Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    За дете и за чоек во мака имам разбирање.

    Поќе глеам проблем во рендом музика во 3 сабајле, басој да те поткренат од кревет 3 сантими...
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Татко ми беше и уште е таков. Тоа е удав мерка, и искрено до ден денес кажувам... камо да ми манеше еден шамар и готово, отколку 2 саати да "дебатира". Искрено, според мене е меѓу најлошите мерки, немаат ефект, само во умот си велиш, ајде ќе се сложам за се да му го направам ќефот, само да куртулам од муабетот оти летна драгоцено време. До ден денес и кажувам на мајка ми, ако нешто неубаво памтам од татко ми како дете, тоа е тоа.
     
    На elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не знам за односот меѓу тебе и тетко ти, ама со ќерка ми имаме одлична врска.
    Искрени сме една со друга и се трудиме да ги решиме сите проблеми со разговор.
     
    На Angie1432 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    И татко ми така си мисли до ден денес, горд си е на мерката... ете даваш совети на сите оти се знајш, ама и јас да ти кажам. Ако нешто мрази тинејџер тоа се долгочасовни попувања. Со мајка ми си бевме другарски настроени, и секоја кавга завршуваше со кратко, јасно и концизно, она што е потребно да се кажи.
    Ако мислиш дека си имате доверба и си прајте муабет на теми со саати е едно... ама ти рече секоја кавга завршува со долгочасовни муабети... точно тоа второто како мерка е УДАВ :) продолжи си, јас не велам не, ама имај на ум дека постои можност во умот ќерка ти да си пцуе во меѓувреме.
     
    На Ugly Duckling, Misskirova и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Ваков екстрем немаме. Главно сме мирни сиве. Во лето со дечурлана во маалов е друга приказна.
    Јас имав комшии над нас, со дечиња, трчаа во 10 навечер, скокаа од термо печката играа фудбал со татко им, и ајде некако теравме, некогаш ќе ѝ пишев те молам ако сакаш малку потивко малиов да заспие. Ама тоа е навечер. Ам преку ден? Со сите околни звуци, и сега си велиш ок, денски сме не пречи никому. Аха.
    И тоа си се затрчува, ќе му падне нешто, ќе писне за нешто. И сега јас да збудалам на сево ова.
    Ако сакаш зграда без деца, или само со тивки луѓе, не е поарно старечки дом? Пример де.
    И морам да признаам, човек со сомнежи, одма почнав да мислам, леле вистина до мене е, јас не му наоѓам занимација. Па после другиот глас ми вели, седи си мирна, оној докторон од Србија Ранко Рајовиќ убаво вели дека детето во движење се развива. Природно е тоа. Да, го шетаме и надвор, 2 часа, ама не можам секој ден по толку или цело време надвор. Башка гледаме да му се сталожи организмот, до 7 да сме прибрани за да се смири да се спреми за спиење. И сега измеѓу ќе скокне, викне. Ах леле од кај се накалеми оваа не знам...
     
    На forumce, WildMk и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Абе сега... моето искуство е вакво.
    Не можам да ти докажам, можам само да ти кажам.
    твое е дали ќе веруваш, или не.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Нормално дека ќе 'беснеј' дете.
    Нема да седни со мене, кафе да пие и да прај муабет за политика :D
     
    На elenaklasik и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Сега го заприметив ова убо.
    Ние не 'попуваме' една на друга, туку дебатираме.
    Како што пишав и во самиот пост што го цитираше.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.718
    Допаѓања:
    40.098
    Пол:
    Женски
    Кога се моите во двор со братучедчето и ако почнуваат да се закачат или да се караат за една иста играчка сите тројца, најдам им занимација некоја, играчките им ги распоредам и пробувам да ги играам. Ако некогаш па се заинатат, ги опоменувам и ако пак продолжуваат ги качувам дома. Нема играње.Моиве се мирни и послушни се во главно. Големата знае да се налуте за нешто, ама пробувам да ѝ го насочам вниманието на друго.
    Не знам баш дали беше луто. Стоеше до вратата,мојата отиде таму и он ја удри. После тоа нешто си играше и отиде до неа и ја удри. Јас не замерувам на дете од 2 години. Пробувам да се сетам дали поголемата удираше на таа возраст, ама мислам дека не. Додека малото некогаш мавне рака ако ја удре братучетчето,т.е му враќа. Во градинка кога беше најмала во група неколку пати децата ја удриле и претежно сама си играла таму,ако ѝ се доближе некое дете бегала од него. Сега е поголема и почнала да враќа и она. А прва да удре не сум ја видела никогаш .
     
    На Bezimenka90 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik не се правдај жити се тоа е детенце нормално дека ќе си трча зошто ништо не е намерно и со умисла да им рушиш секојдневието, тоа е живот во зграда и секој треба да знае, да е спремен и потолерантен. А бебенце кога ќе дојде па ќе плаче па грчеви…
    Ова стварно полиција ти викнале пред врата??:^)
    Оф живи гревови со што се замараат службенициве, све решија во градот сега уште по домови им остана да смируваат деца
     
    На BlackNight, Oneo, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Да бе, вчера во 9 и пол ѕвонеа, дома штама. Маж ми на компјутер јас на моб, малиот заспан. И кога ѕиркам гледам на палтото значкана полициска.
    Двајца беа, фини. Демек ги викнале ради некакваси галама, така околу 8 9 навечер. Потоа кажаа дека таа ги викнала и демек слушала 10тина дена наназад така галамеле луѓе. А реално и овие до нас галамат. Имаат куче, па цивка тоа, па тие гласно зборуваат ама ние сме свикнати. Нејзе можда многу ѝ дојде. Се разбравме со полицијава.
    Кога денес женава на врата ми ѕвона за тоа како ѝ се слушало дома ѝ. Да се заиграло со друго, не можела да слуша.
    Ај леле. Велам јас не можам во ќош да го ставам, 2 години има, ќе трча. Ако трчањето пречи, и тоа понекогаш има моменти секако е повеќе. Некогаш помалку. Како сите што имаме моменти. Еве и ние одиме па сигурно правиме звук со движење.
    А колку сме со маж ми прибрани. Да речам друштва прибираме, урламе, музика трештат, детево црека.
    Ама тотална спротивност сме. Човек дома не е влезен, освен мајка ми. Нит со нешто сакаме да се контраме нит пак за инат, нит сме олоши. Сакаме најфер.
    Ама не видела можеби што значи галама.
     
    На Oneo, mal.ecka, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Не е нормално тоа... ние во зградата имаме повеќето деца... таман работа полиции ако си викавме кога ќе трчале низ дома, кога ќе лудувале :) Комшивката претерала, и ако сака тивок живот, си постојат куќи во изолирани места. Можеме да очекуваме воспитување на деца, добро однесување... ама на деца да им кратиме игра, забава дома, трчање, смеење, плачење, пеење итн, не е ни нормално,не ни треба да се очекува дека дете ќе биде 24/7 тивко и мирно.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Не е за замерување на дете, друго е муабетот. Начинот на таткото со кој се справил со ситуацијата.

    Ај добро, го ставил во тајм аут, ама требало и да го праша зошто го направил тоа. Мора да има некоја причина. И пошто не ја дознал причината, џабе тајм аутот. А тек па што го шлапнал.

    Во суштина проблемот е што некако е и авторитативно (го шлапнал, ако не слуша) и пермисивно (не поставил граници ефикасно, затоа што детево упорно ја удирало ќерка ти) воспитување во исто време. Не постигнал апсолутно ништо, затоа што сигурно го мрзело да се замара повеќе од тоа да му свика да не мава, да го стави некоја минута во тајм аут и да го шлапне како крајна опција.

    Требало да има разговор со детето, да дознае зошто го прави тоа и да му објасни зошто не е во ред.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.718
    Допаѓања:
    40.098
    Пол:
    Женски
    Ти ја разбрав поентата. Зборот ми е дека ни детето не е виновно, затоа напишав дека не замерувам. Се случува кога моите се непослушни да ми кажат да ги удрам. Според мене удирањето само контраефект ќе даде. Детето ќе го направи она што јас сум му го направила на него. И што ќе постигнеме со тоа? Ништо.
     
    На mal.ecka, Bezimenka90 и WildMk им се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Скраја аман да живееме ко на јајца, ко да не речам како.
    Мислам дека ми е грдо чувството што сум доведена да се објаснувам и правдам за секојдневни работи, за детево. Искрено, ме чепна постапкава. Зш ако е за нешто да се искара, прва го карам, ама за тоа како се слушало кај неа... стварно не знам како да се поставам, сите страни да се задоволени. Ако очекува да е ко на бдеење скраја да е, го утнала живеалиштето.
    А сум внимателна кон другите, во смисла имам осет ако некому нешто му пречи, значи и општо кога нешто не е пријатно за слушање.
    Јас ѝ се извинав ама после во муабетот ѝ велам уште ви се извинувам за нешто што е нормално кај дете.
    И тоа денски се случува. Навечер нит јас не би дозволила активности без осет.

    Ете, супер, ново проблемче на повидок.
    Поарно, некој грубјан да бев, не ќе ме чепнеше сега.
     
    На Ugly Duckling и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Јас овде се сложувам. Прво не можам да му бидам пријател на син ми и тој мене да ми кажува кога легнал и со која (зборувам за возрасно дете) пријателите се едно родителот друго. Секако за проблеми дека ќе сум на прво место но ако сака ќе ми каже. Еве и јас никогаш не можев да и кажам на мајка ми некои работи кои сум им кажувала на пријателките. Не е ист односот.
     
    На ReinaDeCielo и elimkd им се допаѓа ова.
  17. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    @elenaklasik Јас на твое место за инат би и правела галама. Ама најсериозно. Ај разбирам журки и музика у 3 сабајле да и сметаат, ама да ми викне полиција во 9ипол, кога притоа смеам и журка да правам законски, зошто детето од 2 години ми трчало, пекол ќе и го направам живеењето тука. Секој ден во дозволеното време глава нема да крене од бучава. Со таквите нема човечка разбирачка. Колку галама може да прави трчање на дете од 10кила. Боже сачувај. Слободно нека ти викне полиција, ќе и се смеат полицајците и ќе прекинат да доаѓаат по неколку пати.
     
    На Осе и elenaklasik им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Ете тоа баш сакав да го кажам, јас сум родител а не пријател со кој ќе оди на журка, ќе се напие, ќе оди по дискотеки, ќе кажува за девојките со која се бакнал, имало нешто повеќе, му се бендисало, уживал/не уживал….итн
    Родителот е тој кој му е пример и патоказ на детето, темел по кој ќе се води
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  19. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Следен пат кога ке ти дојде на врата а ке ти дојди оти очигледно жената си има проблем ке и кажеш дека ке ја пријавиш затоа што ве вознемирува и ви врши притисок без потреба.
    Ненормален свет се изнервирав ако се викаше полиција и имаше казни за трчање на дете до сега во затвор ке бевме.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    Не, не би правела од инат. Главно, не сум тип од инат шо постапува.
    Особено сега вака, ја разбирам жената, дојдена е од друг град, којзнае со каква позадина, сама е засега.
    Само ми е криво и жал ми падна за детево. Ама ќе видиме како ќе се прави.
    Баш така, убаво пиша. Вршење притисок без потреба.
    Се осеќам ко притисната да правам под туѓа присила.
    Од друга страна, не знам кој звук како ѝ се рефлектира, како ѝ звучи. Можеби и нашето одење ѝ пречи. После си велам не е ни битно.
    Вчера галамеа комшиите што се до нас лепенка, тие се такви побучни ама не се замеруваме за тоа. Е таа не знаеше можеби од каде доаѓа галамата и мислеше дека стриктно од нас, па ги прати џандарите дома пред врата. А баш до кај 8 ние се стишивме, маалку детево ако завртеше кругче и тоа беше.
    За денес уште од утрово да ѕвони на врата за детето да сум го смирела.
    Ќе се обидам за звуци кои се стварно напорни да реагирам, ама еве го ќе се заигра сега со нешто, ќе почне да се смее, интересно му е, и шо да прам јас?
    Ама за одење трчкање не можам да сум бубачка.
    И тоа му реков на маж ми, ако почнеме да се тресеме, ќе нѐ има во рака. Ќе си продолжиме со нормално секојдневие, па да се привикне.
     
    На haruki и mal.ecka им се допаѓа ова.