Го носиш и детето, оти ти не си доктор за да утврдиш поради што има трантруми. Посебно ако се екстремни. Мораш да реагираш.
Бараше да те цитирам, ме обвини дека лажам, ти го посочив мислењето и те прашав која е таа мерка која ти би ја применила, зашто со смирено ќе си идела во лудница? Кој извртува зборови овде?
Фала за советот, ама нема потреба. Моето дете нема екстремни тантруми, ги има ретко и најнормално како и секое дете на нејзина возраст
Ако не можеш сама да најдеш начин да се справиш, освен со плескање, значи за тебе се екстремни. Ти ја преливаат чашата. *Нема ништо страшно доктор да го прегледа. Најчесто е нешто банално. Ама и да е нешто ... страшно, подобро да знајш и да преземеш нешто, отколку да го оставиш така...
А кај прочита дека јас го тепам моето дете? Хахаха, јас колку трпение имам со децата ти толку влакна на косата немаш госпоѓо. Не за џабе свекрва ми неколку пати ми кажала Алал да ти е како издржуваш,јас да бев ќе ѝ шлакнеше една. Моите деца не се пипнати, а не пак нешто повеќе
Не знам дали го тепаш, нека стои таму не 'ти' туку 'родител'. Еве, ќе парафразирам: Родител кој не може на друг начин да се справи со тантрумите на детето, освен со тепање, треба да посети стручно лице и за себе и за детето.
Па ти лично мене ми кажуваш. Не знам како очекуваш да реагирам. Небитно, да не одам офтопик. Се согласувам дека треба да се посете стручно лице. Детето е дете, си има нивни развојни фази, скокови, тантруми, они не разбират зошто тоа им се случува, и ако ние не знаеме да се справеме со тие периоди треба да побараме помош.
Малку како да се нервираш? Како вака со деца? и извртуваш зборови, Еве да не ти речам пак прелистај назад две три страни, ќе ти кажам. Јас моите деца доколку направат нешто опасно ги казнувам со пр. нема во парк, нема џепарлак и сл. нема сладолед. Моите се мали сеуште за поригорозни казни. Ама опасно нешто ако направат. Се останато е разговор. Еве ќе ти кажам скора казна оти беше. Оти испрска рандом дете на улица кога одела на училиште со вода. Казна разговор-ставање во улога на спротивната страна и казна плус нема џепарлак. За мене ова е опасно. Ама тврдам и стојам на тоа цврсто дека никој тука не зборува смирено и со ист тон секогаш и во секоја ситуација. Поздрав
Без очекувања дека детето треба да се прилагоди на станот туку станот на детето. Штекерите се заштитуваат за да не брцка со прст, прозорите се заглавуваат да не може да ги отвори, средствата за чистење се заклучуваат. Маче зедов и ја затворив терасата за да не скокне, не го тепав мачето да не се качува, а не па дете. Тантрумите се драматични, ама ги има секое дете без исклучок. Да знаете дека кога ќе видам дете да се треска од земја во маркет само сочувствувам со мајката, нема потреба да се осеќате засрамени. Веќе се зборува за тантруми, сите знаат што се, сите учиме дека се нормална фаза од развојот. Од моја страна, осудувани се мајки кои ги тепаат децата кога имаат тантрум само за да не правело сцена. Сцената од мајката ми е далеку пострашна одколку од детето. Ако ви е за срам, верувајте, веќе се отфрлаат тие насилни воспитувања "ќотекот од рајот е излезен" и веќе е далеку посрамотно да го удриш детето пред сите. Ќотекот е лесно, моментално решение, ама за жал сите страдаме од последици кога одбираме лесно пред правилно, за се во животот.
Се знае дека дете може да има тантруми, не треба да родиш па тоа знаење под дифолт да влезе во глава. Сите деца се различни карактери. За правилен развој бараш начини како да се справиш со тантрумите или што и да е проблем. Цел живот е учење. Со моето дете се развивам и јас. Најлесно е влепи му шамар или плескај по раце и очекувај утре тоа да биде комплетно здрава личност.
Јас да се нервирам зашто ти не знаеш да дискутираш? Сигурно не. А прочитај си го мислењето пак, пишувавме за реакциите на родителите при воспитување, дали смирено или несмирено однесување на родителите имаат ефект. Ти си таа што пиша дека ако си била смирена секогаш досега ќе си завршела во лудница, тоа се твои зборови, а не сега примери за казни ми пишуваш.
Многу пати сум сведочела мали деца да плачат во јавност и никогаш не сум помислила лошо ни за детето ни за родителот. Разбирам дека лесно се вознемирува од работи кои нас како возрасни ни се смешни. Ама летово идам накај маркет и гледам една краветина си го плеска детето и се дере и го бутка пред себе да иде. Кутрото плаче, оваа уште толку се надвикува. Е богами ми идеше...ај да не кажам. Ја гледав онака смрштено и ме примети ама си продужи да го плеска. Не дека неќев да реагирам и стварно ме потресе ама знам дека никој не дира кај нас такви родители.
Па не сум смирена во секоја ситуација. Не го оспорувам тоа ни пак за тоа те демантирам. Ти тврдеше дека јас сум пишала сум за ќотек.Затоа и реагирав. Има разлика дали сум смирена во одредена ситуација и дали го тепам детето. Дали значи ако се вознемирам и свикам кога се качува на ограда по 6ти пат а доле има 2мт, значи дека ќе го скапам од ќотек? Не, тоа значи дека повушам тонот. Да ми ја разбере сериозноста. Оти со немој мило на мама, мама те моли не се качувај нема ефект. Од тие смирените само да ти кажам ние лудите термин на психилог не можеме да добиеме. Ајт сега чао. Сега видов не ти вратив на тоа дека примери ти лепам. Ти праша како казнувам. Не можеш да се составиш што прашуваш, што ти одговарам. Оф мајко мила.
Ако одите некаде на гости каде што штекерите не се заштитени? Што тогаш? Доволен е дел од секунда да не го видиш шо прави и да се деси катастрофа. Тоа дете треба да знае шо НЕ треба да прави и шо треба, зборуваме за ситуации опасни за неговиот живот. Еве и нека не се опасни ситуации, мое дете не сакам да чкрта по ѕидови и да уништува мебел оти така му се сака, чисто од забава. Имаш блокови за цртање, табли, платна, нека си бои каде шо треба. Ама за да му објасниш на тоа дете дека боење по зидови не чини, треба да му посветиш време и зборување, а не на денешните родители детево пред нивни очи го демолира станот, тие спијат на уши, едноставно ги мрзи да се посветат да го научат шо смее и шо не смее да прави. Ако треба да одберам меѓу да му повишам тон некогаш или во краен случај го плеснам по рака/ газе или да се обвинувам себеси дека му се случило нешто лошо ради мое невнимание, го одбирам првото.
Мислеш ли дека ако го плеснеш нема да фаќа и одма ќе те послуша? Внукот од 2г неќнија удри мојата, татко му го плесна по газето, после некое време пак ја удри. Овој пак го искара и прати во лошо ќоше. По некое време пак ја удри. Немаа никаков ефект тие мерки