Зависи за колкаво дете се работи. Помалите не се плашат јер не се ни свесни за опасноста. Не дека оправдувам удирање, објаснувам, искуствено како оди со децата и свесноста за опасности. ... Еднаш, имаше мислам 4 години, замина со точак од другата страна на зградата, практично заврте цел круг во област кајшто не можев да ја видам. Не ја удрив, ама прилично неумоливо ја прибрав дома, играта за тој ден заврши. И на прилично висок тон и објаснив дека тоа не смее да се повтори и зошто. Не дека претходно не сум објаснувала, ама дури не се деси таа ескалација, ете, не разбираше. После разбра и не и текна да бега уште еднаш.
И тебе ќе ти одговорам со ова, а и на другиве. Пак ќе кажам тоа е еден пат да го удри во живот, а има 9 години детето. Значи пак ќе кажам потрпелива личност од неа како родител не познавам. Ама кога му кажала кога да помине, а он не ја послушал и направил по негово за нешто преку 100 пати зборувано на не толку мало дете, веќе 7 мислам имаше. Башка што после тој шамар, веќе не му текнало да направи таква глупост. Не ја оправдувам, сакам да кажам дека имаш ситуации и ситуации. Можда така и дошло во моментот да изреагира зошто веќе му кажала дека ќе помине после колата, он по негово. Поентата ми беше дека и на родител кој воспитува на скроз поинаков начин, може да му се случи да плесне дете и тоа не е оправдување детето да избега од дома, а беше реплицирано во контекст на тоа дека девојчињата кои акаа по Скопје сигурно биле жртви на семејно насилство, па затоа избегале. Нигде не оправдав тепање дете со каиш или незнам каков ќотек. И да, ја сум дете растено со ќотек за ништо, така да, неможам да оправдам млатење на дете за се и сешто. И ден денес на мајка ми и пререкувам за тоа.
А зошто золва ти не отишла да го акне возачот што на пешачки не застанува на дете? Ако детето претрчало пред кола на пешачки, до возачот е. Од далеку гледаш дека некој стои на пешачкиот, на другата страна дете, треба идиот да си да не застанеш. За пешачки збориме, не за автопат.
Вчера бев сведок,пред мене одеше трудница 8/9 месец со околу 4 год дете за рака. Во секунда и се отргна од рака и истрча на улица,кај Зегинот карши градежен. Истрчав и јас на улица бидејки беше очекувано поспора ,го фативме,колите прикочија ама кога го зеде мајкава го плесна по газ.Ми беше жал за неа.
А такви идиоти што не застануваат на пешачки, малку ги има? Немате чуено за такви Ако детето претрчало пред кола, до возачот е? Не оправдувам тепање, никогаш не сум удрила дете, ама ја разбирам ситуацијава. Немаат сите исти живци и не реагираат сите исто во иста ситуација. Не го носи муабетов во небулози.
Добро, ај вака кога ќе пишете нешто потрудете се да бидете реални. Во Холивуд ли филм снимате? Ќе земе золва ми ќе украде кола, ќе го брка, ќе му пресече пат, ќе го искрши од ќотек и така. Ви кажувам дека има ситуации и ситуации и само на форумов волку светици имам сретнато, во живо една немам запознаено шо не го има удрено детето. Или не сакаат вака да си признаат вака на форум или се ептен со дебели нерви. И јас сум против ќотек, можам да кажам дека моево дете е до сега растено без ќотек, со исклучок на неколку пати потплеснат по газе итоа не да го боли, ама затоа кога ќе ми загази на нерв, си седи во ќош по неколку минути или си оди на тајм аут во детска, ама ова второво прекинав да го применувам, зошто тогаш не го сфаќа ко нешто страшно, си се заигрува и заборава. До скоро бевме полабави родители, со многу многу зборење, пробав да го следам примерот на золва ми, ама дете од деца учи и во градинка очигледно некое на секого му превраќа и мојов е почнат да превраќа, ти му збориш и он не те слуша, ти се пика во збор да ти врати, да е по негово и го седнува мм му збори, овој после 1 саат исто. Ова е цел месец, детево има 4 години, исцрпена сум од објаснување, особено во јавност како да се опушта и се понаша ко некое невоспитано и размазено детиште, а воопшто не е и тогаш знае мм да го потегне за увце да се смири малку и се смирува. Ја незнам како им успева на мајки без повишен тон да пораснат деца. Ако воопшто постои тоа нешто. Па уште и на reels кога ќе ми излезат стручњаци за воспитување деца, а све тоа со убаво, го имаме пробано и све е џабе. Очигледно некогаш е и до децата, јас верувам дека секој родител сака да биде најдобар родител ама едноставно, неможе стално се да биде песна. Ако некој тврди дека е така, лаже. Ја мака мачам со едно, не па со повеќе деца. Намалете со набивање вина, не сме сите луѓе исти.
Не беше буквално кажано ама ок. Муабетот е дека не може некој да е загрижен родител ама никогаш да не е на негова страна кога детето е во опасност. Пример се разболува и слушаш - аа све ти мора да се разболиш, све јас по тебе ќе трчам по лекари, све јас за тебе ќе се секирам. Оти оно за инат се разболува, само за тебе да те нервира нели. Или има ќерка тинејџерка и кажува дека некој манијак ја вознемирува и слушаш - па види се како се облекуваш, сама си го бараш, не е он крив што те допирал, сама си, не ти е срам. Наместо да се стави на негова страна и да покаже разбирање. Од истава причина ми беше страв да кажам дома за мојава дијагноза иако сум возрасна крава баш зашто се плашев од реакцијата дека само им носам секирации, а не дека ќе бидат на моја страна. Се осеќав ко најголем грев да сум направила оти ми се деси ова иако немам појма зошто и како бидна. Оти во многу ситуации било истото дека јас сум крива за бељата иако не секогаш сум била. И јбг, губам доверба после. И затоа не сакам утре ако сум родител да сум иста па да скрие после нешто сериозно од мене зашто се плашело дека ќе го карам или удрам. А ај да бидеме реални, како примерот со манијакот, многу има такви што ќерките курви си ги прават оти комшиите ќе ги оговарале. Од оние што коментираат под објави барем третина имаат ќерки дома. Да дополнам, баш поназад кажав, другарка исто се плашеше дома да каже за непријатна случка баш зашто она ќе беше крива оти стресови им прави, нејзиниот стрес мање битно. Ова да ме извиниш не е грижа, себичност е.
Кога ке имаш твое дете кое ке треба да го пазиш да не ти истрча ке дознаеш колку се брзи децата. Џитка. Палат патики и бегаат. Сите сакаме да се идеални родители. Моментот е што не се сите деца исти. Ги има бесни, темпераментни. Колку и да збориш ке им дојде момент да те тестираат. Затоа што деца тестираат граници. Не се родителите криви што денешницата е стресна, работа, пари, сметки, храна, газди безобразни, дома нечисто, време за себе немаш, ни со маж не можеш да се видиш на само, се собира. Плус и нервози од порано ако имаат. Не живеат сите зен живот на ливада, па дома си имаат градина, прасе кокошки и се им е идила. Не е оправдување ама возрани луѓе пукаат. Се дешава и не можеш да им набиваш вина за сенешто.
Јас ко шо разбрав детето стоело и чекало мајка му да даде знак кога да премине, ама оно истрчало порано. Па каков е тој возач што гледа дете дека чека на пешачки и не застанува? Со причина и има секогаш лежечи полицајци во близина на школо, градинка или игралиште. Баш зашто возачи треба да се внимателни ако има деца во близина.
Да е уште пострашно, не живее во Македонија, каде сообраќајот е побезбеден. Да, стоел преку улица и она му рекла "ќе поминеш после колава", он после тоа што јасно ја чул, си претрчал баш пред кола. А пред тоа, незнам колку пати истото му го има објаснувано. За претходното мислење ќе ти кажам, дека родител што така се понаша за се, да, не е во ред. Ама ич. Не ми е детето криво што е болно, не ми е детето криво што некој манијак ја нападнал. Јас лично во живот не сум се облекувала нешто којзнае колку провокативно, не ми е по вкус, ама тоа воопшто не е причина некоја да е нападната. Е сега, одите од крајност во крајност. Збориме за куршлус ситуации, не нешто на секое што се случува. Да, треба да се искорени ќотекот, да, треба да сме поголема поддршка за децата, ама неможе да се набива вина на секоја ситуација на родители. И ја си мислев којзнае каква мајка ќе сум, гледајќи се себе со други деца, особено со внуките и сите истото ми го збореа, родена сум била за во градинка да работам, ама ја за своето дете после неколку часа сум прегазена. Значи самото дете е такво уште од мало захтевно. Од мал нејќеше да мирува, еднаш не беше легнат на стомак повеќе од 2 минути, се откинуваше од плачење за да е во раце и да го шетам. На бебе од 2/3 месеци што ќе му правиш си викав, ќе смени. Детево НЕ СЕДНУВА. Значи буквално. И тоа што он не седнува по дифолт е дека и ја не седнувам. Значи седам со саати будна навечер да си го добијам времето за себе. Не сака сам да игра. Нонстоп бара занимација. Еден куп варијанти имам пробано, не сака. Золва ми уште се дрзна да ми пререче зошто пола саат во ден телефон сум давала, сум требала да си играм со него. Замисли 30 годишна личност по 10 часа во ден да неможе да седне едно кафе на раат да испие, а да не чуе "да си играме". Итоа ретко сака со друг. Татко му до душа дома не е свртен, ама мене ме бара детето. Оди и во градинка. Се дружи и со девојчето на една моја другарка. Генерација се. Девојчето на другарка ми све само си прави. Мојов мамо мамооооооо. Не седнува боенка сам да бои, морам и јас. И сега ај не изгуби нерви. 20 минути во денот дали си игра сам. Такво е детево, не дека ја сакам да е таков и губам нерви и се дерам и плескам по газе, која сака нека е на мое место, верувам исто ќе и е, ако не и полошо. Имам братучетка на мм, иста ситуација ко мојава има, вика сите си играат со другарчиња, сите мајки кафе пијат, само ја мајка во песок седната играм со неа. Тоа ти е
Не сум за ќотек,не тепам дете како родител,но денешниве деца,едноставно не слушаат,една иста работа,по сто пати да се каже и нема спас,само трпение,јаки нерви и да чекаме да порасне за да се разбереме,друг начин нема.Ако знаете пишете ми да пробам....Јас на моево детуле му викам:-Те молам сине немој прстите во штекер,ќе те боли рачето,тој ке гледа и ги пика намерно,како да му велам бутни ги подлабоко....и така до недоглед го молам на добар и фин начин едно 1000000 пати. Не знам дали да пробам наопачки и да му кажам,пикни ги,па може нема да ти пикне. Ќофтето ми е 3,5години,значи голем е ама маки луѓе со неслушање.... што да се прави,трпение,спасение....
Пример... https://deca.mk/tvrdoglavite-detsa-...vat-ovie-raboti-tvrdi-sotsijalna-rabotnichka/ Не знам, јас еден пример имам видено со викање и тепање, не беше резултатот воспитано дете, баш напротив.
Не дека се правам светица, ама тргам од тоа дека јас не сум била никогаш удрена. Што значи, може и без тоа. Е сеа, да, сите деца се различен посебен случај. Деновиве на неколку места пишав, сите деца се различни со различни карактери, особини, интелигенција, созревање, можност за разбирање, свест за опасност, распон на фокус, итн. На некои деца едноставно карактерна особина им е да не можат да трпат авторитет и да бидат непослушни. Па си имаат еден куп проблеми понатаму во животот. И нема никаква врска со воспитување. Моето дете нема ни 2 години, така да, уште учи и осознава, и секоја беља што ја прави е моја вина, бидејќи јас не сум ја приметила навремено или не сум размислила за потенцијални опасности во средината. За некои работи, муабет пали. За некои работи, ни повишен тон не помага, напротив, уште толку продолжува да прави тоа што не треба, па и се гази од смеење кога ја караш. Но едно нешто 100% пали: елиминирање на сè што може да зезне. Тргам сè од дофат и baby proof-нато е сè што може да биде. Затоа реков во тој конретниот пример со преминување улица, елиминирај ризик колку можеш повеќе, отиди до детето и осигурај се дека заедно по твоја иницијатива безбедно ќе поминете. Ние родителите можеме да бидеме супер пример преку нашето позитивно и квалитетно однесување во секојдневието, и можеме да зборуваме и подучуваме и советуваме до бескрај. Но надвор од дома секогаш ќе постои можност дека детето ќе погреши или заебе гадно. Но сè што можеме е да се надеваме дека ќе се врати здраво, право, неповредено, неистрауматизирано. Кога е надвор излезено, можеш само да се надеваш дека се ќе биде океј. Дека никој и ништо нема да му наштети, и дека и тоа никому и на ништо нема да наштети. Бидејќи и покрај воспитувањето, постојат предиспозиции, гени, карактер, интелигенција, и други нешта. Не е сè до воспитувањето.
Не е вистина. Карактер да, се раѓаат со карактер, ама непослушност не мислам дека постои како карактерна особина. Само треба да го измислиш правилниот пристап. А за секое дете тој пристап е уникатен, оти секое дете е различно.
4. Не треба да се плеска зошто сака да си игра, туку зошто е захтевен многу и непослушен. Не реков дека го имам 3 пати плеснато по газе во 2 години зошто сака да игра, туку зошто имало инцидентни ситуации кога се инаетел без потреба. Зошто цела енергија ја вложуваме да не се урла и да биде се со убаво, а он е толку паметен и на тој начин гледа да манипулира. Го имам приметено. На пример навечер намерно бара повеќе вода да пие, зошто знае дека не му давам, не се замара да се буди и ја ако не го разбудам он си моча во гаќи. 8 месеци (не преувеличувам) како будала да збориш дека не чини, ќе се разболи, незнам што не изназборивме со мм, он не се замара. Првиот момент кога насабајле го застанав во ќош зошто беше утоп, а пред тоа го разбудив и си се измочка, можеше да сфати сериозно и да почне да се буди навечер и да кажува дека му се мочка. И ова е еден од примерите. Јас разбирам дека е дете. Ја сум му мајка и го сакам повеќе од себеси. Разбирам дека е период и дека се поминува, брзо растат итн. Ама исто така знам дека сега се поставуваат основи на воспитување и дека ако сега не научи да ме слуша и почитува како родител, кога? Јас со убаво и со зборење неможам ова дете да го воспитам. Да не претерувам, има моменти кога е преумен, преразбран, ама има денови еве како денес кога одсабајле се пишти за буквално ништо. 11 е, од 8 до сега јас денес нерви немам. Еве го излезе со татко му надвор, го слушам плаче за глупост. Читав дека 4тава година претежно се одликува со вакви испади, со плачење за се. Не дека сакам да се оправдам себеси што сум го плеснала по газе или сум го потегнала за увце,ама сакам да кажам дека не е секогаш мед и млеко, а да застане на темава некоја со послаба психа и да чита што све се пишува, ќе се разболи од мака.
Па, не ми се верува дека правиш добро да го плеснеш ако ноќе мочка зошто не можел да стане. И ретко кога плачат за глупост, за тебе е глупост, за него не е. Кенкави се кога не се наспани, уморни се, гладни се, некоја потреба не им е задоволена и така го искажуваат тоа, зошто не знаат поинаку. И сега зошто ти немаш нерви веќе на крај ќе го плеснеш и тебе ќе ти биде оправдано зошто он плачел за глупости. Кога се такви, кенкави, не помага инает, уште толку е нервираат, помага разбирање, гушкање, некоја игра, одвлекување на внимание, ако е уморно некои незахтевни активности.