Искрено, од 18 години најдов работа само за да излегувам од дома, само за да ми донесат парите самостојност, да не зависам од моите, да имам начин да излегувам од дома, кога ме побара мм за жена гледав што побрзо да си заминам од дома, воопшто не ме направи посилна, баш напротив и послаба, буквално кога ќе гледав филм и си викав како смее вака да прави детево, ќе го скрши мајка му. Сите другарки што имаа многу послободен живот, сега поубаво живеат од мене, во секој поглед. Баш сме за на фабрички ресет. Абе градник со корпи несмеев да носам провокативно било. Под пазуви криев на 13 години дека се бричам за да не јадам ќотек, срам ми беше, не ме оставаше да се избричам ни да се депилирам, а темни влакна имав, се приметуваа, булинг од деца трпев. Иначе детето во мене преќутуваше до скоро, сега изгледа одкога сум јас мајка го надминав тој проблем малку од малку. Баш заради детето, за да сум посилна мајка. Иначе за да не дојде до кавга во браков на пр. преќутувам да, за да не го поминува детето истото што и јас и мм, и гледаме кога ќе легне дете или кога е во градинка, да решиме проблем за да не слуша и не гледа.
Те молам сега да не преќутуваш , и тоа цветањето од страна на бабите да не го заташкуваш кон твоето дете. Колку сакаат нека цветаат, грешни се. Да ставиш до знаење дека се ДОЛЖНИ да ти ги почитуваат границите за твоето дете. И баш имаш прилика сега, кога веќе сте секоја со свој живот, да ѝ дофрлаш за сѐ како си се осеќала и што ти приредило таквото однесување. Немој сега светици да се прават за внуците, кога биле баба роги кон децата. За срамота! Толку малтретирање од родител, крвнички, нема опис. Како не се засрамат! Треба прочка да бараат од вас сега. Раѓаш дете за да ти е ќутук, робот и послушник без приговор? И да ти ги трпи фрустрациите? Господ дете им дал, тие се изживувале. Бесрамници. Те молам да ѝ ги враќаш моментите кои се заглавени во тебе, за ти да си послободна емотивно. Нека не се правда после смртта како ќе ти било жал. Море море, финти. Играње на карта на жаловитост. Јас сега на мајка ми сѐ и објаснувам како и зошто довело до ова сега што сум и како се осеќам. Мислам дека не е свесна како ми е допрена психата како дете. Не се свесни општо што значи детска психа, свест. Како мајтап го сфаќаат. Демек ајде бе дете, што разбира што памти, и земи траскај го, вреѓај го. Психопати. Јас би ѝ плескала сѐ во лице. На татко ми, пример, не можам, бидејќи не се ни гледам со години со него. Немам муабет. Ама на мајка ми еве во прилики ѝ кажувам што сме трпеле, иако ти велам, нејзе не ѝ клика во главата дека психата нѝ е преполна со глупости.
Буквално секоја прилика наоѓам можност да им го речам. Она е добра личност вака, ама шо се вика и сега да може да ме истепа кога ја нервирам, кога ќе и пререкувам би ме мавнала. Баш ова со умирањево, лани имавме ситуација со татко ми и све му плеснав, све што не малтретирал сите низ годините, што сите моравме да му ќутиме него и многу ми олесни, не ми правеше муабет, ич не ми беше гајле, се разболи после 4 месеци, после 2 умре и баш и реков на мајка ми дека многу ми е полесно што све му изнакажав што несмеев низ годините. Нејзе и беше чудно мене не. Повеќе ќе ми беше криво да умреше, а да не му кажев како ми го имаше уништено дел од животот. Незнам, не се свесни вистина и тоа е трагично, мм бил млатен за нешто што не го направил во школо и кога се дознсло дека не бил он дел од тоа, свеки ни извини не му рекла и ден денес не признава дека буквално со модрици од неа шетал, а и тврдел дека не напрсвил ништо
ние како родители сме преопседнати со нашите деца, за се им се тресеме, чекај да не падне, да не се извалка, да не лапне нешто од на земја… све под саат цицање, спиење, бањање, јадење, па бабиве и дедовциве лигавење над нив и размазување, не сакало ручекот сакало нешто друго па да не плаче трчај купувај му, дома бетер од игротека од садопери, кујни, кактуси, коли на акумулатори, што посакало да се купело, а од толку играчки веќе и не знае со што попрво да се заигра и да сака да се заинтересира за една играчка се губи во купиштата, се е збес, разгалување и допуштање и на крај тоа дете има контрола врз родителот место обратно. Фали некоја строгост и поставување на граница да се знае кој е родител а кој дете, а не однос на пријатели, децата не се пријатели со родителите. Ние ништо од ова немавме ниту пак имавме потреба, мирно израснавме, мајка ми дури и две работи работела и од дома исто плетела со две кукли сме израснати и ден денес се сеќавам на нив.
Ако сакаш само да те слуша како да дресираш кутре, да, не треба да се пријатели. Ти збориш, оно следи и ќути. Додуша па и со куче си пријател де. Ама чекај...дали ако има некаков проблем сакаш да ти каже? Го боли нешто, некој го вознемирува, доживеало насилство или сексуално вознемирување, сеедно дали се работи за дете од 2, 12 или 20 години. Значи и возрасен нека е. Сакаш да знаеш и да помогнеш нели? Знаеш кому ќе каже вакви работи? На личност што може да ѝ верува, на личност пред кого се осеќа безбедно и заштитено. А ако со дете имаш однос само - јас зборам, ти слушај и никако пријателска, како ќе ја развиеш таа доверба? Зашто и кога ќе порасне и ќе стане независна личност, веќе авторитетот ќе го нема, сам ќе си го тера животот. И ако тебе те гледал само како претпоставен на работа кому му вршел задачи, нема да сака толку да комуницира со тебе.
Многу испомеша и бегаш од поентата, кога ќе се каже детето да биде пријател со родителот, а и тоа денес што постојано се промовира како поздраво родителство, не е купување на секоја најскапа играчка, туку фокус на емоционална врска и здрав емоционален развој.
Јас сум родител, за другари ќе си стекне во животот, врската е една со пријател, друга со родител,па понатака и сите муабети кои ги правиме со другарки шали, љубови и доживувања, релациите се други и не ми вадите зборови од контекст и не си измислувајте ваши претпоставки веќе и прочитани сте и се знае однапред каде ќе отера муабетот…, а за проблеми се разбира дека секој родител е прв во линија да помогне. Не е лошо и некоја статија плус да се прочита
Нечие дете сум била и уште сум и знам што ми фалело во тоа родителствување према мене. Ме болело ќотек, ми фалела блискост, ми фалело стекнување доверба. Не смеам за здравствен проблем да се пожалам оти се плашам од реакцијата, оти немам доверба да се пожалам. Не споредувам воспитување на куче и дете туку голем дел овде родителството го прикажувате како дресирање куче односно - јас зборам, ти извршуваш. А баш сакам да кажам дека е многу повеќе од само слушање.
Родител или не, има причина зошто ќотекот /физичкото насилство врз деца се кривични дела. Не секој заслужува да има деца, само тоа ќе кажам.
Зошто ме цитираш стварно не ми е јасно, а баш погоре пишав дека ќе почнете да си измислувате и да си додавате, каде пишав дека со ќотек се воспитува деца или досадно ти е?
Форум е ова госпоѓо. Како што ти слободно си цитираш така и сите други членки овде сме слободни и тебе да те цитираме Еве ти, каква строгост ти фали тебе во тема која гласи Ќотекот како воспитна мерка?! И ако односот не е пријателски, тогаш е непријателски. А исто постои и психичко насилство не само физичко. После ова и рантот како децата денес ти биле разгалени со многу играчки, кои сигурно сами не си ги купиле патем , и реакцијата кон други членки очигледно имаш фрустрации за лечење, се надевам ќе најдеш право место за да ги решиш а не дома на сметка на децата.
Ќотекот е врв на мрзливо родителство, недостаток на самоконтрола и неспособност да се справи со бес. Мене мајка ми ме има тепано и иако ја сакам, тоа не и го простувам. Особено одкако станав родител, не можам да ја сфатам како можела шамар да ми влепи. И го кажувам сега тоа и си ќути ама не е тоа тоа. Е сега зошто јас сум била удирана, не можам да лажам и да кажам дека не ми доаѓа некогаш да го плеснам син ми, и се контролирам самата себе. И мм е иста приказна, само што он бил тепан многу повеќе од мене. Не си дозволуваме да го повредиме. Јас кучињата не си ги тепам за дисциплина, а не детето. Не сакам да биде марионета моја, сакам да градиме здрав однос. Секој родител кој оправдува тепање, не заслужува да биде родител
Не зборувам за ќотек оти не го оправдувам. Ама ако ве прашаме вас напатените и подвикнување го сметате за насилство. Психичко. Ете имај дете, дај боже и повеќе па зборувај мирно и во рамна линија а при та да останеш нормална. Ако го сториш тоа , свака част. Сите тука што имаат пишано - само со убаво, зборување нон стоп пијат сабајле-вечер дијазапам. Гарантирам. Еве јас не можам се со ист мирен тон да зборувам. Има моменти кога со смирено, има моменти кога треба да покажам глас и став. И јас сум била дете и мене ме карале па не сум толку трауматизирана да му се тресам на детето. На до крај јас треба него да му бидам родител не тоа мене. Вака само смирено и едноличен тон доведува до тантруми и мамино/татино дете.
Јас немам од што да се тешам. Јас моите деца си ги воспитувам како јас мислам дека е правилно. Еве да ти зборувам тебе нон сто секој ден со еден тон, нема да ме сметаш дека нешто ми фали?
Ама ти не знаеш! Нема потреба мало дете да се носи на психолог, ако има тантруми и ти си го плескаш! Всушност, со помош на стручно лице се научив да си го контролирам гневот. Не ми е јасно, како за било што друго бараат помош од доктор, а за овие работи, сеуште немаат сфатено дека се потреби кои бараат евалуација од стручно лице-доктор!