што сум ги правела, и тоа многу (нема да ми даде на нинтендото да играм ако не сум напишала домашно, нема да ми даде торта ако не сум сакала да го изедам ручекот и слично). А ќотек сум добивала само за големи работи. И стално сум викала јас моите деца нема да ги тепам. Сега имам 23 години, и имам двајца мали братучеди што се како десна рака на ѓаволот . Ќе ми ги остават да ги чувам, живци да искинеш со нив. Се додека ги гледаш што прават, да им викаш на секое едно, нема да направат беља. Сврти им грб, одма ќе направат нешто. А не се толку мали па да речеш не разбираат, прво и трето оделение се. Не сум ги удрила никогаш, иако тетка ми ги мава по газот кога прават проблеми. Не сум им мајка, и не сакам на таков начин да им делувам. Секогаш им зборувам, им објаснувам каде згрешиле, и зошто не треба така да прават. Некогаш успева, некогаш не. Тоа е до детето дали може да се разбере од збор. Така да и за моите деца ќе видам како ќе биде. Сметам дека кога ќе направи нешто лошо, секое дете треба да добие соодветна казна. Не да јаде ќотек за се нешто, ама воспитувањето се состои во тоа да биде наградено за добрите, и казнето за лошите работи што ги прави.
Не сум уште мајка ама сум размислувала на темата ЌОТЕК многу Иако викаат котекот е од рајот од искуство мое мислам дека не е баш така. Така ке направам глупост ко мала (а често правев) ке се налути мајка ми ке ме изнатепа убаво ке квикнам да плачам и ке и стане мака. Тогаш или и таа ке почне да плаче со мене или ке ме милува. Тоа е сосема погрешно така само го збунуваш детето. Затоа нејзините предупредувања ‘‘немој ова, немој она‘‘ никогаш не сум ги слушала. Знам како ке биде, ке си терам по свое, ке ме натепа (еден котек мање више ништо не е) ке ме милува после и се така до следната беља. Од друга страна татко ми никогаш ме нема удрено ама секогаш сум го почитувала неговото предупредување. Ме учеше од мала како треба да бидам супериорна и ако нешто направам лошо ми беше срам од него. Никогаш ама бас никогаш не ме удрил и стално после глупостите што ги правам ке ми каже некој муабет што нема да ми текне да го повторам тоа. Знам еднаш му ги скинав панталоните на еден другар и мајка ми ме скрши од котек. Татко ми ми вика ‘‘ А бе Кики како сега да одиме на цуркус кога немаме пари, сите пари ги дадов за на другарчето панталони да му купиме, не може детето голо да шета‘‘ И така Кики не виде циркус и не скина уште еднаш машки панталони. Е сега јас бев немирно дете ама не и безобразно па ова палеше кај мене А ко што има деца лигави, ама тоа мислам дека пак родителите се криви, ке направи детето глупост место да го казни се фали пред лугето ‘‘Лелеее мој Бојан ја удрил воспитувачката‘‘. Е па ја удрил, денес неа ја удрил утре тебе ке те тресне ако така го бодриш на глупостите.
Јас сум против ќотек. Ама што да прават оние што имаат немирни деца? Има деца кои што не се разбираат од збор. Ќе им се каже нешто и упорно тераат инает. Едно е да го удриш, а друго е да го скршиш од ќотек. Јатрва ми ги тепа децата безмилосно. Не гледа кај ќе ги удри. Јас сум јадела ќотек од татко ми, заради кавгите со сестра ми. Син ми го тепам, ама на шала. Ќе го удрам нежно по пелената, а он ми се смее. Многу ми е интересен.
според мене ќотекот треба да се употребува во развојот на децата. Точно се познава кое дете растело без ќотек и какво станало,безобразно и мисли дека се му е дозволено... Ќотекот е добар за глупостите,нема на крај памет да му е да направи пак нешто такво..
Моето синче е премнооогу живо (3ипол годинки) знае и беља да направи и да искрши нешто и што уште не...јас понекогаш кога претерува знам да го удрам по газето,додека пак мм не,тој само му вика. Кога ќе го искараме за нештој тој дури повраќа,се кара,тој бил во право требало така да прави,ние не треба да го караме...и мнооогу е нервозно.Ако нешто не му удоволиш одма почнува да се дере да вика...и во тој момент се надвикуваме еден на друг...веќе не знам како да посапувам со него,сум пробала и со добро и со мавање по газето ама ни така ни вака не оди... Не дека сум лоша/строга мајка но се си има своја граница...ќе ми речат малечко е уште не знае..но од сега ако не го научам што како треба, и за почит на зборот на родителот па кога? Ве молам за совет???
Порастена сум покрај морето, полно со туристи...сум гледала многу мајки странки како се однесуваат со своите деца. Им даваат слобода уште од најмали, ги оставаат да плачаат дури им помине и си викав леле колку ладни луге сее, милост немаат и ич не се секираат дали ке падне по скалите или од столот...а ние овдека оф леле, држи го ке падне, оф леле греота плаче и оди му по свирката...и моево се направи газда дома, што ке речи одма се оди на продавница по сокче ако нема дома, по чоколадо, му прднало не сака ова да јаде што имав направено, ајде друго правам, не го сака ајде трето правам, само да јаде....и како ми се разгалииии...некни одевне рака за рака до на продавница, пола пат ми плачеше за во раце, легна на земја од инает, ме фати срам и од тогаш си велев доста е дете мое, ми се качи на глава. А инаку е многу мирно дете, во смисла не е нападно, мило дете е, душица е..многу луге ми имаат кажувано леле колку мирно дете имааш, 2 саати глас не му се слуша...мда, дека има луге, а дома? Само мене ми прави така, дека све му попуштав. Почнав по газето да го тепаам, по 1 - 2 раце леки, го оставав да си плаче дури му помине само, на почетокот ке плаче ке му помине, кога појдам да го гушнам да се смириме и пак почнува да плаче за истото, за тоа се научив и да му бидам лута (макар што не можам никогаш на моево дете да му се лутам, што и да направи)... и така, сега полека полека го втерав во правата линија и дека знае ако ми тера инает ке биде лошо и кога ке ме погледне дека сум налутена и прекинува...да се вратам на муабетов со странките покрај морето и ние овдека .. ја држам границата мегу двете и вистина помагало... жално ми е да го слушам како плаче, гревче ми е да го мавам, макар и по газето ама што да правам, кога стане на 4-5-6 години тогаш си мислам ке биде доцна, ке биде ептен галено тогаш и ке се срамам секаде каков сум го направила...
Кога бев мала се има случено татко ми да ме истепа еднаш или двапати највеќе, не се сеќавам на причината зошто а кога подпорасневме можеби по една клоца . А мајка ми никогаш ни шамар ни нема удрено во принцип бевме мирни како деца. Многу ме нервира кога ќе видам разгалени децата абе од бес незнаат уште што да направат како им го дозволуваат тоа јас незнам.
Паа, како мала имам јадено 2-3 пати ќотек, и само од татко ми, а од мајками имам јадено само шлаканици