Правдате тепање на деца, нормално дека ви фали нешто што децата нема да ви го излечат туку само ќе им го пренесете. И да ти одговорам за тантрумите: само смирено се решаваат, било што друго да правиш, дали дерење или тепање не е во ред и не ги решава проблемите. А тантрумите се нормална појава при развој на секое дете, кај некои се поизразени, но со ќотек ништо не правиш. Ако родителите ви биле затуцани не мора и вие да бидете. Имате телефони во рака, ако не ви чинат добронамерни совети од членки кои немаат деца, сите можни студии од психолози и доктори кои се посветиле на тоа ви се јавно достапни. Сметам дека нема правилен начин на бидување родител, сите грешиме и тоа е нормално,, АМА за методи за кои е докажано дека се штетни и непоправливи по психата на секое дете, нема смисла да го дискутираме и да се убедуваме во тоа дека е потребна мерка со аргумент дека детето би било разгалено без ќотек, што и да ви значи тоа.
Има разни деца со разни карактери, комплекси, особини и искуства, тоа што "пали" кај едно, не "пали" кај друго. Ваљда затоа треба да се пробува упорно на разни начини да се реши проблемот, да се допре до детето, да се подучи. Насилството нема смисла, да земем сопружникот да ве мава за да ви покаже како треба, што ќе направите?
Да де. Затоа мало дете оди на доктор со родител. Кај мене беше јас, кај некои е и тантруми поради х психолошки растројства кај детето * Ко ќе размислам... прашањето е: Колку сме спремни психијатар да ни ја каже причината за тантрумите на нашите деца и потребата ние да ги удираме?
Те молам цитирај ме каде пишав правдам тепање на дете. Во спротивно не ми се обраќај те молам, оти не можам да се разберам со личносто кои лажат и навредуваа. Ете слободни прочитај се што сум пишала и чекам да ме посочиш каде го пишав тоа. Очекувам извинување за оваа лага.
Сме правеле глупости и ние "нежните" или како нѐ нарековте. Сама си памтам некои, да Ќотек не помагало. Ако не разберам ЗАШТО уствари е погрешно тоа што го правам, ќе го правам кога не ме гледа никој за да избегнам удар. Ама зашто не е океј? Неам појма
Нема што да читам јас. Постојат начитани за таа тема. Се викаат психијатри. Читај ти до утре сабајле за срцев удар, нема да станиш кардиолог.
Не би било лошо мајката да оди редовно на психолог, со разговор и откривање на сопствените чувства и мисли ќе може полесно да ги издржува тие моменти на тантруми. Проблемот е што повеќето родители на кои им се пушта раката во афект на нервоза, не си ги решаваат внатрешните немири. Па после децата се криви. А од насилство само уште полош ќе им стане односот, гарант. Реално, каков гнев може да чувствува 2 годишно дете растено во најнормални услови?
Е то е проблем. Тие не се 'пријатели' со децата. Тие се 'авторитет'. На авторитет не се поставуваат прашања.
Можно е да е реакција на самото тепање. Значи тоа е под стрес оти е тепано, а ти го тепаш за да го 'смириш'. Мора бе да се научат да одат на психолози/психијатри... Не можи да бараме совети од бајачи и попови и да очекуваме здрави индивидуи...
Па ете прочитај ми ги милењата, не дека имам 200 на темава ќе разбереш која воспитна мерка ја применувам. Мислам дека сите тука сме писмени. Јас пред да покажам со прст кон тебе , ти ги прелистувам мислењата дали си рекла или не. Јас мн ретко коментирам е ради вакви како тебе, што извртуваат зборови.
Значи тоа не е растено во најнормални услови. Затоа кажав специфично така. Тогаш е веќе друга приказна и пак е последица од однесувањето на родителите, не е криво детето.
Најјаки па ми се тие што му се дерат или го удираат ако паднало. Ако при други примери треба да научи да не се пентари на ограда или да не пипа у штекер, тука што треба да научи? Да пркоси на гравитацијата?
Ама ако ти како родител не можеш да се носиш со нив и стасаш до тоа да го 'плескаш' детето (како јас што правев), одиш на советување со психијатар/психолог. Башка да утврдат, од која причина детето има тантруми