Никој не рече дека е лоша, со разговор се се решава мене само кога ќе ме погледнеа родителите знаев што треба да правам а никогаш не ме имат тепано може да се реше ако се сака
Нема де, тоа е едно, а друго е доживотно насилство врз дете. Е сега и на ум земи дека повеќето насилници што ги тепаат децата се со тешки пороци и оди живеј мирно.
Затоа викам дека до нас е да се потрудиме што побезболно да им го направиме детството. Ме нервира што луѓе кои не се спремни за одговорноста, носат деца на свет. Не е играчка детето. Најтешката и најбитната работа во животот е, практично да изградиш здрава, продуктивна, самостојна личност. Луѓе правиме. Треба сите да го имаме на ум тоа. Не се раѓаат деца од хир и оти 'ми се гали со бебенце' Обврска е. Доживотна!
Демек раѓањето на дете ќе ги спаси од бедотијата /гомната. Така размислува нивниот закршлавен мозок. Ако не се откажам од коцка дрога, второто дете ќе ме натера на тоа да бидам човек
Лелеее... то е најголемата грешка. И луѓе кои сакаат да 'спасат брак' со имање дете. Одгледувањето дете е стресор. Она што ти е слабост, она што ти е проблем и фрустрација, уште толку ќе ти го интензивира промената и обврската на одгледување дете. Имањето дете, никогаш нема да ни ги реши проблемите.
Многу е лесно да кажете јас да бев вака, јас да бев нака. Не можам да ги дочитам сите мислење од тие муабети. Се нервирам стварно. Пола од вие што се силите немате деца, ни па планирате во скоро да имате. Ама битно вие да сте на нејзино место подруги би постапиле. Две имам, иста мајка ги раѓала ист татко. Ист начин воспитувани. Големата напати те вади од такт ако не си при здрави нерви ќе направиш голема беља. Затоа ретко кој се нафаќа да ја чува. Инает е , непредвидлива, плаче за се. Малата немам зборови. Кога почна да расте мислев во болница ја смениле . Со еден збор се разбира. Само да ви доловам дел од глупостите на големата. - се качува на ограда, доле 3 мт минимум, и и викам полека симни се. Еданш два пати три пати,. Ја фаќаш за партал и ја симнуваш. - Вози точак ама ни лево ни десно, објаснуваш цела недела за последиците. Наредно испаѓање нарочито го прави тоа да видела дали ќе се случи тоа што и кажувам. -Инаетење од типот не давам, не јадам и сл- секојдневие. Ако не повишам тон или применам казна , сега трава ќе ми никнеше на гробот. За учење цело маало не рзбира дека треба да пишува домашно. Првин плаче добри 30 мин, па 20 мин го бара приборот. и уште 20 мин се лигави над книгата, и сл ситуации. Има еден клип на тик ток- ко се дере мајката на комшиите, ако слушнете да се дерам по децата да знаете дека три пати ги замолив љубезно. Таква сум. Судете ме , бесете ме ама подобро вака да и подвикнам него да ја плачам цел живот.
Да и јас имам неколку,иако никогаш не ме тепале,карале.И напишав на мајка ми песна.Таа во моментот доаѓаше од работа ,ради реда ја погледна и точно паметам кај ја остави,а јас со толкав ќејф ја напишав за неа. Затоа јас заради тоа детално гледав цртежи и се што ќе направеа моите деца. Има и друга поголема,мој детски збор татко ми го имаше сосем различно протолковано,исто и мајка ми,уште ме боли.До ден денес не можам да разберам ,како воопшто помислиле дека е тоа.Зборот го имаа поврзано со нешто сексуално,а врска немаше.А имав само 8 години.
Психппати се луѓе шо ги тепаат своите деца секојдневно, велат биле немирни така растено дете никогаш нема да биди мирно за се ќе треба со ќотек, дури ако плачи уште ќотек. Знам еден пример шо така ги воспитува и до сега никако не се подобрило детето со ќотек. Сега пишат домашно со стапот над нив. Шо љубов кон децата чуствуват детето цел ден да му плачи и со то мозокот уште да го тепаш. За греота детето. И не се разбираат кога му кажуваш остај не го тепај не тие знаеле како треба оти бил немирен. Тоа дете е имуно на ќотек веќе ништо не помага. Дефинитивно ќотекот не е решение. Да не заборавам почнува злонамерно да станува. Ја тепа сестра му, скришно, итар е многу, еднаш и ја изгоре намерно раката прави глупости со цел да јади ќотек. Лошотилок стана детето. Каса, мава, другите деца ги тепа.
Јас трауми од детсвото имам од други деца шо ме тепаа многу често. Дома кај нас тепање немаше воопшто, бев и така мирничка, сепак имаше деца немирни и јас стварно не знаев да се одбранам. Можи требало поинаку да ме насочат како да се справам во некоја ситуација и некогаш и да вратам.
Така е, и јас со внимание ги гледам цртежите, песничките и имаме дел каде ги закачуваме. Толку ќеф се прави на детето. Иако некогаш ми се плаче од составите ама пак се потрудила
Нормално,еве некни донесе по општество учеле за родителите. Ме опиша ко ништо да не правам , само си играм со нив и кафе дека пијам. Битно знае дека и посветувам внимание. Маж ми и вика пиши дека јас чистам Со гордост е ставено на специјалното место. Награда и е тоа/
Леле да! Сакаш да покажеш позитивен реинфорсмент, ама нешто те скокотка в грло од шо е глупо нештото, ама со цела сила се трудиш да не покажеш и викаш: Бравос бе срце на мама! Додуша, сега мојава е голема и ако напиши глупости, ќе и' го плеснам
Море викам и ќе викам ако треба.... за тепање, не тепам, ама ако треба кога не може со убаво, мора повишување тон. Вие швеѓаните, ко ќе си родите, прајте шо сакате. И мене ќе ми свикале ако не сум била умна ко дете, па немам трауми. Траума е ако не направи ништо лошо и ако крка ќотек или навреди за ништо... ако се инаети, треска, ако не слуша, не е траума да го искараш. Ако вие имате трауми оти ве искарале ко сте се понашале ко гомца ко деца... тогаш стварно сте немале вистинска траума во животот.
Мојава црта бои,нешто што личи на тиква вика лубеница е(на пример),и кажуваш дека тоа е најубавата лубеница што си ја видела и да,стои цртежот закачен на фрижидер
I remember those days И ние закачувавме наоколу, а пошто беше пролифичен цртач и блокови и папки со цртежи чувавме со години... Ги гледавме кога одлучи да ги фрли, се паѓавме од смеење двете Сеќавања... Само то е засекогаш наше... Се друго можат да ни земат, ама сеќавањата не.
Сите имаме 'трауми'. Не мора ни да те тепа некој, ни да те навредува. Траума мене ми се ситуации кои се случуваа пред мене и не ги разбирав. На пример, кога татко ми падна и заспа, од тоа што беше начукан со апчиња, поради психичка болест од која страдаше пола живот. Самата глетка ми остави болна трага... Дали 5-6 години имав... Едноставно, оти не разбирав...
Знаеш што е најтрагично за таквите родители, тоа што децата нема да бидат искрени со нив,што и да им се случува и добро а посебно лошо немат да го споделат со нив.Е тоа е најголема трагедија.
Баби и жаби мешаш... Татко ти болен и седатиран било исто трауматично со ќерко "не прај бељи". Некогаш за паметна да се напрајш ќе закачиш нешто....
А пишав дека е исто? ти си измислуваш нешто шо не реков и после ме вреѓаш за тоа што ти го измисли? Ај полека малку