Па да... оти јас реков НЕ Е трауматично ако искараш дете кога не те слуша со убаво и прави бељи. Ти почна да мешаш татковци, психички болести и што ли не само колку контра да маниш.
Не коментирав за твоето, само давав пример за траума од мое искуство. И ако планираш да се расправаш, тука ќе го затворам муабетот со тебе. Немам ни време, ни желба да се расправам за нешто шо некој не разбрал и си тумачи од газот
Јас ги чувам во посебна папка,цртежите,честитките за 8 Март,писмените со печатчиња од учителката. Исто имам и радосници,кога ќе легнеа ги пополнував , а во нив зборови како ги изговарале, кој песнички ги пееле,згоди и незгоди,отисоци од рацете,од усте со кармин,првите цртежи,забчиња. Кога ќе оформат семејство ќе им ги дадам,да си прават споредби со нивните деца. А и тоа,на место за желби напишала сакам ,,децка ,,соба и памети дека сум ја укорила дека погрешила.Душуле од мама а сега баш ми е симпатично дека е погрешно напишано .
Tи мене ме цитираше... а мојот пример беше конкретен... трауми имаме сите, ама сигурно не се ко не искарале да не чепкаме со прстите в штекер ко деца. Еднаш со ќутенката и ги зедов сите шминkи на мајка ми, од Германија и ги пратија, цел комплет, бербат и ги направив. Ме искара и не ми текна повеќе.... траума - не, лекција ми беше да не чепкам и да не уништувам туѓи работи. Ако не ме искараше, може ќе ми беше нормална појава. И да, ми свика - така сфатив дека е сериозно и дека направив беља. Исто би направила и со ќерка ми. За тепање не зборам, пак ќе речам за повишен тон. Децата сфаќаат посериозно кога повишуваш тон, го фокусираат вниманието... со цуци муци на мама срцето, ако мама ја демолираш куќата само немој да ми се трауматизираш ќе создадиме тешки дегени кај што не ќе имаат никакви норми. Не велам дома војнички режим... се знае - многу љубов, заедничко време, забава, ама да се знае кога мама или тато ќе не искараат значи сме згрешиле нешто и треба да се поправиме.
Ха,ха ме изнасмеа. Епа и јас не бев премногу отворена ,затоа се посветив и среќна сум денес што моите се искрени со мене. Да знаеле твоите сигурно ќе реагирале. Исто и моите ,ама се трудам да ја галнам со зборови,со нежност,да и покажам колку ми значи. Абе и јас сум допуштала,сум била толерантна,ама не сум викала,ме разбирале,еве ќе ти купам на пр.сладолед ама од најефтиниот,немам повеќе.Следувало добро мамо.
Ако не знаете колку влијае на семејството ако некој е неaрен какви трауми може да остави на дете (несвесно) не ја напаѓајте @WildMk
Ама никој не рече дека е траума да повишиш тон. И сите се согласија дека има многу ситуации кога мора да викнеш и не е возможно родител да биде 100% од времето смирен. Значи за други работи се збори, не измислувајте. . . . А генерациски трауми се реални и се нешто што кај нас се пренесува како аманет. Многу јасно се гледа тоа преку добро познатото "мене ме тепаа и испаднав супер". Не, не си супер. Мислиш дека насилство е прифатливо, емоционално си незрел/а, пасивно-агресивна личност која не знае да комуницира, без диазепам не легнуваш, немаш јасни граници во животот, немаш самодоверба....ама ти си супер и твоето детство било фантастично! Сигурно да, сѐ е розево само во твојата глава. Идејата за совршено дете во времето кога сте растеле вие, па и јас, било детето да е моделирано според желба на родителот и да се покорува на сѐ што ќе му биде кажано. Плус, да биде бескрајно благодарно затоа што има кров над глава и да не се жали бидејќи барем има леб. Guilt tripping на најјако.Тоа не е здраво детство ниту пак е нормално родителот да очекува неговото дете да се однесува како возрасен човек што слепо ќе ги следи командите. Детето треба да е дете, да го истражува светот, да има слобода, да се буни и најважно да се почитува како личност, а не да се третира како потчинето суштество на неговиот родител. Затоа денес ви се чини дека децата се "разгалени", а всушност тие си се однесуваат онака како што треба, како деца. Океј, тепајте ги, ама еден ден кога ќе се освестат не се чудете зошто никој веќе не ве посетува и сте осамени старци. Да, Шведска е пример како треба. Не може ти секој ден да си го млатиш детето од ќотек или да го запоставуваш и комплетно психичко да го уништиш детето само затоа што настанало од твоите клетки. Не знаеш да се грижиш за детето? Ќе ти биде одземено. Толку. Јас лично сум многу импулсивна и лесно се нервирам. Не планирам тоа да го проектирам врз невино суштество пред да се средам себе си.
ОК, значи збораме за трауми од карање, од ќотек и сл. Не од секакви трауми во животот. Ќотекот е трауматичен, неправедното карање е трауматично... ама овие нови модели на не смее да се повиши тон, не смее да се искара дете оти се стварале трауми е претерано. Тогаш вистинските трауми како тие што ги опиша таа паѓаат во вода. Не е исто болест на родител со карање на неумно дете. Баш така... дека има трауми има... комшиските деца кутрите, ѕид не делеше секогаш слушав татко им со ремен ко ги тепаше. Ненормални работи се тие, и тепањето во секој случај треба да биде отфрлено... не станаа повеќе луѓе од мене оти беа тепани, а јас не. Ама велам мора да се постават граници кај децата, и кога не може со убаво, ќе се свика, ќе се искара детето. За ќотек сум била и ќе бидам против, и моиве дома двајцата ко ќе се затепаат баш се чудам кај учат. Викам како се тепате, што ќе беше јас ако не ми беше по кејф нешто да ве шлакам ко вие што се шлакате. Ептен дома кај нас сме ПРОТИВ тепање како најстрашно нешто, така и ги учам. Ама за викање, викам, некогаш нема друго чаре
Ова ти е сосема надвор од темава и за што тука се дискутира. Зборуваме за НАМЕРНО нанесување штета на детето, намерна физичка или психичка злоупотреба. Не за траума од болни родители.
Натаму ојде муабетот, пошто зборувавме за траума, па некоја пиша дека немаат сите траума, па се надоврзав да појансам дека некогаш траумата може да биде и кога не правиш ништо лошо како родител,туку едноставно е реакција на некоја ситуација која е сосема бенигна, ама ти си дете и не разбираш па те плаши. Во контекст на муабетот, тамам беше.
Ама такви работи и за возрасен се траума, нема баш врска со муабетот, јер темата не е траума. Дали треба кај дете да се постават граници? Не да треба, мора. Дали со ќотек се поставуваат граници? Не би рекла. Можеби е полесниот начин, да покажеш доминација, брзо да решиш моментална ситуација. Што колку создава трауми не знам, ама мислам дека е рецепт да пораснеш дете кое ќе се плаши, па ќе те лаже и ќе ти фаќа кривини, за да избегне ќотек. Си мислам дека и навредливо однесување кон дете, било што, што ќе го доведе до непријатност и до солзи, прави подеднаков ефект. Многу живци бараат децата, ама не секој ги има. За секојдневни ситуации, попрво би препорачала психички тренинг за родители, отколку дете на психијатар.
Дали некој во темата спомна дека е океј дете да се тепа крвнички и без причина? Некоја членка пишала дека оправдува изживување врз детето со ќотек без јас да прочитам или можиме од ракав да си пишиме шо ќе ни прдни?
Прајш разлика меѓу крвничко тепање и плескање по газето кога после 1000 повторувања продолжува да прави нешто шо не треба?
Можиш да се правиш наудрена до утре ако сакаш слободно, пишав јас шо мислам на темата. Продолжи да набројуваш видови насилство, ќе ги сместуваме по групи.