Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Прво зборување и зборување зошто не треба да го прави тоа дури не ти фати пена устата.
    Ако после толку “дробење” си прави по негово и не те рецка, ќе откачиш едноставно и ќе се дериш или ќе плесниш, жив човек си.
    За оваа ситуација шо ја пиша, што е лекот според тебе? Казна и плескање не помогнале еве.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.114
    Тоа е тоа.
    Едни пријатели еднаш пред детето нивно почнаа да раскажуваат како ќути малиот во моментот затоа што добил "воспитна" затоа што во кола дур се возеле го земал гелот за раце во стаклено шише и го фрлил во прозорот, и за малце така ќе го скршил.
    И си викам, нели е подобро да го тргнете тој гел, воопшто да не постои, наместо да му се чудите на детето...
     
    На Осе, elimkd, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Ама ти го правиш да звучи како да е или/или.
    Или ќе го плеснам или ќе умре од струен шок.
    А не е така. Може начинот на кој кажуваш нешто не е правилен затоа не те слуша, треба да најдеш друг начин.
    Ама за тоа треба внесување енергија, читање, тренирање трпение, одење на психолог и признавање на грешките.
    Сама кажа, на уше спијат, ги мрзи да се посветат и тоа е тоа.
    Не знам зошто не ја гледаме поврзаноста на работиве.
    Се знае во какви држави е нормализирано тепањето, во неразвиени, сиромашни, исти или бетер од нас.
    Не е нормализирано во Скандинавија или Нов Зеланд, а тие се светлосни години пред нас, не умираат деца секојдневно пошто пошле на гости кај што нема заштитен штекер.
     
    На Oneo, dunika, mode-kristina и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Реално најдобар пример зошто ќотекот не е добра воспитна мерка и до што носи.

    Баш дека татко му го плеснал. Значи детево е учено кога некој е лут, тоа се решава со удар. Сигурно се налутил нешто со ќерка ти и сакал да го реши проблемот на начин на кој е учен, со удар. И ете ти циклус.
     
    На ReinaDeCielo, Oneo, forumce и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    23.666
    Аа ти па многу бараш.
    Се знае, го удираш, го праќаш у соба и си седнуваш на цигарче и кафенце. Со дете сега ќе се занимаваш, како не|(
     
    На senjorita-v, mode-kristina, Anne Boleyn и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.147
    Пол:
    Женски
    Ии ова е тоа што е најбитно. Да научиш да си го контролираш гневот и да ги препознаеш и работиш на твоите лоши страни...пред да родиш. Најголем дел од луѓето што ги знам се тој тип на луѓе, што немаат расчистено свои проблеми и секоја прилика ја користат да му се издерат на детето за ништо, да го скараат за ситница или да го мавнат.

    Всушност, тоа нема никаква врска со детето, туку на тој начин они си олеснуваат себе си и се празнат, бидејќи не научиле да си ги регулираат чувствата, а тоа невино дете трпи и ништо не му е јасно. Секако, не се ни свесни дека го прават тоа бидејќи не ни размислуваат дека нешто прават погрешно. Сите сме до некој степен емоционално незрели, разликата е кој ќе вложи енергија да го прекине циклусот и да ги подобри работите. Јас сум свесна дека кога ќе се изнервирам и буквално ми иде да мавнам некого, тоа е само за мене, јас да ја исфрлам лутината. Ако имам дете и го мавам, можам или да се тешам дека така го "учам" или да признаам дека таа лутина е само моја емоција што мора да ја регулирам.

    Од народ што на тие теми е скоро неписмен и не "верува" на "западњачки глупости" не очекувам повеќе...ама барем збориме колку толку.

    @tanjita упорно ја извртуваш дискусијата, не знам дали нешто промашуваш или намерно го правиш тоа. Кажуваш примери кои не се баш секојдневни случувања, зошто, за да се правдаш ли? И измислуваш дека тука се збори за некакво "постојано зборење со ист тон".
     
    Последна измена: 31 октомври 2022
    На eta, Осе, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Тогаш нема да си седиш лабаво и да си уживкаш туку ќе си го пратиш детето кое е мало и не смее да е без надзор.
    И да го плеснеш по рачето ништо нема да научи, туку ќе гледа кога ти не го гледаш за тогаш да направи што наумило за да не добие плескање.
    Не разбираат кога се мали дека е нешто опасно, затоа сме ние тука да ги заштитиме и да објаснуваме додека не пораснат доволно да разберат. Кога ќе знае дека на улица може да го згази кола, кога ќе може да го разбере тоа и да има доволно самоконтрола да не го прави тоа, тогаш нема да трча на улица зашто ќе знае дека ќе настрада, а не зашто може да добие плескање.
    Целта е да се научат на работите, на опасностите, на животот, а не да се плашат да не бидат плеснати.
     
    На Осе, Oneo, dunika и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Еве чичко д-р Скот Пек што има да каже..
    Screenshot_2022-10-31-16-31-33-981~2.jpg
     
    На elenaklasik, mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Бев прашана ,дадов одговор. Ако не ти се допаѓа што имам да кажам прескокни ме. Фала на разбирањето ♥️
     
  10. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.761
    Пол:
    Машки
    Ќотекот неможе да биде воспитна мерка ниту смее, остава трауми што после тоа маваат на психа.
    Пример добива слаба оценка во училиште и не кажува дома пошто знае што го чека. Оценка како оценка не е ни толку битна што правиме после тоа кога кријат за прв дечко, девојка, секс. Траумите си го прават своето.
     
    На ReinaDeCielo, Осе, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    За ќотек не сум во ниеден случај.
    Во врска со тантрумите, можам да кажам од лично искуство, затоа што сѐ уште немам деца. Релативно разгалено дете сум, долго очекувано, прва внука од двете страни, цела фамилија се вртела околу мене. И тантруми-пак сум имала. Мислам дека лекот е игнор-не придавање на важност. Многу пати се случувало во маркет да плачам за играчка, ама со трескање од земја со се, моите во тој момент само ме оставале, и многу добро памтам дека во истиот момент кога ќе ги изгубам од видик, тантрумот прекинувал. Па да видите како сум ги барала после на “главна каса”. Или ако се скараме дома, и почнам да “се пакувам” и уценувам дека ќе си одам, само ми отклучувале врата и ме оставале да си одам. Ниеднаш не сум го поминала прагот. :D
    Имам и доста помал брат, и кај него истово “палело”. Не мислам дека имам било какви последици од игнорирањето. Напротив.
     
    На Осе, nevermet18, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Уф!
    Јаки се твоиве ептен! (y) :D

    Немам срце да го прам то... затоа секоја кавга ни се сведува на 'долгочасовно дебатирање' :talk: :talk:
     
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Дебатирање за сериозни теми. Тантрумот и хировите, што повеќе важност им придаваш, толку повеќе се “хранат”. Ќе види два-три пати дека со тантрум не ја постигнува целта, и четвртиот пат нема ни да проба. Ако се мали, тешки манипулаторчиња се, и ептен им знае мозочето.
     
    На BlackNight, Осе, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    23.666
  15. Ане Анче

    Ане Анче Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Како дете на родители кое било тепано, ве замолувам да не употребувате ќотек.

    Се почнува со мало потчукнување на пелената, потоа со шлаканиЧКА, па со клоциЧКА и станува навика. Кога ќе почне во школо ќе ви биде навика да го натепате зошто ја изгубило гумата и моливот, ќе добие шамар зошто не може да чита и учи брзо. Кога ќе наполне 10-13 години ќе добива ќотек дека сите се подобри од него, сите знаат англиски, сите знаат да цртаат и пеат а тоа не. Потоа на 15 ќе добива ќотек зошто подоцна се вратило дома и ред други причини. Да не ги набројувам баналните работи низ дома како ненаместена завеса, чашата не била оставена на место, блузата не е здиплена како што треба и така... затоа се почнува со потчукнување на пелена а потоа доведува до реален крвнички ќотек со тек на време.

    Зарем не е подобро пред да размислете да имате деца да им овозможете прилагодена средина за живеење? Подобро кренете ги кршливите украси на високо, заклучете вратнички не им давајте електронски уреди и посветете им внимание за играње отколку утре да ве мразат.

    Јас ги мразам моите родители и фала богу се спасив од нив. Кога ќе ми се роде дете никогаш нема да го оставам кај нив на чување, бидејќи знам дека ќе го тепаат за секоја ситница. Јас уште од мала добив ѕид бариера помеѓу моите родители бидејќи бев многу тепана дури и крвнички. Сум стоела и на една нога во ќош со саати. Затоа ми се одбивни и не сакам никогаш да ги видам, освен ако морам.
     
    На ReinaDeCielo, Oneo, Mantub и 7 други им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам кратко на муабетот за тантрумите и предлогот да се однесе детето на психолог.
    Денес добив ете еден таков предлог од новодојдена комшивка. Жена на 60тина години.
    Син ми си има периоди на играње со трчкање, со смукалката ја влече и тоа скоро секогаш го опоменувам да внимава. Има и мирни периоди на сталожена игра. Има периоди на пискање, што е природен процес на учење емоции и справување со нив, со бес до револт, со одземање на нешто, учење на справување со граници.

    Си играше со смукалката, малку ја потргнуваше, како што правиме и ние, нѐ имитира, ама не беше галамџија, за да дојде комшиката и да ми рече да го стишам. Да сум му најдела занимација да бил посмирен. Имало и други начини за јас да се справам рече. Кога ја прашав кои, рече па психијатриски установи. Мислам дека овој збор го кажа. На тоа ѝ вратив "тоа важи и за вас".
    Значи пентерење на дете, трчкање (зашто нормално е детето да трчка, не може да оди како нас бавно) и игра како вклученост во активности во домот се за на психијатар.
    Ми се преврти лешников за што ме опомена бабата. Сега син ми да го кочам во секојдневието, за бабата да ѝ мирна нервата. Што не се распита кај доаѓа.
     
    Последна измена: 1 ноември 2022
    На eta, Oneo, Milkiway и 6 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ова е веќе, пуфкарлоци.

    Речи и', ако сака потполна тишина, најубо е на планина, во пештера.
    Има да се изнаспие ко бајче!
     
    На Осе, Milkiway и elenaklasik им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Бабата отишла во екстрем, но и ти штом си решила да живееш во зграда, треба да знаеш дека треба да имате осет.
     
    На christinnn и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Дете и ќе трча и ќе скока и ќе влечи правосмукалка и ќе тропа со капаци и тенџериња.

    За мене 'немање осет' е, кога има долготрајно дерење/гласно зборување во ходник (ама тоа важи и за возрасни) и кога еднаш една комшивка им даде на децата в ходник да возат трицикли со пластични тркала :D

    Мислев глата ќе ми експлодира од тропањето :@
    ... 'ги замолив', да излезат надвор со трициклите :$ :D
     
    На Angie1432, elimkd, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Јас во зградава живеам 6 години. Сум трпела и трпам од комшии и голема и мала галама. Главно не сме комшии без разбирачка или олоши некои.
    Никогаш не ми пререкле за детево. Вчера се клацкаше на креветотот со главчето, напред назад и креветот се доближал до ѕидот, 8 наутро, само ми тропнаа комшиите и му рековме престани им пречиме. И застана детево. Додуша го повлековме креветот нанапред.
    Инаку ниту за тресење ниту за трчкање не сме рекле. До нас тие и куче имаат џавка, и ние со тропање на ѕидот и се разбираме.

    Бабава дојде пред 2 недели и одма галама имало. Ам таа не е свесна допрва шо галама ќе има, во лето ами каква галама има. Вчера и полиција на врата нѝ дојде.
    Извини, ама за дете преку ден кое ќе се затрча ќе тропне, јас не можам в калап да го ставам. Детето е во развој. И да е шетано, дома пак тоа ќе трчка и скокне чат пат. Ептен ми е криво сега што ќе се расправам, ем детево да го кочам, ем жената ќе ја мислам. Ако е пак слаба на нерва, секој звук би и пречел.

    А секогаш гледаме до 9 да е легнат, дремката да е правилна. Го тераме редот. Не сме олабаени родители
     
    На elimkd, mal.ecka и WildMk им се допаѓа ова.