Такви се зградите сега, не се ко порано ѕидишта дебели... кога живеев СК под кирија во една понова зграда на комшијата телефонот кога му вибрираше се слушаше
Од 80ти е зградава. Не е нова, ѕидовиве се ко летви, и плус таква форма има надолж, сѐ некако се пренесува. Некој ја има измамено дека е мирно, дека е супер за живеење, на втор спрат, блиску центар. И оп, најде дете над неа. Стиши се за ова стиши се за она на секое, и ќе се пореметиме. Е нема!
За патоказ да, да им кажиме што е добро а што штетно за ним ..но.. жено јас па сакам децава мој да се отворени да ме гледаат како пријател кога разговараат со мене Јас имав мајка што стално ме напаѓаше кога правев некоја грешка Не сакам јас моиве деца да се плашат да ми кажат нешто што ги мачи Или ете му се свиѓа некој па да кријат И ете сега како растат ги гледам дека не се страмат нешто да кажат
Што знам Пријателски се настројав. Кога и да се враќаат од школо ги прашувам како поминале, што учеле да не имале некој проблеми или се скарале со некој Пошто се две и двете кажуваат после и јас брбалица си сум по цел ден нешто дрдам Или можи децата си се такви отворени
Цццц, колку знаат да бидат луѓето без осет, значи . И што ти рекоа полицајците? Ај стварно да е гласна музика, прибирање гости секоја вечер, трескање, тропање како да чука шајки некој сњкоја вечер, ама самото одење да и смета? Па што изрод ќе беше? Нека оди нека живее во самостојна куќа.
Фини беа двајцата. Го прашаа маж ми прво името, па дека имало повик ради галама и да проверат. Маж ми ги праша изненадено од кај нас? Па да велат, како незгодно малце им беше. А ако имавме галама тие дури стоеја пред врата ќе слушнеа урлање од кај нас. И велиме имаме дете сега спие, како детенце нормално игра трчка, ќе стропне. И тие се согласија на истото. Секако е тоа нормално велат. За што дојдовме да се убедуваме. И потоа кажаа дека од неа е пријавата за неколку дена наназад. А замисли дојде пред две недели женава и одма некако под контрола да стави ситуација. Се мешаат звуци од зградава, не доаѓа од еден стан звукот. Ама таа од кај да знае кој прави галама во 8 навечер. И знаете де, се разбираме сиве што сме со деца, пред спиење се подзбеснати, дур ги средиш едно друго и од 9 тивко е. Цела дневна и трпезарија нѝ се с големи теписи, на мало место е паркет и тука повеќе ѝ се слуша одзгора тропкањето. И ај сега за тоа да се тресам еве кажете? И припискува нормално. И таа за тоа изгледа ми рече дека постојат установи, го има слушано минативе дена со пискањето. И мисли дека детево е за лечење, како хистерија го доживува сето тоа. А нејзе да и објаснувам развој кај дете немам намера. Само при сите денски звуци, ние да живееме на шкрги, нек се надева. Само следен пат јас ќе одам во полиција да ѝ ставам забрана за вршење притисок. И жал ми е бе, детево да е мирно ко кутале, да го пикнам в ќош не може. Е сега кога ја влече смукалката, знам, и му велам полека да прави. Не знам веќе, ем нејзе да не ѝ пречиме ем детево да не го кочам на секое со правила со сенешто ми е голем притисок. Сега и бремена. Ама тоа е
Немој да се секираш, во секоја зграда има такви. На сестра ми и имаа викнато полиција кога се вселија во станот, сама била дома. Зет ми бил на стража од раб, дете немаа. Комшиката ја пријавила дека галамела. Полиција увде што е работата, престана да доаѓаат на нејзините повици. Сега има 3, бомба е дома Никој не и рекол ништо.
Не се притресувај на жената ,таа со таква намера е вселена ,,ако некој галами ќе викам полиции јас " Терајте си го секојдневието ,ни погласни за инат ни потивки од страв. Ако не и е мака секој ден нека вика ,ба некој ќе му здосади.
И нас ни имаат викано ако нешто ти значи ради галама. И сметало детето многу викало, сме биле гласни. Еднаш во 4 сабајле било галама, а ние со вриштење од воспаление на уво го носевме на лекар, точно зградата во воздух ја кренавме ние испаничени тој вришти. Втор пат дома падна од МАСА пошто е многу мирен и се слушна тресок ептен за 20м ете ги ѕвонат. И тоа е што да кажам, со душа чекам да се мавнам од зградава катастрофа се се бабетини сакаат да шепкаме, а нив внуците кога им доаѓаат и урлање и трчање до 23ч ноќе никогаш не сме замериле.
Апсолутно точно, преточно. Одговорно тврдам дека со разговор се постигнува многу повеќе долгорочно, а плескање може да ти реши ситуација во моментот, а после господ на помош. Скратете си од времето со пријатели, гледање серија или што и да правите во слободно време и посветете се на детето, па ќе го видете резултатот. Heal before becoming a parent, so your children won’t have to heal from having you as a parent.
Тука ќе го префрлам муабетот зошто сакам да искоментирам, а таму ќе бидам оф топик. Не ми е за верување дека детето намерно за да и' оди контра на мајка му ризикувало кола да го мавне. Поголема е веројатноста дека не ја сфатил сериозно целата ситуација. А золва ти место да се објаснувала со него преку улица, можела едноставно да премине улица кај него и заедно да ја поминат улицата. Што со тој шамар откако за малце ќе го удрела кола? Само стресот што го осетила да си го исфилтрира на тој начин? Во иднина пак може да се случи детето грешно да процени нешто и да погреши, секој пат шамар треба да добива? Сите деца се различни, различно ги сфаќаат нештата во различно време од својот живот. Различно созреваат. Различен капацитет на разбирање имаат. Различна интелигенција. Не знам како воопшто ви се пушта раката за шамар да удрите. А тек па со каиш или друг реквизит. Јас на возрасен не би можела, не па ли на дете. Поготово не на сопственото дете.
Затоа што тоа им е начин пред се сами себе си да си најдат оправдување зошто си ги тепаат децата, т.е се насилни кон нив, а после и друготе околу себе да ги убедат дека они не се насилни туку воспитуваат. Едит. Моментот каде вели "светици" за жени кои се против шамарање и тепање, ти кажува доволно колку е отидена далеку работата.
А ако некој него го повреди на било каков начин, пак детето ќе го удрите зашто се ставило во опасност или тој другиот човек? Скраја да е од такви ситуации ама ете хипотетички.
Јас па го делам мислењето на @Mnik кое што е префрлено. Може не дотолку да добие шамар ама за нешто што трубам со години за тоа што во животот носи ризици и на крај баш да се деси нешто што доведува живот во прашање мислам нема шанси да останам рамнодушна.
Ако оставиш дете само да претрчава улица и ако се деси нешто, сам себе треба да си плеснеш шамар. Возрасни луѓе се блокираат, се дешава да се замислат или лошо да проценат колку е далеку или брзо вози кола, а не па на дете да оставам, па уште да го шамарам. Ај
E bukv vakvite roditeli mi lichat na tie sto ako detevo naide na manijak sto ke go povredi ili siluva, deteto ke bide krivo i ke jade kjotek. Mislam deka i na vakvite deca bi im bilo strav da kazat na roditelite deka se zlostavuvani na bilo koj nacin posho znaat deka sledi kjotek i nerazbiranje.
И која е целта да се удри веќе уплашено дете? Од шамарот ќе сфати дека ситуацијата е лоша, не од то шо само ќе го осети, за жал, во случајот? Ако стигни дете да истрча пред кола, работиме на то да го намалиме стресот кај детето, а не да го зголемиме поќе зошто сме се уплашиле. И то се уплаши. Разликата е шо ние сме возрасни. То е дете.